банско Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bansko/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 08:46:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png банско Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bansko/ 32 32 Пожар во Дом за стари лица во Струмичко https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-dom-za-stari-litsa-vo-strumichko/ Sun, 05 May 2024 08:46:24 +0000 https://republika.mk/?p=774408

Пожар избил синоќа во Дом за стари лица во село Банско, Струмичко. Нема повредени лица, предизвикана е само материјална штета, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според Регионалниот центар за управување со кризи - Струмица, пожарот бил пријавен околу 23.30 часот. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот целосно е изгаснат во 50 минути по полноќ.

Прво биле евакуирани лица од катот каде што бил пожарот, потоа од долните катови. По целосното гаснење на пожарот, евакуираните лица полека се вратени на местата, собите од каде што биле евакуирани. Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени, појаснуваат од ЦУК.

Во соопштението се наведува и дека изминатото деноноќие имало вкупно 1.759 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во ЦУК.

The post Пожар во Дом за стари лица во Струмичко appeared first on Република.

]]>

Пожар избил синоќа во Дом за стари лица во село Банско, Струмичко. Нема повредени лица, предизвикана е само материјална штета, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според Регионалниот центар за управување со кризи - Струмица, пожарот бил пријавен околу 23.30 часот. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот целосно е изгаснат во 50 минути по полноќ.
Прво биле евакуирани лица од катот каде што бил пожарот, потоа од долните катови. По целосното гаснење на пожарот, евакуираните лица полека се вратени на местата, собите од каде што биле евакуирани. Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени, појаснуваат од ЦУК.
Во соопштението се наведува и дека изминатото деноноќие имало вкупно 1.759 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во ЦУК.

The post Пожар во Дом за стари лица во Струмичко appeared first on Република.

]]>
Влез и излез од Бањска е дозволен од медицински причини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vlez-i-izlez-od-banska-e-dozvolen-od-meditsinski-prichini/ Tue, 26 Sep 2023 08:25:03 +0000 https://republika.mk/?p=685169

На жителите на Бањска им е дозволено да го напуштат селото или да влезат во селото во случај на некого да му биде потребна медицинска помош, да примаат инјекции, да купуваат лекови и слични потреби, изјави за KoSSev заменик-командантот на косовската полиција од северниот регион, Ветон Елшани.

Елшани синоќа изјавил дека жителите на ова село треба да се јават кај полициските службеници.

Во тој случај полициските службеници ќе го прашаат граѓанинот каде оди и поради која причина. Не е точно дека никого не пуштаме, но постапката се прави случај до случај, рече Елшани.

Според него, состојбата во село Бањска е мирна, но полициската акција се уште се спроведува, односно се врши детален увид и истрага во целото село. Тој најави и дека спроведувањето на активностите како дел од оваа операција ќе продолжи и денеска.

Најдовме минофрлачи во куќа, најдовме многу работи, како да е касарна, додаде Елишани.

Според косовската полиција, во неделата биле убиени најмалку тројца наводни напаѓачи, односно биле пронајдени нивните тела, а уште двајца се уапсени, од кои еден е ранет. Истовремено, уапсени се уште четири лица кои се поврзани со оваа група.

The post Влез и излез од Бањска е дозволен од медицински причини appeared first on Република.

]]>

На жителите на Бањска им е дозволено да го напуштат селото или да влезат во селото во случај на некого да му биде потребна медицинска помош, да примаат инјекции, да купуваат лекови и слични потреби, изјави за KoSSev заменик-командантот на косовската полиција од северниот регион, Ветон Елшани. Елшани синоќа изјавил дека жителите на ова село треба да се јават кај полициските службеници. Во тој случај полициските службеници ќе го прашаат граѓанинот каде оди и поради која причина. Не е точно дека никого не пуштаме, но постапката се прави случај до случај, рече Елшани. Според него, состојбата во село Бањска е мирна, но полициската акција се уште се спроведува, односно се врши детален увид и истрага во целото село. Тој најави и дека спроведувањето на активностите како дел од оваа операција ќе продолжи и денеска. Најдовме минофрлачи во куќа, најдовме многу работи, како да е касарна, додаде Елишани. Според косовската полиција, во неделата биле убиени најмалку тројца наводни напаѓачи, односно биле пронајдени нивните тела, а уште двајца се уапсени, од кои еден е ранет. Истовремено, уапсени се уште четири лица кои се поврзани со оваа група.

The post Влез и излез од Бањска е дозволен од медицински причини appeared first on Република.

]]>
Oсмани нема да оди во Банско,ќе останел во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-nema-da-odi-vo-bansko-kje-ostanel-vo-skoje/ Sat, 09 Jul 2022 17:01:10 +0000 https://republika.mk/?p=526360

Министерот за надворешни работи Бујар Османи нема да оди на Годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија во Банско, каде бугарското Министерството за надворешни работи го покани на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија.

Од македонското МНР велат дека ја известиле Софија оти министерот Бујар Османи како претставник на Владата во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието, каде треба да се расправа за францускиот предлог.

-Нотата е стигната во МНР, но Софија е известена дека во овој период Османи ќе се фокусира на процесот во Собранието, а експерите од двете министерства ќе продолжат со работа. Доколку се појави потреба, Османи и Генчовска повторно ќе одржат онлајн средба, велат од македонското МНР.

Бугарското МНР вчера го покани министерот Османи на состанок кој би се одржал на 9, 10 или 11 јули во Банско. На состанокот, според соопштението на бугарското МНР, треба да се разгледа исполнувањето на Договорот за добрососедство во изминатиов период, и да се превземат мерки за подобрување на двостраната соработка во сите сектори

The post Oсмани нема да оди во Банско,ќе останел во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи нема да оди на Годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија во Банско, каде бугарското Министерството за надворешни работи го покани на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија. Од македонското МНР велат дека ја известиле Софија оти министерот Бујар Османи како претставник на Владата во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието, каде треба да се расправа за францускиот предлог.
-Нотата е стигната во МНР, но Софија е известена дека во овој период Османи ќе се фокусира на процесот во Собранието, а експерите од двете министерства ќе продолжат со работа. Доколку се појави потреба, Османи и Генчовска повторно ќе одржат онлајн средба, велат од македонското МНР.
Бугарското МНР вчера го покани министерот Османи на состанок кој би се одржал на 9, 10 или 11 јули во Банско. На состанокот, според соопштението на бугарското МНР, треба да се разгледа исполнувањето на Договорот за добрососедство во изминатиов период, и да се превземат мерки за подобрување на двостраната соработка во сите сектори

The post Oсмани нема да оди во Банско,ќе останел во Скопје appeared first on Република.

]]>
Борисов по посетата на Петков во Скопје: Спиев мирно, Македонија нема да ја нападне Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/borisov-po-posetata-na-petkov-vo-skopje-spiev-mirno-makedonija-nema-da-ja-napadne-bugarija/ Wed, 19 Jan 2022 14:34:57 +0000 https://republika.mk/?p=446735

Ноќеска спиев мирно, Македонија нема да ја нападне Бугарија и нема да има територијални претензии. Спијте мирно, Банско останува бугарско, ќе одите на скијање.

Вака поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов ја искоментира вчерашната посета на новиот претседател на Владата Кирил Петков, кој беше во прва официјална посета на Македонија.

Борисов го искритикува Петков дека е првиот бугарски државник што отишол во Скопје и не положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев.

Петков денеска се пофали дека посетата била огромен успех затоа што Македонија испратила нота дека нема територијални претензии кон Бугарија.

Борисов рече дека вчера дознал „оти Република Македонија нема да има територијални претензии кон Бугарија“.

Толку години пред мене ниту еден македонски политичар не си дозволил да каже такво нешто – дека се откажуваат и нема да имаат територијални претензии кон Бугарија, рече поранешниот премиер, потсетувајќи дека Бугарија прва ја поддржа Македонија за влез во НАТО, прва ја призна нејзината независност и сака таа да влезе во ЕУ.

The post Борисов по посетата на Петков во Скопје: Спиев мирно, Македонија нема да ја нападне Бугарија appeared first on Република.

]]>

Ноќеска спиев мирно, Македонија нема да ја нападне Бугарија и нема да има територијални претензии. Спијте мирно, Банско останува бугарско, ќе одите на скијање.
Вака поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов ја искоментира вчерашната посета на новиот претседател на Владата Кирил Петков, кој беше во прва официјална посета на Македонија. Борисов го искритикува Петков дека е првиот бугарски државник што отишол во Скопје и не положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев. Петков денеска се пофали дека посетата била огромен успех затоа што Македонија испратила нота дека нема територијални претензии кон Бугарија. Борисов рече дека вчера дознал „оти Република Македонија нема да има територијални претензии кон Бугарија“.
Толку години пред мене ниту еден македонски политичар не си дозволил да каже такво нешто – дека се откажуваат и нема да имаат територијални претензии кон Бугарија, рече поранешниот премиер, потсетувајќи дека Бугарија прва ја поддржа Македонија за влез во НАТО, прва ја призна нејзината независност и сака таа да влезе во ЕУ.
 
The post Борисов по посетата на Петков во Скопје: Спиев мирно, Македонија нема да ја нападне Бугарија appeared first on Република.

]]>
Нема скијање во Банско: Бугарија забрани влез за Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nema-skijanje-vo-bansko-bugarija-zabrani-vlez-na-makedonci/ Mon, 17 Jan 2022 14:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=445942

Поради влошената епидемиолошка  ситуација во Република Бугарија и во Европа, согласно најновата одлука на бугарското Министерство за здравство, изменет е режимот за влез и за државјаните на Република Македонија, почнувајќи од 19 јануари.

Се ограничува влезот за сите неесенцијални патувања во земјата (во исклучоците спаѓаат медицински лица, хуманитарни работници, студенти, лица со регулиран престој, делегации и слично).

Министерството за надворешни работи на Македонија е во постојана комуникација со надлежни институции во Република Бугарија и со колегите во бугарското Министерството за надворешни работи, со цел, како што соопшти, замена на постојното решение кое може да предизвика сериозен застој во интензивната комуникација на граѓаните од двете земји.

До стартот на имплементацијата на целосна забрана на 19 јануари, очекуваме напорите да вродат со плод и постојното решение да биде заменето со нова одлука со која нашите државјани ќе можат да влезат во Република Бугарија и за таканаречените неесенцијални потреби, и тоа со сертификат за извршена вакцинација или прележана болест и негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа - наведува МНР.

Според МНР, во кој било случај, условите за влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така се променети – и тие ќе треба да ги приложуваат горенаведените документи при влез. За лица кои не ги почитуваат опишаните правила, следува десетдневен карантин.

Ги предупредуваме граѓаните кои планираат да патуваат во Република Бугарија од задутре, 19 јануари па натаму, внимателно да ги следат официјалните објави од Министерството за надворешни работи за да не се доведат во ситуација да бидат вратени од пограничните власти во Бугарија - нагласува МНР.

The post Нема скијање во Банско: Бугарија забрани влез за Македонци appeared first on Република.

]]>

Поради влошената епидемиолошка  ситуација во Република Бугарија и во Европа, согласно најновата одлука на бугарското Министерство за здравство, изменет е режимот за влез и за државјаните на Република Македонија, почнувајќи од 19 јануари. Се ограничува влезот за сите неесенцијални патувања во земјата (во исклучоците спаѓаат медицински лица, хуманитарни работници, студенти, лица со регулиран престој, делегации и слично). Министерството за надворешни работи на Македонија е во постојана комуникација со надлежни институции во Република Бугарија и со колегите во бугарското Министерството за надворешни работи, со цел, како што соопшти, замена на постојното решение кое може да предизвика сериозен застој во интензивната комуникација на граѓаните од двете земји.
До стартот на имплементацијата на целосна забрана на 19 јануари, очекуваме напорите да вродат со плод и постојното решение да биде заменето со нова одлука со која нашите државјани ќе можат да влезат во Република Бугарија и за таканаречените неесенцијални потреби, и тоа со сертификат за извршена вакцинација или прележана болест и негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа - наведува МНР.
Според МНР, во кој било случај, условите за влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така се променети – и тие ќе треба да ги приложуваат горенаведените документи при влез. За лица кои не ги почитуваат опишаните правила, следува десетдневен карантин.
Ги предупредуваме граѓаните кои планираат да патуваат во Република Бугарија од задутре, 19 јануари па натаму, внимателно да ги следат официјалните објави од Министерството за надворешни работи за да не се доведат во ситуација да бидат вратени од пограничните власти во Бугарија - нагласува МНР.

The post Нема скијање во Банско: Бугарија забрани влез за Македонци appeared first on Република.

]]>
Зошто да одам Банско кога келнерот ме прашува „Как’в си?“, ќе одам Копаоник https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zoshto-da-odam-bansko-koga-kelnerot-me-prashuva-kak-v-si-kje-odam-kopaonik/ Wed, 12 Jan 2022 07:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=443480

Кирил Лазаров, претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора,  во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека Македонците се повеќе се определуваат да ги заменат бугарските со српските зимски туристички центри поради политичката блокада од страна на Бугарија.

На границата е сменет односот, не заради одлука на политичари, туку самата атмосфера е таква. Келнерот ќе те праша таму „Как'в си?“ (Што си ти?). Зошто да одам Банско и Боровец, ќе одам на Копаоник и Златибор. Но, како што се растуриле односите, така и ќе се поправат. Брзо ќе се врати довербата и ќе се вратиме во нормала, рече бизнисменот.

Според Лазаров, топката помеѓу двете земји е спуштена и дека новата власт во Бугарија ќе донесе позитивни промени во макдонско бугарскиот спор и очекува новите премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков да свртат нов лист во историјата на македонско-бугарските односи.

The post Зошто да одам Банско кога келнерот ме прашува „Как’в си?“, ќе одам Копаоник appeared first on Република.