банкарска гаранција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bankarska-garancija/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Dec 2023 08:14:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png банкарска гаранција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bankarska-garancija/ 32 32 Банкарската гаранција за ХЕЦ „Чебрен“ истекува до крајот на годинава, неизвесноста околу проектот продолжува https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bankarskata-garantsija-za-hets-chebren-istekuva-do-krajot-na-godinava-neizvesnosta-okolu-proektot-prodolzhuva/ Sun, 17 Dec 2023 08:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=723828

Продолжува неизвесноста околу проектот ХЕЦ „Чебрен“. Министерството за животна средина го продолжи рокот за склучување на договорот и сега останува на грчката страна да се изјасни што понатаму.

Во телефонски разговор за „Канал 5“ министерката за животна средина Каја Шукова, вели дека банкарската гаранција на грчката компанија Архиродон е со важност до крајот на годината. Доколку ја продолжат, процесот ќе продолжи и ќе се пристапи кон склучување на Договорот за заедничко вложување и основање на акционерско друштво со ЕСМ.

Се жалеа на содржината на одлуката, бидејќи согласно законот за води прво мора да добиете Дозвола за води, а потоа да се потпише Договор за концесија, а тие сметаат дека прво треба да се потпише Договор за концесија, а потоа да продолжи постапката понатаму. Но, ние се држиме на она што го регулираат нашите закони и за истото ќе биде информирана компанијата. Нивната банкарска гаранција е до крајот на годината и ако ја продолжат ќе значи дека ќе продолжи процесот, ако не се продолжи банкарската гаранција, автоматски ќе се прекине процесот. До крај на година ќе имаме некакви информации во која насока ќе оди постапката“, изјави Шукова.

Во меѓувреме, експертите не отстапуваат од барањето проектот да се стопира. Според нив жалбите на грчката компанија се оправдани и се дел од тоа за кое и тие предупредувале. Очекуваат дека некоја од институциите кон кои поднесоа претставка пред некој ден ќе постапат и ќе го запрат проектот.

Константитн Димитров од здружението на инженери вели дека остануваат на ставот – Чебрен да не се дава на странски инвеститор, туку да го гради државата.

Барањето на тој што конкурирал веројатно е оправдано по тие точки, но и тендерот не е усогласен со повиците и законските одредби кај нас. Ние баравме да се испита легитимноста на вакви неусогласени работи. Сите сме загрижени, дека наместо да се пристапи сериозно од сите аспекти, ние даваме да ни владее врз државата, става рака друга држава. ЕСМ е држава, препуштат друга држава да ти води и раководи, суверенитетот го напушташ на некој начин. Ако еднаш едно кралство падне, веќе не може да се подигне“, вели Константин Димитров, професор за енергетика.

Владата по повеќе од 3 децении и 13 неуспешни тендери, во септември годинава донесе одлука преку јавно приватно партнерство да се реализира хидроцентралата Чебрен.
Проектот треба да чини 1 милијарда евра, пари кои ќе ги вложи концесионерот грчки Архиродон. Обврска на земјава е да го даде ХЕЦ Тиквеш како удел кога Чебрен ќе почне со работа, а за возврат Македонија ќе добие 33 % од сопственоста.

The post Банкарската гаранција за ХЕЦ „Чебрен“ истекува до крајот на годинава, неизвесноста околу проектот продолжува appeared first on Република.

]]>

Продолжува неизвесноста околу проектот ХЕЦ „Чебрен“. Министерството за животна средина го продолжи рокот за склучување на договорот и сега останува на грчката страна да се изјасни што понатаму. Во телефонски разговор за „Канал 5“ министерката за животна средина Каја Шукова, вели дека банкарската гаранција на грчката компанија Архиродон е со важност до крајот на годината. Доколку ја продолжат, процесот ќе продолжи и ќе се пристапи кон склучување на Договорот за заедничко вложување и основање на акционерско друштво со ЕСМ.
Се жалеа на содржината на одлуката, бидејќи согласно законот за води прво мора да добиете Дозвола за води, а потоа да се потпише Договор за концесија, а тие сметаат дека прво треба да се потпише Договор за концесија, а потоа да продолжи постапката понатаму. Но, ние се држиме на она што го регулираат нашите закони и за истото ќе биде информирана компанијата. Нивната банкарска гаранција е до крајот на годината и ако ја продолжат ќе значи дека ќе продолжи процесот, ако не се продолжи банкарската гаранција, автоматски ќе се прекине процесот. До крај на година ќе имаме некакви информации во која насока ќе оди постапката“, изјави Шукова.
Во меѓувреме, експертите не отстапуваат од барањето проектот да се стопира. Според нив жалбите на грчката компанија се оправдани и се дел од тоа за кое и тие предупредувале. Очекуваат дека некоја од институциите кон кои поднесоа претставка пред некој ден ќе постапат и ќе го запрат проектот. Константитн Димитров од здружението на инженери вели дека остануваат на ставот – Чебрен да не се дава на странски инвеститор, туку да го гради државата.
Барањето на тој што конкурирал веројатно е оправдано по тие точки, но и тендерот не е усогласен со повиците и законските одредби кај нас. Ние баравме да се испита легитимноста на вакви неусогласени работи. Сите сме загрижени, дека наместо да се пристапи сериозно од сите аспекти, ние даваме да ни владее врз државата, става рака друга држава. ЕСМ е држава, препуштат друга држава да ти води и раководи, суверенитетот го напушташ на некој начин. Ако еднаш едно кралство падне, веќе не може да се подигне“, вели Константин Димитров, професор за енергетика.
Владата по повеќе од 3 децении и 13 неуспешни тендери, во септември годинава донесе одлука преку јавно приватно партнерство да се реализира хидроцентралата Чебрен. Проектот треба да чини 1 милијарда евра, пари кои ќе ги вложи концесионерот грчки Архиродон. Обврска на земјава е да го даде ХЕЦ Тиквеш како удел кога Чебрен ќе почне со работа, а за возврат Македонија ќе добие 33 % од сопственоста.

The post Банкарската гаранција за ХЕЦ „Чебрен“ истекува до крајот на годинава, неизвесноста околу проектот продолжува appeared first on Република.

]]>
Газда на скопска фирма фалсификувал банкарска гаранција за државно земјиште во Пробиштип https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gazda-na-skopska-firma-falsifikuval-bankarska-garancija-za-drzavno-zemjishte-vo-probishtip/ Wed, 14 Dec 2022 17:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=585705

ОВР Пробиштип поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје и управителот М.Ш.(39), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство, соопшти МВР.

Пријавеното правно лице и одговорното лице во текот на мај 2022 година, по пат на електронско јавно наддавање биле избрани за најповолен понудувач за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РСМ. Но, тие не го уплатиле целокупниот износ поради што Општина Пробиштип била принудена да ја активира банкарската гаранција. При активирање на гаранцијата, Општината била известена дека во банката не постои банкарска гаранција, односно банкарската гаранција била фалсификувана“, се вели во полициското соопштение.

На тој начин, Општина Пробиштип од пријавените не успеала да го наплати своето побарување, при што ѝ е причинета материјална штета во вкупен износ од 932.400 денари (околу 15.000 евра).

The post Газда на скопска фирма фалсификувал банкарска гаранција за државно земјиште во Пробиштип appeared first on Република.