банди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bandi/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jan 2024 12:45:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png банди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bandi/ 32 32 Бандитски приказни од Гостивар: Бегајќи од насилници, со возилото ги покосил, а подоцна и самиот е уапсен за насилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/banditski-prikazni-od-gostivar-begajki-od-nasilnitsi-so-voziloto-gi-pokosil-a-podotsna-i-samiot-e-uapsen-za-nasilstvo/ Mon, 29 Jan 2024 17:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=738293

На 28 јануари во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М.И.(25) и Ј.К.(35), двајцата од гостиварски Добри Дол.

Според пријавеното, околу 05.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ тие со патничко возило „опел корса“ му го попречиле патот и физички го нападнале В.Ф.(29) од
Гостивар, по што со употреба на сила се обиделе да го извлечат од неговото патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Како што е
пријавено, при обид да побегне, В.Ф. со возилото тргнал назад и со отворената возачка врата ги соборил напаѓачите, а притоа го оштетил неговото возило, велат од СВР Тетово.

Во врска со настанот, во 16.00 часот во ОВР Гостивар, С.С.(35) од Гостивар пријавил дека околу 12 часот во неговиот дом дошле В.Ф. и И.Ј., физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле пари. ОД полиција велат дека В.Ф., исто така, бил лишен од слобода и по расчистување на случајот против инволвираните ќе следува соодветна пријава.

The post Бандитски приказни од Гостивар: Бегајќи од насилници, со возилото ги покосил, а подоцна и самиот е уапсен за насилство appeared first on Република.

]]>

На 28 јануари во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М.И.(25) и Ј.К.(35), двајцата од гостиварски Добри Дол. Според пријавеното, околу 05.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ тие со патничко возило „опел корса“ му го попречиле патот и физички го нападнале В.Ф.(29) од Гостивар, по што со употреба на сила се обиделе да го извлечат од неговото патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Како што е пријавено, при обид да побегне, В.Ф. со возилото тргнал назад и со отворената возачка врата ги соборил напаѓачите, а притоа го оштетил неговото возило, велат од СВР Тетово. Во врска со настанот, во 16.00 часот во ОВР Гостивар, С.С.(35) од Гостивар пријавил дека околу 12 часот во неговиот дом дошле В.Ф. и И.Ј., физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле пари. ОД полиција велат дека В.Ф., исто така, бил лишен од слобода и по расчистување на случајот против инволвираните ќе следува соодветна пријава.

The post Бандитски приказни од Гостивар: Бегајќи од насилници, со возилото ги покосил, а подоцна и самиот е уапсен за насилство appeared first on Република.

]]>
По притисокот на родителите за бандите што хараат по Дебар Маало, градоначалникот и МВР ветија повеќе патроли https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/po-pritisokot-na-roditelite-za-badite-shto-haraat-po-debar-maalo-gradonachalnikot-i-mvr-vetija-poveke-patroli/ Sat, 16 Sep 2023 07:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=682338

По реакција на поголем број на родители, наши граѓани, по последните немили настани изминативе неколку деноа и неколку недели, во координација со МВР одлучивме да се засилат полициски присуства во Општина Центар, вети вчера градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на заедничка изјава за медиумите со портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски.

Вети дека во следниот период ќе има засилени полициски контроли, присуство на полиција околу Дебар Маало, но и низ целата Општина Центар со цел на превенција од насилство и деликвенција која често се случува во ноќните часови.

https://republika.mk/vesti/skopje/banda-maloletnitsi-napagaat-i-ograbuvaat-detsa-niz-debar-maalo-roditelite-zagrizheni/

Се договоривме уште повеќе да ја интензивираме и координацијата, и комуникацијата со цел, пред се, превенција на немилите настани, изјави Герасимовски.

Тој апелираше до граѓаните што побрзо да пријават и да алармираат можни нарушувања на јавниот ред и мир во МВР кои мораат навремено да реагираат, а на родителите им порача будно да ги следат децата и да работат со нив на превенција од насилство, алкохолизирање и најважно, злоупотреба на дрога која, како што посочи, е огромна опасност кај најмладите.

Според Ангеловски, МВР презема низа мерки и активности за зголемување на безбедноста на граѓаните и дека се работи на превентивен, но и на репресивен план. Според нивните статистики - сето тоа дава резултати.

Како што пишуваше „Република“, родителите се загрижени и реагираат за безбедноста на своите деца поради добро организирана банда на малолетници што напаѓа, малтретира и ограбува деца низ Дебар Маало.

Групата делува така што таргетира некој што во моментот е сам или помало друштво, заплашува и го напаѓа оној што нема да успее да им побегне. Доаѓаат организирано со повозрасни лица кои ги оставаат да хараат низ Дебар Маало, кај Градежен, во Градски парк и кафулињата и сендвичарите каде најчесто се собираат помлади. Често во себе носат и ладно оружје.

Мајка на едно од децата кои досега било нападнато во близина на Дрвен град, предупредува за насилството со кое се соочуваат децата.

После точно една недела од нападот на моето дете, вчера истата група беше забележана на Дрвен околу 22:00 часот и веднаш реагиравме, пријавивме во полиција, го викнавме син ми да ги идентификува, но за жал беше предоцна, односно групата се разбега, раскажува таа.

Дека не се чувствуваат најбезбедно да излегуваат и да се дружат низ дебармаалските улици, сведочи и млад тинејџер, кој откако бил сведок на извлекување на нож кај „Силбо“, вели сега поретко излегува навечер.

Да не стигне до тоа децата кои живеат таму веќе да не можат слободно да излегуваат на своите улици, да играат и да се дружат, родителите од едно центарско училиште на состанок со надлежните потпишале петиција со барање за редовни полициски патроли на „клучните точки“. Таа ќе биде испратена и до полициските командири, министерот за внатрешни работи и премиерот.

Посакуваме полицијата малку да ги повлече групите зошто ако ова продолжи овие „изолирани“ инциденти може да прераснат во поголем конфликт, се вели во заклучокот од родителската средба.

Забележан беше и друг вознемирувачки инцидент, кога тригодишно дете било нападнато од педофил додека си играло со други деца на детско игралиште во Дебар маало.

Инцидентот се случил во вечерните часови. Случајот е пријавен во полиција, а педофилот е приведен.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-pedofil-vo-tsentar-dopiral-dete/

Педофилот видно алкохолизиран го дофатил детето и успеал да му ги соблече и панталоните , но за среќа негово другарче истрчало и ја повикало мајката која повикала полиција.

The post По притисокот на родителите за бандите што хараат по Дебар Маало, градоначалникот и МВР ветија повеќе патроли appeared first on Република.

]]>

По реакција на поголем број на родители, наши граѓани, по последните немили настани изминативе неколку деноа и неколку недели, во координација со МВР одлучивме да се засилат полициски присуства во Општина Центар, вети вчера градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на заедничка изјава за медиумите со портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски. Вети дека во следниот период ќе има засилени полициски контроли, присуство на полиција околу Дебар Маало, но и низ целата Општина Центар со цел на превенција од насилство и деликвенција која често се случува во ноќните часови. https://republika.mk/vesti/skopje/banda-maloletnitsi-napagaat-i-ograbuvaat-detsa-niz-debar-maalo-roditelite-zagrizheni/
Се договоривме уште повеќе да ја интензивираме и координацијата, и комуникацијата со цел, пред се, превенција на немилите настани, изјави Герасимовски.
Тој апелираше до граѓаните што побрзо да пријават и да алармираат можни нарушувања на јавниот ред и мир во МВР кои мораат навремено да реагираат, а на родителите им порача будно да ги следат децата и да работат со нив на превенција од насилство, алкохолизирање и најважно, злоупотреба на дрога која, како што посочи, е огромна опасност кај најмладите. Според Ангеловски, МВР презема низа мерки и активности за зголемување на безбедноста на граѓаните и дека се работи на превентивен, но и на репресивен план. Според нивните статистики - сето тоа дава резултати. Како што пишуваше „Република“, родителите се загрижени и реагираат за безбедноста на своите деца поради добро организирана банда на малолетници што напаѓа, малтретира и ограбува деца низ Дебар Маало. Групата делува така што таргетира некој што во моментот е сам или помало друштво, заплашува и го напаѓа оној што нема да успее да им побегне. Доаѓаат организирано со повозрасни лица кои ги оставаат да хараат низ Дебар Маало, кај Градежен, во Градски парк и кафулињата и сендвичарите каде најчесто се собираат помлади. Често во себе носат и ладно оружје. Мајка на едно од децата кои досега било нападнато во близина на Дрвен град, предупредува за насилството со кое се соочуваат децата.
После точно една недела од нападот на моето дете, вчера истата група беше забележана на Дрвен околу 22:00 часот и веднаш реагиравме, пријавивме во полиција, го викнавме син ми да ги идентификува, но за жал беше предоцна, односно групата се разбега, раскажува таа.
Дека не се чувствуваат најбезбедно да излегуваат и да се дружат низ дебармаалските улици, сведочи и млад тинејџер, кој откако бил сведок на извлекување на нож кај „Силбо“, вели сега поретко излегува навечер. Да не стигне до тоа децата кои живеат таму веќе да не можат слободно да излегуваат на своите улици, да играат и да се дружат, родителите од едно центарско училиште на состанок со надлежните потпишале петиција со барање за редовни полициски патроли на „клучните точки“. Таа ќе биде испратена и до полициските командири, министерот за внатрешни работи и премиерот.
Посакуваме полицијата малку да ги повлече групите зошто ако ова продолжи овие „изолирани“ инциденти може да прераснат во поголем конфликт, се вели во заклучокот од родителската средба.
Забележан беше и друг вознемирувачки инцидент, кога тригодишно дете било нападнато од педофил додека си играло со други деца на детско игралиште во Дебар маало. Инцидентот се случил во вечерните часови. Случајот е пријавен во полиција, а педофилот е приведен. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-pedofil-vo-tsentar-dopiral-dete/ Педофилот видно алкохолизиран го дофатил детето и успеал да му ги соблече и панталоните , но за среќа негово другарче истрчало и ја повикало мајката која повикала полиција.

The post По притисокот на родителите за бандите што хараат по Дебар Маало, градоначалникот и МВР ветија повеќе патроли appeared first on Република.

]]>
Видео кое го обиколи светот: Новито мега-затвор во Ел Салвадор ги прими првите 2.000 затвореници – членови на банди, убијци, дилери, крадци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/video-koe-go-obikoli-svetot-novito-mega-zatvor-vo-el-salvador-gi-primi-prvite-2-000-zatvorenitsi-chlenovi-na-bandi-ubijtsi-dileri-kradtsi/ Sun, 26 Feb 2023 21:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=613485

Во голема операција на салвадорските затворски власти, преместени се две илјади затвореници. Убијци, дилери, крадци, со избричени глави и боси нозе тргнаа со автобуси до нивниот нов дом. Целата рута по која патувале била постојано следена од воздух со полициски хеликоптер.

Последна станица - Теколука. Огромен новоизграден затворски комплекс од највисоко ниво на безбедност, наменет за 40 илјади затвореници.

Претседателот Најиб Букела го посети објектот минатиот месец.

Порано, затворените членови на бандите имаа проститутки, телевизори, конзоли за игри, дрога, мобилни телефони, компјутери, а чуварите и војниците спиеја на подот“, изјави тој.

Затворот е составен од осум армирано-бетонски згради. Секоја има 32 ќелии од по околу сто квадратни метри. Во секоја има по 80 метални кревети за околу стотина затвореници. Ќе ги напуштат ќелиите само во случај на судски рочишта и тоа преку видео конференција или ако бидат казнети со самица. Секое движење ќе го следат десетици камери, 600 вооружени војници и 250 полицајци. Околу комплексот е изграден ѕид од два километри и висок 11 метри со седум караули.

Овде ќе гарантираме дека сите оние луѓе кои со децении предизвикуваат зло и убиваат семејства од Салвадор ќе бидат на место од кое нема да можат да заминат“, изјави министерот за јавни работи, Ромео Родригез.

https://www.youtube.com/watch?v=pTeXlJLXkpQ&embeds_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Затворот е изграден за само седум месеци, откако бројот на затвореници во земјата драстично се зголеми. Тоа беше последица на големата војна против бандите, која претседателот Букела ја водеше на крајот на март. Воведена е вонредна состојба, а уапсени се повеќе од 64 илјади осомничени.

Здруженијата за човекови права предупредуваат дека меѓу уапсените има и невини граѓани, но жителите на Салвадор не се противат на акцијата. Во земја каде што речиси два отсто од населението е во затвор, војната на претседателот против криминалот ја поддржуваат дури 92 отсто од населението.

https://republika.mk/vesti/svet/bez-milost-za-chlenovite-na-zloglasnata-banda-el-salvador-naredi-brutalen-tretman-na-zatvorenici-po-branot-ubistva/

The post Видео кое го обиколи светот: Новито мега-затвор во Ел Салвадор ги прими првите 2.000 затвореници – членови на банди, убијци, дилери, крадци appeared first on Република.

]]>

Во голема операција на салвадорските затворски власти, преместени се две илјади затвореници. Убијци, дилери, крадци, со избричени глави и боси нозе тргнаа со автобуси до нивниот нов дом. Целата рута по која патувале била постојано следена од воздух со полициски хеликоптер. Последна станица - Теколука. Огромен новоизграден затворски комплекс од највисоко ниво на безбедност, наменет за 40 илјади затвореници. Претседателот Најиб Букела го посети објектот минатиот месец.
Порано, затворените членови на бандите имаа проститутки, телевизори, конзоли за игри, дрога, мобилни телефони, компјутери, а чуварите и војниците спиеја на подот“, изјави тој.
Затворот е составен од осум армирано-бетонски згради. Секоја има 32 ќелии од по околу сто квадратни метри. Во секоја има по 80 метални кревети за околу стотина затвореници. Ќе ги напуштат ќелиите само во случај на судски рочишта и тоа преку видео конференција или ако бидат казнети со самица. Секое движење ќе го следат десетици камери, 600 вооружени војници и 250 полицајци. Околу комплексот е изграден ѕид од два километри и висок 11 метри со седум караули.
Овде ќе гарантираме дека сите оние луѓе кои со децении предизвикуваат зло и убиваат семејства од Салвадор ќе бидат на место од кое нема да можат да заминат“, изјави министерот за јавни работи, Ромео Родригез.
https://www.youtube.com/watch?v=pTeXlJLXkpQ&embeds_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Затворот е изграден за само седум месеци, откако бројот на затвореници во земјата драстично се зголеми. Тоа беше последица на големата војна против бандите, која претседателот Букела ја водеше на крајот на март. Воведена е вонредна состојба, а уапсени се повеќе од 64 илјади осомничени. Здруженијата за човекови права предупредуваат дека меѓу уапсените има и невини граѓани, но жителите на Салвадор не се противат на акцијата. Во земја каде што речиси два отсто од населението е во затвор, војната на претседателот против криминалот ја поддржуваат дури 92 отсто од населението. https://republika.mk/vesti/svet/bez-milost-za-chlenovite-na-zloglasnata-banda-el-salvador-naredi-brutalen-tretman-na-zatvorenici-po-branot-ubistva/

The post Видео кое го обиколи светот: Новито мега-затвор во Ел Салвадор ги прими првите 2.000 затвореници – членови на банди, убијци, дилери, крадци appeared first on Република.

]]>
Хаити бара распоредување меѓународни сили за да се справи со бандите и демонстрантите во земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/haiti-bara-rasporeduvanje-megjunarodni-sili-za-da-se-spravi-so-bandite-i-demonstrantite-vo-zemjata/ Sat, 08 Oct 2022 07:36:31 +0000 https://republika.mk/?p=558661

Владата на Хаити одлучи да побара помош од меѓународни трупи откако банди и демонстранти ја парализираа државата.

Премиерот на Хаити, Ариел Анри апелираше до меѓународните партнери „веднаш да распоредат специјализирани вооружени сили, во доволен број“, за да се запре кризата ширум земјата, делумно предизвикана од „криминалните дејствија на вооружените банди“.

Во документот што го објави Владата, а кој го потпишаа премиерот и 18 функционери, се посочува дека ситуацијата е критична и дека на Хаити му се заканува „хуманитарна криза“, која може да ги загрози животите на илјадници луѓе бидејќи се намалуваат залихите на вода, гориво и основни производи.

Императив е да се рестартираат активностите за да се избегне целосно задушување на националната економија - се наведува во документот.

Амбасадата на САД вчера ги повика своите граѓани да го напуштат Хаити поради здравствената и безбедносната криза на островот.

Хаити се соочува со хронични проблеми со насилство и блокада на пристаништата од криминални банди, економска и политичка криза и граѓански немири низ островот ескалираа откако властите на 11 септември објавија крај на владините субвенции за гориво, што доведе до вртоглаво покачување на цените на бензинот и дизелот.

Минатиот месец, министерот за здравство на Хаити рече дека најмалку седум лица починале од колера, укажувајќи на проблемите со пристапот до чиста вода за пиење во најсиромашната земја во Америка. Oд епидемијата на болеста во 2010 година на островот живот загубија над 10.000 луѓе.

The post Хаити бара распоредување меѓународни сили за да се справи со бандите и демонстрантите во земјата appeared first on Република.

]]>

Владата на Хаити одлучи да побара помош од меѓународни трупи откако банди и демонстранти ја парализираа државата. Премиерот на Хаити, Ариел Анри апелираше до меѓународните партнери „веднаш да распоредат специјализирани вооружени сили, во доволен број“, за да се запре кризата ширум земјата, делумно предизвикана од „криминалните дејствија на вооружените банди“. Во документот што го објави Владата, а кој го потпишаа премиерот и 18 функционери, се посочува дека ситуацијата е критична и дека на Хаити му се заканува „хуманитарна криза“, која може да ги загрози животите на илјадници луѓе бидејќи се намалуваат залихите на вода, гориво и основни производи.
Императив е да се рестартираат активностите за да се избегне целосно задушување на националната економија - се наведува во документот.
Амбасадата на САД вчера ги повика своите граѓани да го напуштат Хаити поради здравствената и безбедносната криза на островот. Хаити се соочува со хронични проблеми со насилство и блокада на пристаништата од криминални банди, економска и политичка криза и граѓански немири низ островот ескалираа откако властите на 11 септември објавија крај на владините субвенции за гориво, што доведе до вртоглаво покачување на цените на бензинот и дизелот. Минатиот месец, министерот за здравство на Хаити рече дека најмалку седум лица починале од колера, укажувајќи на проблемите со пристапот до чиста вода за пиење во најсиромашната земја во Америка. Oд епидемијата на болеста во 2010 година на островот живот загубија над 10.000 луѓе.

The post Хаити бара распоредување меѓународни сили за да се справи со бандите и демонстрантите во земјата appeared first on Република.

]]>
Без милост за членовите на злогласната банда: Ел Салвадор нареди брутален третман на затвореници по бранот убиства https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bez-milost-za-chlenovite-na-zloglasnata-banda-el-salvador-naredi-brutalen-tretman-na-zatvorenici-po-branot-ubistva/ Wed, 30 Mar 2022 11:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=480812

Владата на Ел Салвадор во понеделникот објави дека уапсила повеќе од 1.000 осомничени членови на банда по бранот убиства во текот на викендот.

Претседателот Најиб Букеле нареди храната за членовите на бандите кои се чуваат во затворите во Ел Салвадор да се намали на два оброка дневно, да им се вадат душеците од креветите и објави видео од затворениците кои маршираат по ходниците и надолу по скалите.

Владата прогласи вонредна состојба и ги затвори затворите по 87 убиства извршени во петокот, саботата и неделата.

Властите ги обвинија членовите на бандата за убиствата и соопштија дека војници и полицајци извршиле рација во упоришта на бандите околу главниот град, Сан Салвадор.

 

https://twitter.com/PNCSV/status/1508647037105065987?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1508647037105065987%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3902263%2Fbez-milosti-za-bandite-zloglasne-ms-13-brutalan-tretman-u-zatvoru-za-1000-uhapsenih-nakon-serije-ubistava-uznemirujuc-video

Букеле нагласи дека приведените нема да бидат ослободени. Неговата наредба да се намали храната за членовите на бандата на затворениците има за цел да ги зголеми моменталните резерви на храна за да ги нахрани и новите затвореници.

Немојте да мислите дека ќе бидат ослободени. Ќе ја рационализираме храната што сега им ја даваме на затворениците. А, ако меѓународната заедница е загрижена за нивните мали ангели, тие треба да дојдат и да им донесат храна, бидејќи нема да ги одземам буџетските пари од училиштата за да ги нахранам овие терористи - напиша Букеле на својот Твитер профил.

Букеле објави и видео на кое се гледа како чуварите со палки грубо ги тераат затворениците да одат, да трчаат, па дури и да се спуштаат долу со рацете зад вратот или грбот.

https://twitter.com/nayibbukele/status/1508543617970933761?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1508543617970933761%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3902263%2Fbez-milosti-za-bandite-zloglasne-ms-13-brutalan-tretman-u-zatvoru-za-1000-uhapsenih-nakon-serije-ubistava-uznemirujuc-video

Во еден момент, затвореник со лисици паѓа по скалите додека чуварот го принудува да побегне. Затвореникот стенка, а потоа е принуден да стане за да продолжи да трча.

Затворениците биле соблечени во долна облека, а душеците им биле одземени.

Конгресот на Ел Салвадор го одобри барањето на Букеле за вонредна состојба поради бранот од 87 убиства поврзани со банди во текот на викендот. За споредба, во текот на целиот февруари имало 79 убиства.

Вонредната состојба ги суспендира уставните гаранции за слобода на собирање и правилата за притвор до 30 дена, кој може да биде продолжен. Уредбата дозволува осомничените да бидат притворени без адвокат до 15 дена, а на полицијата и се овозможува да ги проверува мобилните телефони и пораките.

Се смета дека убиствата се поврзани со озлогласените улични банди во земјата, кои практично контролираат многу населби во главниот град. Националната полиција објави дека фатила пет водачи на бандата Мара Салватруша или МС-13, за кои тврдат дека ги наредиле убиствата за време на викендот.

Букеле претходно му наредил на шефот на затворите во земјата веднаш да ги затвори затворениците од бандата во нивните ќелии 24/7.

Не смеат ниту да излезат на затворската тераса. Ова е порака до бандите: Поради вашите постапки, сега вашите затворени момчиња нема да видат ниту еден сончев зрак - напиша Букеле.

Остриот став на Букеле за криминалот веројатно ќе има многу малку критичари во Ел Салвадор.

Ова е неподносливо. Бандите убиваат кого сакаат, прават што сакаат. Мора да бидат казнети, и тоа многу строго - вели Марио Алас (39), анкетиран во главниот град на Сан Салвадор.

Ништо не им се случува, ги ставаат во затвор и ги дебелеат, а кога ќе излезат излегуваат, продолжуваат да киднапираат луѓе, им ги земаат парите, и ги убијваат - вели жителка на главниот град Хуана Санчез (55).

Но, енормно моќните улични банди во земјата се покажаа како меч со две острици за Букеле.

Мораме да ги потсетиме луѓето во Ел Салвадор дека она што се случува сега е поради негрижата на оние кои ги штитеа криминалците - се вели во соопштението на конзервативната партија Аренa.

https://twitter.com/VOANews/status/1508859227380625414?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1508859227380625414%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3902263%2Fbez-milosti-za-bandite-zloglasne-ms-13-brutalan-tretman-u-zatvoru-za-1000-uhapsenih-nakon-serije-ubistava-uznemirujuc-video

Тоа е очигледно потсетување на декемврискиот извештај на американското Министерство за финансии, во кој се наведува дека владата на Букеле тајно преговарала за примирје со водачите на бандите. Ова е во спротивност со тврдењата на Букеле и ги зголеми тензиите меѓу двете држави.

Владата на САД вели дека владата на Букеле купила поддршка во замена за финансиски придобивки и привилегии на бандата и нејзините затворени водачи, вклучувајќи и проститутки и мобилни телефони. Букеле жестоко ги отфрли обвинувањата.

The post Без милост за членовите на злогласната банда: Ел Салвадор нареди брутален третман на затвореници по бранот убиства appeared first on Република.

]]>

Владата на Ел Салвадор во понеделникот објави дека уапсила повеќе од 1.000 осомничени членови на банда по бранот убиства во текот на викендот. Претседателот Најиб Букеле нареди храната за членовите на бандите кои се чуваат во затворите во Ел Салвадор да се намали на два оброка дневно, да им се вадат душеците од креветите и објави видео од затворениците кои маршираат по ходниците и надолу по скалите. Владата прогласи вонредна состојба и ги затвори затворите по 87 убиства извршени во петокот, саботата и неделата. Властите ги обвинија членовите на бандата за убиствата и соопштија дека војници и полицајци извршиле рација во упоришта на бандите околу главниот град, Сан Салвадор.
 
https://twitter.com/PNCSV/status/1508647037105065987?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1508647037105065987%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3902263%2Fbez-milosti-za-bandite-zloglasne-ms-13-brutalan-tretman-u-zatvoru-za-1000-uhapsenih-nakon-serije-ubistava-uznemirujuc-video Букеле нагласи дека приведените нема да бидат ослободени. Неговата наредба да се намали храната за членовите на бандата на затворениците има за цел да ги зголеми моменталните резерви на храна за да ги нахрани и новите затвореници.
Немојте да мислите дека ќе бидат ослободени. Ќе ја рационализираме храната што сега им ја даваме на затворениците. А, ако меѓународната заедница е загрижена за нивните мали ангели, тие треба да дојдат и да им донесат храна, бидејќи нема да ги одземам буџетските пари од училиштата за да ги нахранам овие терористи - напиша Букеле на својот Твитер профил.
Букеле објави и видео на кое се гледа како чуварите со палки грубо ги тераат затворениците да одат, да трчаат, па дури и да се спуштаат долу со рацете зад вратот или грбот. https://twitter.com/nayibbukele/status/1508543617970933761?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1508543617970933761%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3902263%2Fbez-milosti-za-bandite-zloglasne-ms-13-brutalan-tretman-u-zatvoru-za-1000-uhapsenih-nakon-serije-ubistava-uznemirujuc-video Во еден момент, затвореник со лисици паѓа по скалите додека чуварот го принудува да побегне. Затвореникот стенка, а потоа е принуден да стане за да продолжи да трча. Затворениците биле соблечени во долна облека, а душеците им биле одземени. Конгресот на Ел Салвадор го одобри барањето на Букеле за вонредна состојба поради бранот од 87 убиства поврзани со банди во текот на викендот. За споредба, во текот на целиот февруари имало 79 убиства. Вонредната состојба ги суспендира уставните гаранции за слобода на собирање и правилата за притвор до 30 дена, кој може да биде продолжен. Уредбата дозволува осомничените да бидат притворени без адвокат до 15 дена, а на полицијата и се овозможува да ги проверува мобилните телефони и пораките. Се смета дека убиствата се поврзани со озлогласените улични банди во земјата, кои практично контролираат многу населби во главниот град. Националната полиција објави дека фатила пет водачи на бандата Мара Салватруша или МС-13, за кои тврдат дека ги наредиле убиствата за време на викендот. Букеле претходно му наредил на шефот на затворите во земјата веднаш да ги затвори затворениците од бандата во нивните ќелии 24/7.
Не смеат ниту да излезат на затворската тераса. Ова е порака до бандите: Поради вашите постапки, сега вашите затворени момчиња нема да видат ниту еден сончев зрак - напиша Букеле.
Остриот став на Букеле за криминалот веројатно ќе има многу малку критичари во Ел Салвадор.
Ова е неподносливо. Бандите убиваат кого сакаат, прават што сакаат. Мора да бидат казнети, и тоа многу строго - вели Марио Алас (39), анкетиран во главниот град на Сан Салвадор.
Ништо не им се случува, ги ставаат во затвор и ги дебелеат, а кога ќе излезат излегуваат, продолжуваат да киднапираат луѓе, им ги земаат парите, и ги убијваат - вели жителка на главниот град Хуана Санчез (55).
Но, енормно моќните улични банди во земјата се покажаа како меч со две острици за Букеле.
Мораме да ги потсетиме луѓето во Ел Салвадор дека она што се случува сега е поради негрижата на оние кои ги штитеа криминалците - се вели во соопштението на конзервативната партија Аренa.
https://twitter.com/VOANews/status/1508859227380625414?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1508859227380625414%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3902263%2Fbez-milosti-za-bandite-zloglasne-ms-13-brutalan-tretman-u-zatvoru-za-1000-uhapsenih-nakon-serije-ubistava-uznemirujuc-video Тоа е очигледно потсетување на декемврискиот извештај на американското Министерство за финансии, во кој се наведува дека владата на Букеле тајно преговарала за примирје со водачите на бандите. Ова е во спротивност со тврдењата на Букеле и ги зголеми тензиите меѓу двете држави. Владата на САД вели дека владата на Букеле купила поддршка во замена за финансиски придобивки и привилегии на бандата и нејзините затворени водачи, вклучувајќи и проститутки и мобилни телефони. Букеле жестоко ги отфрли обвинувањата.

The post Без милост за членовите на злогласната банда: Ел Салвадор нареди брутален третман на затвореници по бранот убиства appeared first on Република.

]]>