Баргала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bargala/ За подобро да се разбереме Mon, 08 May 2023 12:53:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Баргала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bargala/ 32 32 Отворена стечајна постапка за АД „Баргала“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otvorena-stechajna-postapka-za-ad-bargala/ Mon, 08 May 2023 12:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=638418

Отворена е стечајна постапка за поранешниот гигант АД „Баргала“ - Штип што произведуваше чевли. Стечајниот управник  на денешното судско рочиште во Основниот суд - Штип предложи на барање на доверителите стечајна постапка за АД „Баргала“-Штип, бидејќи сметката е блокирана, а како побарувачи се јавуваат над  50 вработени, потоа АД „Македонија осигурување“ и Комерцијална банка, а на кои побарувањата од должникот АД „Баргала“ изнесуваат над 3,5 милиони евра.

Судијата Емил Пилатов најави дека извештајот од денешното рочиште ќе се достави за три дена до странките во процесот. Стечајниот управник Пепи Панев вели дека  според Законот за стечај, ќе тече рок од 45 дена за да  подготви извештај. Во меѓувреме, очекува доверителите да ги пријават своите побарувања. Тој појаснува дека овој  рок  е од  15 дена од објавувањето на решението за отворање на стечајот.

Првично е договорен датумот 4 јули за првата средба на Советот на доверители. Советот на доверители ќе се изјасни дали компанијата може да се реорганизира или имотот ќе оди на продажба. На ова рочиште ќе се решава и дали ќе остане стечајниот управник или ќе се бара друг појаснува судијата Емил Пилатов. Познатата штипска фабрика „Баргала“ - Штип пред една деценија беше гигант и имаше околу 1.400 работници,  произведуваше  чевли за познати светски брендови.

The post Отворена стечајна постапка за АД „Баргала“ appeared first on Република.

]]>

Отворена е стечајна постапка за поранешниот гигант АД „Баргала“ - Штип што произведуваше чевли. Стечајниот управник  на денешното судско рочиште во Основниот суд - Штип предложи на барање на доверителите стечајна постапка за АД „Баргала“-Штип, бидејќи сметката е блокирана, а како побарувачи се јавуваат над  50 вработени, потоа АД „Македонија осигурување“ и Комерцијална банка, а на кои побарувањата од должникот АД „Баргала“ изнесуваат над 3,5 милиони евра. Судијата Емил Пилатов најави дека извештајот од денешното рочиште ќе се достави за три дена до странките во процесот. Стечајниот управник Пепи Панев вели дека  според Законот за стечај, ќе тече рок од 45 дена за да  подготви извештај. Во меѓувреме, очекува доверителите да ги пријават своите побарувања. Тој појаснува дека овој  рок  е од  15 дена од објавувањето на решението за отворање на стечајот. Првично е договорен датумот 4 јули за првата средба на Советот на доверители. Советот на доверители ќе се изјасни дали компанијата може да се реорганизира или имотот ќе оди на продажба. На ова рочиште ќе се решава и дали ќе остане стечајниот управник или ќе се бара друг појаснува судијата Емил Пилатов. Познатата штипска фабрика „Баргала“ - Штип пред една деценија беше гигант и имаше околу 1.400 работници,  произведуваше  чевли за познати светски брендови.

The post Отворена стечајна постапка за АД „Баргала“ appeared first on Република.

]]>
Археолошкиот локалитет „Баргала“ ќе се осветли на есен https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/arheoloshkiot-lokalitet-bargala-kje-se-osvetli-na-esen/ Thu, 28 Jul 2022 07:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=534063

Археолошкиот локалитет „Баргала“ конечно ќе биде осветлен. Директорот на НУ Завод и музеј – Штип Митко Штерјов вели дека реалзиацијата на проектот ќе се случи на есен. Средствата се обезбедени преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион, Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој.

Штерјов појаснува дека минатата година конкуриле со два проекти, првиот е за реконструкција на штипската Саат кула, а вториот и осветлување на локалитетот „Баргала“.

По неколку процеси за вреднување на проектите, на крајот остана да се реализира само проектот за осветлување на „Баргала“, а проектот за реставрација и конзервација на Саат кулата не помина. Можеби, е до финансиските средства, не ја знаеме причината. Меѓутоа, ние сме задоволни кога ќе помине барем еден проект. Сепак, сите проекти заслужуваат и во понатамошниот период се надеваме дека ќе дојде ред и за овој, вели Штерјов.

Очекува активностите на „Баргала“ да почнат во септември, со цел поголема безбедност на овој значаен локалитет во источниот регион.

Тоа е процес којшто треба да се одвива, се надевам дека од есен ќе почне да се реализира, бидејќи така се и проектните програми со Источно-планскиот регион и со Општина Карбинци. Се надеваме дека во септември или октомври ќе почне со реализација овој проект. Ние, како Завод и Музеј имаме неколку проекти коишто ги конкуриравме и понатаму ќе ги конкурираме, што заедно со општините, така и на меѓународни проекти, проекти од Министерството. Тоа е реставрација и конзервација на „Св. Илија“, односно „усамедин Пашина џамија, а и оној што сите сакаме да се реализира е за конзервација на тврдината Исар, додава Штерјов.

Штипската саат кула со помош на волонтери беше ставена во функција во 2018 година, кога и повторно се слушна отчукувањето на саатот од кулата. Инаку, според пишаните документи, овој споменик на културата е изграден од турски бег во 1650 година.

The post Археолошкиот локалитет „Баргала“ ќе се осветли на есен appeared first on Република.

Стоилковски: СДСМ биле да се сликаат кај текстилци, да одеа до „Баргала“ каде газдата од СДСМ ги остави со 2 денари плата и ги излажа за да ги истера од работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-sdsm-bile-da-se-slikaat-kaj-tekstilci-da-odea-do-bargala-kade-gazdata-od-sdsm-gi-ostavi-so-2-denari-plata-i-gi-izlaza-za-da-gi-istera-od-rabota/ Sat, 26 Mar 2022 20:57:35 +0000 https://republika.mk/?p=479084

Тоа е СДСМ, бесрамно како и секогаш, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на својот фејсбук профил.

Пратеници од СДСМ биле да се сликаат кај текстилци, претпоставувам некаде во скопско, можеби и кај работникот- повратник што живее "исто како во Германија".

Барем еднаш да отидоа да ги видат текстилците од "Баргала", коишто газдата од СДСМ ги остави со 2 денари плата и потоа ги излажа за да ги истера од работа.

Нив ги заборавија, не постојат. Бидејќи "не блескаат", како што не е блескаво ништо освен лагите на СДСМ.

*Фото1: Фб на СДСМ;

*Фото2: Тајм.мк листа на поврзани вести

The post Стоилковски: СДСМ биле да се сликаат кај текстилци, да одеа до „Баргала“ каде газдата од СДСМ ги остави со 2 денари плата и ги излажа за да ги истера од работа appeared first on Република.

ССМ: Предметот за стечај на штипска „Баргала” се враќа на повторно судење во Основниот суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-predmetot-za-stechaj-na-shtipska-bargala-se-vrakja-na-povtorno-sudenje-vo-osnovniot-sud/ Fri, 21 Jan 2022 13:43:00 +0000 https://republika.mk/?p=447766

Апелацискиот суд во Штип ја усвои жалбата на Сојузот на синдикати на Македонија и решението на Основниот суд за предметот преку кој работниците како предлагачи побараа отварање на стечајна постапка над должникот – фабриката за чевли АД „Баргала". Сојузот на синдикатите на Македонија преку писмено соопштение информираат дека предметот е вратен на повторно судење во Основниот суд во Штип.

Со Решението, Апелацискиот суд го задолжува Основниот суд во Штип при повторното постапување со сигурност да утврди дали доверителите – работниците имаат доспеани, а неплатени парични побарувања врз основа на важечки основи за плаќање, дали исплаќал плата во износ и висина утврдена во согласност со Закон и колективен договор и дали должникот е неспособен за плаќање повеќе од 45 дена од која било негова сметка кај кој било носител на платниот промет.

Судијата Емил Пилатов кој во тој период во врска со поднесеното барање за отварање на стечајна постапка во АД Баргала Штип, во изјава за медиумите кратко одговорил : – ,, Нема стечај засега, ќе чекаме Апелација што ќе каже" го доби одговорот од Апелациониот суд кој Решение ја усвои жалбата на ССМ и Решението на Основниот суд Штип СТ.12/21 го укина и предметот му го врати на повторно судење заради суштествени повреди на постапката со оглед на тоа што причините се нејасни и контрадикторни врз основа на кој судел Судијата. Иако за сите државни институции и за ССМ, работењето во Баргала АД Штип е скандалозно и без почитување на законите во државата, судијата Емил Пилатов и привремениот стечаен управник Пепи Панев дозволија да страдаат околу 300 вработени и нивните семејства, оставени без плати, со незаконити отказни решенија и без стабилен статус и егзистенцијална иднина што се потврдува и со оваа пресуда, се вели во писменото соопштение на ССМ.

Посочуваат и се сомневаат на развиена мрежа од поединци судии и стечајни управници кои, како што велат во соопштението слугувале на газдите на АД Баргала и дозволуваат работниците со месеци да гладуваат и покрај решенијата за исплата на неисплатените плати и решенијата за враќање на работниците и работничките на своите работни места.

The post ССМ: Предметот за стечај на штипска „Баргала” се враќа на повторно судење во Основниот суд appeared first on Република.

]]>

Апелацискиот суд во Штип ја усвои жалбата на Сојузот на синдикати на Македонија и решението на Основниот суд за предметот преку кој работниците како предлагачи побараа отварање на стечајна постапка над должникот – фабриката за чевли АД „Баргала". Сојузот на синдикатите на Македонија преку писмено соопштение информираат дека предметот е вратен на повторно судење во Основниот суд во Штип. Со Решението, Апелацискиот суд го задолжува Основниот суд во Штип при повторното постапување со сигурност да утврди дали доверителите – работниците имаат доспеани, а неплатени парични побарувања врз основа на важечки основи за плаќање, дали исплаќал плата во износ и висина утврдена во согласност со Закон и колективен договор и дали должникот е неспособен за плаќање повеќе од 45 дена од која било негова сметка кај кој било носител на платниот промет.
Судијата Емил Пилатов кој во тој период во врска со поднесеното барање за отварање на стечајна постапка во АД Баргала Штип, во изјава за медиумите кратко одговорил : – ,, Нема стечај засега, ќе чекаме Апелација што ќе каже" го доби одговорот од Апелациониот суд кој Решение ја усвои жалбата на ССМ и Решението на Основниот суд Штип СТ.12/21 го укина и предметот му го врати на повторно судење заради суштествени повреди на постапката со оглед на тоа што причините се нејасни и контрадикторни врз основа на кој судел Судијата. Иако за сите државни институции и за ССМ, работењето во Баргала АД Штип е скандалозно и без почитување на законите во државата, судијата Емил Пилатов и привремениот стечаен управник Пепи Панев дозволија да страдаат околу 300 вработени и нивните семејства, оставени без плати, со незаконити отказни решенија и без стабилен статус и егзистенцијална иднина што се потврдува и со оваа пресуда, се вели во писменото соопштение на ССМ.
Посочуваат и се сомневаат на развиена мрежа од поединци судии и стечајни управници кои, како што велат во соопштението слугувале на газдите на АД Баргала и дозволуваат работниците со месеци да гладуваат и покрај решенијата за исплата на неисплатените плати и решенијата за враќање на работниците и работничките на своите работни места.

The post ССМ: Предметот за стечај на штипска „Баргала” се враќа на повторно судење во Основниот суд appeared first on Република.

]]>
Продолжува сагата на 300 вработени и нивните семејства, случајот со стечајот на штипска „Баргала“ се враќа на повторно судење https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prodolzuva-sagata-na-300-vraboteni-i-nivnite-semejstva-sluchajot-so-stechajot-na-shtipska-bargala-se-vrakja-na-povtorno-sudenje/ Fri, 21 Jan 2022 12:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=447705

Апелацискиот суд во Штип ја усвои жалбата на Сојузот на синдикати на Македонија и решението на Основниот суд за предметот преку кој работниците како предлагачи побараа отварање на стечајна постапка над должникот  – фабриката за чевли АД „Баргала“. Сојузот на синдикатите на Македонија преку писмено соопштение информираат дека предметот е вратен на повторно судење во Основниот суд во Штип.

Со Решението, Апелацискиот суд го задолжува Основниот суд во Штип при повторното постапување со сигурност да утврди дали доверителите – работниците имаат доспеани, а неплатени парични побарувања врз основа на важечки основи за плаќање,  дали исплаќал плата во износ и висина утврдена во согласност со Закон и колективен договор и дали должникот е неспособен за плаќање повеќе од 45 дена од која било негова сметка кај кој било носител на платниот промет.

Судијата Емил Пилатов кој во тој период во врска со поднесеното барање за отварање на стечајна постапка во АД Баргала Штип, во изјава за медиумите кратко одговорил : – ,, Нема стечај засега, ќе чекаме Апелација што ќе каже“ го доби одговорот од Апелациониот суд кој Решение ја усвои жалбата на ССМ и Решението на Основниот суд Штип СТ.12/21 го укина и предметот му го  врати на повторно судење заради суштествени повреди на постапката со оглед на тоа што причините се нејасни и контрадикторни врз основа на кој судел Судијата. Иако за сите државни институции и за ССМ, работењето во Баргала АД Штип е скандалозно и без почитување на законите во државата,  судијата Емил Пилатов и привремениот стечаен управник Пепи Панев дозволија да страдаат околу 300 вработени и нивните семејства, оставени без плати, со незаконити отказни решенија и без стабилен статус и егзистенцијална иднина што се потврдува и со оваа пресуда, се вели во писменото соопштение на ССМ.

Посочуваат и се сомневаат на развиена мрежа од поединци судии и стечајни управници кои, како што велат во соопштението слугувале на газдите на АД Баргала и дозволуваат работниците со месеци да гладуваат и покрај решенијата за исплата на неисплатените плати и решенијата за враќање на работниците и работничките на своите работни места.

The post Продолжува сагата на 300 вработени и нивните семејства, случајот со стечајот на штипска „Баргала“ се враќа на повторно судење appeared first on Република.

]]>

Апелацискиот суд во Штип ја усвои жалбата на Сојузот на синдикати на Македонија и решението на Основниот суд за предметот преку кој работниците како предлагачи побараа отварање на стечајна постапка над должникот  – фабриката за чевли АД „Баргала“. Сојузот на синдикатите на Македонија преку писмено соопштение информираат дека предметот е вратен на повторно судење во Основниот суд во Штип. Со Решението, Апелацискиот суд го задолжува Основниот суд во Штип при повторното постапување со сигурност да утврди дали доверителите – работниците имаат доспеани, а неплатени парични побарувања врз основа на важечки основи за плаќање,  дали исплаќал плата во износ и висина утврдена во согласност со Закон и колективен договор и дали должникот е неспособен за плаќање повеќе од 45 дена од која било негова сметка кај кој било носител на платниот промет.