Песната „Починка“ во изведба на „Банкрот блуз бенд“ доби и своја видео приказна. Спотот, кој денеска е премиерно пуштен пред јавноста, е снимен на вистинска локација, во кафе-барот „Олд Скул“ во центарот на Скопје, а го режираше Димитар Маневски.
Инаку, „Починка“ е првпат изведена на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1976 година, а ја отпеа познатата хрватска пејачка Зденка Ковачичек. Музиката е на Љупчо Константинов, а песната е дело на Блаже Конески.
https://www.youtube.com/watch?v=tVO3qWQ3Veg
По 30 години Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе, обединети во легендарната македонска група „Банкрот блуз бенд“, се собраа повторно за да му оддадат почит на големиот писател и лингвист и да дадат свој придонес во одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Конески со убава македонска песна.
The post Премиерно пуштен спотот на песната „Починка“ во изведба на „Банкрот блуз бенд“ appeared first on Република.
]]>The post Премиерно пуштен спотот на песната „Починка“ во изведба на „Банкрот блуз бенд“ appeared first on Република.
]]>По цели три децении, легендарната музичка група „Банкрот блуз бенд“ се враќа на музичката сцена со одличен музички проект. Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе повторно ги споија своите музички таленти и ја обработија песната „Починка“ на Блаже Конески.
Песната „Починка“ првпат беше изведена на „Скопскиот фестивал“ во 1976 година, а тогаш ја изведе хрватската пејачка Зденка Ковачичек. Прекрасниот текст на песната е произлезен од перото на големиот македонист Блаже Конески, а музиката е на Љупчо Константинов.
The post „Банкрот блуз бенд“ се враќа со преработка на „Починка“ од Блаже Конески appeared first on Република.
]]>The post „Банкрот блуз бенд“ се враќа со преработка на „Починка“ од Блаже Конески appeared first on Република.
]]>