баталјон азов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bataljon-azov/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Jun 2022 07:29:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png баталјон азов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bataljon-azov/ 32 32 Многу чудно, некој ги расчистил минските полиња кај Мариупол за да минат Русите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mnogu-chudno-nekoj-gi-raschistil-minskite-polinja-kaj-mariupol-za-da-minat-rusite/ Sun, 05 Jun 2022 07:29:34 +0000 https://republika.mk/?p=511289

Денис Шелер, хрватски војник кој шест години се борел во Украина како припадник на баталјон „Азов“, за Глобус зборува за неонацистичкиот баталјон, за падот на Мариупол, Херсон и други места и одговорноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Т портал.

Запрашан што мисли за судбината на командантот на Азов, Денис Прокопенко, и неговите соборци кои се во руско заробеништво, Шелер вели:

Редис. Тоа е неговиот прекар. Се надевам на најдоброто. Искрено не знам каква е неговата судбина. Беше прилично збунувачки сè околу предавањето. Русија сега не може да ги прогласи за терористи и да ги гони бидејќи се заробени на територијата на регионот Доњецк, кој не е дел од Русија, така што руските судови нема што да бараат таму, освен ако Русија не ја анектира таа област.

Хрватскиот војник е сигурен дека членовите на Азов се изневерени од украинските власти на чело со претседателот Володимир Зеленски.

Кога бев во Киев, во вториот баталјон, разговарав со Билецки, првиот командант на Азов, и со други момчиња. Уште тогаш имаше многу прашалници бидејќи Мариупол падна во рок од три дена од почетокот на инвазијата. Некој од украинската страна ги расчистил минските полиња низ кои минувале Русите. Херсон практично падна без борба. Мелитопол, Бердјанск без испукан истрел. Сето ова е чудно, особено затоа што не е тајна дека единствениот кој му помага на Азов од почетокот на опсадата на Мариупол беше генералот Кирил Буданов, шеф на разузнавачката служба на Министерството за одбрана. Останатото се, не знам... Билецки зборува само за Буданов, вели Шелер и додава дека Билецки не бил во источна Украина, туку отишол на линијата на фронтот кај Киев, Буча и Ирпин.

Тој додава дека Билецки не бил во источна Украина, туку отишол на линијата на фронтот кај Киев, Буча и Ирпин. Шелер, исто така, отворено го изразува своето мислење за украинскиот претседател Зеленски.

Од првиот ден, откако беше избран, не бев за него. Но, уште помалку бев за поранешниот претседател Порошенко, кој е корумпиран и кој украде половина Украина од својот народ. Да имав право на глас во Украина, сигурно не би гласал за Зеленски. Зад него стои група олигарси кои се обидуваат да остварат некои од нивните интереси. Зеленски е виновен што Украина го прими сето ова неподготвена, а не само затоа што игнорираше разузнавачки информации по Нова година, рече Шелер и продолжи:

Се започна во 2019 година, кога рече дека треба да престанеме да пукаме и да ја прекинеме војната, а на украинските војници на фронтот во Донбас им забрани да возвратат со оган, па ги одведе украинските војници на километар, километар и половина од позицијата на дел од фронтот во знак на добра волја во договор со сепаратистите да го сторат истото. Сепак, сепаратистите скокнаа во напуштените украински позиции. Неговата политика од почетокот беше антиукраинска. Се сеќавам на неговиот рејтинг од 20 проценти минатата година. На почетокот на војната бев изненаден што тој воопшто остана во Украина. Но, тој немаше избор. Неговата популарност нагло опадна, многу негови заменици беа фатени во корупција и исфрлени од парламентот.

The post Многу чудно, некој ги расчистил минските полиња кај Мариупол за да минат Русите appeared first on Република.

]]>

Денис Шелер, хрватски војник кој шест години се борел во Украина како припадник на баталјон „Азов“, за Глобус зборува за неонацистичкиот баталјон, за падот на Мариупол, Херсон и други места и одговорноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Т портал. Запрашан што мисли за судбината на командантот на Азов, Денис Прокопенко, и неговите соборци кои се во руско заробеништво, Шелер вели:
Редис. Тоа е неговиот прекар. Се надевам на најдоброто. Искрено не знам каква е неговата судбина. Беше прилично збунувачки сè околу предавањето. Русија сега не може да ги прогласи за терористи и да ги гони бидејќи се заробени на територијата на регионот Доњецк, кој не е дел од Русија, така што руските судови нема што да бараат таму, освен ако Русија не ја анектира таа област.
Хрватскиот војник е сигурен дека членовите на Азов се изневерени од украинските власти на чело со претседателот Володимир Зеленски.
Кога бев во Киев, во вториот баталјон, разговарав со Билецки, првиот командант на Азов, и со други момчиња. Уште тогаш имаше многу прашалници бидејќи Мариупол падна во рок од три дена од почетокот на инвазијата. Некој од украинската страна ги расчистил минските полиња низ кои минувале Русите. Херсон практично падна без борба. Мелитопол, Бердјанск без испукан истрел. Сето ова е чудно, особено затоа што не е тајна дека единствениот кој му помага на Азов од почетокот на опсадата на Мариупол беше генералот Кирил Буданов, шеф на разузнавачката служба на Министерството за одбрана. Останатото се, не знам... Билецки зборува само за Буданов, вели Шелер и додава дека Билецки не бил во источна Украина, туку отишол на линијата на фронтот кај Киев, Буча и Ирпин.
Тој додава дека Билецки не бил во источна Украина, туку отишол на линијата на фронтот кај Киев, Буча и Ирпин. Шелер, исто така, отворено го изразува своето мислење за украинскиот претседател Зеленски.
Од првиот ден, откако беше избран, не бев за него. Но, уште помалку бев за поранешниот претседател Порошенко, кој е корумпиран и кој украде половина Украина од својот народ. Да имав право на глас во Украина, сигурно не би гласал за Зеленски. Зад него стои група олигарси кои се обидуваат да остварат некои од нивните интереси. Зеленски е виновен што Украина го прими сето ова неподготвена, а не само затоа што игнорираше разузнавачки информации по Нова година, рече Шелер и продолжи: Се започна во 2019 година, кога рече дека треба да престанеме да пукаме и да ја прекинеме војната, а на украинските војници на фронтот во Донбас им забрани да возвратат со оган, па ги одведе украинските војници на километар, километар и половина од позицијата на дел од фронтот во знак на добра волја во договор со сепаратистите да го сторат истото. Сепак, сепаратистите скокнаа во напуштените украински позиции. Неговата политика од почетокот беше антиукраинска. Се сеќавам на неговиот рејтинг од 20 проценти минатата година. На почетокот на војната бев изненаден што тој воопшто остана во Украина. Но, тој немаше избор. Неговата популарност нагло опадна, многу негови заменици беа фатени во корупција и исфрлени од парламентот.

The post Многу чудно, некој ги расчистил минските полиња кај Мариупол за да минат Русите appeared first on Република.

]]>
Отстранети нацистичките симболи од новите униформи на баталјонот „Азов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otstraneti-nacistichkite-simboli-od-novite-uniformi-na-bataljonot-azov/ Tue, 31 May 2022 16:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=509364

Баталјонот „Азов“ ги отстранува неонацистичките симболи од своите официјални обележја, нешто што беше една од главните мотивации на руските власти да реагираат дека во Украина има огромен замав на екстремно десничарски национализам.

При промоцијата на новите единици на баталјонот „Азов“ во Харков, новите припадници на специјалните украински сили добија униформи на кои го нема „волчјиот ангел“ - средновековен германски симбол усвоен од нацистите и од единиците на СС на Хитлер, а масовно користен од баталјонот „Азов“ од 2014 година.

Тогаш, дивизискиот грб на 2-та СС дивизија „Дас Рајх“, во Украина стана општествено прифатлив преку употреба на баталјонот „Азов“.

Наместо овој симбол, сега на униформите го има златен трозабец, украинскиот национален симбол што го носат другите полкови, пишува британски „Тајмс“.

Врз истите принципи и идеолошка основа како и легендарниот Азовски полк, формираме нови дивизии. Секој ден тие стануваат се побројни и професионални - порача Максим Жорин, командант на „Азов“, на церемонијата во Харков во неделата.

The post Отстранети нацистичките симболи од новите униформи на баталјонот „Азов“ appeared first on Република.

]]>

Баталјонот „Азов“ ги отстранува неонацистичките симболи од своите официјални обележја, нешто што беше една од главните мотивации на руските власти да реагираат дека во Украина има огромен замав на екстремно десничарски национализам. При промоцијата на новите единици на баталјонот „Азов“ во Харков, новите припадници на специјалните украински сили добија униформи на кои го нема „волчјиот ангел“ - средновековен германски симбол усвоен од нацистите и од единиците на СС на Хитлер, а масовно користен од баталјонот „Азов“ од 2014 година. Тогаш, дивизискиот грб на 2-та СС дивизија „Дас Рајх“, во Украина стана општествено прифатлив преку употреба на баталјонот „Азов“. Наместо овој симбол, сега на униформите го има златен трозабец, украинскиот национален симбол што го носат другите полкови, пишува британски „Тајмс“.
Врз истите принципи и идеолошка основа како и легендарниот Азовски полк, формираме нови дивизии. Секој ден тие стануваат се побројни и професионални - порача Максим Жорин, командант на „Азов“, на церемонијата во Харков во неделата.

The post Отстранети нацистичките симболи од новите униформи на баталјонот „Азов“ appeared first on Република.

]]>
Русија размислува да ги замени борците од „Азов“ за кумот на Путин, Виктор Медведчук https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-razmisluva-da-gi-zameni-borcite-od-azov-za-kumot-na-putin-viktor-medvedchuk/ Sun, 22 May 2022 08:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=505389

Руските власти ќе ја проучуваат опцијата за размена на уапсениот украински политичар Виктор Медведчук за заробените украински војници кои ја напуштија фабриката „Азовстал“ во Мариупол. Таква изјава во Доњецк даде Леонид Слутски, лидер на групата на партијата фракцијата ЛДП во руската Дума.

„Ќе го проучуваме прашањето за можноста за размена на Медведчук за ‘Азов’“, рече Слутски на прес-конференција, одговарајќи на прашање на новинар на Интерфакс. Политичарот не прецизираше дали зборува за борците на Азовскиот полк или за сите што го напуштиле „Азовстал“.

Виктор Медведчук е шеф на украинската партија Опозициска платформа – за живот, која има проруски позиции, а познат е и како „кум на Путин“. Во средината на април тој беше приведен во Украина откако избега од домашен притвор.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, понудил размена на Медведчук за заробени украински војници, а истото го побарал и самиот притворен политичар. Во исто време, Кремљ соопшти дека размената на Медведчук за украински затвореници е невозможна, бидејќи тој не е државјанин на Русија и нема никаква врска со „специјалната воена операција“.

Борците на Азовскиот полк беа меѓу украинската војска која ја држеше одбраната во фабриката „Азовстал“ во Мариупол повеќе од два месеци. На 16 мај војската почна да се предава. Според Министерството за одбрана на Руската Федерација, фабриката ја напуштиле вкупно 2.439 војници.

The post Русија размислува да ги замени борците од „Азов“ за кумот на Путин, Виктор Медведчук appeared first on Република.

]]>

Руските власти ќе ја проучуваат опцијата за размена на уапсениот украински политичар Виктор Медведчук за заробените украински војници кои ја напуштија фабриката „Азовстал“ во Мариупол. Таква изјава во Доњецк даде Леонид Слутски, лидер на групата на партијата фракцијата ЛДП во руската Дума.
„Ќе го проучуваме прашањето за можноста за размена на Медведчук за ‘Азов’“, рече Слутски на прес-конференција, одговарајќи на прашање на новинар на Интерфакс. Политичарот не прецизираше дали зборува за борците на Азовскиот полк или за сите што го напуштиле „Азовстал“.
Виктор Медведчук е шеф на украинската партија Опозициска платформа – за живот, која има проруски позиции, а познат е и како „кум на Путин“. Во средината на април тој беше приведен во Украина откако избега од домашен притвор. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, понудил размена на Медведчук за заробени украински војници, а истото го побарал и самиот притворен политичар. Во исто време, Кремљ соопшти дека размената на Медведчук за украински затвореници е невозможна, бидејќи тој не е државјанин на Русија и нема никаква врска со „специјалната воена операција“. Борците на Азовскиот полк беа меѓу украинската војска која ја држеше одбраната во фабриката „Азовстал“ во Мариупол повеќе од два месеци. На 16 мај војската почна да се предава. Според Министерството за одбрана на Руската Федерација, фабриката ја напуштиле вкупно 2.439 војници.

The post Русија размислува да ги замени борците од „Азов“ за кумот на Путин, Виктор Медведчук appeared first on Република.

]]>
Русија: Во „Азовстал“ се предадоа околу 1.000 украински борци, меѓу нив и припадници на „Азов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-vo-azovstal-se-predadoa-okolu-1-000-ukrainski-borci-megju-niv-i-pripadnici-na-azov/ Wed, 18 May 2022 18:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=503982

Речиси 1.000 украински борци скриени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол се предале, соопшти руското Министерство за одбрана. Руското министерство соопшти дека 694 борци на украинската армија и баталјонот „Азов“ се предале во изминатите 24 часа.

Оттаму додаваат дека досега се предале вкупно 959 лица, од кои 265 ја напуштиле челичарницата при првите евакуации во понеделникот. Оние кои ќе ја напуштат фабриката се носат на територија под руска контрола. Украинските власти сè уште не ги дале најновите информации за тоа колку борци денеска ја напуштиле фабриката за челик во Мариупол.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека акцијата за спасување војници продолжува. „Нашите воени и разузнавачки претставници надгледуваат. Вклучени се највлијателните меѓународни посредници“, рече Зеленски.

Русија и Украина споменуваат договор според кој војниците можеле да ја напуштат фабриката за челик, но многу детали од договорот не се јавни. Останатите прашања се: Уште колку борци има внатре? Дали е договорена замена на заробеници и, доколку е така, под кои услови?

Кремљ соопшти дека заробениците ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди. Украина соопшти дека сака размена на затвореници.

The post Русија: Во „Азовстал“ се предадоа околу 1.000 украински борци, меѓу нив и припадници на „Азов“ appeared first on Република.

]]>

Речиси 1.000 украински борци скриени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол се предале, соопшти руското Министерство за одбрана. Руското министерство соопшти дека 694 борци на украинската армија и баталјонот „Азов“ се предале во изминатите 24 часа. Оттаму додаваат дека досега се предале вкупно 959 лица, од кои 265 ја напуштиле челичарницата при првите евакуации во понеделникот. Оние кои ќе ја напуштат фабриката се носат на територија под руска контрола. Украинските власти сè уште не ги дале најновите информации за тоа колку борци денеска ја напуштиле фабриката за челик во Мариупол. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека акцијата за спасување војници продолжува. „Нашите воени и разузнавачки претставници надгледуваат. Вклучени се највлијателните меѓународни посредници“, рече Зеленски. Русија и Украина споменуваат договор според кој војниците можеле да ја напуштат фабриката за челик, но многу детали од договорот не се јавни. Останатите прашања се: Уште колку борци има внатре? Дали е договорена замена на заробеници и, доколку е така, под кои услови? Кремљ соопшти дека заробениците ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди. Украина соопшти дека сака размена на затвореници.

The post Русија: Во „Азовстал“ се предадоа околу 1.000 украински борци, меѓу нив и припадници на „Азов“ appeared first on Република.

]]>
Зеленски се збогува со борците на „Азов“: Призна дека украинската армија нема сила да ги ослободи опколените https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-se-zbguva-so-borcite-na-azov-prizna-deka-ukrainskata-armija-nema-sila-da-gi-oslobodi-opkolenite/ Tue, 10 May 2022 11:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=500401

Претседателот на Украина, Вoлoдимир Зеленски, јавно призна дека украинската армија нема сили да го деблокира Мариупол и да ги ослободи преостанатите војници кои се кријат во челичарницата „Азовстал“. На тој начин се испоставува дека украинските борци и припадниците на националистичкиот баталјон „Азов“, кои се наоѓаат во подземите простории на металуршките погони во Мариупол добиваа лажни ветувања дека ќе добијат помош и дека властите во Киев ќе направат се за да ги извадат, а тие треба „само да издржат уште малку“.

https://republika.mk/vesti/svet/komandantot-na-azov-upatuva-ochajnichki-apel-za-izvlekuvanje-od-chelicharnicata-vo-mariupol/

Сепак, наместо да помогне, раководството во Киев им додели одликувања, за на крајот да признаат дека не можат да ги вратат изгубените позиции со воени средства. Во Киев се правдаат дека немаат доволно тешко оружје за да можат да ги пориснат руските сили од пристанишниот град на Азовското Море.

Мариупол е под руска контрола од средината на април, а преостанатите украински војници во фабриката за челик се опколени во неколку обрачи од единиците на Народната Република Доњецк, помогнати од руските сили и чеченските борци.

https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-izvrshile-desant-vo-chelicharnicata-azovstal-od-more-snimeno-pristignuvanjeto-na-gliserite-na-bregot/

Зеленски сега изјави дека единствен начин за ослободување на ранетите и преостанатите украински војници во „Азовстал“ се дипломатските преговори.

Киев веќе загуби еден адут кога последните цивили го напуштија „Азовстал“ во неделата. До неодамна во Киев повторуваа дека во подземните ходници на челичарницата има повеќе од илјада деца и жени, а се покажа дека ги има најмногу околу 300.

По евакуацијата на цивилите, од Киев повторно ја актуализираат приказната дека околу 500 беспомошни луѓе останале во импровизираната болница за ранети во подземјето на „Азовстал“, барајќи дипломатски напори за нивно спасување. Во меѓувреме, нема коментар точно колку странски платеници има меѓу украинските сили што се останати во „Азовстал“.

Извор: Новости

The post Зеленски се збогува со борците на „Азов“: Призна дека украинската армија нема сила да ги ослободи опколените appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Вoлoдимир Зеленски, јавно призна дека украинската армија нема сили да го деблокира Мариупол и да ги ослободи преостанатите војници кои се кријат во челичарницата „Азовстал“. На тој начин се испоставува дека украинските борци и припадниците на националистичкиот баталјон „Азов“, кои се наоѓаат во подземите простории на металуршките погони во Мариупол добиваа лажни ветувања дека ќе добијат помош и дека властите во Киев ќе направат се за да ги извадат, а тие треба „само да издржат уште малку“. https://republika.mk/vesti/svet/komandantot-na-azov-upatuva-ochajnichki-apel-za-izvlekuvanje-od-chelicharnicata-vo-mariupol/ Сепак, наместо да помогне, раководството во Киев им додели одликувања, за на крајот да признаат дека не можат да ги вратат изгубените позиции со воени средства. Во Киев се правдаат дека немаат доволно тешко оружје за да можат да ги пориснат руските сили од пристанишниот град на Азовското Море. Мариупол е под руска контрола од средината на април, а преостанатите украински војници во фабриката за челик се опколени во неколку обрачи од единиците на Народната Република Доњецк, помогнати од руските сили и чеченските борци. https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-izvrshile-desant-vo-chelicharnicata-azovstal-od-more-snimeno-pristignuvanjeto-na-gliserite-na-bregot/ Зеленски сега изјави дека единствен начин за ослободување на ранетите и преостанатите украински војници во „Азовстал“ се дипломатските преговори. Киев веќе загуби еден адут кога последните цивили го напуштија „Азовстал“ во неделата. До неодамна во Киев повторуваа дека во подземните ходници на челичарницата има повеќе од илјада деца и жени, а се покажа дека ги има најмногу околу 300. По евакуацијата на цивилите, од Киев повторно ја актуализираат приказната дека околу 500 беспомошни луѓе останале во импровизираната болница за ранети во подземјето на „Азовстал“, барајќи дипломатски напори за нивно спасување. Во меѓувреме, нема коментар точно колку странски платеници има меѓу украинските сили што се останати во „Азовстал“. Извор: Новости

The post Зеленски се збогува со борците на „Азов“: Призна дека украинската армија нема сила да ги ослободи опколените appeared first on Република.

]]>
Путин за неговата глава нуди пола милион долари: Ова е командантот на контроверзниот баталјон „Азов“ што се бори во Мариупол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-za-negovata-glava-nudi-pola-milion-dolari-ova-e-komandantot-na-kontroverzniot-bataljon-azov-shto-se-bori-vo-mariupol/ Wed, 16 Mar 2022 13:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=473751

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, наводно, во име на рускиот претседател, Владимир Путин, понудил награда од половина милион долари за оној што ќе му ја донесе главата или друг доказ дека го убил командантот на украинскиот националистички баталјон „Азов“, Денис Прокопенко.

Токму припадниците на овој баталјон, кој е еден од најелитните единици во украинската војска, се распоредени во Мариупол и се голема причина за жестоките борби со руските сили, кои со денови не можат да го освојат градот.

Станува збор за контроверзна воена единица која многумина сè уште ја сметаат за неонацистичка единица поради поранешниот отворен флерт со хералдиката на СС единиците на нацистичка Германија и собирањето на бројни странски доброволци со екстремно десничарска наклонетост (инструкторите на НАТО одбија да ги обучуваат додека не се оградата од повикувањето на нацистичка идеологија).

Сепак, Украина тврди дека денес овој баталјон е нешто поинаков отколку што беше на почетокот: тие се прилично модерна и многу мобилна украинска единица за специјални намени. Освен пешадија, оклопни, артилериски и ракетни фрлачи, тие неодамна наводно имале и воздушни, па дури и нуркачки ударни групи.

Првиот командант и основач на баталјон „Азов“ беше екстремно десничарскиот украински политичар Андиј Билецки. Откако тој беше избран во парламентот - Врховната рада, на чело на „Азов“ беа Игор Михајленко и Максим Жорин, за командата над „Азов“ да ја преземе Денис Прокопенко, кој веќе пет години е на чело на единицата.

Пред три години, по повод годишнината од настаните на Мајдан, Прокопенко го привлече вниманието на јавноста кога одби да го отпоздрави новоизбраниот претседател, Володимир Зеленски при примањето на медалите.

Многумина ова го протолкуваа како гест на непријателство, па дури и прикриен антисемитизам 9Зеленски е Евреин), но лидерот на „Азов“ подоцна објасни дека едноставно не им отпоздравува на цивили.

Прокопенко е поранешен предводник на навивачите на Динамо Киев, а некои велат и класичен фудбалски хулиган. Неговиот прв ангажман бил учество во настаните околу Мајдан, а подоцна и во борбите против проруските бунтовници во Донбас и во источните региони.

Кога Русија ја почна воената акција во Украина, Прокопенко и „Азов“ одлучија да се стационираат во Мариупол, градот на брегот на Азовското Море, по што е и именувана нивната единица.

 

The post Путин за неговата глава нуди пола милион долари: Ова е командантот на контроверзниот баталјон „Азов“ што се бори во Мариупол appeared first on Република.

]]>

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, наводно, во име на рускиот претседател, Владимир Путин, понудил награда од половина милион долари за оној што ќе му ја донесе главата или друг доказ дека го убил командантот на украинскиот националистички баталјон „Азов“, Денис Прокопенко. Токму припадниците на овој баталјон, кој е еден од најелитните единици во украинската војска, се распоредени во Мариупол и се голема причина за жестоките борби со руските сили, кои со денови не можат да го освојат градот. Станува збор за контроверзна воена единица која многумина сè уште ја сметаат за неонацистичка единица поради поранешниот отворен флерт со хералдиката на СС единиците на нацистичка Германија и собирањето на бројни странски доброволци со екстремно десничарска наклонетост (инструкторите на НАТО одбија да ги обучуваат додека не се оградата од повикувањето на нацистичка идеологија). Сепак, Украина тврди дека денес овој баталјон е нешто поинаков отколку што беше на почетокот: тие се прилично модерна и многу мобилна украинска единица за специјални намени. Освен пешадија, оклопни, артилериски и ракетни фрлачи, тие неодамна наводно имале и воздушни, па дури и нуркачки ударни групи. Првиот командант и основач на баталјон „Азов“ беше екстремно десничарскиот украински политичар Андиј Билецки. Откако тој беше избран во парламентот - Врховната рада, на чело на „Азов“ беа Игор Михајленко и Максим Жорин, за командата над „Азов“ да ја преземе Денис Прокопенко, кој веќе пет години е на чело на единицата. Пред три години, по повод годишнината од настаните на Мајдан, Прокопенко го привлече вниманието на јавноста кога одби да го отпоздрави новоизбраниот претседател, Володимир Зеленски при примањето на медалите. Многумина ова го протолкуваа како гест на непријателство, па дури и прикриен антисемитизам 9Зеленски е Евреин), но лидерот на „Азов“ подоцна објасни дека едноставно не им отпоздравува на цивили. Прокопенко е поранешен предводник на навивачите на Динамо Киев, а некои велат и класичен фудбалски хулиган. Неговиот прв ангажман бил учество во настаните околу Мајдан, а подоцна и во борбите против проруските бунтовници во Донбас и во источните региони. Кога Русија ја почна воената акција во Украина, Прокопенко и „Азов“ одлучија да се стационираат во Мариупол, градот на брегот на Азовското Море, по што е и именувана нивната единица.  

The post Путин за неговата глава нуди пола милион долари: Ова е командантот на контроверзниот баталјон „Азов“ што се бори во Мариупол appeared first on Република.

]]>
Нападот на породилиштето е инсценирана провокација, вели Конашенков https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/napadot-na-porodilishteto-e-inscenirana-provokacija-veli-konashenkov/ Thu, 10 Mar 2022 19:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=470893

Руското Министерство за одбрана денеска негираше дека руските сили ден претходно бомбардирале породилиште и детска болница во украинскиот град Мариупол.

Според соопштението, Русија вчера не извршила воздушни напади врз копнени цели во таа област, почитувајќи го договорениот „режим на тишина“, пренесува Ројтерс.

Рускиот министер за надворешни работи претходно денеска изјави дека Русија на седницата на Советот за безбедност на ОН изјавила дека украинскиот националистички баталјон Азов ја користи породилната болница во Мариупол како своја база.

Украинските националисти претходно ги извадија сите идни мајки и персоналот од породилиштето, рече Лавров по разговорите со украинските и турските колеги Дмитриј Кулеб и Мевлут Чавушоглу, пренесе Тас.

Слушнавме патетична реторика за некои злосторства наводно извршени многу пати од страна на руската војска. Пред три дена, на 7 март, нашата делегација на седницата на Советот за безбедност на ОН презентираше докази дека предметното породилиште долго време било окупирано од баталјонот Азов и други радикали, рече тој Лавров.

Според тврдењата на украинските власти, во вчерашниот воздушен напад на Мариупол била уништена детската болница, а загинале три лица.

Посебно ќе се задржам на информативната провокација на режимот во Киев дека руската авијација наводно вчера ја нападнала болницата бр. 3 во Мариупол. Најпрво сакам да истакнам дека руското Министерство за одбрана вчера објави режим на молк на безбедно да се евакуираат цивилите од градот. „Руската авијација не реализира апсолутно никакви задачи за елиминација на цели на теренот во областа Мариупол, рече Конашенков.

Анализа на изјавите на претставниците на киевскиот националистички режим, фотографијата од болницата не остава сомнеж, истакна Конашенков.

Наводниот воздушен напад е целосно изведена провокација чија цел е да поттикне антируска хистерија на Запад, рече тој.

Тој додаде дека руската страна повеќепати нагласила дека медицинските установи во Мариупол, вклучително и болницата бр. 3, престанале да работат на почетокот на февруари.

Националистите ги растераа сите вработени и пациенти. Поради добрата тактичка положба, зградата на болницата е претворена во упориште на националистичкиот баталјон „Азов“, изјави Конашенков.

The post Нападот на породилиштето е инсценирана провокација, вели Конашенков appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана денеска негираше дека руските сили ден претходно бомбардирале породилиште и детска болница во украинскиот град Мариупол. Според соопштението, Русија вчера не извршила воздушни напади врз копнени цели во таа област, почитувајќи го договорениот „режим на тишина“, пренесува Ројтерс.
Рускиот министер за надворешни работи претходно денеска изјави дека Русија на седницата на Советот за безбедност на ОН изјавила дека украинскиот националистички баталјон Азов ја користи породилната болница во Мариупол како своја база. Украинските националисти претходно ги извадија сите идни мајки и персоналот од породилиштето, рече Лавров по разговорите со украинските и турските колеги Дмитриј Кулеб и Мевлут Чавушоглу, пренесе Тас. Слушнавме патетична реторика за некои злосторства наводно извршени многу пати од страна на руската војска. Пред три дена, на 7 март, нашата делегација на седницата на Советот за безбедност на ОН презентираше докази дека предметното породилиште долго време било окупирано од баталјонот Азов и други радикали, рече тој Лавров.
Според тврдењата на украинските власти, во вчерашниот воздушен напад на Мариупол била уништена детската болница, а загинале три лица.
Посебно ќе се задржам на информативната провокација на режимот во Киев дека руската авијација наводно вчера ја нападнала болницата бр. 3 во Мариупол. Најпрво сакам да истакнам дека руското Министерство за одбрана вчера објави режим на молк на безбедно да се евакуираат цивилите од градот. „Руската авијација не реализира апсолутно никакви задачи за елиминација на цели на теренот во областа Мариупол, рече Конашенков.
Анализа на изјавите на претставниците на киевскиот националистички режим, фотографијата од болницата не остава сомнеж, истакна Конашенков.
Наводниот воздушен напад е целосно изведена провокација чија цел е да поттикне антируска хистерија на Запад, рече тој.
Тој додаде дека руската страна повеќепати нагласила дека медицинските установи во Мариупол, вклучително и болницата бр. 3, престанале да работат на почетокот на февруари.
Националистите ги растераа сите вработени и пациенти. Поради добрата тактичка положба, зградата на болницата е претворена во упориште на националистичкиот баталјон „Азов“, изјави Конашенков.

The post Нападот на породилиштето е инсценирана провокација, вели Конашенков appeared first on Република.

]]>
Украинската војска го гранатирала баталјонот „Азов“ откако целосно одбил да ги следи наредбите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskata-vojska-go-granatirala-bataljonot-azov-otkako-celosno-odbil-da-gi-sledi-naredbite/ Fri, 04 Mar 2022 14:58:13 +0000 https://republika.mk/?p=467859

Руски медиуми, повикувајќи се на информации од Донбас, објавуваат дека украинската војска извела рекатен напад на штабот на специјалниот одред Азов, на југозападот од Мариупол.

Според информациите, при нападот загинале повеќе од 20 припадници на баталјонот и 10 единици воена тахника.

Нападот бил изведен откако припадниците на одредот целосно одбиле да делуваат под командите на украинската војска и да ги координираат своите акции со нив.

The post Украинската војска го гранатирала баталјонот „Азов“ откако целосно одбил да ги следи наредбите appeared first on Република.

]]>

Руски медиуми, повикувајќи се на информации од Донбас, објавуваат дека украинската војска извела рекатен напад на штабот на специјалниот одред Азов, на југозападот од Мариупол. Според информациите, при нападот загинале повеќе од 20 припадници на баталјонот и 10 единици воена тахника. Нападот бил изведен откако припадниците на одредот целосно одбиле да делуваат под командите на украинската војска и да ги координираат своите акции со нив.

The post Украинската војска го гранатирала баталјонот „Азов“ откако целосно одбил да ги следи наредбите appeared first on Република.

]]>