Бар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bar/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 16:25:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bar/ 32 32 Голем пожар во Бар во Црна Гора, пепел паѓа врз автомобилите низ градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golem-pozhar-vo-bar-vo-tsrna-gora-pepel-paga-vrz-avtomobilite-niz-gradot/ Thu, 05 Sep 2024 16:25:24 +0000 https://republika.mk/?p=813612

Голем пожар избувна во Бар во Црна Гора, а густ чад се шири низ градот.

Според информациите кои ги објави српскиот весник „Блиц“, туристите пријавиле дека пепел паѓа врз нивните автомобили паркирани во околината.

Жителите на Бар сметаат дека пожарот настанал во голема сала, која порано била дискотека. Засега не се знае дали противпожарните бригади излегле на лице место.

 

The post Голем пожар во Бар во Црна Гора, пепел паѓа врз автомобилите низ градот appeared first on Република.

]]>

Голем пожар избувна во Бар во Црна Гора, а густ чад се шири низ градот. Според информациите кои ги објави српскиот весник „Блиц“, туристите пријавиле дека пепел паѓа врз нивните автомобили паркирани во околината. Жителите на Бар сметаат дека пожарот настанал во голема сала, која порано била дискотека. Засега не се знае дали противпожарните бригади излегле на лице место.  

The post Голем пожар во Бар во Црна Гора, пепел паѓа врз автомобилите низ градот appeared first on Република.

]]>
Приведен сопственикот на плажата во Бар кој не пушти жена со хиџаб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/priveden-sopstvenikot-na-plazhata-vo-bar-koj-ne-pushti-zhena-so-hidhab/ Thu, 10 Aug 2023 12:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=670815

По инцидентот на плажата, кога сопственикот избрка муслиманско семејство поради хиџабот што го носеше нивната ќерка, се огласи и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ, кој рече дека за немилиот настан е виновен Драган Ѓ.

Тој е донесен на изјава во просториите на Одделението за обезбедување на Бар. Аџиќ истакна дека реакцијата на полицијата била брза, додавајќи дека очекува соодветен одговор од обвинителството

Семејството дошло  на плажа да ужива во сончањето и морските радости. Но, ситуацијата се претворила во пекол, бидејќи сопственикот на плажата интервенирал и покажал нетрпеливост кон носењето хиџаб.

https://republika.mk/zivot/patuvanja/sopstvenik-na-plazha-vo-tsrna-gora-izbrkal-zhena-zatoa-shto-nosela-hidhab/

- На базенот „Роки Бич“ на плажата Утјеха не е дозволено капење во облека, а тоа стои на таблата пред базенот. Можат да пливаат во бурка, хиџаб во море, исто како што пливаат, но не и во базен - изјави сопственикот на плажата, Драган Ѓ. за RTCG.

The post Приведен сопственикот на плажата во Бар кој не пушти жена со хиџаб appeared first on Република.

]]>

По инцидентот на плажата, кога сопственикот избрка муслиманско семејство поради хиџабот што го носеше нивната ќерка, се огласи и министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ, кој рече дека за немилиот настан е виновен Драган Ѓ. Тој е донесен на изјава во просториите на Одделението за обезбедување на Бар. Аџиќ истакна дека реакцијата на полицијата била брза, додавајќи дека очекува соодветен одговор од обвинителството Семејството дошло  на плажа да ужива во сончањето и морските радости. Но, ситуацијата се претворила во пекол, бидејќи сопственикот на плажата интервенирал и покажал нетрпеливост кон носењето хиџаб. https://republika.mk/zivot/patuvanja/sopstvenik-na-plazha-vo-tsrna-gora-izbrkal-zhena-zatoa-shto-nosela-hidhab/
- На базенот „Роки Бич“ на плажата Утјеха не е дозволено капење во облека, а тоа стои на таблата пред базенот. Можат да пливаат во бурка, хиџаб во море, исто како што пливаат, но не и во базен - изјави сопственикот на плажата, Драган Ѓ. за RTCG.

The post Приведен сопственикот на плажата во Бар кој не пушти жена со хиџаб appeared first on Република.

]]>
Пожарот меѓу Бар и Сутоморе е под контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pozarot-megju-bar-i-sutomore-e-pod-kontrola/ Thu, 11 Aug 2022 07:29:02 +0000 https://republika.mk/?p=538923

Пожарот меѓу Бар и Сутоморе, над плажата Црвена е ставен под контрола, воспоставен е патниот сообраќај, но пругата се уште е во прекин, изјави утринава заменик командирот на Службата за заштита и спасување, Ацо Вулевиќ.

Пожарникарите успеаја да ги одбранат објектите од огнената стихија поддржана од силниот ветер, кој синоќа го зафати овој простор.

Заменик-командантот на Службата за заштита и спасување на противпожарната бригада Ацо Вулевиќ за Радио Бар и Бар Инфо потврди дека еден пожарникар е повреден, но дека неговиот живот не е во животна опасност.

Се бориме, не е лесно, екипите остануваат на теренот до дополнително известување, не смееме ништо да оставиме на случајноста, изјави Вулевиќ.

Полицијата вчера вечер го запре сообраќајот на главниот пат меѓу Бар и Сутоморе.

Вулевиќ претходно во Дневник 3 за ТВЦГ изјави дека пожарот се доближува до куќите, но дека го ставиле под контрола.

Пожарот е од големи размери и на многу непристапен и незгоден терен бидејќи се во близина на куќата, даваме се од себе, изјави Вулевиќ.

https://youtu.be/m1APbpxwq7A

The post Пожарот меѓу Бар и Сутоморе е под контрола appeared first on Република.

]]>

Пожарот меѓу Бар и Сутоморе, над плажата Црвена е ставен под контрола, воспоставен е патниот сообраќај, но пругата се уште е во прекин, изјави утринава заменик командирот на Службата за заштита и спасување, Ацо Вулевиќ. Пожарникарите успеаја да ги одбранат објектите од огнената стихија поддржана од силниот ветер, кој синоќа го зафати овој простор. Заменик-командантот на Службата за заштита и спасување на противпожарната бригада Ацо Вулевиќ за Радио Бар и Бар Инфо потврди дека еден пожарникар е повреден, но дека неговиот живот не е во животна опасност.
Се бориме, не е лесно, екипите остануваат на теренот до дополнително известување, не смееме ништо да оставиме на случајноста, изјави Вулевиќ.
Полицијата вчера вечер го запре сообраќајот на главниот пат меѓу Бар и Сутоморе. Вулевиќ претходно во Дневник 3 за ТВЦГ изјави дека пожарот се доближува до куќите, но дека го ставиле под контрола.
Пожарот е од големи размери и на многу непристапен и незгоден терен бидејќи се во близина на куќата, даваме се од себе, изјави Вулевиќ.
https://youtu.be/m1APbpxwq7A

The post Пожарот меѓу Бар и Сутоморе е под контрола appeared first on Република.

]]>
Се тресеше Црна Гора: Земјотрес регистриран кај Бар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-treseshe-crna-gora-zemjotres-registriran-kaj-bar/ Sun, 12 Jun 2022 07:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=514029

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала околу 00.30 часот го погоди подрачјето на населбата Шушањ во Бар.

Половина час по полноќ, Сеизмологијата на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше помал земјотрес со епицентар во атарот на населбата Шушањ во Бар.

На веб-страницата на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија беше објавено дека јачината е 3,4 единици според Рихтеровата скала.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 15 километри.

Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје – соопшти Институтот за сеизмологија.

The post Се тресеше Црна Гора: Земјотрес регистриран кај Бар appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала околу 00.30 часот го погоди подрачјето на населбата Шушањ во Бар. Половина час по полноќ, Сеизмологијата на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше помал земјотрес со епицентар во атарот на населбата Шушањ во Бар. На веб-страницата на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија беше објавено дека јачината е 3,4 единици според Рихтеровата скала. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 15 километри. Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје – соопшти Институтот за сеизмологија.

The post Се тресеше Црна Гора: Земјотрес регистриран кај Бар appeared first on Република.

]]>
Во Бар поставена плочата на македонската принцеза Косара https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-bar-postavena-plochata-na-makedonskata-princeza-kosara/ Wed, 13 Apr 2022 12:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=487927

На вториот ден од официјалната посета на Црна Гора, претседателот Стево Пендаровски денеска во Бар присуствуваше на поставувањето на спомен-плочата на Владимир и Косара, која е изработена во Македонија, во чест на македонско-црногорското пријателство.

Претседателот Пендаровски посочи дека поставувањето на ова спомен обележје претставува симбол на блискост и културно-историската врска помеѓу Македонија и Црна Гора, и се реализира на иницијатива на Здружението за македонско-црногорското пријателство и Заедницата на Црногорците во Република Македонија.

Плочата е во спомен на ликот на црногорскиот кнез Владимир, неговата храброст и човечките идеали, како и легендата за неговата љубов со македонската принцеза Косара, ќерката на цар Самоил, која е опеана во „Летописот на попот Дукљанин“.

Спомен-плочата е изработена од страна на македонскиот скулптор Томе Аџиевски и е поставена во Бар, каде најмногу се негува култот кон кнезот Владимир, кој се смета за заштитник на градот.

Плочата е поставена на плоштадот „Владимир и Косара“ кој е во фаза на реконструкција и наскоро треба да биде завршен.

The post Во Бар поставена плочата на македонската принцеза Косара appeared first on Република.

]]>

На вториот ден од официјалната посета на Црна Гора, претседателот Стево Пендаровски денеска во Бар присуствуваше на поставувањето на спомен-плочата на Владимир и Косара, која е изработена во Македонија, во чест на македонско-црногорското пријателство. Претседателот Пендаровски посочи дека поставувањето на ова спомен обележје претставува симбол на блискост и културно-историската врска помеѓу Македонија и Црна Гора, и се реализира на иницијатива на Здружението за македонско-црногорското пријателство и Заедницата на Црногорците во Република Македонија. Плочата е во спомен на ликот на црногорскиот кнез Владимир, неговата храброст и човечките идеали, како и легендата за неговата љубов со македонската принцеза Косара, ќерката на цар Самоил, која е опеана во „Летописот на попот Дукљанин“. Спомен-плочата е изработена од страна на македонскиот скулптор Томе Аџиевски и е поставена во Бар, каде најмногу се негува култот кон кнезот Владимир, кој се смета за заштитник на градот. Плочата е поставена на плоштадот „Владимир и Косара“ кој е во фаза на реконструкција и наскоро треба да биде завршен.

The post Во Бар поставена плочата на македонската принцеза Косара appeared first on Република.

]]>
Бродот од Португалија со пола тон кокаин четири пати впловувал на пристаниште во Бар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brodot-od-portugalija-so-pola-ton-kokain-chetiri-pati-vplovuval-na-pristanishte-vo-bar/ Mon, 28 Mar 2022 09:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=479706

Бродот кој во јануари годинава ѝ испорача 500 килограми кокаин на Црна Гора, а кој беше откриен во компанијата „Воли“, во текот на 2020 година дури четири пати впловил во пристаништето Бар, соопшти црногорската влада.

Станува збор за бродот „Spirit of Chennai“ кој се наоѓа на списокот со пловни објекти со датум на влез во пристаништето Бар од 1. јануари до 31. декември 2020 година.

Официјален државен документ објавен на веб-страницата на црногорската влада покажува дека бродот „Spirit of Chennai“ на пристаништето Бар впловил дури четири пати во текот на 2020 година.

Списокот е објавен на барање на НВО, Мрежа за афирмирање на невладиниот сектор (МАНС).

Списокот на впловувања содржи датум, време на пристигнување, име на бродот и знамето под кое плови.

Овој брод тогаш пловел под знамето на Португалија, објави порталот RTCG.

Истиот брод, кој пловел од Еквадор, со 70 контејнери со банани, впловил во пристаништето Бар на 2. јануари годинава, кога цариникот открил дека еден од контејнерите содржи сомнителен товар, по што е пријавено во полиција.

Сомневајќи се дека во контејнерот покрај бананите има кокаин, Управата за приходи и царина во договор со полицијата решиле да го следат сомнителниот товар до крајната дестинација.

Откако сомнителниот товар на 11. јануари пристигнал во магацинот на „Воли“, еден од најголемите трговски синџири на супермаркети во Црна Гора, работниците кои ги забележале сомнителните пакети го известиле раководството на компанијата која повикала полиција.

Полицијата запленила пакувања во кои бил откриен кокаин.

Бродот пловел под знамето на Португалија.

Специјалното државно обвинителство (СДТ) покренало кривична постапка против шпедитерот Д.Ј.Д. поради сомнение дека е член на меѓународна криминална група за која постои сомневање дека е формирана со цел шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа, а која дејствувала и во Црна Гора.

Сепак, не е јасно на што се засноваат обвиненијата против него. Истрагата е во тек.

The post Бродот од Португалија со пола тон кокаин четири пати впловувал на пристаниште во Бар appeared first on Република.

]]>

Бродот кој во јануари годинава ѝ испорача 500 килограми кокаин на Црна Гора, а кој беше откриен во компанијата „Воли“, во текот на 2020 година дури четири пати впловил во пристаништето Бар, соопшти црногорската влада. Станува збор за бродот „Spirit of Chennai“ кој се наоѓа на списокот со пловни објекти со датум на влез во пристаништето Бар од 1. јануари до 31. декември 2020 година. Официјален државен документ објавен на веб-страницата на црногорската влада покажува дека бродот „Spirit of Chennai“ на пристаништето Бар впловил дури четири пати во текот на 2020 година. Списокот е објавен на барање на НВО, Мрежа за афирмирање на невладиниот сектор (МАНС). Списокот на впловувања содржи датум, време на пристигнување, име на бродот и знамето под кое плови. Овој брод тогаш пловел под знамето на Португалија, објави порталот RTCG. Истиот брод, кој пловел од Еквадор, со 70 контејнери со банани, впловил во пристаништето Бар на 2. јануари годинава, кога цариникот открил дека еден од контејнерите содржи сомнителен товар, по што е пријавено во полиција. Сомневајќи се дека во контејнерот покрај бананите има кокаин, Управата за приходи и царина во договор со полицијата решиле да го следат сомнителниот товар до крајната дестинација. Откако сомнителниот товар на 11. јануари пристигнал во магацинот на „Воли“, еден од најголемите трговски синџири на супермаркети во Црна Гора, работниците кои ги забележале сомнителните пакети го известиле раководството на компанијата која повикала полиција. Полицијата запленила пакувања во кои бил откриен кокаин. Бродот пловел под знамето на Португалија. Специјалното државно обвинителство (СДТ) покренало кривична постапка против шпедитерот Д.Ј.Д. поради сомнение дека е член на меѓународна криминална група за која постои сомневање дека е формирана со цел шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа, а која дејствувала и во Црна Гора. Сепак, не е јасно на што се засноваат обвиненијата против него. Истрагата е во тек.

The post Бродот од Португалија со пола тон кокаин четири пати впловувал на пристаниште во Бар appeared first on Република.

]]>
Евакуирано пристаништето во Бар поради дојава за бомба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/evakuirano-pristanishteto-vo-bar-poradi-dojava-za-bomba/ Mon, 07 Feb 2022 14:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=455236

Црногорската полиција во моментов проверува дали е поставена експлозивна направа во пристаништето Бар, велат за „Вијести“ од Полициската управа (УП).

Од пристаништето соопштија дека вработените веднаш биле евакуирани и дека нивните вработени преземаат мерки и дејствија од нивна надлежност.

Радио Бар јави дека машки глас анонимно пријавил дека во пристаништето Бар е поставен експлозив. Повикот бил околу 12 часот од непознат број, и притоа мажот им соопштил дека доколку не ја известат полицијата „за 10 минути цел Бар ќе биде кренат во воздух“, пренесува „Вијести“.

The post Евакуирано пристаништето во Бар поради дојава за бомба appeared first on Република.

]]>

Црногорската полиција во моментов проверува дали е поставена експлозивна направа во пристаништето Бар, велат за „Вијести“ од Полициската управа (УП). Од пристаништето соопштија дека вработените веднаш биле евакуирани и дека нивните вработени преземаат мерки и дејствија од нивна надлежност. Радио Бар јави дека машки глас анонимно пријавил дека во пристаништето Бар е поставен експлозив. Повикот бил околу 12 часот од непознат број, и притоа мажот им соопштил дека доколку не ја известат полицијата „за 10 минути цел Бар ќе биде кренат во воздух“, пренесува „Вијести“.

The post Евакуирано пристаништето во Бар поради дојава за бомба appeared first on Република.

]]>