батинци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/batinci/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 07:22:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png батинци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/batinci/ 32 32 Незгода во Батинци: Од огномет во дворот му изгореа 500 бали сено https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nezgoda-vo-batintsi-od-ognomet-vo-dvorot-mu-izgorea-500-bali-seno/ Mon, 12 Aug 2024 15:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=805909

На 11.08.2024 во 16.14 часот во СВР Скопје, Р.Џ.(37) од с.Елево, општина Студеничани, пријавил дека во с.Батинци, општина Студеничани, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и на нива му биле опожарени 500 бали со сено.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На местото каде настанал пожарот била пронајдена кутија од искористен огномет. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

The post Незгода во Батинци: Од огномет во дворот му изгореа 500 бали сено appeared first on Република.

]]>

На 11.08.2024 во 16.14 часот во СВР Скопје, Р.Џ.(37) од с.Елево, општина Студеничани, пријавил дека во с.Батинци, општина Студеничани, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и на нива му биле опожарени 500 бали со сено. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На местото каде настанал пожарот била пронајдена кутија од искористен огномет. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

The post Незгода во Батинци: Од огномет во дворот му изгореа 500 бали сено appeared first on Република.

]]>
Полицијата трага по сторителите, ОЈО поведе истрага за убиство во Батинци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-traga-po-storitelite-ojo-povede-istraga-za-ubistvo-vo-batintsi/ Fri, 02 Aug 2024 09:18:23 +0000 https://republika.mk/?p=802564

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3, како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи согласно член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од ОЈО, двајцата жители на Батинци, на 1 јули, во автомобил со странски регистарски таблички неовластено држеле три автоматски пушки чие поседување е целосно забрането за граѓаните. Со возилото пресекле пат на друг автомобил во кој имало две лица, излегле надвор и веднаш почнале да пукаат.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-e-brat-na-povredeniot-eve-kako-izgleda-batintsi-po-pukaneto-so-avtomatsko-oruzhje/

Едниот од оштетените го лишиле од живот, додека на другиот му го довеле во опасност животот и му нанеле телесни повреди, по што осомничените во близина на селото Драчевица го запалиле нивниот автомобил и избегале.

Двајцата осомничени се во бегство и недостапни на органите на прогонот од моментот на сторување на делата. Со оглед на тоа, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените која ќе започне да се применува од нивното пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението на ОЈО.

До Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомничените лица.

The post Полицијата трага по сторителите, ОЈО поведе истрага за убиство во Батинци appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3, како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи согласно член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Како што соопштија од ОЈО, двајцата жители на Батинци, на 1 јули, во автомобил со странски регистарски таблички неовластено држеле три автоматски пушки чие поседување е целосно забрането за граѓаните. Со возилото пресекле пат на друг автомобил во кој имало две лица, излегле надвор и веднаш почнале да пукаат. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-e-brat-na-povredeniot-eve-kako-izgleda-batintsi-po-pukaneto-so-avtomatsko-oruzhje/ Едниот од оштетените го лишиле од живот, додека на другиот му го довеле во опасност животот и му нанеле телесни повреди, по што осомничените во близина на селото Драчевица го запалиле нивниот автомобил и избегале. Двајцата осомничени се во бегство и недостапни на органите на прогонот од моментот на сторување на делата. Со оглед на тоа, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените која ќе започне да се применува од нивното пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението на ОЈО. До Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомничените лица.

The post Полицијата трага по сторителите, ОЈО поведе истрага за убиство во Батинци appeared first on Република.

]]>
МВР го расчисти убиството во Батинци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-go-raschisti-ubistvoto-vo-batintsi/ Sat, 27 Jul 2024 10:03:49 +0000 https://republika.mk/?p=800726

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н. (32) и М.Џ. (24) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали” по член 396 од Кривичниот законик.

По преземени мерки и активности во координација со јавен обвинител, утврдено е дека на 01.07.2024 во с.Батинци, скопско, пријавените со автоматски пушки пукале кон возилото „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв, при што на местото починал А.Б.И., а З.И. се здоби со повреди и беше пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар Скопје.

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, исто така, поднесе кривична пријава и против В.И.(26) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

По преземени мерки било констатирано дека на 17.07.2024 на подрачјето на чаир во Скопје, тој со пиштол пукал кон Д.Б.(31) и му нанел тешки телесни повреди.

The post МВР го расчисти убиството во Батинци appeared first on Република.

]]>

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н. (32) и М.Џ. (24) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали” по член 396 од Кривичниот законик. По преземени мерки и активности во координација со јавен обвинител, утврдено е дека на 01.07.2024 во с.Батинци, скопско, пријавените со автоматски пушки пукале кон возилото „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв, при што на местото починал А.Б.И., а З.И. се здоби со повреди и беше пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар Скопје. Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, исто така, поднесе кривична пријава и против В.И.(26) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. По преземени мерки било констатирано дека на 17.07.2024 на подрачјето на чаир во Скопје, тој со пиштол пукал кон Д.Б.(31) и му нанел тешки телесни повреди.

The post МВР го расчисти убиството во Батинци appeared first on Република.

]]>
Детали за убиството во скопско: Познат идентитетот на убиениот, можниот мотив е крвна одмазда https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/detali-za-ubistvoto-vo-skopsko-poznat-identitetot-na-ubieniot-mozhniot-motiv-e-krvna-odmazda/ Mon, 01 Jul 2024 14:23:31 +0000 https://republika.mk/?p=792462

Двајца маскирани напаѓачи во возило „мерцедес“ со германски регистарски таблички утрото по 9 часот со автоматско оружје пукале кон џип „форд“ кој е пак со италијански регистарски таблички. Од истрелите од автоматското оружје веднаш починал 34- годишникот Абдуљ Басри Ибраимовски додека три години помалиот брат Зејнељ Ибраимовски со прострелни рани во десното рамо е пренесен на скопските клиники, објави АЛФА.

Полицијата била известена неколку минути по пукањето и веднаш излегла на терен. На местото на пукањето во близина на поштата и џамијата во скопско Батинци, докази собираше и обвинител.

„Денес во 9:25 часот било пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв“.

Мотивот засега е непознат. Постариот од браќата се поврзува со Зулќуфли Нуредини од селото Батинци, добро познато име во криминалното подземје како Мали Репки. Од друга страна пак се шпекулира и дека станува збор за крвна одмазда за случај од пред 15-тина години кога било убиено дете, по што жртвите од денеска се криеле досега во Италија, пренесе АЛФА.

Полицијата трага по убијците, а дури и со хеликоптер го надгледуваше селото Батинци и околината.

„На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје. СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, стои во Билтенот на МВР.

Жителите не сакаат да коментираат, велат ниту виделе ниту ја слушнале пукотницата во која 34-годишен го загуби животот.

Како што велат очевидци, напаѓачите избегале кон село Драчевица.

Извор: Алфа

The post Детали за убиството во скопско: Познат идентитетот на убиениот, можниот мотив е крвна одмазда appeared first on Република.

]]>

Двајца маскирани напаѓачи во возило „мерцедес“ со германски регистарски таблички утрото по 9 часот со автоматско оружје пукале кон џип „форд“ кој е пак со италијански регистарски таблички. Од истрелите од автоматското оружје веднаш починал 34- годишникот Абдуљ Басри Ибраимовски додека три години помалиот брат Зејнељ Ибраимовски со прострелни рани во десното рамо е пренесен на скопските клиники, објави АЛФА. Полицијата била известена неколку минути по пукањето и веднаш излегла на терен. На местото на пукањето во близина на поштата и џамијата во скопско Батинци, докази собираше и обвинител. „Денес во 9:25 часот било пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв“. Мотивот засега е непознат. Постариот од браќата се поврзува со Зулќуфли Нуредини од селото Батинци, добро познато име во криминалното подземје како Мали Репки. Од друга страна пак се шпекулира и дека станува збор за крвна одмазда за случај од пред 15-тина години кога било убиено дете, по што жртвите од денеска се криеле досега во Италија, пренесе АЛФА. Полицијата трага по убијците, а дури и со хеликоптер го надгледуваше селото Батинци и околината. „На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје. СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, стои во Билтенот на МВР. Жителите не сакаат да коментираат, велат ниту виделе ниту ја слушнале пукотницата во која 34-годишен го загуби животот. Како што велат очевидци, напаѓачите избегале кон село Драчевица. Извор: Алфа

The post Детали за убиството во скопско: Познат идентитетот на убиениот, можниот мотив е крвна одмазда appeared first on Република.

]]>
Убиениот е брат на повредениот: Еве како изгледа Батинци по пукањето со автоматско оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ubieniot-e-brat-na-povredeniot-eve-kako-izgleda-batintsi-po-pukaneto-so-avtomatsko-oruzhje/ Mon, 01 Jul 2024 09:47:47 +0000 https://republika.mk/?p=792333

Полицијата врши увид во скопското село Батинци откако таму во пукотници утрово загина едно лице загина, додека друго е повредено и пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Според пријавата во МВР, убијците со автоматко оружје пукале од автомобил „мерцедес“ во движење кон автомобил „форд“ во којшто биле жртвите.

На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје, велат од МВР.

Според информациите на ТВ21, нападнатите биле браќа.

СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

The post Убиениот е брат на повредениот: Еве како изгледа Батинци по пукањето со автоматско оружје appeared first on Република.

]]>

Полицијата врши увид во скопското село Батинци откако таму во пукотници утрово загина едно лице загина, додека друго е повредено и пренесено во Ургентниот центар во Скопје. Според пријавата во МВР, убијците со автоматко оружје пукале од автомобил „мерцедес“ во движење кон автомобил „форд“ во којшто биле жртвите.
На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје, велат од МВР.
Според информациите на ТВ21, нападнатите биле браќа. СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

The post Убиениот е брат на повредениот: Еве како изгледа Батинци по пукањето со автоматско оружје appeared first on Република.

]]>
Утрово пукање во Батинци, еден загинат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/utrovo-pukane-vo-batintsi-eden-zaginat/ Mon, 01 Jul 2024 09:07:51 +0000 https://republika.mk/?p=792323

Eдно лице загина, а едно е повредено и пренесено во Ургентниот центар во Скопје откако утрово во село Батинци во нив било пукано од автомобил.

Според пријавата во МВР, убијците пукале од автомобил „мерцедес“ во движење кон автомобил „форд“ во којшто биле жртвите.

На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје. СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.

Во инцидентот се користело автоматско оружје.

The post Утрово пукање во Батинци, еден загинат appeared first on Република.

]]>

Eдно лице загина, а едно е повредено и пренесено во Ургентниот центар во Скопје откако утрово во село Батинци во нив било пукано од автомобил. Според пријавата во МВР, убијците пукале од автомобил „мерцедес“ во движење кон автомобил „форд“ во којшто биле жртвите.
На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје. СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.
Во инцидентот се користело автоматско оружје.

The post Утрово пукање во Батинци, еден загинат appeared first on Република.

]]>
Летаа куршуми во Батинци: Го пукале во 22 часот, пријавил дури во 3 утрото https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/letaa-kurshumi-vo-batintsi-go-pukale-vo-22-chasot-prijavil-duri-vo-3-utroto/ Sun, 26 May 2024 15:16:26 +0000 https://republika.mk/?p=781837

Ноќва во 03.00 часот во СВР Скопје, С.С.(43) од с.Батинци, скопско пријавил дека околу 21.50 часот на подрачјето на с.Батинци, скопско, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, слушнал истрели по што застанал и на задниот дел на возилото забележал оштетување од огнено оружје.

Повредени лица нема, велат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

 

The post Летаа куршуми во Батинци: Го пукале во 22 часот, пријавил дури во 3 утрото appeared first on Република.

]]>

Ноќва во 03.00 часот во СВР Скопје, С.С.(43) од с.Батинци, скопско пријавил дека околу 21.50 часот на подрачјето на с.Батинци, скопско, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, слушнал истрели по што застанал и на задниот дел на возилото забележал оштетување од огнено оружје. Повредени лица нема, велат од МВР. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.  

The post Летаа куршуми во Батинци: Го пукале во 22 часот, пријавил дури во 3 утрото appeared first on Република.

]]>
Поради бегството на затвореникот Репки од Батинци се уапсени 17 затворски полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poradi-begstvoto-na-zatvorenikot-repki-od-batintsi-se-uapseni-17-zatvorski-politsajtsi/ Mon, 15 Apr 2024 14:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=766350

Затвореникот, за чие бегство, денеска беа уапсени 17 припадници на затворската полиција во „Идризово”, е Зулќуфли Нуредини, познат под прекарот Репки, од скопското село Батинци, објави „Фокус” од доброупатени извори од затворот.

Бегството на Нуредини било организирано лани во октомври, кога осуденикот бил однесен на лекување во приватна болница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/privedeni-17-vraboteni-vo-zatvorskata-politsija/

The post Поради бегството на затвореникот Репки од Батинци се уапсени 17 затворски полицајци appeared first on Република.

]]>

Затвореникот, за чие бегство, денеска беа уапсени 17 припадници на затворската полиција во „Идризово”, е Зулќуфли Нуредини, познат под прекарот Репки, од скопското село Батинци, објави „Фокус” од доброупатени извори од затворот. Бегството на Нуредини било организирано лани во октомври, кога осуденикот бил однесен на лекување во приватна болница. https://republika.mk/vesti/makedonija/privedeni-17-vraboteni-vo-zatvorskata-politsija/

The post Поради бегството на затвореникот Репки од Батинци се уапсени 17 затворски полицајци appeared first on Република.

]]>
Драчевци и осуденик од Батинци биле агресивни кон полицијата, млади скопјани со БМВ не застанале на знак за запирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/drachevtsi-i-osudenik-od-batintsi-bile-agresivni-kon-politsijata-mladi-skopjani-so-bmv-ne-zastanale-na-znak-za-zapirane/ Thu, 23 Nov 2023 21:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=715595

На 23.11.2023 во 00.00 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги привеле Ф.К.(21), Л.Б.(19) и П.Ф.(18), сите од Скопје, затоа што со возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое без дозвола го управувал Ф.К., не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници и агресивно се однесувале кон нив при извршување службени дејствија. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.11.2023 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправна установа Затвор Идризово, 32-годишниот осуденик З.Н. од с.Батинци, скопско, агресивно се однесувал и упатил закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.11.2023 околу 22.00 часот на подрачје на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода А.Т.(39) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. Исто така, при извршена контрола било констатирано дека А.Т. бил баран со централна потерница за издржување затворска казна во врска со кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.

Еден час подоцна во Драчево бил лишен од слобода и М.К.(37) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

The post Драчевци и осуденик од Батинци биле агресивни кон полицијата, млади скопјани со БМВ не застанале на знак за запирање appeared first on Република.

]]>

На 23.11.2023 во 00.00 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги привеле Ф.К.(21), Л.Б.(19) и П.Ф.(18), сите од Скопје, затоа што со возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое без дозвола го управувал Ф.К., не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници и агресивно се однесувале кон нив при извршување службени дејствија. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 22.11.2023 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправна установа Затвор Идризово, 32-годишниот осуденик З.Н. од с.Батинци, скопско, агресивно се однесувал и упатил закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 22.11.2023 околу 22.00 часот на подрачје на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода А.Т.(39) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. Исто така, при извршена контрола било констатирано дека А.Т. бил баран со централна потерница за издржување затворска казна во врска со кривично дело по член 247 од Кривичниот законик. Еден час подоцна во Драчево бил лишен од слобода и М.К.(37) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

The post Драчевци и осуденик од Батинци биле агресивни кон полицијата, млади скопјани со БМВ не застанале на знак за запирање appeared first on Република.

]]>
Без струја дел од село Батинци https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/bez-struja-del-od-selo-batintsi/ Sat, 21 Oct 2023 06:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=693471

Поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, денеска од 8:30 до 16:30 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од селото Батинци, како и објектите на Живинарската фарма - Батинци и ЈП Дрисла, општина Студеничани.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека утре од 4:00 до 7:00 часот, без струја ќе бидат објектите на фирмите во кругот на поранешниот МЗТ, индустриските објекти околу Кванташки пазар, сите индустриски објекти на ул. „Перо Наков“, како и корисниците од населените места Маџари, Сингелиќ, Стајковци, Хиподром, Трубарево, Јурумлери и Арачиново.

The post Без струја дел од село Батинци appeared first on Република.

]]>

Поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, денеска од 8:30 до 16:30 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од селото Батинци, како и објектите на Живинарската фарма - Батинци и ЈП Дрисла, општина Студеничани. Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека утре од 4:00 до 7:00 часот, без струја ќе бидат објектите на фирмите во кругот на поранешниот МЗТ, индустриските објекти околу Кванташки пазар, сите индустриски објекти на ул. „Перо Наков“, како и корисниците од населените места Маџари, Сингелиќ, Стајковци, Хиподром, Трубарево, Јурумлери и Арачиново.

The post Без струја дел од село Батинци appeared first on Република.

]]>
Пукање во Скопско, приведено едно лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pukane-vo-skopsko-privedeno-edno-litse/ Sun, 16 Jul 2023 17:36:21 +0000 https://republika.mk/?p=662022

Денеска, околу 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Е.(43) од скопско Батинци затоа пред тоа во с. Студеничани пукал од огнено оружје кон Б.Р од скопско Батинци.

Притоа, Б.Р. се здобил со повреди и бил пренесен во болница за укажување на лекарска помош.

СВР Скопје работи на расчистување на случајот.

The post Пукање во Скопско, приведено едно лице appeared first on Република.

]]>

Денеска, околу 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Е.(43) од скопско Батинци затоа пред тоа во с. Студеничани пукал од огнено оружје кон Б.Р од скопско Батинци. Притоа, Б.Р. се здобил со повреди и бил пренесен во болница за укажување на лекарска помош. СВР Скопје работи на расчистување на случајот.

The post Пукање во Скопско, приведено едно лице appeared first on Република.

]]>
Насилник од Батинци му излегол со пиштол на 18-годишник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nasilnik-od-batintsi-mu-izlegol-so-pishtol-na-18-godishnik/ Sun, 28 May 2023 15:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=645449

Вчера во 20.00 часот во с.Батинци-скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(41) од с.Батинци, поради тоа што околу 14.10 часот додека Е.Р.(18) од Скопје бил во возило кој го управувал негов познаник од с.Батинци кон населбата Драчево, пријавениот со возило им го попречил патот.

Потоа физички го нападнал Е.Р. и му се заканувал со пиштол.

Известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство“.

 

The post Насилник од Батинци му излегол со пиштол на 18-годишник appeared first on Република.

]]>

Вчера во 20.00 часот во с.Батинци-скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(41) од с.Батинци, поради тоа што околу 14.10 часот додека Е.Р.(18) од Скопје бил во возило кој го управувал негов познаник од с.Батинци кон населбата Драчево, пријавениот со возило им го попречил патот. Потоа физички го нападнал Е.Р. и му се заканувал со пиштол. Известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство“.  

The post Насилник од Батинци му излегол со пиштол на 18-годишник appeared first on Република.

]]>
Дете изболо дете со нож кај џамијата во Батинци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dete-izbolo-dete-so-nozh-kaj-dhamijata-vo-batintsi/ Sat, 13 May 2023 14:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=640476

-На 13.05.2023 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево привеле малолетник од с.Батинци, постапувајќи по пријава според која на 12.05.2023 во вечерните часови во с.Батинци, скопско, во близина на џамијата, нападнал друг малолетник од истото село и му нанел повреда со остар предмет.

Повредениот е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Како што информираат од МВР, со пријавениот малолетник во присуство на родител е извршен службен разговор во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

The post Дете изболо дете со нож кај џамијата во Батинци appeared first on Република.

]]>

-На 13.05.2023 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево привеле малолетник од с.Батинци, постапувајќи по пријава според која на 12.05.2023 во вечерните часови во с.Батинци, скопско, во близина на џамијата, нападнал друг малолетник од истото село и му нанел повреда со остар предмет. Повредениот е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР. Како што информираат од МВР, со пријавениот малолетник во присуство на родител е извршен службен разговор во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

The post Дете изболо дете со нож кај џамијата во Батинци appeared first on Република.

]]>
Скопско Батинци без вода https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/skopsko-batinci-bez-voda/ Thu, 24 Nov 2022 08:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=577583

Поради дефект на приклучна цевка, без вода денеска од 09:00 часот се корисниците во скопско Батинци.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот, информира ЈПВ Водовод и канализација – Скопје.

 

The post Скопско Батинци без вода appeared first on Република.

]]>

Поради дефект на приклучна цевка, без вода денеска од 09:00 часот се корисниците во скопско Батинци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот, информира ЈПВ Водовод и канализација – Скопје.  

The post Скопско Батинци без вода appeared first on Република.

]]>
Арсовски: Параполицијата на СДСМ и нивниот миленик Никоб ги доживува своите мафијашки ѕвездени моменти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arsovski-parapolicijata-na-sdsm-i-nivniot-milenik-nikob-gi-dozivuva-svoite-mafijashki-dzvezdeni-momenti/ Mon, 13 Jun 2022 12:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=514547

Параполицијата на СДСМ и нивниот миленик, агенцијата за обезбедување НИКОБ, ги доживува своите мафијашки ѕвездени моменти, пред да се случи некое најтешко кривично дело во кое би биле вмешани ако продолжат вака. Силата која што ја покажуваат вработените во НИКОБ, а ја црпат од релациите на нивниот сопственик кој што ги има со власта. Очигледно ги преминува сите граници на дело, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еве бидејќи сите молчат изминативе неколку денови, јавно прашуваме и очекуваме одговори и од власта да се охрабри, но и од сите останати институции кои треба да го говорат и истражат ова, дали дел од лицата од скопско Батинци за кои што медиумите пишуваа и за кој што пишуваше во билтенот на МВР, дека извршиле изнуда, држеле лице како заложник и одземале автомобил, а притоа и физички сериозно го нападнале со посериозни последици, се лица кои се вработени во миленикот на СДСМ агенцијата за обезбедување НИКОБ, а еден од тие лица имал и раководна позиција во тој реон, во Батинци?

Почитувани, ова е прашање за кое треба да даде одговор и власта и МВР и сите останати, бидејќи со ова земање замав може да настрада некој невин граѓанин.

Параполицијата на СДСМ наречена НИКОБ воопшто нема проблем да се однесува како мафијашко друштво. Зошто? Затоа што јасно е дека силата ја црпат од релациите на нивниот сопственик со власта и со фамилијата на власт.

Сопственикот на Никоб кој има над 40 милиони евра земено од државата преку тендери за само 4 години и дополнително има бизнис и лиценца за одгледување марихуана кој што Зоран Заев ги штанцаше на нему блиски, јасно е дека е во тесна врска и спрега со власта. Оттаму е и силата. Најпрвин беше Код секјурити една агенција за обезбедување од Струмица која што беше неуспешен проект на Заеви, преку која што ќе можеа да имаат параполиција сега веќе е НИКОБ како долгогодишна агенција заедно со нивниот сопственик кој што одлично се вклопи во нивниот план за параполција.

План, кој очигледно прашање на време е кога ќе има некоја сериозна недолжна жртва.

Изнуда, киднапирање и заложништво, одземање автомобили и пари се кривични дела кои ги извршиле токму овие луѓе кои што се поврзуваат со НИКОБ од Батинци.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Ова е начинот на функционирање на СДСМ. Од власта како и секогаш имаме молк, ниту глас ниту ништо, ниту да се спомене ниту да се каже за овој случај и нормално сите се ставаат во функција на одбрана на оваа агенција која очигледно врши терор низ Република Македонија и помеѓу граѓаните, додава Арсовски.

The post Арсовски: Параполицијата на СДСМ и нивниот миленик Никоб ги доживува своите мафијашки ѕвездени моменти appeared first on Република.

]]>

Параполицијата на СДСМ и нивниот миленик, агенцијата за обезбедување НИКОБ, ги доживува своите мафијашки ѕвездени моменти, пред да се случи некое најтешко кривично дело во кое би биле вмешани ако продолжат вака. Силата која што ја покажуваат вработените во НИКОБ, а ја црпат од релациите на нивниот сопственик кој што ги има со власта. Очигледно ги преминува сите граници на дело, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Еве бидејќи сите молчат изминативе неколку денови, јавно прашуваме и очекуваме одговори и од власта да се охрабри, но и од сите останати институции кои треба да го говорат и истражат ова, дали дел од лицата од скопско Батинци за кои што медиумите пишуваа и за кој што пишуваше во билтенот на МВР, дека извршиле изнуда, држеле лице како заложник и одземале автомобил, а притоа и физички сериозно го нападнале со посериозни последици, се лица кои се вработени во миленикот на СДСМ агенцијата за обезбедување НИКОБ, а еден од тие лица имал и раководна позиција во тој реон, во Батинци? Почитувани, ова е прашање за кое треба да даде одговор и власта и МВР и сите останати, бидејќи со ова земање замав може да настрада некој невин граѓанин. Параполицијата на СДСМ наречена НИКОБ воопшто нема проблем да се однесува како мафијашко друштво. Зошто? Затоа што јасно е дека силата ја црпат од релациите на нивниот сопственик со власта и со фамилијата на власт. Сопственикот на Никоб кој има над 40 милиони евра земено од државата преку тендери за само 4 години и дополнително има бизнис и лиценца за одгледување марихуана кој што Зоран Заев ги штанцаше на нему блиски, јасно е дека е во тесна врска и спрега со власта. Оттаму е и силата. Најпрвин беше Код секјурити една агенција за обезбедување од Струмица која што беше неуспешен проект на Заеви, преку која што ќе можеа да имаат параполиција сега веќе е НИКОБ како долгогодишна агенција заедно со нивниот сопственик кој што одлично се вклопи во нивниот план за параполција. План, кој очигледно прашање на време е кога ќе има некоја сериозна недолжна жртва. Изнуда, киднапирање и заложништво, одземање автомобили и пари се кривични дела кои ги извршиле токму овие луѓе кои што се поврзуваат со НИКОБ од Батинци. Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Ова е начинот на функционирање на СДСМ. Од власта како и секогаш имаме молк, ниту глас ниту ништо, ниту да се спомене ниту да се каже за овој случај и нормално сите се ставаат во функција на одбрана на оваа агенција која очигледно врши терор низ Република Македонија и помеѓу граѓаните, додава Арсовски.

The post Арсовски: Параполицијата на СДСМ и нивниот миленик Никоб ги доживува своите мафијашки ѕвездени моменти appeared first on Република.

]]>
На двајцата момци од Батинци ќе му се суди за обид за убиство за нападот на бензиската пумпа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-dvajcata-momci-od-batinci-kje-mu-se-sudi-za-obid-za-ubistvo-za-napadot-na-benziskata-pumpa/ Fri, 25 Feb 2022 18:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=463986

СВР Скопје поднесе кривични пријави против М.Џ.(22) и С.Н.(30), двајцата од село Батинци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „учество во тепачка“.

Од МВР потсетуваат дека на 22 октомври 2021 година на бензинска пумпа на пат за село Студеничани, скопско, пријавените физички го нападнале М.Р.(25) од Студеничани и со остар предмет му нанеле повреди.

 

The post На двајцата момци од Батинци ќе му се суди за обид за убиство за нападот на бензиската пумпа appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје поднесе кривични пријави против М.Џ.(22) и С.Н.(30), двајцата од село Батинци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „учество во тепачка“. Од МВР потсетуваат дека на 22 октомври 2021 година на бензинска пумпа на пат за село Студеничани, скопско, пријавените физички го нападнале М.Р.(25) од Студеничани и со остар предмет му нанеле повреди.  

The post На двајцата момци од Батинци ќе му се суди за обид за убиство за нападот на бензиската пумпа appeared first on Република.

]]>
Смачкан автомобил: Тешка сообраќајка во Батинци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/smachkan-avtomobil-teshka-soobrakjajka-vo-batinci/ Sat, 19 Feb 2022 21:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=460964

Автобус и автомобил се судрија доцна вечерва на влезот од село Батинци, скопско, јавува репортерот на ТВ21.

Според првичните информации предизвиката е само материјална штета и за среќа нема повредени ниту жртви во несреќата.

Голем број на жители се наоѓаат на лице место, а брзо пристигнала и брзата помош.

Автомобилот кој се уште се наоѓа на лице место, е речиси целосно уништен.

The post Смачкан автомобил: Тешка сообраќајка во Батинци appeared first on Република.

]]>

Автобус и автомобил се судрија доцна вечерва на влезот од село Батинци, скопско, јавува репортерот на ТВ21. Според првичните информации предизвиката е само материјална штета и за среќа нема повредени ниту жртви во несреќата. Голем број на жители се наоѓаат на лице место, а брзо пристигнала и брзата помош. Автомобилот кој се уште се наоѓа на лице место, е речиси целосно уништен.

The post Смачкан автомобил: Тешка сообраќајка во Батинци appeared first on Република.

]]>