банда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/banda/ За подобро да се разбереме Tue, 07 May 2024 10:09:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png банда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/banda/ 32 32 Банда малолетници со нож ограбиле деца сред Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/banda-maloletnitsi-so-nozh-ograbile-detsa-sred-tsentar/ Tue, 07 May 2024 10:09:32 +0000 https://republika.mk/?p=774968

Вчеравечер во периодот од 22.45 до 23.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје.

Како што соопштуваат од полицијата, тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари. Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Банда малолетници со нож ограбиле деца сред Центар appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во периодот од 22.45 до 23.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје. Како што соопштуваат од полицијата, тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари. Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Банда малолетници со нож ограбиле деца сред Центар appeared first on Република.

]]>
ОЈО со постапка против тинејџерска банда, со пиштол им дошле на дечко и девојка кои седеле во Градски парк https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-so-postapka-protiv-tinejdherska-banda-so-pishtol-im-doshle-na-dechko-i-devojka-koi-sedele-vo-gradski-park/ Sat, 25 Nov 2023 19:06:28 +0000 https://republika.mk/?p=716232

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица на возраст од 18-19 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „разбојништво“. Во извршувањето учествувале и три малолетни деца во судир со законот, за кои ќе биде поведена постапка согласно Законот за правда на децата.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, лицата заедно на 23 ноември годинава во Градскиот парк во Скопје се заканиле со пиштол дека ќе нападнат врз животот и телото на оштетен и оштетена, кои седеле на клупа. На тој начин од нив одзеле еден машки рачен часовник и 1200 денари со намера противправно да ги присвојат.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложи определување мерки на претпазливост за полнолетните осомничени, вклучувајќи забрана тие да се приближуваат до оштетените во текот на постапката, се наведува во соопштението.

The post ОЈО со постапка против тинејџерска банда, со пиштол им дошле на дечко и девојка кои седеле во Градски парк appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица на возраст од 18-19 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „разбојништво“. Во извршувањето учествувале и три малолетни деца во судир со законот, за кои ќе биде поведена постапка согласно Законот за правда на децата. Како што информира денеска Јавното обвинителство, лицата заедно на 23 ноември годинава во Градскиот парк во Скопје се заканиле со пиштол дека ќе нападнат врз животот и телото на оштетен и оштетена, кои седеле на клупа. На тој начин од нив одзеле еден машки рачен часовник и 1200 денари со намера противправно да ги присвојат.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложи определување мерки на претпазливост за полнолетните осомничени, вклучувајќи забрана тие да се приближуваат до оштетените во текот на постапката, се наведува во соопштението.

The post ОЈО со постапка против тинејџерска банда, со пиштол им дошле на дечко и девојка кои седеле во Градски парк appeared first on Република.

]]>
Приведена тинејџерска банда во Карпош https://arhiva3.republika.mk/vesti/privedena-tinejdherska-banda-vo-karposh/ Fri, 24 Nov 2023 09:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=715796

На подрачје на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош и полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ш.(19), Р.М.(18), Н.Т.(18) и тројца малолетници, сите од Скопје.

Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во Градски парк на подрачје на Карпош со закана од А.Т.(20) од с.Ржаничино, скопско, одзеле пари и личен предмет. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица, соопштија денеска од МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, најавија од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведена тинејџерска банда во Карпош appeared first on Република.

]]>

На подрачје на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош и полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ш.(19), Р.М.(18), Н.Т.(18) и тројца малолетници, сите од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во Градски парк на подрачје на Карпош со закана од А.Т.(20) од с.Ржаничино, скопско, одзеле пари и личен предмет. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица, соопштија денеска од МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, најавија од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведена тинејџерска банда во Карпош appeared first on Република.

]]>
Планирале атентати и киднапирања на државни функционери и сенатор: Разбиена моќна криминална банда во Бразил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/planirale-atentati-i-kidnapirana-na-drzhavni-funktsioneri-i-senator-razbiena-mokna-kriminalna-banda-vo-brazil/ Wed, 22 Mar 2023 19:02:50 +0000 https://republika.mk/?p=622591

Бразилската полиција изврши рација во неколку сојузни држави за да разбие криминална група обвинета за планирање атентати и киднапирање на државни функционери, вклучително и сенатор кој, како поранешен судија, го водел најпознатиот случај за корупција.

Околу 120 полицајци извршиле претреси на 24 локации и уапсиле 11 лица во четири држави, соопштија властите. Полицијата наведе дека меѓу целите на криминалната група бил и сенаторот Сержо Моро, кој како судија од 2014 до 2018 година водеше познат случај на поткуп и перење пари, што доведе до апсење на истакнати политичари.

Меѓу уапсените политичари беше и актуелниот шеф на државата, а тогашен опозиционер Лула да Силва, кој помина повеќе од една година во затвор. Во 2019 година, Моро стана министер за правда во владата на претседателот Жаир Болсонаро, но поднесе оставка во април 2020 година. Минатата година стана сенатор.

Моро на Твитер објави дека бил цел на една од најозлогласените бразилски банди за шверц на дрога, која сакала да му се одмазди.

Полицијата почнала да ја истражува бандата минатата година, откако дознала дека планира да киднапира владини службеници, со цел да ги размени за нејзиниот водач Марко Вилијан Камачо, кој отслужува затворска казна.

The post Планирале атентати и киднапирања на државни функционери и сенатор: Разбиена моќна криминална банда во Бразил appeared first on Република.

]]>

Бразилската полиција изврши рација во неколку сојузни држави за да разбие криминална група обвинета за планирање атентати и киднапирање на државни функционери, вклучително и сенатор кој, како поранешен судија, го водел најпознатиот случај за корупција. Околу 120 полицајци извршиле претреси на 24 локации и уапсиле 11 лица во четири држави, соопштија властите. Полицијата наведе дека меѓу целите на криминалната група бил и сенаторот Сержо Моро, кој како судија од 2014 до 2018 година водеше познат случај на поткуп и перење пари, што доведе до апсење на истакнати политичари. Меѓу уапсените политичари беше и актуелниот шеф на државата, а тогашен опозиционер Лула да Силва, кој помина повеќе од една година во затвор. Во 2019 година, Моро стана министер за правда во владата на претседателот Жаир Болсонаро, но поднесе оставка во април 2020 година. Минатата година стана сенатор. Моро на Твитер објави дека бил цел на една од најозлогласените бразилски банди за шверц на дрога, која сакала да му се одмазди. Полицијата почнала да ја истражува бандата минатата година, откако дознала дека планира да киднапира владини службеници, со цел да ги размени за нејзиниот водач Марко Вилијан Камачо, кој отслужува затворска казна.

The post Планирале атентати и киднапирања на државни функционери и сенатор: Разбиена моќна криминална банда во Бразил appeared first on Република.

]]>
Германските власти разоткриле руска хакерска банда https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskite-vlasti-razotkrile-ruska-hakerska-banda/ Mon, 06 Mar 2023 17:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=616528

Германските власти разоткриле меѓународна хакерска банда која ги уценувала германските јавни институции, соопшти денеска Покраинската канцеларија за борба против криминалот при Федералната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

„Осомничените се руските државјани Игор Гаршин, Игор Турашев и Ирина З., против кои е распишана меѓународна потерница“, се вели во соопштението за печатот на Покраинската канцеларија.

Во соопштението се посочува дека се води истрага за уште осум осомничени.

Државното правобранителство во Дизелдорф ја товари групата, која оперирала од рускиот град Јошкар Оле, за хакерски напади врз ИТ системи и уцена на јавни институции во Германија, како што се Универзитетската клиника во Дизелдорф, областа Анхалт-Битерфелд и медиумската компанија Функе.

Групата се смета за одговорна и за нападите врз над 600 институции ширум светот. Американското федерално биро за истраги (ФБИ) издаде и меѓународна потерница против првообвинетиот Игор Турашев.

Напаѓачите користеле тројански софтвер за да ја блокираат целата мрежа на погодените институции, а за повторно пуштање, барале милиони долари.

„Нападите на критичната инфраструктура претставуваат поигрување со животот и смртта“, изјави портпаролот на Европол во Дизелдорф.

За време на хакерскиот напад на Универзитетската клиника во Дизелдорф во септември 2020 година, со кој се блокираше работата на болницата, една жена наместо во Дизелдорф мораше да биде префрлена во блискиот Вупертал, но почина за време на транспортот.

The post Германските власти разоткриле руска хакерска банда appeared first on Република.

]]>

Германските власти разоткриле меѓународна хакерска банда која ги уценувала германските јавни институции, соопшти денеска Покраинската канцеларија за борба против криминалот при Федералната покраина Северна Рајна-Вестфалија. „Осомничените се руските државјани Игор Гаршин, Игор Турашев и Ирина З., против кои е распишана меѓународна потерница“, се вели во соопштението за печатот на Покраинската канцеларија. Во соопштението се посочува дека се води истрага за уште осум осомничени. Државното правобранителство во Дизелдорф ја товари групата, која оперирала од рускиот град Јошкар Оле, за хакерски напади врз ИТ системи и уцена на јавни институции во Германија, како што се Универзитетската клиника во Дизелдорф, областа Анхалт-Битерфелд и медиумската компанија Функе. Групата се смета за одговорна и за нападите врз над 600 институции ширум светот. Американското федерално биро за истраги (ФБИ) издаде и меѓународна потерница против првообвинетиот Игор Турашев. Напаѓачите користеле тројански софтвер за да ја блокираат целата мрежа на погодените институции, а за повторно пуштање, барале милиони долари. „Нападите на критичната инфраструктура претставуваат поигрување со животот и смртта“, изјави портпаролот на Европол во Дизелдорф. За време на хакерскиот напад на Универзитетската клиника во Дизелдорф во септември 2020 година, со кој се блокираше работата на болницата, една жена наместо во Дизелдорф мораше да биде префрлена во блискиот Вупертал, но почина за време на транспортот.

The post Германските власти разоткриле руска хакерска банда appeared first on Република.

]]>
„Банда“ – концерт на оркестарот на Филхармонија со дела од Гинастера, Пјацола, Гершвин https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/banda-koncert-na-orkestarot-na-filharmonija-so-dela-od-ginastera-pjacola-gershvin-2/ Thu, 27 Oct 2022 07:06:46 +0000 https://republika.mk/?p=566114

Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го одржи концертот „Банда“, на кој ќе бидат изведени дела од Гинастера, Лобос, Пјацола и Гершвин. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а како солистка ќе настапи македонската флејтистка Илинка Велкова.

Концертот е поддржан од Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје.

Алберто Гинастера (1916-1983) е еден од најзначајните аргентински композитори и латиноамерикански музичари на 20 век. Неговиот балет „Естанција“ е едно од делата кои се н аоѓаат на самиот врв од неговото творештво и многу често е составен дел од репертоарот на светските симфониски оркестри. На почетокот од својот творечки опус, Гинастера пишувал музика во која ги спојувал елементите на аргентинскиот фолклор со тековите на современата музичка техника, но подоцна се свртел кон додекафонската музика. „Да се компонира, значи да се создаде архитектура. Во музиката, оваа архитектура се одвива во времето“, изјавил Гинастера.

„Бразилски Бахијани“ се серија од девет суити од бразилскиот композитор Хектор Вила-Лобос, напишани за различен инструментариум и глас во периодот меѓу 1930 и 1945 година. Тие претставуваат фузија меѓу бразилската фолклорна и популарна музика со опусот и стилот препознатлив за Јохан Себастијан Бах. Во нив Вила-Лобос прави интересен спој меѓу барокната хармонија и контрапункт со типичниот звук на бразилската музика. Најголем дел од ставовите во суитите имаат и „баховски“ и бразилски наслови – „Прелудиум“, „Фуга“ или „Embolada“, „O canto da nossa terra“.

 

The post „Банда“ – концерт на оркестарот на Филхармонија со дела од Гинастера, Пјацола, Гершвин appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го одржи концертот „Банда“, на кој ќе бидат изведени дела од Гинастера, Лобос, Пјацола и Гершвин. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а како солистка ќе настапи македонската флејтистка Илинка Велкова. Концертот е поддржан од Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје. Алберто Гинастера (1916-1983) е еден од најзначајните аргентински композитори и латиноамерикански музичари на 20 век. Неговиот балет „Естанција“ е едно од делата кои се н аоѓаат на самиот врв од неговото творештво и многу често е составен дел од репертоарот на светските симфониски оркестри. На почетокот од својот творечки опус, Гинастера пишувал музика во која ги спојувал елементите на аргентинскиот фолклор со тековите на современата музичка техника, но подоцна се свртел кон додекафонската музика. „Да се компонира, значи да се создаде архитектура. Во музиката, оваа архитектура се одвива во времето“, изјавил Гинастера. „Бразилски Бахијани“ се серија од девет суити од бразилскиот композитор Хектор Вила-Лобос, напишани за различен инструментариум и глас во периодот меѓу 1930 и 1945 година. Тие претставуваат фузија меѓу бразилската фолклорна и популарна музика со опусот и стилот препознатлив за Јохан Себастијан Бах. Во нив Вила-Лобос прави интересен спој меѓу барокната хармонија и контрапункт со типичниот звук на бразилската музика. Најголем дел од ставовите во суитите имаат и „баховски“ и бразилски наслови – „Прелудиум“, „Фуга“ или „Embolada“, „O canto da nossa terra“.  

The post „Банда“ – концерт на оркестарот на Филхармонија со дела од Гинастера, Пјацола, Гершвин appeared first on Република.

]]>
„Банда“ – концерт на оркестарот на Филхармонија со дела од Гинастера, Пјацола, Гершвин https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/banda-koncert-na-orkestarot-na-filharmonija-so-dela-od-ginastera-pjacola-gershvin/ Tue, 25 Oct 2022 06:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=565151

Овој четврток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Банда“, на кој ќе бидат изведени дела од Гинастера, Лобос, Пјацола и Гершвин. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а како солистка ќе настапи македонската флејтистка Илинка Велкова. Концертот е поддржан од Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје.

Алберто Гинастера (1916-1983) е еден од најзначајните аргентински композитори и латиноамерикански музичари на 20 век. Неговиот балет „Естанција“ е едно од делата кои се н аоѓаат на самиот врв од неговото творештво и многу често е составен дел од репертоарот на светските симфониски оркестри. На почетокот од својот творечки опус, Гинастера пишувал музика во која ги спојувал елементите на аргентинскиот фолклор со тековите на современата музичка техника, но подоцна се свртел кон додекафонската музика. „Да се компонира, значи да се создаде архитектура. Во музиката, оваа архитектура се одвива во времето“, изјавил Гинастера.

„Бразилски Бахијани“ се серија од девет суити од бразилскиот композитор Хектор Вила-Лобос, напишани за различен инструментариум и глас во периодот меѓу 1930 и 1945 година. Тие претставуваат фузија меѓу бразилската фолклорна и популарна музика со опусот и стилот препознатлив за Јохан Себастијан Бах. Во нив Вила-Лобос прави интересен спој меѓу барокната хармонија и контрапункт со типичниот звук на бразилската музика. Најголем дел од ставовите во суитите имаат и „баховски“ и бразилски наслови – „Прелудиум“, „Фуга“ или „Embolada“, „O canto da nossa terra“.

„Мојата музика го поседува примитивното, автентично танго. Тоа може да се слушне во мојата музика. Тоа е всушност подлога. Над него е музиката која јас ја создавам, онаа која тече во моите вени. Јас сум човек на тангото“, изјави Астор Пјацола во едно интервју непосредно пред неговата смрт во 1985 година.Точно тоа е вистинското вербално обликување на музиката која ја создава овој аргентиски композитор – тангото е база на која Пјацола ја гради новата звучност, инспирирана од класичната музика и џезот. Тоа е начинот на кој го создава „танго нуево“ или „ново танго“ по кое ќе остане запаментен во светската историја на музиката. Во сетот од три танга насловени „Tres Movimientos Tanguisticos Portenos“ (1961) Пјацола го претставува својот типичен „танго нуево“ стил, иако во нив може да се препознаат и далечни влијанија од творештвото на Стравински, но и од неговиот учител Алберто Гинастера.

Адаптирано врз веќе десетина години стариот роман „Порги“ од Хејвард, многумина се во недоумица дали „Порги и Бес“ на Џорџ Гершвин е опера или мјузикл, бидејќи се состои од повеќе песни, кои подоцна стануваат најголеми американски хитови: „Summertime“, „It Ain’t Necessarily So“, „I Love You, Porgy“... Кон оваа дилема придонесува и фактот што официјалната премиера „Порги и Бес“ ја доживува токму на Бродвеј на 10 октомври 1935 година, место во Њујорк добро познато по своите театарски перформанси или претстави, од кои најголем дел се мјузикли. Овие неколку факти, можеби ќе беа сосема доволни, еднаш засекогаш да се разреши оваа дилема и „Порги и Бес“ да се смести меѓу најпознатите американски мјузикли, да не постоеше едно интервју со композиторот на ова дело, во кое тој ја нарекува „фолк-опера“, објаснувајќи ги темите кои се земени или инспирирани од локалниот фолклор.

Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Образованието го завршува на Бугарската државна академија студирајќи контрабас на гудачкиот оддел, паралелно студира и дипломира на одделот за диригирање, а во 1978 година дипломира и на одделот по композиција. Една година пред тоа, Табаков ја освојува првата награда на натпреварот за млади диригенти „Николај Малко“ во Копенхаген и оттогаш неговата кариера рапидно расте.

Од 1976 до 1979 работи како диригент на Филхармонијата во Русе, а од 1979 сè до 1988 година, тој е уметнички раководител и диригент на реномираниот камерен оркестар „Софиски солисти“, со кого остварува значајни концерти ширум светот. Во 1985 година станува диригент на Софиската филхармонија, од 1987-та е нејзин главен диригент, а од 1988-та до 2000 година музички директор и уметнички раководител. Од 1994 до 1999 година, маестро Табаков наедно е диригент и музички директор на Белградскиот филхармониски оркестар. Од 2002 до 2008 година, тој е главен диригент и музички директор на Билкент симфонискиот оркестар во Анкара, Турција, а од 2008 година и главен диригент на Симфонискиот оркестар на Бугарското национално радио. Покрај оркестрите во неговата родна Бугарија, како гостин-диригент настапува со оркестри во Германија, Англија, Шведска, Полска, Франција, Италија, Русија, Шпанија, Романија, Австрија, Швајцарија, Данска, САД, Австралија, Канада, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур, Тајван, Израел, Холандија... Маестро Табаков диригирал и многу оперски спектакли во Венеција и во Торино, на пример, а на репертоарот на овој диригент се наоѓаат многубројни симфониски оперски дела, од класичните, романтичните и од современите композитори, диригирајќи концерти со национални оркестри на Франција, Русија, Грција, Турција. До сега реализирал повеќе од 250 симфониски и оперски записи за голем број музички куќи во Бугарија, Германија, Холандија, САД, а од нив се издвојуваат комплетните снимки на сите симфонии од Густав Малер (колекција од 15 цедеа), комплетни циклуси симфонии од Александар Скрјабин и од Јоханес Брамс, сите концерти за пијано и оркестар од Лудвиг ван Бетовен...

Илинка Велкова дипломира флејта на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2002 година во класата на проф. Бети Станковска. Магистрира на ФМУ во 2018 година во класата на проф. Страшо Темков.Се усовршува на семинари кај еминентните педагози Миодраг Азањац и Андрош Адорјан. Во текот на школувањето, освоила бројни награди на државни и на меѓународни натпревари во категоријата за флејта и камерна музика. Дебитира со Македонската филхармонија на 16-годишна возраст со изведба на Концертот за флејта од Моцарт. Во 1999 година, започнал нејзиниот професионален ангажман како флејтист и пиколист во оркестарот на Македонската филхармонија.Како член на оркестарот, соработувала со бројни светски диригенти и солисти како што се Владимир Ашкенази, Дорон Саломон, Кшиштоф Пендерецки, Јерухам Шаровски, Џулијан Рахлин, Борис Березовски, Вадим Репин, Симон Трпчески… Покрај оркестарскиот ангажман, настапува солистички и со различни камерни состави, а има аудио и видеозапис за МРТВ.

 

The post „Банда“ – концерт на оркестарот на Филхармонија со дела од Гинастера, Пјацола, Гершвин appeared first on Република.

]]>

Овој четврток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Банда“, на кој ќе бидат изведени дела од Гинастера, Лобос, Пјацола и Гершвин. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а како солистка ќе настапи македонската флејтистка Илинка Велкова. Концертот е поддржан од Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје. Алберто Гинастера (1916-1983) е еден од најзначајните аргентински композитори и латиноамерикански музичари на 20 век. Неговиот балет „Естанција“ е едно од делата кои се н аоѓаат на самиот врв од неговото творештво и многу често е составен дел од репертоарот на светските симфониски оркестри. На почетокот од својот творечки опус, Гинастера пишувал музика во која ги спојувал елементите на аргентинскиот фолклор со тековите на современата музичка техника, но подоцна се свртел кон додекафонската музика. „Да се компонира, значи да се создаде архитектура. Во музиката, оваа архитектура се одвива во времето“, изјавил Гинастера. „Бразилски Бахијани“ се серија од девет суити од бразилскиот композитор Хектор Вила-Лобос, напишани за различен инструментариум и глас во периодот меѓу 1930 и 1945 година. Тие претставуваат фузија меѓу бразилската фолклорна и популарна музика со опусот и стилот препознатлив за Јохан Себастијан Бах. Во нив Вила-Лобос прави интересен спој меѓу барокната хармонија и контрапункт со типичниот звук на бразилската музика. Најголем дел од ставовите во суитите имаат и „баховски“ и бразилски наслови – „Прелудиум“, „Фуга“ или „Embolada“, „O canto da nossa terra“. „Мојата музика го поседува примитивното, автентично танго. Тоа може да се слушне во мојата музика. Тоа е всушност подлога. Над него е музиката која јас ја создавам, онаа која тече во моите вени. Јас сум човек на тангото“, изјави Астор Пјацола во едно интервју непосредно пред неговата смрт во 1985 година.Точно тоа е вистинското вербално обликување на музиката која ја создава овој аргентиски композитор – тангото е база на која Пјацола ја гради новата звучност, инспирирана од класичната музика и џезот. Тоа е начинот на кој го создава „танго нуево“ или „ново танго“ по кое ќе остане запаментен во светската историја на музиката. Во сетот од три танга насловени „Tres Movimientos Tanguisticos Portenos“ (1961) Пјацола го претставува својот типичен „танго нуево“ стил, иако во нив може да се препознаат и далечни влијанија од творештвото на Стравински, но и од неговиот учител Алберто Гинастера. Адаптирано врз веќе десетина години стариот роман „Порги“ од Хејвард, многумина се во недоумица дали „Порги и Бес“ на Џорџ Гершвин е опера или мјузикл, бидејќи се состои од повеќе песни, кои подоцна стануваат најголеми американски хитови: „Summertime“, „It Ain’t Necessarily So“, „I Love You, Porgy“... Кон оваа дилема придонесува и фактот што официјалната премиера „Порги и Бес“ ја доживува токму на Бродвеј на 10 октомври 1935 година, место во Њујорк добро познато по своите театарски перформанси или претстави, од кои најголем дел се мјузикли. Овие неколку факти, можеби ќе беа сосема доволни, еднаш засекогаш да се разреши оваа дилема и „Порги и Бес“ да се смести меѓу најпознатите американски мјузикли, да не постоеше едно интервју со композиторот на ова дело, во кое тој ја нарекува „фолк-опера“, објаснувајќи ги темите кои се земени или инспирирани од локалниот фолклор. Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Образованието го завршува на Бугарската државна академија студирајќи контрабас на гудачкиот оддел, паралелно студира и дипломира на одделот за диригирање, а во 1978 година дипломира и на одделот по композиција. Една година пред тоа, Табаков ја освојува првата награда на натпреварот за млади диригенти „Николај Малко“ во Копенхаген и оттогаш неговата кариера рапидно расте. Од 1976 до 1979 работи како диригент на Филхармонијата во Русе, а од 1979 сè до 1988 година, тој е уметнички раководител и диригент на реномираниот камерен оркестар „Софиски солисти“, со кого остварува значајни концерти ширум светот. Во 1985 година станува диригент на Софиската филхармонија, од 1987-та е нејзин главен диригент, а од 1988-та до 2000 година музички директор и уметнички раководител. Од 1994 до 1999 година, маестро Табаков наедно е диригент и музички директор на Белградскиот филхармониски оркестар. Од 2002 до 2008 година, тој е главен диригент и музички директор на Билкент симфонискиот оркестар во Анкара, Турција, а од 2008 година и главен диригент на Симфонискиот оркестар на Бугарското национално радио. Покрај оркестрите во неговата родна Бугарија, како гостин-диригент настапува со оркестри во Германија, Англија, Шведска, Полска, Франција, Италија, Русија, Шпанија, Романија, Австрија, Швајцарија, Данска, САД, Австралија, Канада, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур, Тајван, Израел, Холандија... Маестро Табаков диригирал и многу оперски спектакли во Венеција и во Торино, на пример, а на репертоарот на овој диригент се наоѓаат многубројни симфониски оперски дела, од класичните, романтичните и од современите композитори, диригирајќи концерти со национални оркестри на Франција, Русија, Грција, Турција. До сега реализирал повеќе од 250 симфониски и оперски записи за голем број музички куќи во Бугарија, Германија, Холандија, САД, а од нив се издвојуваат комплетните снимки на сите симфонии од Густав Малер (колекција од 15 цедеа), комплетни циклуси симфонии од Александар Скрјабин и од Јоханес Брамс, сите концерти за пијано и оркестар од Лудвиг ван Бетовен... Илинка Велкова дипломира флејта на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2002 година во класата на проф. Бети Станковска. Магистрира на ФМУ во 2018 година во класата на проф. Страшо Темков.Се усовршува на семинари кај еминентните педагози Миодраг Азањац и Андрош Адорјан. Во текот на школувањето, освоила бројни награди на државни и на меѓународни натпревари во категоријата за флејта и камерна музика. Дебитира со Македонската филхармонија на 16-годишна возраст со изведба на Концертот за флејта од Моцарт. Во 1999 година, започнал нејзиниот професионален ангажман како флејтист и пиколист во оркестарот на Македонската филхармонија.Како член на оркестарот, соработувала со бројни светски диригенти и солисти како што се Владимир Ашкенази, Дорон Саломон, Кшиштоф Пендерецки, Јерухам Шаровски, Џулијан Рахлин, Борис Березовски, Вадим Репин, Симон Трпчески… Покрај оркестарскиот ангажман, настапува солистички и со различни камерни состави, а има аудио и видеозапис за МРТВ.  

The post „Банда“ – концерт на оркестарот на Филхармонија со дела од Гинастера, Пјацола, Гершвин appeared first on Република.

]]>
Пукано кон народот! Демонстрантите пречекани со пиштоли кај Скендер бег, банда фрла шишиња кон нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pukano-kon-narodot-demonstrantite-prechekani-so-pishtoli-kaj-skender-beg-banda-frla-shishinja-kon-niv/ Wed, 06 Jul 2022 17:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=524947

Со оружје и шишиња беа пречекани граѓаните кои маршираат против францускиот предлог веднаш по преминувањето под стоковната куќа Мост. Банда од страната на плоштадот Скендер бег почна да фрла со шишиња кон поворката, додека голем дел од нив слободно мавтаа со оружје и се закануваа.

Истрелани беа и куршуми кон толпата.

The post Пукано кон народот! Демонстрантите пречекани со пиштоли кај Скендер бег, банда фрла шишиња кон нив appeared first on Република.

]]>

Со оружје и шишиња беа пречекани граѓаните кои маршираат против францускиот предлог веднаш по преминувањето под стоковната куќа Мост. Банда од страната на плоштадот Скендер бег почна да фрла со шишиња кон поворката, додека голем дел од нив слободно мавтаа со оружје и се закануваа. Истрелани беа и куршуми кон толпата.

The post Пукано кон народот! Демонстрантите пречекани со пиштоли кај Скендер бег, банда фрла шишиња кон нив appeared first on Република.

]]>