батерија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/baterija/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Dec 2023 08:06:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png батерија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/baterija/ 32 32 Кинезите претставија батерија која за 15 минути се полни за возење до 500 километри https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/kinezite-pretstavija-baterija-koja-za-15-minuti-se-polni-za-vozene-do-500-kilometri/ Mon, 18 Dec 2023 11:15:34 +0000 https://republika.mk/?p=724126

Брендот за електрични возила „Zeekr“ на кинескиот произведувач „Geely“ претстави литуим-железо-фосфатна батерија (LFP) која се полни брзо, а призводителите тврдат дека батеријата за 15 минути се полни за возење до 500 километри.

Во фабриката за батерија во сопственост на матичната група на „Zeekr“, „Geely Holding“ во провинцијата Жејианг, претставници на компанијата соопштија дека нивната лимузина „007“ ќе биде првиот модел што ќе биде опремен со батерии кои за 15 минути може да се наполнат доволно за возење до 500 километри, со електричен состав од 800 волти напон.

„Zeekr“ користел никел-манган-кобалт (NMC) батерии на најголемиот светски произведувач на батерии, кинескиот „CATL“, за напојување на своите модели „crossover 001“ и повеќенаменските возила „009“.

„CATL“ исто така лансирал батерии за брзо полнење со кои ќе се користи компанијата „Li Auto“ во првиот чисто електричен повеќенаменски модел на автомобил „MEGA“, овозможувајќи му досег на возење од 500 километри, со време на полнење од само 12 минути.

Кинескиот конкурент на „Zeekr“, „Nio“, кој исто така развива сопствена технологија за батерии, планира сам да произведува батерии за да ги намали трошоците, објави „Ројтерс“.

The post Кинезите претставија батерија која за 15 минути се полни за возење до 500 километри appeared first on Република.

]]>

Брендот за електрични возила „Zeekr“ на кинескиот произведувач „Geely“ претстави литуим-железо-фосфатна батерија (LFP) која се полни брзо, а призводителите тврдат дека батеријата за 15 минути се полни за возење до 500 километри. Во фабриката за батерија во сопственост на матичната група на „Zeekr“, „Geely Holding“ во провинцијата Жејианг, претставници на компанијата соопштија дека нивната лимузина „007“ ќе биде првиот модел што ќе биде опремен со батерии кои за 15 минути може да се наполнат доволно за возење до 500 километри, со електричен состав од 800 волти напон. „Zeekr“ користел никел-манган-кобалт (NMC) батерии на најголемиот светски произведувач на батерии, кинескиот „CATL“, за напојување на своите модели „crossover 001“ и повеќенаменските возила „009“. „CATL“ исто така лансирал батерии за брзо полнење со кои ќе се користи компанијата „Li Auto“ во првиот чисто електричен повеќенаменски модел на автомобил „MEGA“, овозможувајќи му досег на возење од 500 километри, со време на полнење од само 12 минути. Кинескиот конкурент на „Zeekr“, „Nio“, кој исто така развива сопствена технологија за батерии, планира сам да произведува батерии за да ги намали трошоците, објави „Ројтерс“.

The post Кинезите претставија батерија која за 15 минути се полни за возење до 500 километри appeared first on Република.

]]>
10 апликации кои најмногу ви ја цицаат батеријата на мобилниот телефон https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/10-aplikatsii-koi-najmnogu-vi-ja-tsitsaat-baterijata-na-mobilniot-telefon/ Mon, 17 Jul 2023 08:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=662161

Апликациите за социјалните мрежи, стриминг сервисите и некои игри се меѓу најголемите виновници за трошење на батеријата на вашиот телефон, открија експертите.

Според технолошките експерти, веб-локациите за технолошки тргување, апликациите кои најмногу влијаат на траењето на батеријата на вашиот паметен телефон се оние кои постојано работат во заднина – дури и кога не се користат активно, пренесува Daily Mail.

Facebook и Instagram кои се во сопственост на Meta, Twitter, Snapchat и TikTok се едни од „тешкашите“, предупредуваат експертите, бидејќи апликациите имаат пристап до вашата локација, микрофон, камера и контакти во секое време.

Ова е особено забележливо откако корисниците се пожалија дека новата апликација за социјално вмрежување на Meta, Threads, која собори рекорди со собирање повеќе од 109 милиони корисници од лансирањето минатата недела, ја троши батеријата на нивниот телефон „со молскавична брзина“.

Некои фрустрирани корисници на новата апликација за микроблогирање, која многумина ја гледаат како директен ривал на Twitter, дури ја избришаа апликацијата откако им ја испразни батеријата на паметниот телефон.

Иако причината за ова празнење на батеријата останува нејасна, експертот за сајбер безбедност Џејк Мур посочи дека тоа би можело да биде резултат на процес наречен „негативно тестирање“.

„Апликациите на Meta долго време беа обвинети дека предизвикуваат празнење на батеријата на iPhone“, рече тој. „Ова може да биде затоа што програмерите се обидуваат да разберат повеќе за нивната апликација и како корисниците комуницираат со неа. Процесот наречен негативно тестирање се користи за да им помогне на програмерите да научат како луѓето ја користат апликацијата за да ја подобрат, а се сметаше дека Facebook ја користел во минатото“, вели Мур.

Толп 10 апликации кои ви ја трошат батеријата:

1. Facebook

2. Twitter

3. Instagram

4. Snapchat

5. TikTok

6. Uber

7. Amazon

8. Spotify

9. Netflix

10. Candy Crush

 

The post 10 апликации кои најмногу ви ја цицаат батеријата на мобилниот телефон appeared first on Република.

]]>

Апликациите за социјалните мрежи, стриминг сервисите и некои игри се меѓу најголемите виновници за трошење на батеријата на вашиот телефон, открија експертите. Според технолошките експерти, веб-локациите за технолошки тргување, апликациите кои најмногу влијаат на траењето на батеријата на вашиот паметен телефон се оние кои постојано работат во заднина – дури и кога не се користат активно, пренесува Daily Mail. Facebook и Instagram кои се во сопственост на Meta, Twitter, Snapchat и TikTok се едни од „тешкашите“, предупредуваат експертите, бидејќи апликациите имаат пристап до вашата локација, микрофон, камера и контакти во секое време. Ова е особено забележливо откако корисниците се пожалија дека новата апликација за социјално вмрежување на Meta, Threads, која собори рекорди со собирање повеќе од 109 милиони корисници од лансирањето минатата недела, ја троши батеријата на нивниот телефон „со молскавична брзина“. Некои фрустрирани корисници на новата апликација за микроблогирање, која многумина ја гледаат како директен ривал на Twitter, дури ја избришаа апликацијата откако им ја испразни батеријата на паметниот телефон. Иако причината за ова празнење на батеријата останува нејасна, експертот за сајбер безбедност Џејк Мур посочи дека тоа би можело да биде резултат на процес наречен „негативно тестирање“. „Апликациите на Meta долго време беа обвинети дека предизвикуваат празнење на батеријата на iPhone“, рече тој. „Ова може да биде затоа што програмерите се обидуваат да разберат повеќе за нивната апликација и како корисниците комуницираат со неа. Процесот наречен негативно тестирање се користи за да им помогне на програмерите да научат како луѓето ја користат апликацијата за да ја подобрат, а се сметаше дека Facebook ја користел во минатото“, вели Мур. Толп 10 апликации кои ви ја трошат батеријата: 1. Facebook 2. Twitter 3. Instagram 4. Snapchat 5. TikTok 6. Uber 7. Amazon 8. Spotify 9. Netflix 10. Candy Crush  

The post 10 апликации кои најмногу ви ја цицаат батеријата на мобилниот телефон appeared first on Република.

]]>
Кинески научници развиле батерија што помага при уништување на туморите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kineski-nauchnitsi-razvile-baterija-shto-pomaga-pri-unishtuvane-na-tumorite/ Sat, 08 Apr 2023 18:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=628787

Кинески научници развиле имплантирана и самонаполнета батерија која помага да се уништат клетките на туморот со регулирање на микросредината која го поддржува растот на туморот.

Студијата, објавена во списанието „Science Advances“, објаснува како батеријата, во комбинација со пролекот тирапазамин, може да го намали обемот на туморот во просек за 90 отсто во рок од две недели, елиминирајќи ги туморите кај четири од пет лабораториски глувци.

Тирапазамин е експериментален биоредуктивен лек против рак кој се активира на токсичен радикал само при многу ниски нивоа на кислород (хипоксија), а пролекот е биолошки неактивна супстанција додека не стигне до телото, каде што се трансформира во биолошки активен лек преку метаболизмот.

Тим истражувачи од Универзитетот Фудан дизајнирале имплантиран уред кој се состои од биокомпатибилен полиимид на база на карбонил и метал цинк. Таквата батерија успева да формира циклус на празнење и само-полнење и овозможува кислородот да се троши рамномерно во туморите на глувците.

На овој начин, и содржината на кислород и нивото на ПеХа (pH) се регулирани во туморот. Студијата покажала дека батеријата го оптимизирала ефектот на тирапазамин кога посредувал во уништувањето на туморите кај глувците. Имено, овој пролек ја користи состојбата на туморот осиромашен со кислород за селективно да ги уништи хипоксичните клетки, односно оние со недостаток на кислород.

Истражувањето, исто така покажа дека батеријата може да се користи како ефикасен регулатор на микросредината на туморот за антитуморна терапија, veli Џанг Фан, професор на Универзитетот Фудан и еден од авторите на студијата.

Научниците истакнуваат дека во текот на истражувањето не се забележани абнормални промени во телесната тежина, ниту во кожата или главните органи на глувците, што укажува на безбедноста на батеријата во лабораториските истражувања „in-vivo“.

Оваа работа е комбинирана студија која користи технологија за батерии и биотерапија. Не само што е нов метод за лекување на туморот, туку исто така поставува преседан за батериите во биомедицински апликации“, вели Ксија Јонгјао, професор на Фудан и еден од авторите на студијата.

The post Кинески научници развиле батерија што помага при уништување на туморите appeared first on Република.

]]>

Кинески научници развиле имплантирана и самонаполнета батерија која помага да се уништат клетките на туморот со регулирање на микросредината која го поддржува растот на туморот. Студијата, објавена во списанието „Science Advances“, објаснува како батеријата, во комбинација со пролекот тирапазамин, може да го намали обемот на туморот во просек за 90 отсто во рок од две недели, елиминирајќи ги туморите кај четири од пет лабораториски глувци. Тирапазамин е експериментален биоредуктивен лек против рак кој се активира на токсичен радикал само при многу ниски нивоа на кислород (хипоксија), а пролекот е биолошки неактивна супстанција додека не стигне до телото, каде што се трансформира во биолошки активен лек преку метаболизмот. Тим истражувачи од Универзитетот Фудан дизајнирале имплантиран уред кој се состои од биокомпатибилен полиимид на база на карбонил и метал цинк. Таквата батерија успева да формира циклус на празнење и само-полнење и овозможува кислородот да се троши рамномерно во туморите на глувците. На овој начин, и содржината на кислород и нивото на ПеХа (pH) се регулирани во туморот. Студијата покажала дека батеријата го оптимизирала ефектот на тирапазамин кога посредувал во уништувањето на туморите кај глувците. Имено, овој пролек ја користи состојбата на туморот осиромашен со кислород за селективно да ги уништи хипоксичните клетки, односно оние со недостаток на кислород.
Истражувањето, исто така покажа дека батеријата може да се користи како ефикасен регулатор на микросредината на туморот за антитуморна терапија, veli Џанг Фан, професор на Универзитетот Фудан и еден од авторите на студијата.
Научниците истакнуваат дека во текот на истражувањето не се забележани абнормални промени во телесната тежина, ниту во кожата или главните органи на глувците, што укажува на безбедноста на батеријата во лабораториските истражувања „in-vivo“.
Оваа работа е комбинирана студија која користи технологија за батерии и биотерапија. Не само што е нов метод за лекување на туморот, туку исто така поставува преседан за батериите во биомедицински апликации“, вели Ксија Јонгјао, професор на Фудан и еден од авторите на студијата.

The post Кинески научници развиле батерија што помага при уништување на туморите appeared first on Република.

]]>
Ќе полни од нула до 100% за најмногу пет минути: НАСА развива батерија што ќе го забрза полнењето на електромобилите https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/kje-polni-od-nula-do-100-za-najmnogu-pet-minuti-nasa-razviva-baterija-shto-kje-go-zabrza-polnenjeto-na-elektromobilite/ Wed, 12 Oct 2022 12:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=560109

Нова експериментална технологија на американската вселенска агенција НАСА, која е развиена за ладење на опремата во Вселената, може драстично да го намали времето на полнење на електричните возила на само пет минути, па и помалку од тоа.

Станува збор за техника наречена „изладено проточно вриење“ што го подобрува преносот на топлина од каблите за полнење и може драматично да го зголеми количеството електрична енергија што полначите може да ја достават до возилата денес. Ова всушност би го намалило времето на полнење на батериите на електричните возила, па дури и ќе овозможи полнење од нула до 100 отсто за најмногу пет минути.

НАСА тврди дека околу 1.400 ампери струја би требало да бидат доволни за полнење на батеријата на просечниот електромобил за пет минути. Агенцијата вели дека напредните полначи испорачуваат струја до 520 ампери, а стандардните помали – од 150 ампери.

Проблемот со оние со над 520 ампери е што полначот произведува значително повеќе топлина, што го прави опасен за корисниците.

Сепак, НАСА тестирала технологија што може безбедно да ги лади каблите што спроведуваат толку висок напон. Универзитетот „Пардју“ во САД го спроведе експериментот за вриење и кондензација на проток (ФБЦЕ). Испитувањето со двофазен проток во течност и пренос на топлина било изведено во трајна микрогравитација – на Меѓународната вселенска станица (МВС). Во суштина, за тестирање на методот се користеа кабли со течно ладење. Течноста што се користела за ладење на каблите била во тн. „изладена состојба“ – далеку под точката на вриење.

Користејќи ФБЦЕ-технологија, тимот постигнал 2.400 ампери по должината на кабелот. Во експериментот, течноста за ладење била пумпана низ кабелот за полнење, каде што ја апсорбирала топлината. Треба да се напомене дека иако ова е многу повеќе од 1.400 ампери потребни за полнење на електричното возило за пет минути, сепак е контролиран лабораториски експеримент и не е исто како проба во реални услови.

НАСА истакнува дека на тој начин, технологијата може да придонесе за пошироко прифаќање на електромобилите, особено зашто е развиена и тестирана во Вселената.

The post Ќе полни од нула до 100% за најмногу пет минути: НАСА развива батерија што ќе го забрза полнењето на електромобилите appeared first on Република.

]]>

Нова експериментална технологија на американската вселенска агенција НАСА, која е развиена за ладење на опремата во Вселената, може драстично да го намали времето на полнење на електричните возила на само пет минути, па и помалку од тоа. Станува збор за техника наречена „изладено проточно вриење“ што го подобрува преносот на топлина од каблите за полнење и може драматично да го зголеми количеството електрична енергија што полначите може да ја достават до возилата денес. Ова всушност би го намалило времето на полнење на батериите на електричните возила, па дури и ќе овозможи полнење од нула до 100 отсто за најмногу пет минути. НАСА тврди дека околу 1.400 ампери струја би требало да бидат доволни за полнење на батеријата на просечниот електромобил за пет минути. Агенцијата вели дека напредните полначи испорачуваат струја до 520 ампери, а стандардните помали – од 150 ампери. Проблемот со оние со над 520 ампери е што полначот произведува значително повеќе топлина, што го прави опасен за корисниците. Сепак, НАСА тестирала технологија што може безбедно да ги лади каблите што спроведуваат толку висок напон. Универзитетот „Пардју“ во САД го спроведе експериментот за вриење и кондензација на проток (ФБЦЕ). Испитувањето со двофазен проток во течност и пренос на топлина било изведено во трајна микрогравитација – на Меѓународната вселенска станица (МВС). Во суштина, за тестирање на методот се користеа кабли со течно ладење. Течноста што се користела за ладење на каблите била во тн. „изладена состојба“ – далеку под точката на вриење. Користејќи ФБЦЕ-технологија, тимот постигнал 2.400 ампери по должината на кабелот. Во експериментот, течноста за ладење била пумпана низ кабелот за полнење, каде што ја апсорбирала топлината. Треба да се напомене дека иако ова е многу повеќе од 1.400 ампери потребни за полнење на електричното возило за пет минути, сепак е контролиран лабораториски експеримент и не е исто како проба во реални услови. НАСА истакнува дека на тој начин, технологијата може да придонесе за пошироко прифаќање на електромобилите, особено зашто е развиена и тестирана во Вселената.

The post Ќе полни од нула до 100% за најмногу пет минути: НАСА развива батерија што ќе го забрза полнењето на електромобилите appeared first on Република.

]]>