барања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/baranja/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 12:41:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png барања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/baranja/ 32 32 Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prodolzhen-rokot-za-podnesuvane-na-barana-po-programata-za-finansiska-poddrshka-vo-zemjodelstvoto-za-2024/ Mon, 01 Jul 2024 12:41:25 +0000 https://republika.mk/?p=792436

Рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година е продолжен до 31 јули, ги известуваат земјоделските стопанства од кабинетот на директорот на Агенцијата за финансиска поддшка во земјоделството и руралeн развој.

Во овој период се поднесуваат барања за:

- растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал,
- сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда и гоеници во кланица,
- органско земјоделско производство.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат
во подрачните единици на МЗШВ.

Линкот за пристапување до апликацијата е: www.ipardpa.gov.mk  - Директни плаќања е-субвенции.

Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи
како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

The post Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 appeared first on Република.

]]>

Рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година е продолжен до 31 јули, ги известуваат земјоделските стопанства од кабинетот на директорот на Агенцијата за финансиска поддшка во земјоделството и руралeн развој. Во овој период се поднесуваат барања за: - растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал, - сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда и гоеници во кланица, - органско земјоделско производство. Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ. Линкот за пристапување до апликацијата е: www.ipardpa.gov.mk  - Директни плаќања е-субвенции. Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

The post Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 appeared first on Република.

]]>
МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-ke-upati-poraka-za-pretpazlivost-do-makedonskite-drzhavjani-vo-izrael-nema-novi-barana-za-evakuatsija/ Fri, 19 Apr 2024 11:03:11 +0000 https://republika.mk/?p=767998

Нема нови пријави од наши граѓани кои се наоѓаат во Израел и во регионот на Блискиот исток за евентуална евакуација, изјави денеска шефот на димпломатијата Бујар Османи.

Во моментов немаме нови барања. Постојано ја следиме состојбата. Утринава повторно имав разговор со нашиот амбасадор во Израел. Имало некои информации дека во текот на ноќта Израел го има нападнато Иран, меѓутоа се уште не се потврдени и затоа не ве информирав по тоа прашање. Меѓутоа тоа се информациите од утринскиот разговор што го имав со нашиот амбасадор, но немаме барање ниту преку СОС телефонот ниту преку нашата Амбасада за евакуација - рече Османи на новинарско прашање по изјавата во Стопанската комора на Македонија каде беше во рамки на изборните активности како претседателски кандидат.

Тој посочи дека САД денеска има препорака до нивните граѓани да не го напуштаат Тел Авив и главните центри на Израел поради можни напади. Најави дека денеска и нашето МНР ќе упати порака за претпазливост до нашите државјани таму.

Во текот на денот и ние ќе ги информираме нашите граѓани иако постојано сме во комуникација со тие што се таму, вели Османи.

Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил одмазднички напад врз цели во Иран.

По нападите од саботата на Иран врз Израел во МНР беше формиран Кризен штаб чија примарна задача е да организира извлекување на македонските државјани од Израел и од поширокиот Блиски Исток доколку за тоа има потреба. На почетокот од седмицата МНР информира дека само еден македонски државјанин побарал да биде евакуиран од Израел по повикот упатен до наши државјани кои во моментов се наоѓаат во таа земја и поширокиот регион на Блискиот.

Се проценува дека околу 50 македонски државјани се наоѓаат во Израел. Кризниот штаб нема конкретна бројка на македонски државјани кои се наоѓаат во околните земји, а единствениот начин да се дојде до тоа е преку нивно пријавување во нашите амбасади. Османи на почетокот од неделава им препорача на нашите граѓани кои се во тој регион да се пријават во Амбасада, да остават телефонски броеви, доколку се влоши ситуацијата да можат да бидат контактирани.

Покрај Амбасадата во Тел Авив на нашите граѓани на располагање им стојат и амбасадите во Каиро, Абу Даби и Катар. Сите државјани кои се наоѓаат во посочениот регион можат да стапат во комуникација со нашата Амбасада во Тел Авив на дежурниот телефон 972 549 267 378 како и СОС дежурните телефони на МНР 075 273 732 и 075 268 376 со цел подготовки за евентуална евакуација.

The post МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација appeared first on Република.

]]>

Нема нови пријави од наши граѓани кои се наоѓаат во Израел и во регионот на Блискиот исток за евентуална евакуација, изјави денеска шефот на димпломатијата Бујар Османи.
Во моментов немаме нови барања. Постојано ја следиме состојбата. Утринава повторно имав разговор со нашиот амбасадор во Израел. Имало некои информации дека во текот на ноќта Израел го има нападнато Иран, меѓутоа се уште не се потврдени и затоа не ве информирав по тоа прашање. Меѓутоа тоа се информациите од утринскиот разговор што го имав со нашиот амбасадор, но немаме барање ниту преку СОС телефонот ниту преку нашата Амбасада за евакуација - рече Османи на новинарско прашање по изјавата во Стопанската комора на Македонија каде беше во рамки на изборните активности како претседателски кандидат.
Тој посочи дека САД денеска има препорака до нивните граѓани да не го напуштаат Тел Авив и главните центри на Израел поради можни напади. Најави дека денеска и нашето МНР ќе упати порака за претпазливост до нашите државјани таму. Во текот на денот и ние ќе ги информираме нашите граѓани иако постојано сме во комуникација со тие што се таму, вели Османи. Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил одмазднички напад врз цели во Иран. По нападите од саботата на Иран врз Израел во МНР беше формиран Кризен штаб чија примарна задача е да организира извлекување на македонските државјани од Израел и од поширокиот Блиски Исток доколку за тоа има потреба. На почетокот од седмицата МНР информира дека само еден македонски државјанин побарал да биде евакуиран од Израел по повикот упатен до наши државјани кои во моментов се наоѓаат во таа земја и поширокиот регион на Блискиот. Се проценува дека околу 50 македонски државјани се наоѓаат во Израел. Кризниот штаб нема конкретна бројка на македонски државјани кои се наоѓаат во околните земји, а единствениот начин да се дојде до тоа е преку нивно пријавување во нашите амбасади. Османи на почетокот од неделава им препорача на нашите граѓани кои се во тој регион да се пријават во Амбасада, да остават телефонски броеви, доколку се влоши ситуацијата да можат да бидат контактирани. Покрај Амбасадата во Тел Авив на нашите граѓани на располагање им стојат и амбасадите во Каиро, Абу Даби и Катар. Сите државјани кои се наоѓаат во посочениот регион можат да стапат во комуникација со нашата Амбасада во Тел Авив на дежурниот телефон 972 549 267 378 како и СОС дежурните телефони на МНР 075 273 732 и 075 268 376 со цел подготовки за евентуална евакуација.

The post МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација appeared first on Република.

]]>
Нема крај на бугарските барања: Мичиген ја тргна прокламацијата за македонско наследство од веб-страницата, бугарскиот конзул во Чикаго се жалел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nema-kraj-na-bugarskite-barana-michigen-ja-trgna-proklamatsijata-za-makedonsko-nasledstvo-od-veb-stranitsata-bugarskiot-konzul-vo-chikago-se-zhalel/ Sat, 14 Oct 2023 07:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=691086

Генералниот конзул на Република Бугарија во Чикаго Светослав Станков, испратил писмо до канцеларијата на гувернерката на Мичиген Гречен Витмер, во кое реагира за прогласувањето на септември оваа година за месец на македонско-американското наследство во оваа сојузна држава.

Тој бара средба со нејзиниот тим за да се најде решение за заштита на наследството на македонско-бугарската заедница во Мичиген, оти, како што вели, растела загриженоста дека прокламацијата ќе се искористи „за унапредување на себичните цели на северномакедонските националисти, вклучително и за културно присвојување на наследството на бугарските Американци“, објави Војс оф Америка.

Во прокламацијата минатиот месец Витмер напиша дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, кои придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.

Прокламацијата повеќе не може да се најде на веб-страницата на гувернерката Витмер.


Прво би го истакнал добро познатиот факт дека Македонија е географски регион, кој спаѓа во територијата на четири различни суверени држави: Бугарија, Грција, Албанија и Македонија (поранешна југословенска република, независна од 1991 година). Терминот „македонски“ немаше и не може да носи никаква референца на конкретнa македонскa етничка група во годините пред 1944 година, се вели во писмото.

Станков вели дека тој и бугарската заедница во САД се загрижени оти прокламацијата навела дека над половина милион Американци со македонско потекло живеат во САД, без да ја прецизира нивната етничка припадност или периодот на пристигнување во САД.

Според него, таквата „генерализација без извори ги храни културните обиди за присвојување на современите северномакедонски националисти“.

Тој објаснува и дека по „комунистичкото преземање на Југославија по 1944 година, комунистичката власт насилно промовираше нова македонска етничката припадност со цел да се обезбеди социјална и политичка кохезија. Прекувремено, дел од населението го прифати овој идентитет“.

Гласот на Америка на македонски побара коментар за писмото и од бугарскиот конзул Станков и од гувернерката на Мичиген, но до објавување на текстот не добивме одговор.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), на чија иницијатива беше донесена прокламацијата, рече дека ќе бара заштита од ФБИ поради притисокот од бугарската влада.

Денес поднесов жалба до ФБИ за транснационална репресија против бугарскиот генерален конзул во Чикаго Светослав Станков. Тој ме напаѓа лично мене и другите членови на Обединетата македонска дијаспора врз основа на нашиот етнички идентитет, вклучително и вербални напади врз лица на македонски настани. Ова е тактика на бугарскиот режим да ги замолчи Македонците во странство, особено во САД, и ние нема да го дозволиме тоа, изјави за Гласот на Америка на македонски коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Методија А. Колоски.

Освен Мичиген, септември 2023 година беше прогласен за месец на македонската култура во САД и во сојузната држава Илиноис, како и во градот Чикаго.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, пак, го прогласи 16 септември за ден на македонското наследство.

Во јули, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

Извор: ВОА

The post Нема крај на бугарските барања: Мичиген ја тргна прокламацијата за македонско наследство од веб-страницата, бугарскиот конзул во Чикаго се жалел appeared first on Република.

]]>

Генералниот конзул на Република Бугарија во Чикаго Светослав Станков, испратил писмо до канцеларијата на гувернерката на Мичиген Гречен Витмер, во кое реагира за прогласувањето на септември оваа година за месец на македонско-американското наследство во оваа сојузна држава. Тој бара средба со нејзиниот тим за да се најде решение за заштита на наследството на македонско-бугарската заедница во Мичиген, оти, како што вели, растела загриженоста дека прокламацијата ќе се искористи „за унапредување на себичните цели на северномакедонските националисти, вклучително и за културно присвојување на наследството на бугарските Американци“, објави Војс оф Америка. Во прокламацијата минатиот месец Витмер напиша дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, кои придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“. Прокламацијата повеќе не може да се најде на веб-страницата на гувернерката Витмер. Прво би го истакнал добро познатиот факт дека Македонија е географски регион, кој спаѓа во територијата на четири различни суверени држави: Бугарија, Грција, Албанија и Македонија (поранешна југословенска република, независна од 1991 година). Терминот „македонски“ немаше и не може да носи никаква референца на конкретнa македонскa етничка група во годините пред 1944 година, се вели во писмото. Станков вели дека тој и бугарската заедница во САД се загрижени оти прокламацијата навела дека над половина милион Американци со македонско потекло живеат во САД, без да ја прецизира нивната етничка припадност или периодот на пристигнување во САД. Според него, таквата „генерализација без извори ги храни културните обиди за присвојување на современите северномакедонски националисти“. Тој објаснува и дека по „комунистичкото преземање на Југославија по 1944 година, комунистичката власт насилно промовираше нова македонска етничката припадност со цел да се обезбеди социјална и политичка кохезија. Прекувремено, дел од населението го прифати овој идентитет“. Гласот на Америка на македонски побара коментар за писмото и од бугарскиот конзул Станков и од гувернерката на Мичиген, но до објавување на текстот не добивме одговор. Обединетата македонска дијаспора (ОМД), на чија иницијатива беше донесена прокламацијата, рече дека ќе бара заштита од ФБИ поради притисокот од бугарската влада. Денес поднесов жалба до ФБИ за транснационална репресија против бугарскиот генерален конзул во Чикаго Светослав Станков. Тој ме напаѓа лично мене и другите членови на Обединетата македонска дијаспора врз основа на нашиот етнички идентитет, вклучително и вербални напади врз лица на македонски настани. Ова е тактика на бугарскиот режим да ги замолчи Македонците во странство, особено во САД, и ние нема да го дозволиме тоа, изјави за Гласот на Америка на македонски коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Методија А. Колоски. Освен Мичиген, септември 2023 година беше прогласен за месец на македонската култура во САД и во сојузната држава Илиноис, како и во градот Чикаго. Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, пак, го прогласи 16 септември за ден на македонското наследство. Во јули, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат. Извор: ВОА

The post Нема крај на бугарските барања: Мичиген ја тргна прокламацијата за македонско наследство од веб-страницата, бугарскиот конзул во Чикаго се жалел appeared first on Република.

]]>
Институт за демократија: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов од Софија за меѓувладината конференција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/institut-za-demokratija-vnesuvaneto-na-bugarite-vo-ustavot-ne-e-edinstven-uslov-od-sofija-za-meguvladinata-konferentsija/ Thu, 11 May 2023 11:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=639711

Во освртот на Институтот за демократија опфатени се Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, формирана врз основа на членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Република Бугарија од 17 јули 2022 во Софија.

Ден потоа се одржа состанокот на Советот на ЕУ по пат на пишана процедура без одржување состанок со физичко присуство, на кој беа усвоени следните документи: Заклучоците на Советот на ЕУ за Македонија; Заедничката позиција на ЕУ за Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Македонија во Европската Унија; Општата позиција на ЕУ (Изјавата на ЕУ за отворање на МВК; Преговарачката рамка и Практичните аранжмани) за пристапните преговори со Македонија; Процедурите за пристапните преговори со Македонија (интерни аранжмани) и Декларација на Советот на ЕУ (поврзана со едностраната изјава на Бугарија за македонскиот јазик, со што се нотира позицијата на Бугарија).

Од анализата на сите овие документи произлегува дека Преговарачката рамка е одобрена, но од формално-правен аспект не е и официјализирана. За да се заокружи процесот на отворање на Меѓувладина конференција е потребно комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори со Македонија, а тоа значи дека Македонија треба да ги исполни сите предуслови за одржување на втората Меѓувладина конференција за да се комплетира процесот на официјално отворање на пристапните преговори.

А тоа, освен уставните измени, значи и прашањата од историјата што ги отвори Бугарија, измени во програмите по историја, нови учебници, натписите на некои споменици, знаци, информациски материјали во музеи и други објекти со образовно и културно значење, како и релевантните информации во електронски информативни медиуми во јавна сопственост. Рокот за ова е две години.

„Земајќи го предвид процесот на правење вакви суштински измени, овој утврден рок е прекраток и може да доведе до заобиколување на одредени институции кои не се под капата на Владата или нивно потиснување поради запазување на рокот. Исто така, не е утврден начин на кој двете страни ќе се информираат за ваквите измени кои можат да опфаќаат различни методи и пристапи кон истата проблематика. Ова може да доведе до различни периоди потребни за имплементација на истото нешто во двете држави.

Иако не е експлицитно напомнат, Акцискиот план за заштита на правата на припадниците на (сите) малцинствата или заедниците (и на бугарското), вклучително, меѓу другото, на полето на недискриминација, борба против говорот на омраза, образование, како и воспоставување на ефективни мерки, механизми за известување и идентификување на соодветните одговорни институции ќе биде од круцијално значење за напредок/динамизирање на процесот. Овој акциски план ќе биде прилог кон Патоказот за владеење на правото кои ги опфаќа поглавјата 23 и 24“, се вели во анализата на Институтот за демократија во која се напоменува и на нерамноправноста и асиметријата што постои во процесот во однос на преземените обврски на Македонија и на оние на Бугарија.

Во однос на барањето за рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период, Македонија презема обврска за создавањето на сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. Дилемата што се појавува е врз основа на кои меѓународни пракси и стандарди ќе се утврдува исполнувањето на оваа обврска.

„Темата за историјата е столбот на кој се потпираат сите билатерални барања на Република Бугарија кон Македонија, и од кој извираат недоразбирањата, вклучително и негирањето на македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ. Согласно со Протоколот, државите ќе ги објават на интернет страниците на двете влади сите веќе усвоени препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, во рок од еден месец. Ако ова е договорената пракса, дали е тоа направено и во чиј интерес е нивното необјавување е прашање кое треба да се постави на двете влади“, тврдат претставниците на Институтот за демократија.

Транспарентноста во билатералните односи меѓу двете држави е во целосна корист за македонската страна и на тоа треба да се инсистира по секоја цена.

„Во овој дел интересна е едностраната обврската на Владата на Македонија да достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на Република Македонија на тема Самоилова држава. Навидум едноставна обврска која не би требало да предизвика никакви проблеми. Но, се работи за специфична тема за која има несогласувања меѓу двете држави, а исто така е интересно и е избегнувањето на специфичното поимање на учебникот. Обврската на конкретна тема Самоил може да наметне притисок за наоѓање на решение по секоја цена. Од друга страна, зборот подготовката во реченицата која се однесува на доставувањето на урнекот најавува т.е може да претставува воспоставување на одреден преседан кој ќе биде применуван во иднина. Ако читањето на оваа обврска оди во оваа насока, тогаш ова треба да биде институционално и правно регулирано имајќи предвид дека вакви интервенции ќе бидат барани од бугарската страна во повеќе наврати во процесот на европска интеграција. Препораките на заедничката Комисија имаат смисла само доколку се дефинирани и усогласени со заемно разбирање и согласност и имаат влијание на образовните програми од двете страни, реципрочно“, пишува во анализата.

The post Институт за демократија: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов од Софија за меѓувладината конференција appeared first on Република.

]]>

Во освртот на Институтот за демократија опфатени се Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, формирана врз основа на членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Република Бугарија од 17 јули 2022 во Софија. Ден потоа се одржа состанокот на Советот на ЕУ по пат на пишана процедура без одржување состанок со физичко присуство, на кој беа усвоени следните документи: Заклучоците на Советот на ЕУ за Македонија; Заедничката позиција на ЕУ за Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Македонија во Европската Унија; Општата позиција на ЕУ (Изјавата на ЕУ за отворање на МВК; Преговарачката рамка и Практичните аранжмани) за пристапните преговори со Македонија; Процедурите за пристапните преговори со Македонија (интерни аранжмани) и Декларација на Советот на ЕУ (поврзана со едностраната изјава на Бугарија за македонскиот јазик, со што се нотира позицијата на Бугарија). Од анализата на сите овие документи произлегува дека Преговарачката рамка е одобрена, но од формално-правен аспект не е и официјализирана. За да се заокружи процесот на отворање на Меѓувладина конференција е потребно комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори со Македонија, а тоа значи дека Македонија треба да ги исполни сите предуслови за одржување на втората Меѓувладина конференција за да се комплетира процесот на официјално отворање на пристапните преговори. А тоа, освен уставните измени, значи и прашањата од историјата што ги отвори Бугарија, измени во програмите по историја, нови учебници, натписите на некои споменици, знаци, информациски материјали во музеи и други објекти со образовно и културно значење, како и релевантните информации во електронски информативни медиуми во јавна сопственост. Рокот за ова е две години. „Земајќи го предвид процесот на правење вакви суштински измени, овој утврден рок е прекраток и може да доведе до заобиколување на одредени институции кои не се под капата на Владата или нивно потиснување поради запазување на рокот. Исто така, не е утврден начин на кој двете страни ќе се информираат за ваквите измени кои можат да опфаќаат различни методи и пристапи кон истата проблематика. Ова може да доведе до различни периоди потребни за имплементација на истото нешто во двете држави. Иако не е експлицитно напомнат, Акцискиот план за заштита на правата на припадниците на (сите) малцинствата или заедниците (и на бугарското), вклучително, меѓу другото, на полето на недискриминација, борба против говорот на омраза, образование, како и воспоставување на ефективни мерки, механизми за известување и идентификување на соодветните одговорни институции ќе биде од круцијално значење за напредок/динамизирање на процесот. Овој акциски план ќе биде прилог кон Патоказот за владеење на правото кои ги опфаќа поглавјата 23 и 24“, се вели во анализата на Институтот за демократија во која се напоменува и на нерамноправноста и асиметријата што постои во процесот во однос на преземените обврски на Македонија и на оние на Бугарија. Во однос на барањето за рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период, Македонија презема обврска за создавањето на сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. Дилемата што се појавува е врз основа на кои меѓународни пракси и стандарди ќе се утврдува исполнувањето на оваа обврска. „Темата за историјата е столбот на кој се потпираат сите билатерални барања на Република Бугарија кон Македонија, и од кој извираат недоразбирањата, вклучително и негирањето на македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ. Согласно со Протоколот, државите ќе ги објават на интернет страниците на двете влади сите веќе усвоени препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, во рок од еден месец. Ако ова е договорената пракса, дали е тоа направено и во чиј интерес е нивното необјавување е прашање кое треба да се постави на двете влади“, тврдат претставниците на Институтот за демократија. Транспарентноста во билатералните односи меѓу двете држави е во целосна корист за македонската страна и на тоа треба да се инсистира по секоја цена. „Во овој дел интересна е едностраната обврската на Владата на Македонија да достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на Република Македонија на тема Самоилова држава. Навидум едноставна обврска која не би требало да предизвика никакви проблеми. Но, се работи за специфична тема за која има несогласувања меѓу двете држави, а исто така е интересно и е избегнувањето на специфичното поимање на учебникот. Обврската на конкретна тема Самоил може да наметне притисок за наоѓање на решение по секоја цена. Од друга страна, зборот подготовката во реченицата која се однесува на доставувањето на урнекот најавува т.е може да претставува воспоставување на одреден преседан кој ќе биде применуван во иднина. Ако читањето на оваа обврска оди во оваа насока, тогаш ова треба да биде институционално и правно регулирано имајќи предвид дека вакви интервенции ќе бидат барани од бугарската страна во повеќе наврати во процесот на европска интеграција. Препораките на заедничката Комисија имаат смисла само доколку се дефинирани и усогласени со заемно разбирање и согласност и имаат влијание на образовните програми од двете страни, реципрочно“, пишува во анализата.

The post Институт за демократија: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов од Софија за меѓувладината конференција appeared first on Република.

]]>
„Сите за МКЦ“ преку јавно писмо бара враќање на програмскиот буџет и спроведување на конкурс за директор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/site-za-mkts-preku-javno-pismo-bara-vrakane-na-programskiot-budhet-i-sproveduvane-na-konkurs-za-direktor/ Tue, 21 Feb 2023 14:53:54 +0000 https://republika.mk/?p=611580

Движењето „Сите за МКЦ“ објави јавно писмо со барања во врска со Младинскиот културен центар, наведувајќи дека целта на акцијата е да се покаже континуираното незадволство со одлуките на Град Скопје, како и континуираната подршка за МКЦ од страна на граѓаните. Дополнително, движењето информира дека доставени се две петиции за МКЦ во Архивата на Град Скопје – една физичка петиција со преку 1.500 потписи, чии потписи беа собрани на концертниот собир пред МКЦ на 22 јануари, и онлајн-петиција со преку 5.000 потписи. Барањата на петицијата и писмото се исти како и од почетокот на движењето за МКЦ: да се врати програмскиот буџет на МКЦ на нивото на кое бил со години и да има регуларен конкурс за директор на МКЦ.

Во прилог следува писмото:

Почитувани советници на Советот на Град Скопје,

Ви пишувам како еден од многуте граѓани кои се загрижени за скорешните одлуки на Советот на Град Скопје поврзани со Младинскиот културен центар (МКЦ).

Имено, кратењето на програмскиот буџет на МКЦ за 92% е крајно неприфатливо и сериозно ја загрозува способноста на МКЦ да ги одржува мноштвото културни настани кои редовно ги одржува години наназад, како фестивалите Здраво Млади, Млад отворен театар и „Синедејс“.

Дополнително, поставувањето на в.д. директор кој не е од сферата на културата и не е од редот на вработените на МКЦ е крајно нерегуларно и повторно ја загрозува способноста на МКЦ да функционира со полна пареа како што функционирало со години.

МКЦ е дом на голем број уметници, музичари, актери, филмски и културни работници и уште многу наши сограѓани кои редовно ги посетуваат настаните во оваа институција. Тој има 50-годишна традиција и во 2022 година ја доби наградата „13 Ноември“ за особени достигнувања во културата. За жал, МКЦ остана речиси единствениот простор и јавна установа која автентично ја поддржува младинската култура.

Бараме од вас советниците да застанете на страната на културата и младите. Ви пишуваме во име на многу засегнати граѓани, како што е евидентно од двете петиции доставени до Архивата на Град Скопје – една физичка петиција со преку 1.000 потписи, собрани на концертниот собир одржан пред МКЦ на 22.01.2023 за подршка на МКЦ, како и онлајн петиција со преку 5.000 потписи.

Нашите барања остануваат исти како во петициите:

1. Да се врати програмскиот буџет на Младинскиот Културен Центар (МКЦ) на истото ниво на кое бил финансиран досега со години наназад.

Невозможно е МКЦ да продолжи да функционира и да организира настани со истиот капацитет доколку буџетот на оваа институција е намален за поразителни 92%. Бараме итно да се врати буџетот на МКЦ (без Кино Милениум) на 25 милиони денари. Ова би се постигнало преку механизмите на прераспределба на средства од буџетска ставка и ребаланс на буџетот.

2. Да се спроведе фер и коректен конкурс за избор на директор, на кој ќе се избере најквалитетниот професионален профил кој ќе се пријави.

Според член 31 на статутот на МКЦ, секој кандидат за в.д. директор мора да е компетентен и квалификуван кадар одбран исклучиво од редот на вработените во институцијата. Никола Алексов, дипломираниот детектив кој е моменталниот в.д. директор на МКЦ, не бил примен во МКЦ преку регуларен конкурс, туку два дена претходно преку Агенцијата за привремени вработувања. Дополнително, тој нема никакво искуство и позадина во културна институција.

Младинскиот културен центар досега овозможуваше богата програма по пристапна цена. Без да биде адекватно финансиран од јавните средства и управуван од компетентен кадар, културата ќе станува сè помалку достапна за граѓаните во време кога културата нуди ретка можност за оддишка и рефлексија.

The post „Сите за МКЦ“ преку јавно писмо бара враќање на програмскиот буџет и спроведување на конкурс за директор appeared first on Република.

]]>

Движењето „Сите за МКЦ“ објави јавно писмо со барања во врска со Младинскиот културен центар, наведувајќи дека целта на акцијата е да се покаже континуираното незадволство со одлуките на Град Скопје, како и континуираната подршка за МКЦ од страна на граѓаните. Дополнително, движењето информира дека доставени се две петиции за МКЦ во Архивата на Град Скопје – една физичка петиција со преку 1.500 потписи, чии потписи беа собрани на концертниот собир пред МКЦ на 22 јануари, и онлајн-петиција со преку 5.000 потписи. Барањата на петицијата и писмото се исти како и од почетокот на движењето за МКЦ: да се врати програмскиот буџет на МКЦ на нивото на кое бил со години и да има регуларен конкурс за директор на МКЦ. Во прилог следува писмото:
Почитувани советници на Советот на Град Скопје, Ви пишувам како еден од многуте граѓани кои се загрижени за скорешните одлуки на Советот на Град Скопје поврзани со Младинскиот културен центар (МКЦ). Имено, кратењето на програмскиот буџет на МКЦ за 92% е крајно неприфатливо и сериозно ја загрозува способноста на МКЦ да ги одржува мноштвото културни настани кои редовно ги одржува години наназад, како фестивалите Здраво Млади, Млад отворен театар и „Синедејс“.
Дополнително, поставувањето на в.д. директор кој не е од сферата на културата и не е од редот на вработените на МКЦ е крајно нерегуларно и повторно ја загрозува способноста на МКЦ да функционира со полна пареа како што функционирало со години. МКЦ е дом на голем број уметници, музичари, актери, филмски и културни работници и уште многу наши сограѓани кои редовно ги посетуваат настаните во оваа институција. Тој има 50-годишна традиција и во 2022 година ја доби наградата „13 Ноември“ за особени достигнувања во културата. За жал, МКЦ остана речиси единствениот простор и јавна установа која автентично ја поддржува младинската култура. Бараме од вас советниците да застанете на страната на културата и младите. Ви пишуваме во име на многу засегнати граѓани, како што е евидентно од двете петиции доставени до Архивата на Град Скопје – една физичка петиција со преку 1.000 потписи, собрани на концертниот собир одржан пред МКЦ на 22.01.2023 за подршка на МКЦ, како и онлајн петиција со преку 5.000 потписи. Нашите барања остануваат исти како во петициите: 1. Да се врати програмскиот буџет на Младинскиот Културен Центар (МКЦ) на истото ниво на кое бил финансиран досега со години наназад. Невозможно е МКЦ да продолжи да функционира и да организира настани со истиот капацитет доколку буџетот на оваа институција е намален за поразителни 92%. Бараме итно да се врати буџетот на МКЦ (без Кино Милениум) на 25 милиони денари. Ова би се постигнало преку механизмите на прераспределба на средства од буџетска ставка и ребаланс на буџетот. 2. Да се спроведе фер и коректен конкурс за избор на директор, на кој ќе се избере најквалитетниот професионален профил кој ќе се пријави. Според член 31 на статутот на МКЦ, секој кандидат за в.д. директор мора да е компетентен и квалификуван кадар одбран исклучиво од редот на вработените во институцијата. Никола Алексов, дипломираниот детектив кој е моменталниот в.д. директор на МКЦ, не бил примен во МКЦ преку регуларен конкурс, туку два дена претходно преку Агенцијата за привремени вработувања. Дополнително, тој нема никакво искуство и позадина во културна институција. Младинскиот културен центар досега овозможуваше богата програма по пристапна цена. Без да биде адекватно финансиран од јавните средства и управуван од компетентен кадар, културата ќе станува сè помалку достапна за граѓаните во време кога културата нуди ретка можност за оддишка и рефлексија.

The post „Сите за МКЦ“ преку јавно писмо бара враќање на програмскиот буџет и спроведување на конкурс за директор appeared first on Република.

]]>
Студентите излегоа на протест, ова се нивните барања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/studentite-izlegoa-na-protest-ova-se-nivnite-baranja/ Mon, 14 Nov 2022 17:17:46 +0000 https://republika.mk/?p=573805

Зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 150 денари дневно, реконструкција на студентските домови чии услови се лоши, изедначување на стипендиите и изземање на студентите од антикризните мерки на Владата се барањата на студентите кои протестираат и го блокираат сообраќајот пред Собранието.

Таму за попладнево е закажана средба, затворена за медиумите, меѓу студенти – претставници на студентски универзитетски собранија во земјава, пратениците кои предложија нов Предлог-закон за студентски оброк и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Бараме да се зголеми субвенцијата за студентски оброк од 120 на 150 денари дневно. Со фактот што Македонија доживува одреден степен на инфлација, потребна е поголема финансиска и мотивациска поддршка на студентите. Реконструирање и реновирање на студентските домови – бидејќи во добар дел од нив условите се катастрофални и нечовечки. Потребно е и изедначување на стипендиите и оние студенти кои земале помала, сега да ја земаат поголемата стипендија. Исто така, многу важно барање е изземање на студентите од антикризните мерки на Владата затоа што државата не треба да штеди на студентскиот грб, изјави студентот Јован Јанев, член на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип пред почетокот на средбата во Собранието.

Тие се незадоволни од предлогот за измени на Законот за субвенционираниот студентски оброк, кој по реакциите се повлекува од Собранието, откако беше на дневен ред на пленарна седница закажана за в среда.

Во Предлогот беа сменети досегашните критериуми за стекнување на правото на субвенциониран оброк, според кои студентите не треба да бидат корисници на стипендија од МОН, правото да не важи за апсолвенти и за студенти чии родители земаат плата поголема од минималната.

-Секоја акција има реакција. Ние реагираме на начинот на кој лукаво и дрско групата пратеници од владејачкото мнозинство пробаа да го протуркаат овој Предлог-закон. Се надеваме на изнаоѓање заеднички јазик зашто сите живееме во исто општество и имаме некои заеднички интереси. Во овој случај е потребата и можностите на студентите, затоа ние ќе се обидеме во најбрз и најдобар начин да ги задоволиме правата на сите студенти, додаде Јанев.

Доколку не се исполнат нивните барања, рече тој, најверојатно ќе ги продолжат протестите.

Останува да видиме како ќе се одвиваат настаните и така би реагирале на идните потези. Главен и клучен план е да го добиеме тоа што го заслужуваме и што отсекогаш ни припаѓало, истакна Јанев.

 

The post Студентите излегоа на протест, ова се нивните барања appeared first on Република.

]]>

Зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 150 денари дневно, реконструкција на студентските домови чии услови се лоши, изедначување на стипендиите и изземање на студентите од антикризните мерки на Владата се барањата на студентите кои протестираат и го блокираат сообраќајот пред Собранието. Таму за попладнево е закажана средба, затворена за медиумите, меѓу студенти – претставници на студентски универзитетски собранија во земјава, пратениците кои предложија нов Предлог-закон за студентски оброк и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Бараме да се зголеми субвенцијата за студентски оброк од 120 на 150 денари дневно. Со фактот што Македонија доживува одреден степен на инфлација, потребна е поголема финансиска и мотивациска поддршка на студентите. Реконструирање и реновирање на студентските домови – бидејќи во добар дел од нив условите се катастрофални и нечовечки. Потребно е и изедначување на стипендиите и оние студенти кои земале помала, сега да ја земаат поголемата стипендија. Исто така, многу важно барање е изземање на студентите од антикризните мерки на Владата затоа што државата не треба да штеди на студентскиот грб, изјави студентот Јован Јанев, член на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип пред почетокот на средбата во Собранието.
Тие се незадоволни од предлогот за измени на Законот за субвенционираниот студентски оброк, кој по реакциите се повлекува од Собранието, откако беше на дневен ред на пленарна седница закажана за в среда. Во Предлогот беа сменети досегашните критериуми за стекнување на правото на субвенциониран оброк, според кои студентите не треба да бидат корисници на стипендија од МОН, правото да не важи за апсолвенти и за студенти чии родители земаат плата поголема од минималната.
-Секоја акција има реакција. Ние реагираме на начинот на кој лукаво и дрско групата пратеници од владејачкото мнозинство пробаа да го протуркаат овој Предлог-закон. Се надеваме на изнаоѓање заеднички јазик зашто сите живееме во исто општество и имаме некои заеднички интереси. Во овој случај е потребата и можностите на студентите, затоа ние ќе се обидеме во најбрз и најдобар начин да ги задоволиме правата на сите студенти, додаде Јанев.
Доколку не се исполнат нивните барања, рече тој, најверојатно ќе ги продолжат протестите.
Останува да видиме како ќе се одвиваат настаните и така би реагирале на идните потези. Главен и клучен план е да го добиеме тоа што го заслужуваме и што отсекогаш ни припаѓало, истакна Јанев.
 

The post Студентите излегоа на протест, ова се нивните барања appeared first on Република.

]]>
Предупредувавме дека ќе има нови барања од Бугарија, власта за да ги реализира нечесните намери лаже дека Европа така не тера https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/predupreduvavme-deka-kje-ima-novi-baranja-od-bugarija-vlasta-za-da-gi-realizira-nechesnite-nameri-laze-deka-evropa-taka-ne-tera/ Sun, 14 Aug 2022 13:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=540227

Целокупниот процес е предавнички и калкулантски. Македонската дипломатија капитулираше. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна на Бугарија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Бутел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со најавите на Бугарија дека Македонија треба да потпише нов документ.

Мицкоски потенцираше дека власта за да ги реализира нечесните намери заедно со владата во Бугарија, пред македонската јавност лаже дека така не тераат од Европа иако тоа не е точно.

Ќе предупредам и на еден процес кој се обидува власта да го води, а тоа е да каже дека Европа така не тера. Не е точно. Не не тера Европа, тука не смееме да потпаднеме на таа провокација од страна на власта, нивната неспособност да ја покријат со барањето дека Европа не тера. Не не тера, Европа има чесни намери и ги отворила вратите за Македонија. Јас верувам во тие намери, но знам кој има нечесни намери, а тоа има владата во Софија и оваа наша некредибилна и корумпирана власт, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека затоа ВМРО-ДПМНЕ тука се спротивставуваше и ќе продолжи да се спротивставува на овој процес каде единствената цел е асимилација на македонскиот народ, односно бугаризација.

Не е тоа европеизација. Затоа сега е првиот браник, а тоа е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјави и притисоци дека имало пратеници кои ќе гласаат. Нема такви, по цена на мојата професионална и политичка кариера, изјави Мицкоски.

The post Предупредувавме дека ќе има нови барања од Бугарија, власта за да ги реализира нечесните намери лаже дека Европа така не тера appeared first on Република.

]]>

Целокупниот процес е предавнички и калкулантски. Македонската дипломатија капитулираше. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна на Бугарија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Бутел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со најавите на Бугарија дека Македонија треба да потпише нов документ. Мицкоски потенцираше дека власта за да ги реализира нечесните намери заедно со владата во Бугарија, пред македонската јавност лаже дека така не тераат од Европа иако тоа не е точно.
Ќе предупредам и на еден процес кој се обидува власта да го води, а тоа е да каже дека Европа така не тера. Не е точно. Не не тера Европа, тука не смееме да потпаднеме на таа провокација од страна на власта, нивната неспособност да ја покријат со барањето дека Европа не тера. Не не тера, Европа има чесни намери и ги отворила вратите за Македонија. Јас верувам во тие намери, но знам кој има нечесни намери, а тоа има владата во Софија и оваа наша некредибилна и корумпирана власт, изјави Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека затоа ВМРО-ДПМНЕ тука се спротивставуваше и ќе продолжи да се спротивставува на овој процес каде единствената цел е асимилација на македонскиот народ, односно бугаризација.
Не е тоа европеизација. Затоа сега е првиот браник, а тоа е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјави и притисоци дека имало пратеници кои ќе гласаат. Нема такви, по цена на мојата професионална и политичка кариера, изјави Мицкоски.

The post Предупредувавме дека ќе има нови барања од Бугарија, власта за да ги реализира нечесните намери лаже дека Европа така не тера appeared first on Република.

]]>
Груби тврди дека Софија нема да има нови барања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-tvrdi-deka-sofija-nema-da-ima-novi-baranja/ Fri, 12 Aug 2022 14:50:18 +0000 https://republika.mk/?p=539696

Нема нови барања, никакви нови документи и други нови очекувања освен постигнатото во добрососедскиот договор и договорот што министерот за надворешни работи Бујар Османи го потпиша неодамна во Софија. Ова го истакна првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, одговарајќи на новинарско прашање околу новите барања кои според опозицијата биле испорачани од Република Бугарија.

Останува истото што ѝ беше објаснето на јавноста и она што беше усвоено од Собранието на Македонија. Граѓаните мора да бидат убедени и да ѝ веруваат на политичката елита во земјава дека ништо лошо нема да им се случи на моите сограѓани Македонци по однос на нивниот јазик, историја, култура и идентитет. Тоа нема да го дозволиме. Апсолутно тврдам, нема нови барања, ниту некакви нови документи, нагласи Груби во одговорот на новинарското прашање во врска со меѓудржавните односи меѓу Македонија и Бугарија по завршувањето на пригодната свеченост за завршување на Школата за млади лидери што се одржа во Леуново.

 

The post Груби тврди дека Софија нема да има нови барања appeared first on Република.

]]>

Нема нови барања, никакви нови документи и други нови очекувања освен постигнатото во добрососедскиот договор и договорот што министерот за надворешни работи Бујар Османи го потпиша неодамна во Софија. Ова го истакна првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, одговарајќи на новинарско прашање околу новите барања кои според опозицијата биле испорачани од Република Бугарија.
Останува истото што ѝ беше објаснето на јавноста и она што беше усвоено од Собранието на Македонија. Граѓаните мора да бидат убедени и да ѝ веруваат на политичката елита во земјава дека ништо лошо нема да им се случи на моите сограѓани Македонци по однос на нивниот јазик, историја, култура и идентитет. Тоа нема да го дозволиме. Апсолутно тврдам, нема нови барања, ниту некакви нови документи, нагласи Груби во одговорот на новинарското прашање во врска со меѓудржавните односи меѓу Македонија и Бугарија по завршувањето на пригодната свеченост за завршување на Школата за млади лидери што се одржа во Леуново.
 

The post Груби тврди дека Софија нема да има нови барања appeared first on Република.

]]>
Ќе поминеме преку барањата на Турција, вели финскиот претседател Нинисто https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kje-pomineme-preku-baranjata-na-turcija-veli-finskiot-pretsedatel-ninisto/ Thu, 19 May 2022 21:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=504619

„Финска ќе помине преку барањата што Турција ги искажа во спротивставување на плановите на таа земја и на Шведска да се приклучат кон НАТО“, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден и шведската премиерка Магдалена Андерсон во Белата куќа.

Имаме причина да поминеме преку она што Турција го изрази на соодветен начин, а потоа да ги дадеме нашите јасни одговори, изјави Нинисто на новинарите, според „Ројтерс“.

По децениска неутралност, Финска и Шведска вчера официјално ја поднесоа својата апликација за влез во НАТО.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека неговата земја ќе го блокира пристапот на двете земји во алијансата, обвинувајќи ги дека „заштитуваат терористи“. Тој побара израчување на членови на Работничката партија на Курдистан, која во Турција, САД и ЕУ се смета за терористичка организација.

The post Ќе поминеме преку барањата на Турција, вели финскиот претседател Нинисто appeared first on Република.

]]>

„Финска ќе помине преку барањата што Турција ги искажа во спротивставување на плановите на таа земја и на Шведска да се приклучат кон НАТО“, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден и шведската премиерка Магдалена Андерсон во Белата куќа.
Имаме причина да поминеме преку она што Турција го изрази на соодветен начин, а потоа да ги дадеме нашите јасни одговори, изјави Нинисто на новинарите, според „Ројтерс“.
По децениска неутралност, Финска и Шведска вчера официјално ја поднесоа својата апликација за влез во НАТО. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека неговата земја ќе го блокира пристапот на двете земји во алијансата, обвинувајќи ги дека „заштитуваат терористи“. Тој побара израчување на членови на Работничката партија на Курдистан, која во Турција, САД и ЕУ се смета за терористичка организација.

The post Ќе поминеме преку барањата на Турција, вели финскиот претседател Нинисто appeared first on Република.

]]>
До РКЕ пристигнаа првите барања од енергетските компании за цената на електричната енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/do-rke-pristignaa-prvite-baranja-od-energetskite-kompanii-za-cenata-na-elektrichnata-energija/ Mon, 16 May 2022 14:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=502978

До Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пристигнаа првите барања од енергетсктие компании за цената на електричната енергија што треба да важи после 1 јули на регулираниот пазар. Досега барање до РКЕ имаат доставено Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, МЕМО за вршење на дејност организирање и управување со пазарот на електрична енергија и ЕВН Хоум.

-Овие барања пристигнаа во четвртокот. Ги анализираме и кога ќе имаме точни податоци од тоа која компанија што бара веднаш ќе ја информираме јавноста. Она што веќе е сигурно и се знае е дека Електродистрибуција ја има завршено годината со 40-ина милиони евра загуба. Исто така и ЕВН Хоум ја има завршено годината со помеѓу 25 и 30 милиони евра загуба. Кога ќе ги добиеме податоците за МЕПСО ќе информираме и за МЕПСО, рече Бислимоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Нагласи дека во процесот на формирање на цената најголемо влијание ќе има набавката пред се на загубите на електрична енергија во преносната и во дистрибутивната мрежа.

Кога ја носевме последната одлука калкулиравме со цена од 143 евра за мегават час надевајќи се дека ќе имаме стабилизирање на пазарот на електрична енергија. За жал, тоа не се случи и оние податоци што ги имаме денес на Унгарската берза предвидувањата за цените за јуни се 236 евра за мегават час, за третиот квартал од годинава 257 евра и за цела 2023 година 240 евра за мегават час, рече Бислимоски и додаде дека загубите на електрична енергија на Електродистрибуција од март до јуни ги обезбедува ЕСМ по цена од 143 евра за мегават час.

ЕСМ, додаде, ги обезбедува и загубите во преносната мрежа.

ЕСМ презема сериозен товар за да ги обезбеди овие загуби на електрична енергија по цена која што е далеку пониска од пазарната се со цел да се избегне зголемување на цената на електричната енергија. Дополнително, најголемо сериозно влијание врз цената ќе има тендерот за набавка на електрична енергија којшто треба да го организира ЕВН Хоум во јуни. Вообичаено на овој тендер се јавува ЕСМ и за првите шест месеци цената по која што ја обезбедува оваа електрична енергија е 41 евро за мегават час што е шест пати пониска од реалната пазарна цена, истакна Бислимоски.

Рече дека не е оптимист дека ќе има намалување на цените на електричната енергија под 200 евра за мегават час не само на регионалната берза, туку и на останатите европски берзи и додаде дека тоа ќе прави сериозен притисок на македонските компании кои се на слободниот пазар на електрична енергија.

Посочи дека ЕСМ во целост ги исполни своите обврски кон ЕВН Хоум во изминатите четири месеци по носењето на одлуката за цената на електричната енергија во декември со која што беше предвидено 100 проценти од потребите да бидат обезбедени од страна на ЕСМ.

За жал, се појави група на потрошувачи кои вклучуваат и општини во државата кои на еден многу спорен начин од отворениот се вратија на регулираниот пазар. Овој некоректен однос за првите четири месеци чини 30 милиони евра. Тие 30 милиони евра се 9 проценти од регулираниот максимален приход којшто го определи РКЕ, појасни Бислимоски.

За сите овие појави, посочи, што РКЕ ги воочи уште кон крајот на јануари и почетокот на февруари, се известени сите релевантни институции во државата да преземат мерки и дополнително е даден налог на Електродистрибуција што е можно повеќе да ги анализира овие, како што рече, условно да ги кажам фиктивни договори што вообичаено се случуваат помеѓу еден потрошувач којшто бил на слободниот пазар и некоја новоформирана фирма или некое многу мало јавно комунално претпријатие кое што не ги исполнува условите да оди на слободен пазар и доаѓаат на регулиран пазар.

Препорача да се зголеми домашното производство на електрична енергија и додаде дека сигналите покажуваат дека во овие четири месеци тоа е зголемено за околу 10 до 15 проценти во споредба со истиот период лани.

Дополнително, голем број на македонски компании коишто имаат можност поставуваат фотоволтаици на своите покриви и со тоа си заштедуваат трошоци за електрична енергија и според сознанијата што ги имаме сега имаат трошоци како што имале во едни мирни временски услови. Досега имаме издадено или почнати се постапки за издавање од околу 32-33 мегавати што е на ниво на „Св. Петка“ последна хидроелектрана која што била направена со државни пари. Очекуваме во текот на јули и на август да се удвои бројот на такви компании и да имаме некаде за 7-8 месеци помеѓу 60 и 70 мегавати новоизградени фотоволтаични електрани коишто ќе ја релаксираат ситуацијата со цената на електричната енергија на слободниот пазар, потенцира Бислимоски.

РКЕ до крајот на јуни треба да донесе одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи до крајот на годинава. Во неа се признаваат оправданите трошоци што ги имаат енергетските компании.

 

The post До РКЕ пристигнаа првите барања од енергетските компании за цената на електричната енергија appeared first on Република.

]]>

До Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пристигнаа првите барања од енергетсктие компании за цената на електричната енергија што треба да важи после 1 јули на регулираниот пазар. Досега барање до РКЕ имаат доставено Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, МЕМО за вршење на дејност организирање и управување со пазарот на електрична енергија и ЕВН Хоум. -Овие барања пристигнаа во четвртокот. Ги анализираме и кога ќе имаме точни податоци од тоа која компанија што бара веднаш ќе ја информираме јавноста. Она што веќе е сигурно и се знае е дека Електродистрибуција ја има завршено годината со 40-ина милиони евра загуба. Исто така и ЕВН Хоум ја има завршено годината со помеѓу 25 и 30 милиони евра загуба. Кога ќе ги добиеме податоците за МЕПСО ќе информираме и за МЕПСО, рече Бислимоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција. Нагласи дека во процесот на формирање на цената најголемо влијание ќе има набавката пред се на загубите на електрична енергија во преносната и во дистрибутивната мрежа.
Кога ја носевме последната одлука калкулиравме со цена од 143 евра за мегават час надевајќи се дека ќе имаме стабилизирање на пазарот на електрична енергија. За жал, тоа не се случи и оние податоци што ги имаме денес на Унгарската берза предвидувањата за цените за јуни се 236 евра за мегават час, за третиот квартал од годинава 257 евра и за цела 2023 година 240 евра за мегават час, рече Бислимоски и додаде дека загубите на електрична енергија на Електродистрибуција од март до јуни ги обезбедува ЕСМ по цена од 143 евра за мегават час.
ЕСМ, додаде, ги обезбедува и загубите во преносната мрежа.
ЕСМ презема сериозен товар за да ги обезбеди овие загуби на електрична енергија по цена која што е далеку пониска од пазарната се со цел да се избегне зголемување на цената на електричната енергија. Дополнително, најголемо сериозно влијание врз цената ќе има тендерот за набавка на електрична енергија којшто треба да го организира ЕВН Хоум во јуни. Вообичаено на овој тендер се јавува ЕСМ и за првите шест месеци цената по која што ја обезбедува оваа електрична енергија е 41 евро за мегават час што е шест пати пониска од реалната пазарна цена, истакна Бислимоски.
Рече дека не е оптимист дека ќе има намалување на цените на електричната енергија под 200 евра за мегават час не само на регионалната берза, туку и на останатите европски берзи и додаде дека тоа ќе прави сериозен притисок на македонските компании кои се на слободниот пазар на електрична енергија. Посочи дека ЕСМ во целост ги исполни своите обврски кон ЕВН Хоум во изминатите четири месеци по носењето на одлуката за цената на електричната енергија во декември со која што беше предвидено 100 проценти од потребите да бидат обезбедени од страна на ЕСМ.
За жал, се појави група на потрошувачи кои вклучуваат и општини во државата кои на еден многу спорен начин од отворениот се вратија на регулираниот пазар. Овој некоректен однос за првите четири месеци чини 30 милиони евра. Тие 30 милиони евра се 9 проценти од регулираниот максимален приход којшто го определи РКЕ, појасни Бислимоски.
За сите овие појави, посочи, што РКЕ ги воочи уште кон крајот на јануари и почетокот на февруари, се известени сите релевантни институции во државата да преземат мерки и дополнително е даден налог на Електродистрибуција што е можно повеќе да ги анализира овие, како што рече, условно да ги кажам фиктивни договори што вообичаено се случуваат помеѓу еден потрошувач којшто бил на слободниот пазар и некоја новоформирана фирма или некое многу мало јавно комунално претпријатие кое што не ги исполнува условите да оди на слободен пазар и доаѓаат на регулиран пазар. Препорача да се зголеми домашното производство на електрична енергија и додаде дека сигналите покажуваат дека во овие четири месеци тоа е зголемено за околу 10 до 15 проценти во споредба со истиот период лани.
Дополнително, голем број на македонски компании коишто имаат можност поставуваат фотоволтаици на своите покриви и со тоа си заштедуваат трошоци за електрична енергија и според сознанијата што ги имаме сега имаат трошоци како што имале во едни мирни временски услови. Досега имаме издадено или почнати се постапки за издавање од околу 32-33 мегавати што е на ниво на „Св. Петка“ последна хидроелектрана која што била направена со државни пари. Очекуваме во текот на јули и на август да се удвои бројот на такви компании и да имаме некаде за 7-8 месеци помеѓу 60 и 70 мегавати новоизградени фотоволтаични електрани коишто ќе ја релаксираат ситуацијата со цената на електричната енергија на слободниот пазар, потенцира Бислимоски.
РКЕ до крајот на јуни треба да донесе одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи до крајот на годинава. Во неа се признаваат оправданите трошоци што ги имаат енергетските компании.  

The post До РКЕ пристигнаа првите барања од енергетските компании за цената на електричната енергија appeared first on Република.

]]>
„Дојче веле“: „Ред барања, ред навреди“, Украина безобразно ја критикува Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dojche-vele-red-baranja-red-navredi-ukraina-bezobrazno-ja-kritikuva-germanija/ Tue, 19 Apr 2022 13:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=490587

„Дојче веле“ објави коментар за актуелната украинска криза, во кој аналитичарот-коментатор, Марко Милер, оценува дека шемата што ја користи Украина во разговорите со Германија се состои од „ред барања, ред навреди, ред барања, ред навреди...“

Во продолжение коментарот на „Дојче веле“

„Ова го вклучува, на пример, одбивањето на Киев да го прими германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер - откако Киев ја критикуваше неговата претходна политика кон Русија, а тој ги призна своите грешки.

Таа шема е многу успешна. И германските медиуми веднаш го применија и се чини дека се многу среќни: нема ден, а официјален Берлин да не биде ставен на столбот на срамот, нема ден некритичните новинари да не ги прашаат членовите на владата - зошто Германија конечно не се откаже од руската нафта и пред се, рускиот гас, а најмногу: зошто Германија не и го испорачува на Украина сето оружје што го побарала. Овој, во секој случај сосема непотребен спектакл, се повеќе оди на нерви.

Затоа што, пред се: од руската анексија на Крим во 2014 година, Германија е најголемиот донатор на Украина, заедно со САД. Второ, освен директните соседи на Украина, Германија е земја која прима најмногу украински бегалци. Трето: Германија е меѓу земјите кои на Украина и даваат најмногу пари за купување оружје. Канцеларот Олаф Шолц штотуку најави повеќе од милијарда евра директна помош. И апсолутно никој не се сомнева дека Германија мора да ја поддржи Украина во војната против Русија.

Дали е мудро Киев постојано да ја напаѓа Германија?

Па, дали е мудро кога владата во Киев постојано ја напаѓа германската влада и ја затрупува со нови, остро адресирани барања? Кога Германија ќе испорача дел од бараното оружје, одговорот е: тоа е добро, но мора да има многу повеќе. Кога Германија, откажувајќи се од рускиот јаглен, нафта и гас, најавува ништо помалку од промена на парадигмата, тогаш тие велат: тоа е убаво од вас, но тоа мора да се случи веднаш.

Во исто време, намерно се заборава дека Германија на,  - но не е пуштен во употреба. Германската армија само оваа година ќе добие дополнителни 100 милијарди евра за модернизација и опрема - зафат што го најави Олаф Шолц веднаш по рускиот напад на Украина.

Германија плаќа за испорака на оружје во воената зона. Германската влада почнува да ги прекинува блиските односи со Русија, кои се исклучително важни во секторот на суровини. Зелениот министер за економија патува на Блискиот Исток за да купи нафта и гас и гласно размислува за продолжување на работата на нуклеарните централи и централите на јаглен.

Сето ова се екстремни промени, се разбира за многу кратко време. Кои земји во Европа ја сменија својата политика толку многу и пред се - по толку висока цена како Германија? Уште поиритирачки од грубоста што доаѓа од Киев е однесувањето на некои други европски земји. Тие самите не реагираат како што треба, но со задоволство се кријат зад Германија или дури и покажуваат со прст кон неа. Се чини дека станува збор само за имиџ во јавноста.

На Унгарија не и недостига влакно на главата

Францускиот претседател Емануел Макрон во бројни телефонски разговори неуспешно се обиде да влијае на владетелот на Кремљ Владимир Путин. Инаку, тој без многу помпа во земјата го донесе финалето на Лигата на шампионите, кое првично требаше да се одржи во Русија. Но, кога станува збор за прифаќање бегалци, Франција не е толку одлучна.

Италија јавно и гласно изјави дека може веднаш да го прекине увозот на руски гас. Но, всушност, зад тоа се крие следново: ако нема европско ембарго за гас, тогаш другите се виновни (првенствено се мисли : Германија).

Полска, јавно и без координација (со Германија), е многу посветена на испорака на воени авиони во Украина, но само преку американската воена база во Германија. Ако не се испорачаат авионите, тогаш проблемот е во САД или Германија.

А на Унгарија - барем во германската јавност - не и фали ни влакно поради нејзиниот проруски курс. Во Будимпешта со задоволство земаат евтин руски гас, а по потреба плаќаат и во рубљи.

Зошто да се сее раздор?

Може да се добие впечаток дека некои членки на ЕУ би биле прилично среќни ако Германија направи лошо - и ако изгуби дел од својата економска сила и просперитет. Според онаа поговорка - да цркне кравата на соседот? Можеби.

Факт е дека шемата за префрлање на вината на другиот, поставување барања и нивно исполнување - секогаш бара две страни: оној што гласно бара, се лути и покажува со прст кон другиот - и оној што сето тоа го дозволува.

Тоа е навистина сосема непотребен спектакл. На крајот на краиштата, сите имаат иста цел - да се стави крај на руската војна во Украина. Па зошто да се сее раздор? Тоа му помага само на - Путин.

The post „Дојче веле“: „Ред барања, ред навреди“, Украина безобразно ја критикува Германија appeared first on Република.

]]>

„Дојче веле“ објави коментар за актуелната украинска криза, во кој аналитичарот-коментатор, Марко Милер, оценува дека шемата што ја користи Украина во разговорите со Германија се состои од „ред барања, ред навреди, ред барања, ред навреди...“ Во продолжение коментарот на „Дојче веле“ „Ова го вклучува, на пример, одбивањето на Киев да го прими германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер - откако Киев ја критикуваше неговата претходна политика кон Русија, а тој ги призна своите грешки. Таа шема е многу успешна. И германските медиуми веднаш го применија и се чини дека се многу среќни: нема ден, а официјален Берлин да не биде ставен на столбот на срамот, нема ден некритичните новинари да не ги прашаат членовите на владата - зошто Германија конечно не се откаже од руската нафта и пред се, рускиот гас, а најмногу: зошто Германија не и го испорачува на Украина сето оружје што го побарала. Овој, во секој случај сосема непотребен спектакл, се повеќе оди на нерви. Затоа што, пред се: од руската анексија на Крим во 2014 година, Германија е најголемиот донатор на Украина, заедно со САД. Второ, освен директните соседи на Украина, Германија е земја која прима најмногу украински бегалци. Трето: Германија е меѓу земјите кои на Украина и даваат најмногу пари за купување оружје. Канцеларот Олаф Шолц штотуку најави повеќе од милијарда евра директна помош. И апсолутно никој не се сомнева дека Германија мора да ја поддржи Украина во војната против Русија. Дали е мудро Киев постојано да ја напаѓа Германија? Па, дали е мудро кога владата во Киев постојано ја напаѓа германската влада и ја затрупува со нови, остро адресирани барања? Кога Германија ќе испорача дел од бараното оружје, одговорот е: тоа е добро, но мора да има многу повеќе. Кога Германија, откажувајќи се од рускиот јаглен, нафта и гас, најавува ништо помалку од промена на парадигмата, тогаш тие велат: тоа е убаво од вас, но тоа мора да се случи веднаш. Во исто време, намерно се заборава дека Германија на,  - но не е пуштен во употреба. Германската армија само оваа година ќе добие дополнителни 100 милијарди евра за модернизација и опрема - зафат што го најави Олаф Шолц веднаш по рускиот напад на Украина. Германија плаќа за испорака на оружје во воената зона. Германската влада почнува да ги прекинува блиските односи со Русија, кои се исклучително важни во секторот на суровини. Зелениот министер за економија патува на Блискиот Исток за да купи нафта и гас и гласно размислува за продолжување на работата на нуклеарните централи и централите на јаглен. Сето ова се екстремни промени, се разбира за многу кратко време. Кои земји во Европа ја сменија својата политика толку многу и пред се - по толку висока цена како Германија? Уште поиритирачки од грубоста што доаѓа од Киев е однесувањето на некои други европски земји. Тие самите не реагираат како што треба, но со задоволство се кријат зад Германија или дури и покажуваат со прст кон неа. Се чини дека станува збор само за имиџ во јавноста. На Унгарија не и недостига влакно на главата Францускиот претседател Емануел Макрон во бројни телефонски разговори неуспешно се обиде да влијае на владетелот на Кремљ Владимир Путин. Инаку, тој без многу помпа во земјата го донесе финалето на Лигата на шампионите, кое првично требаше да се одржи во Русија. Но, кога станува збор за прифаќање бегалци, Франција не е толку одлучна. Италија јавно и гласно изјави дека може веднаш да го прекине увозот на руски гас. Но, всушност, зад тоа се крие следново: ако нема европско ембарго за гас, тогаш другите се виновни (првенствено се мисли : Германија). Полска, јавно и без координација (со Германија), е многу посветена на испорака на воени авиони во Украина, но само преку американската воена база во Германија. Ако не се испорачаат авионите, тогаш проблемот е во САД или Германија. А на Унгарија - барем во германската јавност - не и фали ни влакно поради нејзиниот проруски курс. Во Будимпешта со задоволство земаат евтин руски гас, а по потреба плаќаат и во рубљи. Зошто да се сее раздор? Може да се добие впечаток дека некои членки на ЕУ би биле прилично среќни ако Германија направи лошо - и ако изгуби дел од својата економска сила и просперитет. Според онаа поговорка - да цркне кравата на соседот? Можеби. Факт е дека шемата за префрлање на вината на другиот, поставување барања и нивно исполнување - секогаш бара две страни: оној што гласно бара, се лути и покажува со прст кон другиот - и оној што сето тоа го дозволува. Тоа е навистина сосема непотребен спектакл. На крајот на краиштата, сите имаат иста цел - да се стави крај на руската војна во Украина. Па зошто да се сее раздор? Тоа му помага само на - Путин.

The post „Дојче веле“: „Ред барања, ред навреди“, Украина безобразно ја критикува Германија appeared first on Република.

]]>
Решени 1.200 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/resheni-1-200-baranja-od-gragjani-preku-adresata-24-skopje-gov-mk/ Tue, 01 Mar 2022 09:38:41 +0000 https://republika.mk/?p=465716

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1392 барања, од кои решени се дури 1.200.Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми од областа на урбанизмот, односно барања  да  се постават заштитни столпчиња за да се заштитат јавните површини и тротоарите за безбедно движење на граѓаните од непрописно паркирани возила, и да се осветлат некои делови од градот. Пријави за диви депонии,  проблеми со улични кучиња и барања за излегување на терен на градските инспектори, како и од областа на комуналниот сектор за  кастрење  суви гранки, сечење стари и суви дрвја и уредување  на јавни зелени површини. Дел од барањата  на граѓаните се  однесуваат на сообраќајната сигнализација, возниот ред на автобусите,  како и за доделувањето на субвенции за инвертери, велосипеди и за електрични тротинети. На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

The post Решени 1.200 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk appeared first on Република.

]]>

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1392 барања, од кои решени се дури 1.200.Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми од областа на урбанизмот, односно барања  да  се постават заштитни столпчиња за да се заштитат јавните површини и тротоарите за безбедно движење на граѓаните од непрописно паркирани возила, и да се осветлат некои делови од градот. Пријави за диви депонии,  проблеми со улични кучиња и барања за излегување на терен на градските инспектори, како и од областа на комуналниот сектор за  кастрење  суви гранки, сечење стари и суви дрвја и уредување  на јавни зелени површини. Дел од барањата  на граѓаните се  однесуваат на сообраќајната сигнализација, возниот ред на автобусите,  како и за доделувањето на субвенции за инвертери, велосипеди и за електрични тротинети. На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа. Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

The post Решени 1.200 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk appeared first on Република.

]]>
Решени 1.000 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/resheni-1-000-baranja-od-gragjani-preku-adresata-24-skopje-gov-mk/ Tue, 15 Feb 2022 09:50:45 +0000 https://republika.mk/?p=458743

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1.142 барања, од кои решени се дури 1.000. Во текот на изминатата недела најголемиот број граѓани на овој мејл побарале да се постават заштитни столпчиња за да се заштитат јавните површини и тротоарите за безбедно движење на граѓаните од непрописно паркирани возила, пријавиле диви депонии и проблеми со улични кучиња, а се интересирале и за процедурите за сечење стари и суви дрвја, информираат од Град Скопје.

На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

The post Решени 1.000 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk appeared first on Република.

]]>

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1.142 барања, од кои решени се дури 1.000. Во текот на изминатата недела најголемиот број граѓани на овој мејл побарале да се постават заштитни столпчиња за да се заштитат јавните површини и тротоарите за безбедно движење на граѓаните од непрописно паркирани возила, пријавиле диви депонии и проблеми со улични кучиња, а се интересирале и за процедурите за сечење стари и суви дрвја, информираат од Град Скопје. На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа. Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

The post Решени 1.000 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk appeared first on Република.

]]>