балтик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/baltik/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 11:12:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png балтик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/baltik/ 32 32 Американски генерал ги „искара“ балтичките држави да ја изградат железницата „Балтика“ за брзо распоредување на НАТО трупи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanski-general-gi-iskara-baltichkite-drzhavi-da-ja-izgradat-zheleznitsata-baltika-za-brzo-rasporeduvane-na-nato-trupi/ Mon, 11 Nov 2024 07:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=834810

Американскиот генерал, Бен Хоџис, ги повика балтичките држави да ја изградат железницата „Балтика“, која ќе овзможи брзо преместување на трупите на НАТО од централна Европа кон тој регион.

Поранешниот командант на американските сили во Европа, јавно го посдтави прашањето зошто пругите што треба да бидат дел од коридорот „Балтика“ сè уште не се изградени. Тој истакна дека изградбата на „Рејл Балтика“ (Rail Baltica), ќе им овозможи на силите на НАТО, доколку е потребно, да стигнат до балтичките земји што е можно поскоро.

Дел од овој проект можеби веќе е имплементиран, а од воена гледна точка, важен дел се самите шини. Прво изградете ги шините. По ова можете да почнете да работите на естетиката на станиците“, повика Хоџис.

Тој додаде дека прв приоритет е да се обезбеди брзо движење на силите на НАТО кон Литванија, Летонија и Естонија.

Летонскиот министер за земјоделство, Армандс Краузе, претходно повика на замрзнување и стопирање на градежниот проект на една година со цел да се решат сите финансиски прашања. Причина за таквата негова изјава беше тоа што ако порано цената на „Рејл балтика“ се проценуваше на 1,9 милијарди евра, сега е околу 10 милијарди евра.

Летонија нема пари и никој не може искрено да каже дека воопшто можеме да си дозволиме проект како „Рејл балтика“, изјави Краузе.

Проектот, како што пишуваат медиумите, првично беше ветено дека ќе биде финансиран од Брисел.

The post Американски генерал ги „искара“ балтичките држави да ја изградат железницата „Балтика“ за брзо распоредување на НАТО трупи appeared first on Република.

]]>

Американскиот генерал, Бен Хоџис, ги повика балтичките држави да ја изградат железницата „Балтика“, која ќе овзможи брзо преместување на трупите на НАТО од централна Европа кон тој регион. Поранешниот командант на американските сили во Европа, јавно го посдтави прашањето зошто пругите што треба да бидат дел од коридорот „Балтика“ сè уште не се изградени. Тој истакна дека изградбата на „Рејл Балтика“ (Rail Baltica), ќе им овозможи на силите на НАТО, доколку е потребно, да стигнат до балтичките земји што е можно поскоро.
Дел од овој проект можеби веќе е имплементиран, а од воена гледна точка, важен дел се самите шини. Прво изградете ги шините. По ова можете да почнете да работите на естетиката на станиците“, повика Хоџис.
Тој додаде дека прв приоритет е да се обезбеди брзо движење на силите на НАТО кон Литванија, Летонија и Естонија. Летонскиот министер за земјоделство, Армандс Краузе, претходно повика на замрзнување и стопирање на градежниот проект на една година со цел да се решат сите финансиски прашања. Причина за таквата негова изјава беше тоа што ако порано цената на „Рејл балтика“ се проценуваше на 1,9 милијарди евра, сега е околу 10 милијарди евра.