Башар ал-Асад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bashar-al-asad/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Nov 2023 13:00:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Башар ал-Асад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bashar-al-asad/ 32 32 Франција издаде налог за апсење на сирискиот претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-izdade-nalog-za-apsene-na-siriskiot-pretsedatel/ Wed, 15 Nov 2023 13:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=701844

Француските судии издадоа налози за апсење на сирискиот претседател Башар ал Асад, неговиот брат Махер ал Асад и двајца високи сириски функционери, кои ги обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје против цивили во Сирија во 2013 година, објави независна експертска организација Civil Rights Defenders со седиште во Стокхолм, кој се занимава со заштита на човековите права и неименуван судски извор.

Налозите за апсење, кои се однесуваат на обвиненијата за соучесништво во злосторства против човештвото и соучесништво во воени злосторства, беа издадени по кривична истрага за два напади со хемиско оружје во сирискиот град Дума и областа Источна Гута во август 2013 година, во кои загинаа повеќе од 1.000 луѓе.

Тоа е прва меѓународна потерница издадена по претседателот на сириската држава, чии сили брутално ги задушија протестите кои започнаа во 2011 година, а експертите на ОН ги оценија како воено злосторство.

The post Франција издаде налог за апсење на сирискиот претседател appeared first on Република.

]]>

Француските судии издадоа налози за апсење на сирискиот претседател Башар ал Асад, неговиот брат Махер ал Асад и двајца високи сириски функционери, кои ги обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје против цивили во Сирија во 2013 година, објави независна експертска организација Civil Rights Defenders со седиште во Стокхолм, кој се занимава со заштита на човековите права и неименуван судски извор. Налозите за апсење, кои се однесуваат на обвиненијата за соучесништво во злосторства против човештвото и соучесништво во воени злосторства, беа издадени по кривична истрага за два напади со хемиско оружје во сирискиот град Дума и областа Источна Гута во август 2013 година, во кои загинаа повеќе од 1.000 луѓе. Тоа е прва меѓународна потерница издадена по претседателот на сириската држава, чии сили брутално ги задушија протестите кои започнаа во 2011 година, а експертите на ОН ги оценија како воено злосторство.

The post Франција издаде налог за апсење на сирискиот претседател appeared first on Република.

]]>
Зеленски воведе санкции против сирискиот претседател Асад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-vovede-sanktsii-protiv-siriskiot-pretsedatel-asad/ Sat, 18 Mar 2023 16:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=621049

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска воведе санкции против сирискиот претседател Башар Ал Асад, пренесува РИА Новости.

Според текстот на указот објавен денеска на веб-страницата на украинскиот претседател, санкциите се воведени за период од 10 години и предвидуваат блокирање на имотот, забрана за повлекување капитал од Украина, престанок на економските и финансиските обврски, забраната за пренос на технологија и права на објекти на интелектуална сопственост.

Санкции се воведени и за сирискиот министер за надворешни работи Фајсал Микдад и премиерот Хусеин Арнус, се наведува во документот потпишан од Зеленски.

Претседателот на Сирија неодамна во Москва се сретна со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и по тој повод уште еднаш ја потврди поддршката за „специјалната воена операција на Русија во Украина“.

Во интервјуто за „Соловјов во живо“ во четвртокот, Асад го изрази своето мислење за политичките активности на претседателот на Украина, посочувајќи дека претходно не знаел ништо за Зеленски и дека кога почнал да се појавува во медиумите, го гледале како кловн во Сирија.

-Неговите изјави се како комедија, која всушност ни се допадна. Дури и во политиката се однесува како комичар. Некогаш ни требаат такви кловнови, да ја размрдаат целата ситуација и да не насмеат што повеќе – рекол Асад.

The post Зеленски воведе санкции против сирискиот претседател Асад appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска воведе санкции против сирискиот претседател Башар Ал Асад, пренесува РИА Новости. Според текстот на указот објавен денеска на веб-страницата на украинскиот претседател, санкциите се воведени за период од 10 години и предвидуваат блокирање на имотот, забрана за повлекување капитал од Украина, престанок на економските и финансиските обврски, забраната за пренос на технологија и права на објекти на интелектуална сопственост. Санкции се воведени и за сирискиот министер за надворешни работи Фајсал Микдад и премиерот Хусеин Арнус, се наведува во документот потпишан од Зеленски. Претседателот на Сирија неодамна во Москва се сретна со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и по тој повод уште еднаш ја потврди поддршката за „специјалната воена операција на Русија во Украина“. Во интервјуто за „Соловјов во живо“ во четвртокот, Асад го изрази своето мислење за политичките активности на претседателот на Украина, посочувајќи дека претходно не знаел ништо за Зеленски и дека кога почнал да се појавува во медиумите, го гледале како кловн во Сирија.
-Неговите изјави се како комедија, која всушност ни се допадна. Дури и во политиката се однесува како комичар. Некогаш ни требаат такви кловнови, да ја размрдаат целата ситуација и да не насмеат што повеќе – рекол Асад.

The post Зеленски воведе санкции против сирискиот претседател Асад appeared first on Република.

]]>
Сирискиот претседател го критикуваше Западот поради санкциите што спречуваат помош за настраданите во земјотресот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/siriskiot-pretsedatel-go-kritikuvashe-zapadot-poradi-sanktsiite-shto-sprechuvaat-pomosh-za-nastradanite-vo-zemjotresot/ Sat, 11 Feb 2023 13:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=607739

Сирискиот претседател, Башар ал Асад, ги критикуваше западните земји во своите први телевизиски коментари по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што погоди делови од земјата пред пет дена, објавија сириските државни медиуми.

Асад и неговата сопруга Асма беа во повеќе места погодени од земјотресот и ги посетија преживеаните во болницата во Алепо.

Стоејќи во близина на зградата уништена во земјотресот, Асад им изјави на новинарите дека западните земји „не се грижат за луѓето“. Овој коментар е во согласност со изјавите на владините претставници и сириските државни медиуми, кои недостигот на хуманитарна помош и попречувањето на опремата за спасување го припишуваат на санкциите од САД и ЕУ.

САД велат дека нивните санкции не се наметнати на хуманитарни напори, а вчера американското Министерство за финансии издаде 180-дневна „Општа лиценца“ со која ги одобрува сите трансакции поврзани со помош по земјотресот, кои инаку се забранети според прописите за санкции.

Сириското Министерство за надворешни работи ја нарече мерката средство за создавање „лажен впечаток на загриженост за луѓето“, соопшти САНА.

The post Сирискиот претседател го критикуваше Западот поради санкциите што спречуваат помош за настраданите во земјотресот appeared first on Република.

]]>

Сирискиот претседател, Башар ал Асад, ги критикуваше западните земји во своите први телевизиски коментари по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што погоди делови од земјата пред пет дена, објавија сириските државни медиуми. Асад и неговата сопруга Асма беа во повеќе места погодени од земјотресот и ги посетија преживеаните во болницата во Алепо. Стоејќи во близина на зградата уништена во земјотресот, Асад им изјави на новинарите дека западните земји „не се грижат за луѓето“. Овој коментар е во согласност со изјавите на владините претставници и сириските државни медиуми, кои недостигот на хуманитарна помош и попречувањето на опремата за спасување го припишуваат на санкциите од САД и ЕУ. САД велат дека нивните санкции не се наметнати на хуманитарни напори, а вчера американското Министерство за финансии издаде 180-дневна „Општа лиценца“ со која ги одобрува сите трансакции поврзани со помош по земјотресот, кои инаку се забранети според прописите за санкции. Сириското Министерство за надворешни работи ја нарече мерката средство за создавање „лажен впечаток на загриженост за луѓето“, соопшти САНА.

The post Сирискиот претседател го критикуваше Западот поради санкциите што спречуваат помош за настраданите во земјотресот appeared first on Република.

]]>