банкомат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bankomat/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 19:41:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png банкомат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bankomat/ 32 32 Уапсени 13 члена на француско-холандска банда, кои кревале во воздух банкомати низ Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapseni-13-chlena-na-frantsusko-holandska-banda-koi-krevale-vo-vozduh-bankomati-niz-evropa/ Sun, 08 Sep 2024 19:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=814496

француско-холандска криминална банда која ограбувала низ Европ е уапсена од страна на француската полиција во Стразбур. Како што објавија француските медиуми, станува збор за група од 13 мажи кои наводно украле стотици илјади евра. Според француската телевизија BFM бандата била уапсена во петокот наутро кога нејзините членови се вратиле од грабеж на банкомат во Германија.

Осомничените биле на возраст меѓу 25 и 30 години, а според NL Times, полицијата ја следела групата неколку месеци. ЖФранцуските медиуми пишуваат дека бандата оперирала околу 12 пати во Германија и најмалку пет пати во Швајцарија пред да ги префрли своите операции во Франција. Во јули два банкомати биле кренати во воздух во Стразбур и околината.

Полицијата ги поврзала нападите на банкоматите со начинот на дејствување на бандата, при што сторителите секој пат по грабежите брзо се оддалечувале. Се наведува дека најголемиот дел од пленот дошол од Германија, каде што 13 осомничени кревале во воздух најмногу банкомати.

Тоа е затоа што банкоматите чуваат големи суми, бидејќи готовината сè уште е главниот начин на плаќање во Германија.

Холандските медиуми пак пишуваат дека благодарение на заедничката истрага на француската, германската и швајцарската полиција, уапсена е озлогласена меѓународна банда,.

Членовите на бандата најдоцна во вторник ќе бидат изведени пред судија во Нанси. Таму ќе се одлучува дали ќе им биде продолжен притворот.

The post Уапсени 13 члена на француско-холандска банда, кои кревале во воздух банкомати низ Европа appeared first on Република.

]]>

француско-холандска криминална банда која ограбувала низ Европ е уапсена од страна на француската полиција во Стразбур. Како што објавија француските медиуми, станува збор за група од 13 мажи кои наводно украле стотици илјади евра. Според француската телевизија BFM бандата била уапсена во петокот наутро кога нејзините членови се вратиле од грабеж на банкомат во Германија. Осомничените биле на возраст меѓу 25 и 30 години, а според NL Times, полицијата ја следела групата неколку месеци. ЖФранцуските медиуми пишуваат дека бандата оперирала околу 12 пати во Германија и најмалку пет пати во Швајцарија пред да ги префрли своите операции во Франција. Во јули два банкомати биле кренати во воздух во Стразбур и околината. Полицијата ги поврзала нападите на банкоматите со начинот на дејствување на бандата, при што сторителите секој пат по грабежите брзо се оддалечувале. Се наведува дека најголемиот дел од пленот дошол од Германија, каде што 13 осомничени кревале во воздух најмногу банкомати. Тоа е затоа што банкоматите чуваат големи суми, бидејќи готовината сè уште е главниот начин на плаќање во Германија. Холандските медиуми пак пишуваат дека благодарение на заедничката истрага на француската, германската и швајцарската полиција, уапсена е озлогласена меѓународна банда,. Членовите на бандата најдоцна во вторник ќе бидат изведени пред судија во Нанси. Таму ќе се одлучува дали ќе им биде продолжен притворот.

The post Уапсени 13 члена на француско-холандска банда, кои кревале во воздух банкомати низ Европа appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за прилепчанка, со туѓа картичка од банкомати подигнала 200 илјади денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-prilepchanka-so-tuga-kartichka-od-bankomati-podignala-200-iljadi-denari/ Fri, 09 Aug 2024 15:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=805023

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Л.(53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Како што информира денеска МВР, во периодот од јануари 2023 до 9 мај 2024 година пријавената од картичка на туѓо име подигнала парични средства од банкомати на банка на повеќе локации, со што се стекнала со противправна имотна корист од 200.000 денари.

The post Кривична пријава за прилепчанка, со туѓа картичка од банкомати подигнала 200 илјади денари appeared first on Република.

]]>

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Л.(53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Како што информира денеска МВР, во периодот од јануари 2023 до 9 мај 2024 година пријавената од картичка на туѓо име подигнала парични средства од банкомати на банка на повеќе локации, со што се стекнала со противправна имотна корист од 200.000 денари.

The post Кривична пријава за прилепчанка, со туѓа картичка од банкомати подигнала 200 илјади денари appeared first on Република.

]]>
Човекот пред него не се одјавил: Жител на Пробиштип подигнал туѓи пари од банкомат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chovekot-pred-nego-ne-se-odjavil-zhitel-na-probishtip-podignal-tugi-pari-od-bankomat/ Tue, 25 Jun 2024 15:19:48 +0000 https://republika.mk/?p=790722

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против З.Т.(59) од Пробиштип кој неовластено подигнал туѓи парични средства од банкомат.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, З.Т. се сомничи дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 04.05.2024 пријавениот, искористувајќи го моментот кога оштетениот од банкомат на банка во Пробиштип не успеал да подигне парични средства и не се одјавил од системот, неовластено од неговата сметка подигнал парични средства во износ од 20.000 денари, стои во соопштението од МВР.

The post Човекот пред него не се одјавил: Жител на Пробиштип подигнал туѓи пари од банкомат appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против З.Т.(59) од Пробиштип кој неовластено подигнал туѓи парични средства од банкомат. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, З.Т. се сомничи дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 04.05.2024 пријавениот, искористувајќи го моментот кога оштетениот од банкомат на банка во Пробиштип не успеал да подигне парични средства и не се одјавил од системот, неовластено од неговата сметка подигнал парични средства во износ од 20.000 денари, стои во соопштението од МВР.

The post Човекот пред него не се одјавил: Жител на Пробиштип подигнал туѓи пари од банкомат appeared first on Република.

]]>
Се појави нов вирус кој за неколку секунди ви ги собира парите од вашата картичка https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-pojavi-nov-virus-koj-za-nekolku-sekundi-vi-gi-sobira-parite-od-vashata-kartichka/ Tue, 11 Jun 2024 19:09:00 +0000 https://republika.mk/?p=786522

Банкоматите низ Европа се цел на нов опасен софтвер. Овој нов вирус тип ги таргетира банкоматите во Европа, наречен „EU ATM Malware“, добива популарност со невидена ефективност од 99%.

Новиот примерок на овој малициозен софтвер е многу ефикасен против голем број банкомати од големи производители. Од еден банкомат за неколку минути може да се подигнат до 30.000 долари.

Присуството на различни режими на работа му овозможува да се прилагоди на специфични цели и услови за напад. Нападите на банкоматите се многу популарни и профитабилни, пред се затоа што веднаш обезбедуваат готовина.

The post Се појави нов вирус кој за неколку секунди ви ги собира парите од вашата картичка appeared first on Република.

]]>

Банкоматите низ Европа се цел на нов опасен софтвер. Овој нов вирус тип ги таргетира банкоматите во Европа, наречен „EU ATM Malware“, добива популарност со невидена ефективност од 99%. Новиот примерок на овој малициозен софтвер е многу ефикасен против голем број банкомати од големи производители. Од еден банкомат за неколку минути може да се подигнат до 30.000 долари. Присуството на различни режими на работа му овозможува да се прилагоди на специфични цели и услови за напад. Нападите на банкоматите се многу популарни и профитабилни, пред се затоа што веднаш обезбедуваат готовина.

The post Се појави нов вирус кој за неколку секунди ви ги собира парите од вашата картичка appeared first on Република.

]]>
Се појави нов вирус кој за неколку секунди ви ги собира парите од вашата картица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-pojavi-nov-virus-koj-za-nekolku-sekundi-vi-gi-sobira-parite-od-vashata-kartitsa/ Mon, 10 Jun 2024 20:10:16 +0000 https://republika.mk/?p=786144

Банкоматите низ Европа се цел на нов опасен софтвер. Овој нов вирус тип ги таргетира банкоматите во Европа, наречен EU ATM Malware, добива популарност со невидена ефективност од 99%.

Новиот примерок на овој малициозен софтвер е многу ефикасен против голем број банкомати од големи производители.Од еден банкомат за неколку минути може да се подигнат до 30.000 долари.

Присуството на различни режими на работа му овозможува да се прилагоди на специфични цели и услови за напад.

Нападите на банкоматите се многу популарни и профитабилни, пред се затоа што веднаш обезбедуваат готовина.

The post Се појави нов вирус кој за неколку секунди ви ги собира парите од вашата картица appeared first on Република.

]]>

Банкоматите низ Европа се цел на нов опасен софтвер. Овој нов вирус тип ги таргетира банкоматите во Европа, наречен EU ATM Malware, добива популарност со невидена ефективност од 99%. Новиот примерок на овој малициозен софтвер е многу ефикасен против голем број банкомати од големи производители.Од еден банкомат за неколку минути може да се подигнат до 30.000 долари. Присуството на различни режими на работа му овозможува да се прилагоди на специфични цели и услови за напад. Нападите на банкоматите се многу популарни и профитабилни, пред се затоа што веднаш обезбедуваат готовина.

The post Се појави нов вирус кој за неколку секунди ви ги собира парите од вашата картица appeared first on Република.

]]>
Со експлозив ограбувал банкомати, па со парите ги плаќал своите рап спотови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/so-eksploziv-ograbuval-bankomati-pa-so-parite-gi-plakal-svoite-rap-spotovi/ Mon, 04 Dec 2023 17:04:33 +0000 https://republika.mk/?p=719622

Рап пејач е уапсен во Грција, обвинет е дека употребил експлозив за да ограби банкомат, а со парите си ги плаќал музички спотови, соопштија грчките власти.

28-годишникот викендов бил уапсен заедно со уште двајца осомничени откако полицијата упадна во имот во близина на Атина.

Во полициската акција полицијата запленила 1,5 килограми експлозив, автоматска пушка М16, четири пиштоли и нешто повеќе од 200.000 евра во готовина.

Портпаролката на тамошната полиција изјавила дека бандата е поврзана со 10 напади на банкомати во повеќе делови на Грција, главно на изолирани локации, а досега украла вкупно околу 710.000 евра.

The post Со експлозив ограбувал банкомати, па со парите ги плаќал своите рап спотови appeared first on Република.

]]>

Рап пејач е уапсен во Грција, обвинет е дека употребил експлозив за да ограби банкомат, а со парите си ги плаќал музички спотови, соопштија грчките власти. 28-годишникот викендов бил уапсен заедно со уште двајца осомничени откако полицијата упадна во имот во близина на Атина. Во полициската акција полицијата запленила 1,5 килограми експлозив, автоматска пушка М16, четири пиштоли и нешто повеќе од 200.000 евра во готовина. Портпаролката на тамошната полиција изјавила дека бандата е поврзана со 10 напади на банкомати во повеќе делови на Грција, главно на изолирани локации, а досега украла вкупно околу 710.000 евра.

The post Со експлозив ограбувал банкомати, па со парите ги плаќал своите рап спотови appeared first on Република.

]]>
Поради банкарска грешка, во Ирска се случи „напад“ на банкомати, луѓето вадеа пари што ги немаат на сметка! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-bankarska-greshka-vo-irska-se-sluchi-napad-na-bankomati-lugeto-vadea-pari-shto-gi-nemaat-na-smetka/ Wed, 16 Aug 2023 12:50:22 +0000 https://republika.mk/?p=672775

Банката на Ирска се соочи со криза откако вчера вечерта илјадници нејзини клиенти се собраа на банкоматите обидувајќи се да го искористат големиот компјутерски дефект.

Дејли Мејл објави дека банката ги известила клиентите во раните попладневни часови дека има проблем со нејзината онлајн апликација за лично банкарство и веб-страницата, откако претходно била преплавена со поплаки од клиенти.

До вечерта, клиентите на банките открија дека можат да подигнат готовина од банкомати иако имаат малку пари на нивните сметки. На властите им беше наложено да ги исчистат редиците надвор од банкоматите додека луѓето стоеја обидувајќи се да ја искористат грешката.

Синоќа илјадници луѓе се наредија пред банкоматите за да подигнат пари што ги немаат на сметките.

Во некои случаи, грешка во онлајн апликацијата им дозволуваше на луѓето без пари на нивната сметка да префрлат до 1.000 евра на сметка на Revolut.

Тие потоа можеа да ја подигнат готовина од нивната сметка на Revolut преку кој било банкомат.
Како што вестите и видеата брзо се раширија на социјалните мрежи, избезуменото повлекување готовина продолжи во Даблин, Лимерик и Наван се додека полицајците не ги запреа, и покрај предупредувањата дека не постои бесплатна готовина и дека сите пари ќе мора да се вратат.

The post Поради банкарска грешка, во Ирска се случи „напад“ на банкомати, луѓето вадеа пари што ги немаат на сметка! appeared first on Република.

]]>

Банката на Ирска се соочи со криза откако вчера вечерта илјадници нејзини клиенти се собраа на банкоматите обидувајќи се да го искористат големиот компјутерски дефект. Дејли Мејл објави дека банката ги известила клиентите во раните попладневни часови дека има проблем со нејзината онлајн апликација за лично банкарство и веб-страницата, откако претходно била преплавена со поплаки од клиенти. До вечерта, клиентите на банките открија дека можат да подигнат готовина од банкомати иако имаат малку пари на нивните сметки. На властите им беше наложено да ги исчистат редиците надвор од банкоматите додека луѓето стоеја обидувајќи се да ја искористат грешката. Синоќа илјадници луѓе се наредија пред банкоматите за да подигнат пари што ги немаат на сметките. Во некои случаи, грешка во онлајн апликацијата им дозволуваше на луѓето без пари на нивната сметка да префрлат до 1.000 евра на сметка на Revolut. Тие потоа можеа да ја подигнат готовина од нивната сметка на Revolut преку кој било банкомат. Како што вестите и видеата брзо се раширија на социјалните мрежи, избезуменото повлекување готовина продолжи во Даблин, Лимерик и Наван се додека полицајците не ги запреа, и покрај предупредувањата дека не постои бесплатна готовина и дека сите пари ќе мора да се вратат.

The post Поради банкарска грешка, во Ирска се случи „напад“ на банкомати, луѓето вадеа пари што ги немаат на сметка! appeared first on Република.

]]>
Надминат е проблемот со картичките на „Виза“ и „МастерКард“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nadminat-e-problemot-so-kartichkite-na-viza-i-masterkard/ Thu, 27 Jul 2023 15:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=665960

Надминат е проблемот поврзан со картичките на „Виза“ и „МастерКард“, соопштија од Македонската банкарска асоцијација.

Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за трпението и разбирањето, стои во соопштението.

Од Македонската банкарска асоцијација денеска информираа дека дел од услугите поврзани со картичните брендови „Виза“ и „МастерКард“ се недостапни на банкомат или во трговија, но дека средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

Како што информираа, причината за проблемот не била поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.

The post Надминат е проблемот со картичките на „Виза“ и „МастерКард“ appeared first on Република.

]]>

Надминат е проблемот поврзан со картичките на „Виза“ и „МастерКард“, соопштија од Македонската банкарска асоцијација.
Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за трпението и разбирањето, стои во соопштението.
Од Македонската банкарска асоцијација денеска информираа дека дел од услугите поврзани со картичните брендови „Виза“ и „МастерКард“ се недостапни на банкомат или во трговија, но дека средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали. Како што информираа, причината за проблемот не била поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.

The post Надминат е проблемот со картичките на „Виза“ и „МастерКард“ appeared first on Република.

]]>
Како на филм: Банкоматот во Бутел го кренале во воздух но не ги зеле парите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kako-na-film-bankomatot-vo-butel-go-krenale-vo-vozduh-no-ne-gi-zele-parite/ Tue, 06 Jun 2023 16:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=648548

На 06.06.2023 во 03.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале.

Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица.

Во тек е увид од полициски службеници во координација со ОЈО и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Како на филм: Банкоматот во Бутел го кренале во воздух но не ги зеле парите appeared first on Република.

]]>

На 06.06.2023 во 03.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале. Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица.
Во тек е увид од полициски службеници во координација со ОЈО и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Како на филм: Банкоматот во Бутел го кренале во воздух но не ги зеле парите appeared first on Република.

]]>
Три возила оштетени од експлозијата на банкомат во Бутел, ова се деталите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-vozila-oshteteni-od-eksplozijata-na-bankomat-vo-butel-ova-se-detalite/ Tue, 06 Jun 2023 09:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=648327

Експлозивна направа поставена на банкомат во Бутел утрово е детонирана при што оштетени се три возила.

Од МВР за МИА информираат дека утрово во 3:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале.

Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

 

The post Три возила оштетени од експлозијата на банкомат во Бутел, ова се деталите appeared first on Република.

]]>

Експлозивна направа поставена на банкомат во Бутел утрово е детонирана при што оштетени се три возила. Од МВР за МИА информираат дека утрово во 3:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале.
Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
 

The post Три возила оштетени од експлозијата на банкомат во Бутел, ова се деталите appeared first on Република.

]]>
Со експлозив разнесен банкомат во Бутел, полицијата е на терен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-eksploziv-raznesen-bankomat-vo-butel-politsijata-e-na-teren/ Tue, 06 Jun 2023 07:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=648245

Утрово во скопската населба бутел со експлозив бил разнесен банкомат. Инцидентот се случил улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, а засега нема информации за повредени.

Како што велат очевидци, полицијата е на терен и во моментов се врши увид на местото на настанот.

Банкоматот на кој бил поставен експлозивот бил на „НЛБ банка“.

The post Со експлозив разнесен банкомат во Бутел, полицијата е на терен appeared first on Република.

]]>

Утрово во скопската населба бутел со експлозив бил разнесен банкомат. Инцидентот се случил улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, а засега нема информации за повредени. Како што велат очевидци, полицијата е на терен и во моментов се врши увид на местото на настанот. Банкоматот на кој бил поставен експлозивот бил на „НЛБ банка“.

The post Со експлозив разнесен банкомат во Бутел, полицијата е на терен appeared first on Република.

]]>
Град на Балканот доби банкомат за биткоини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grad-na-balkanot-dobi-bankomat-za-bitkoini/ Sun, 12 Feb 2023 10:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=607953

Босанската престолнина Сараево доби банкомат за биткоин. Банкоматот е отворен во центарот на градот.

Преку банкоматот е можно брзо и лесно менување на криптовалутите BTC, ETH, LTC и USDT во готовина и готовина во криптовалута, а се поддржува и работа во домашна валута, пренесува Индикатор.ба.

Мрежата на биткоин банкомати „Shitcoins.club“ почна во мај 2017 година, а првиот банкомат за криптовалути е отворен во Полска каде што корисниците можеа да купуваат или да продаваат криптовалути за готовина. Сега компанијата има свои банкомати во скоро цела Европа и продолжува да се шири.

Оданочувањето на трговијата со криптовалути сè уште не е дефинирано со Законот за ДДВ во Босна и Херцеговина.

Јануари беше најдобриот месец на биткоин од октомври 2021 година и неговиот најдобар јануари од 2013 година.

The post Град на Балканот доби банкомат за биткоини appeared first on Република.

]]>

Босанската престолнина Сараево доби банкомат за биткоин. Банкоматот е отворен во центарот на градот. Преку банкоматот е можно брзо и лесно менување на криптовалутите BTC, ETH, LTC и USDT во готовина и готовина во криптовалута, а се поддржува и работа во домашна валута, пренесува Индикатор.ба. Мрежата на биткоин банкомати „Shitcoins.club“ почна во мај 2017 година, а првиот банкомат за криптовалути е отворен во Полска каде што корисниците можеа да купуваат или да продаваат криптовалути за готовина. Сега компанијата има свои банкомати во скоро цела Европа и продолжува да се шири. Оданочувањето на трговијата со криптовалути сè уште не е дефинирано со Законот за ДДВ во Босна и Херцеговина. Јануари беше најдобриот месец на биткоин од октомври 2021 година и неговиот најдобар јануари од 2013 година.

The post Град на Балканот доби банкомат за биткоини appeared first on Република.

]]>
Неколку лица со закана со оружје нападнале чувар и запалиле банкомати во Топанско Поле https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nekolku-lica-so-zakana-so-oruzje-napadnale-chuvar-i-zapalile-bankomati-vo-topansko-pole/ Wed, 07 Dec 2022 10:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=582894

Неколку лица со закана со оружје утринава во деловен објект во Скопје нападнале чувар, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект.

Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на ул.„М.К.Бригада“ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот Ш.М. Потоа, запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект, информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Неколку лица со закана со оружје нападнале чувар и запалиле банкомати во Топанско Поле appeared first on Република.

]]>

Неколку лица со закана со оружје утринава во деловен објект во Скопје нападнале чувар, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на ул.„М.К.Бригада“ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот Ш.М. Потоа, запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект, информираат од МВР. Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Неколку лица со закана со оружје нападнале чувар и запалиле банкомати во Топанско Поле appeared first on Република.

]]>
Европол: Драматично зголемен бројот на грабежи на банкомати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropol-dramatichno-zgolemen-brojot-na-grabezi-na-bankomati/ Sun, 23 Oct 2022 11:27:25 +0000 https://republika.mk/?p=564586

Бројот на напади на банкомати во Европа драстично расте, утврди Европол, пренесува ДПА.

Видовите на употребените експлозиви се исто така сè помоќни и опасни, изјави портпаролката на Европол, Клер Жорж за ДПА.

„Исклучително моќни експлозиви се користат сè почесто, предизвикувајќи дури и уривање на згради и убивање на невини луѓе“, рече таа.

Таа рече дека полицијата го идентификувала овој растечки тренд во многу европски земји, вклучително и Германија, јужна Европа и балтичките земји.

Нападите се извршени од криминални банди кои се специјализирани за такви експлозии и дејствуваат на меѓународно ниво, рече таа.

Германската полиција забележала 287 напади на банкомати, додека лани имало 268. Се очекува годинава да има повеќе.

До септември холандската полиција забележала ист број напади на банкомати како и целата претходна година и покрај намалувањето на бројот на банкомати.

The post Европол: Драматично зголемен бројот на грабежи на банкомати appeared first on Република.

]]>

Бројот на напади на банкомати во Европа драстично расте, утврди Европол, пренесува ДПА. Видовите на употребените експлозиви се исто така сè помоќни и опасни, изјави портпаролката на Европол, Клер Жорж за ДПА.
„Исклучително моќни експлозиви се користат сè почесто, предизвикувајќи дури и уривање на згради и убивање на невини луѓе“, рече таа.
Таа рече дека полицијата го идентификувала овој растечки тренд во многу европски земји, вклучително и Германија, јужна Европа и балтичките земји. Нападите се извршени од криминални банди кои се специјализирани за такви експлозии и дејствуваат на меѓународно ниво, рече таа. Германската полиција забележала 287 напади на банкомати, додека лани имало 268. Се очекува годинава да има повеќе. До септември холандската полиција забележала ист број напади на банкомати како и целата претходна година и покрај намалувањето на бројот на банкомати.

The post Европол: Драматично зголемен бројот на грабежи на банкомати appeared first on Република.

]]>
Поставена бомба во банкомат во атинска болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/postavena-bomba-vo-bankomat-vo-atinska-bolnica/ Thu, 07 Jul 2022 10:28:49 +0000 https://republika.mk/?p=525265

Четири непознати лица, облечени како лекари, со маски, околу четири часот и 30 минути утрово поставиле експлозивна направа во банкомат што се наоѓа во внатрешноста на атинска болница, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според објавените информации, од експлозијата е предизвикана материјална штета, но нема повредени. С торителите не ги земале парите од банкоматот и веднаш по експлозијата побегнале.

Половина час пред експлозијата во болницата, експлозија имало и пред локалната канцеларија на службата за јавни приходи во населба во северниот дел на Атина, каде што, според АНА-МПА, била предизвикана материјална штета на фасадата на објектот.

The post Поставена бомба во банкомат во атинска болница appeared first on Република.

]]>

Четири непознати лица, облечени како лекари, со маски, околу четири часот и 30 минути утрово поставиле експлозивна направа во банкомат што се наоѓа во внатрешноста на атинска болница, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според објавените информации, од експлозијата е предизвикана материјална штета, но нема повредени. С торителите не ги земале парите од банкоматот и веднаш по експлозијата побегнале. Половина час пред експлозијата во болницата, експлозија имало и пред локалната канцеларија на службата за јавни приходи во населба во северниот дел на Атина, каде што, според АНА-МПА, била предизвикана материјална штета на фасадата на објектот.

The post Поставена бомба во банкомат во атинска болница appeared first on Република.

]]>
Експлозија во банкомат во атинска болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eksplozija-vo-bankomat-vo-atinska-bolnica/ Thu, 07 Jul 2022 07:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=525132

Четири непознати лица, облечени како лекари, со маски, околу четири часот и 30 минути утрово поставиле експлозивна направа во банкомат што се наоѓа во внатрешноста на атинска болница, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите информации, од експлозијата е предизвикана материјална штета, нема повредени, а сторителите не ги земале парите од банкоматот и веднаш по експлозијата побегнале.

Половина час пред експлозијата во болницата, експлозија имало и пред локалната канцеларија на службата за јавни приходи во населба во северниот дел на Атина, каде што, според АНА-МПА, била предизвикана материјална штета на фасадата на објектот.

The post Експлозија во банкомат во атинска болница appeared first on Република.

]]>

Четири непознати лица, облечени како лекари, со маски, околу четири часот и 30 минути утрово поставиле експлозивна направа во банкомат што се наоѓа во внатрешноста на атинска болница, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите информации, од експлозијата е предизвикана материјална штета, нема повредени, а сторителите не ги земале парите од банкоматот и веднаш по експлозијата побегнале. Половина час пред експлозијата во болницата, експлозија имало и пред локалната канцеларија на службата за јавни приходи во населба во северниот дел на Атина, каде што, според АНА-МПА, била предизвикана материјална штета на фасадата на објектот.

The post Експлозија во банкомат во атинска болница appeared first on Република.

]]>
Внимавајте кога подигате пари: Се запали банкомат во Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vnimavajte-koga-podigate-pari-se-zapali-bankomat-vo-kochani/ Mon, 23 May 2022 15:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=506070

На 25.05.2022 во 09:45 часот во ОВР Кочани, К.Д.(55) од Кочани пријавила дека настанал пожар во банкомат на улица „Маршал Тито“. Екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани го изгаснала пожарот. Увид бил извршен.

The post Внимавајте кога подигате пари: Се запали банкомат во Кочани appeared first on Република.

]]>

На 25.05.2022 во 09:45 часот во ОВР Кочани, К.Д.(55) од Кочани пријавила дека настанал пожар во банкомат на улица „Маршал Тито“. Екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани го изгаснала пожарот. Увид бил извршен.

The post Внимавајте кога подигате пари: Се запали банкомат во Кочани appeared first on Република.

]]>