баратели на азил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/barateli-na-azil/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Nov 2023 20:53:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png баратели на азил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/barateli-na-azil/ 32 32 Финска очекува доаѓаат се повеќе баратели на азил од Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/finska-ochekuva-doagaat-se-poveke-barateli-na-azil-od-rusija/ Mon, 27 Nov 2023 21:35:05 +0000 https://republika.mk/?p=716921

Финскиот премиер, Петери Орпо, изјави дека неговата земја очекува се повеќе и повеќе баратели на азил да пристигнуваат на нејзината граница преку Русија.

Шефот на финската Влада, истакна дека затоа неговата земја планира да преземе дополнителни мерки за запирање на приливот на потенцијални баратели на азил, откако сите гранични премини, освен еден, беа затворени во последните недели, пренесуваат британските медиуми.

Разузнавачките информации од различни извори ни кажуваат дека се уште има луѓе кои имаат намера да дојдат во нашата земја од правец на Русија, па доколку вака продолжи, ќе бидат објавени повеќе мерки, изјави Орпо.

Британските медиуми забележуваат дека во ноември во Финска од Русија влегле околу 900 баратели на азил од земји како Авганистан, Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија, Сирија и Јемен.

Според податоците на финската гранична стража, ова претставува зголемување во споредба со помалку од еден дневно во претходниот период.

Финска за ваквата ситуацијата го обвинува рускиот граничен протокол и тоа го нарекува хибриден напад, но Москва ги отфрли таквите обвинувања.

The post Финска очекува доаѓаат се повеќе баратели на азил од Русија appeared first on Република.

]]>

Финскиот премиер, Петери Орпо, изјави дека неговата земја очекува се повеќе и повеќе баратели на азил да пристигнуваат на нејзината граница преку Русија. Шефот на финската Влада, истакна дека затоа неговата земја планира да преземе дополнителни мерки за запирање на приливот на потенцијални баратели на азил, откако сите гранични премини, освен еден, беа затворени во последните недели, пренесуваат британските медиуми.
Разузнавачките информации од различни извори ни кажуваат дека се уште има луѓе кои имаат намера да дојдат во нашата земја од правец на Русија, па доколку вака продолжи, ќе бидат објавени повеќе мерки, изјави Орпо.
Британските медиуми забележуваат дека во ноември во Финска од Русија влегле околу 900 баратели на азил од земји како Авганистан, Кенија, Мароко, Пакистан, Сомалија, Сирија и Јемен. Според податоците на финската гранична стража, ова претставува зголемување во споредба со помалку од еден дневно во претходниот период. Финска за ваквата ситуацијата го обвинува рускиот граничен протокол и тоа го нарекува хибриден напад, но Москва ги отфрли таквите обвинувања.

The post Финска очекува доаѓаат се повеќе баратели на азил од Русија appeared first on Република.

]]>