Балтичко Море Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/baltichko-more/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 07:52:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Балтичко Море Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/baltichko-more/ 32 32 Шведска и Данска не ја исклучуваат можноста саботажа да е причината за оштетувањата на каблите во Балтичкото Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvedska-i-danska-ne-ja-iskluchuvaat-mozhnosta-sabotazha-da-e-prichinata-za-oshtetuvanata-na-kablite-vo-baltichkoto-more/ Thu, 21 Nov 2024 07:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=840061

Премиерите на Шведска и Данска соопштија дека не ја исклучуваат можноста саботажа да е причината за оштетените два кабли во Балтичкото Море, посочувајќи на зголемениот ризик од хибридни напади.

Откриено е дека кабел што ги поврзува Финска и Германија бил пресечен во шведски територијални води, јужно од островот Еланд, на околу 700 километри од Хелсинки. Дополнително, телекомуникациски кабел кој го поврзува шведскиот остров Готланд со Литванија е оштетен пред четири дена.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус вчера изјави дека дефинитивно се работи за саботажа.

Ги следиме внимателно информациите од надлежните органи и нема да се изненадам ако саботажата е извршена од надворешен фактор, изјави данската премиерка Мете Фредериксен.

Воедно, таа посочи дека поради зголемените тензии околу Балтичкото Море, постои „ризик од хибридни напади, кибер-напади и напади врз критичната инфраструктура“.

Сведоци сме на сè повеќе проблеми на повеќе фронтови, додаде таа.

Нејзиниот шведски колега Улф Кристерсон, исто така, рече дека постои можност прекинатите кабли „да се резултат на намерна саботажа“.

Ова сè уште не е потврдено, не сакам да шпекулирам. Живееме во време кога сите ризици мора да се сфаќаат многу сериозно. Веќе сме виделе акти на саботажа, изјави Кристерсон.

Откако беа оштетени два кабли во Балтичкото Море, а Шведска и Финска објавија дека почнуваат истрага за можна саботажа, данските одбранбени сили денеска соопштија дека го следат кинескиот брод Ји Пен 3.

Ние сме во област во близина на кинескиот брод, соопшти данското Министерство за одбрана.

Товарниот брод кој е во сопственост на кинеска компанија поминал вчера вечерта во теснецот Категат, кој се наоѓа помеѓу Данска и западниот брег на Шведска, објави специјализираната веб-страница „Marinetraffic“.

Бродот се наоѓал во близина на областа каде што кабелот што ја поврзува Финска со Германија бил оштетен пред два дена, иако немало докази кои директно го инкриминираат, според веб-страницата „Marinetraffic“. Пред четири дена беше оштетен и уште еден телекомуникациски кабел што ја поврзува Шведска со Литванија.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус веќе изјави дека причината за штетата секако била саботажа. „Никој не верува дека овие кабли се исечени случајно“, рече тој.

Шведскиот министер за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин вчера изјави дека вооружените сили и крајбрежната стража на земјата откриле движења на бродови што одговараат на прекин на два телекомуникациски кабли во Балтичкото Море.

The post Шведска и Данска не ја исклучуваат можноста саботажа да е причината за оштетувањата на каблите во Балтичкото Море appeared first on Република.

]]>

Премиерите на Шведска и Данска соопштија дека не ја исклучуваат можноста саботажа да е причината за оштетените два кабли во Балтичкото Море, посочувајќи на зголемениот ризик од хибридни напади. Откриено е дека кабел што ги поврзува Финска и Германија бил пресечен во шведски територијални води, јужно од островот Еланд, на околу 700 километри од Хелсинки. Дополнително, телекомуникациски кабел кој го поврзува шведскиот остров Готланд со Литванија е оштетен пред четири дена. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус вчера изјави дека дефинитивно се работи за саботажа.
Ги следиме внимателно информациите од надлежните органи и нема да се изненадам ако саботажата е извршена од надворешен фактор, изјави данската премиерка Мете Фредериксен.
Воедно, таа посочи дека поради зголемените тензии околу Балтичкото Море, постои „ризик од хибридни напади, кибер-напади и напади врз критичната инфраструктура“.
Сведоци сме на сè повеќе проблеми на повеќе фронтови, додаде таа.
Нејзиниот шведски колега Улф Кристерсон, исто така, рече дека постои можност прекинатите кабли „да се резултат на намерна саботажа“.
Ова сè уште не е потврдено, не сакам да шпекулирам. Живееме во време кога сите ризици мора да се сфаќаат многу сериозно. Веќе сме виделе акти на саботажа, изјави Кристерсон.
Откако беа оштетени два кабли во Балтичкото Море, а Шведска и Финска објавија дека почнуваат истрага за можна саботажа, данските одбранбени сили денеска соопштија дека го следат кинескиот брод Ји Пен 3.
Ние сме во област во близина на кинескиот брод, соопшти данското Министерство за одбрана.
Товарниот брод кој е во сопственост на кинеска компанија поминал вчера вечерта во теснецот Категат, кој се наоѓа помеѓу Данска и западниот брег на Шведска, објави специјализираната веб-страница „Marinetraffic“. Бродот се наоѓал во близина на областа каде што кабелот што ја поврзува Финска со Германија бил оштетен пред два дена, иако немало докази кои директно го инкриминираат, според веб-страницата „Marinetraffic“. Пред четири дена беше оштетен и уште еден телекомуникациски кабел што ја поврзува Шведска со Литванија. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус веќе изјави дека причината за штетата секако била саботажа. „Никој не верува дека овие кабли се исечени случајно“, рече тој. Шведскиот министер за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин вчера изјави дека вооружените сили и крајбрежната стража на земјата откриле движења на бродови што одговараат на прекин на два телекомуникациски кабли во Балтичкото Море.

The post Шведска и Данска не ја исклучуваат можноста саботажа да е причината за оштетувањата на каблите во Балтичкото Море appeared first on Република.

]]>
Брод полн со сандаци шампањско од 19. век најден во Балтичкото Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brod-poln-so-sandatsi-shampansko-od-19-vek-najden-vo-baltichkoto-more/ Fri, 26 Jul 2024 07:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=800379

Полската нуркачка група „Балтиктек“ објави дека минатата недела откриле место на бродолом којшто се случил во 19 век, во Балтичкото Море, кај шведскиот брег. Бродот бил натоварен со сандаци со шампањско.

Потонатиот брод е натоварен со сандаци со шампањ, минерална вода и порцелан... Пронајдовме околу сто шишиња шампањско. Нуркам 40 години, често се случува да има ковчег или два, но остаток од брод со олкав товар - ваков наод не ми се случил досега, изјави Томаш Стачура, одговорен шеф на нуркачите.

Наоѓалиштето е на околу 20 наутички милји јужно од шведскиот остров Оланд. Нуркачите, инаку, со години се на дното на Балтичкото Море, барајќи потонати бродови и други наоди.

Истражувавме нови места од чиста љубопитност и тогаш наидовме на овој потонат брод, појасни водечкиот нуркач.

Наоѓањето на минералната вода во затворени глинени шишиња овозможило да се утврди дека бродот потонал во втората половина на 19 век.

Успеавме да го фотографираме печатот на шишето, коешто, се покажа, припаѓа на германскиот бренд „Селтерс“. Овие печати во тоа време имале специфичен облик, додаде Стачура.

Нуркачите ги информирале шведските обласни власти за новото откритие. Според наводите, шампањот нема да биде извлечен во скоро време поради административни ограничувања.

Тука лежел 170 години, па нека остане така уште една година. Ќе имаме повеќе време правилно да се подготвиме за оваа операција, заклучи Стачура.

The post Брод полн со сандаци шампањско од 19. век најден во Балтичкото Море appeared first on Република.

]]>

Полската нуркачка група „Балтиктек“ објави дека минатата недела откриле место на бродолом којшто се случил во 19 век, во Балтичкото Море, кај шведскиот брег. Бродот бил натоварен со сандаци со шампањско. Потонатиот брод е натоварен со сандаци со шампањ, минерална вода и порцелан... Пронајдовме околу сто шишиња шампањско. Нуркам 40 години, често се случува да има ковчег или два, но остаток од брод со олкав товар - ваков наод не ми се случил досега, изјави Томаш Стачура, одговорен шеф на нуркачите. Наоѓалиштето е на околу 20 наутички милји јужно од шведскиот остров Оланд. Нуркачите, инаку, со години се на дното на Балтичкото Море, барајќи потонати бродови и други наоди. Истражувавме нови места од чиста љубопитност и тогаш наидовме на овој потонат брод, појасни водечкиот нуркач. Наоѓањето на минералната вода во затворени глинени шишиња овозможило да се утврди дека бродот потонал во втората половина на 19 век. Успеавме да го фотографираме печатот на шишето, коешто, се покажа, припаѓа на германскиот бренд „Селтерс“. Овие печати во тоа време имале специфичен облик, додаде Стачура. Нуркачите ги информирале шведските обласни власти за новото откритие. Според наводите, шампањот нема да биде извлечен во скоро време поради административни ограничувања. Тука лежел 170 години, па нека остане така уште една година. Ќе имаме повеќе време правилно да се подготвиме за оваа операција, заклучи Стачура.

The post Брод полн со сандаци шампањско од 19. век најден во Балтичкото Море appeared first on Република.

]]>
Германски борбени авиони пресретнаа руски авион над Балтичкото Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanski-borbeni-avioni-presretnaa-ruski-avion-nad-baltichkoto-more/ Sun, 07 Apr 2024 16:45:12 +0000 https://republika.mk/?p=763519

Германски борбени авиони „Еурофајтер“ пресретнаа руски авиони над Балтичкото Море, соопшти германското воено воздухопловство.

Руски разузнавачки авион Ил-20 летал без транспондер, уред кој им помага на властите да го идентификуваат и да го следат авионот, пренесува Њузвик.

Германските борбени авиони полетаа од летонскиот град Лиелварде.

The post Германски борбени авиони пресретнаа руски авион над Балтичкото Море appeared first on Република.

]]>

Германски борбени авиони „Еурофајтер“ пресретнаа руски авиони над Балтичкото Море, соопшти германското воено воздухопловство. Руски разузнавачки авион Ил-20 летал без транспондер, уред кој им помага на властите да го идентификуваат и да го следат авионот, пренесува Њузвик. Германските борбени авиони полетаа од летонскиот град Лиелварде.

The post Германски борбени авиони пресретнаа руски авион над Балтичкото Море appeared first on Република.

]]>
Невреме на Балтикот, еден загинат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nevreme-na-baltikot-eden-zaginat/ Mon, 07 Aug 2023 18:33:39 +0000 https://republika.mk/?p=669738

Најмалку едно лице загинало во невремето што ги зафати земјите кои граничат со Балтичкото Море. Станува збор за 50-годишна жена која починала во Литванија поради паѓање дрвја во близина на границата со Латвија.

Невремето предизвика одложување на летовите, прекин на траектниот сообраќај и делумно излетување на воз од шините. Два вагона на патнички воз излетаа од шините во Шведска, но нема повредени, соопшти полицијата. До несреќата дошло бидејќи насипот бил загрозен од обилни дождови и свлечиште, додаваат од полицијата. Во неделата во Шведска беа забележани илјадници удари од гром.

Во јужна Норвешка, властите го подигнаа предупредувањето за екстремни временски услови на највисоко ниво поради обилните врнежи од дожд, лизгање на земјиштето и поројните поплави, додека улиците во Осло се поплавени. Во пристаништето денеска останаа фериботите што ги поврзуваат Полска со Шведска, два германски острови со континентална Германија, како и Норвешка со Данска. Фериботите и другите бродови кои сообраќаат до германските острови Хиндензе и Риген се откажани, а од туристите е побарано да ги променат плановите за патување за в среда.

Во Летонија, според метеоролозите, град со големина на топче за голф паднал во селото Апгулде, југозападно од Рига. Според државната телевизија, ударите на ветерот со брзина од 108 километри на час предизвикале паѓање на дрвја. Во областа Добеле во Летонија, како што јави „Балтик нуз сервис“, невремето предизвикало голема штета.

Временските услови во Данска и натаму се неповолни, соопшти полицијата во југоисточниот дел на земјата на социјалната мрежа Икс, позната како Твитер. Противпожарната служба во Копенхаген ги повика луѓето да избегнуваат да одат во паркови и шуми.

The post Невреме на Балтикот, еден загинат appeared first on Република.

]]>

Најмалку едно лице загинало во невремето што ги зафати земјите кои граничат со Балтичкото Море. Станува збор за 50-годишна жена која починала во Литванија поради паѓање дрвја во близина на границата со Латвија. Невремето предизвика одложување на летовите, прекин на траектниот сообраќај и делумно излетување на воз од шините. Два вагона на патнички воз излетаа од шините во Шведска, но нема повредени, соопшти полицијата. До несреќата дошло бидејќи насипот бил загрозен од обилни дождови и свлечиште, додаваат од полицијата. Во неделата во Шведска беа забележани илјадници удари од гром. Во јужна Норвешка, властите го подигнаа предупредувањето за екстремни временски услови на највисоко ниво поради обилните врнежи од дожд, лизгање на земјиштето и поројните поплави, додека улиците во Осло се поплавени. Во пристаништето денеска останаа фериботите што ги поврзуваат Полска со Шведска, два германски острови со континентална Германија, како и Норвешка со Данска. Фериботите и другите бродови кои сообраќаат до германските острови Хиндензе и Риген се откажани, а од туристите е побарано да ги променат плановите за патување за в среда. Во Летонија, според метеоролозите, град со големина на топче за голф паднал во селото Апгулде, југозападно од Рига. Според државната телевизија, ударите на ветерот со брзина од 108 километри на час предизвикале паѓање на дрвја. Во областа Добеле во Летонија, како што јави „Балтик нуз сервис“, невремето предизвикало голема штета. Временските услови во Данска и натаму се неповолни, соопшти полицијата во југоисточниот дел на земјата на социјалната мрежа Икс, позната како Твитер. Противпожарната служба во Копенхаген ги повика луѓето да избегнуваат да одат во паркови и шуми.

The post Невреме на Балтикот, еден загинат appeared first on Република.

]]>
Саботерите ја користеле Полска како база за нападот на гасоводот во Балтичко Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/saboterite-ja-koristele-polska-kako-baza-za-napadot-na-gasovodot-vo-baltichko-more/ Sat, 10 Jun 2023 10:48:35 +0000 https://republika.mk/?p=649863

Германските иследници истражуваат доказен материјал што сугерира дека диверзантите на „Северен тек“ ја користеле Полска како база за напад на гасоводи во Балтичкото Море.

Германските истражители целосно го реконструирале двонеделното патување на јахтата „Андромеда“, долга 15 метри, за која постои сомнеж дека била користена во саботажата на гасоводот со кој Европа се снабдува со руски гас, пишува американскиот весник Волстрит журнал.

Истражителите се обидуваат да откријат зошто јахтата користена за минирање на гасоводот влегла во полските води, се наведува во извештајот. Истрагата покажала и дека Полска би можела да биде центар и за логистика и за финансирање на диверзантскиот напад, додава весникот.

Истражителите утврдиле дека јахтата го променила планираниот курс и запловила во полските води, пишува Волстрит журнал, повикувајќи се на податоци од радио и навигациската опрема на бродот, сателити и мобилни телефони, од мејлови и собрани примероци од ДНК пронајдени на јахтата, кои Германија се обидела да ги поврзе со најмалку еден украински војник, пренесуваат британските медиуми.

Германската полиција и кабинетот на полскиот премиер се уште не одговориле на барањето за коментар на наводите на весникот Волстрит журнал.

„Вашингтон пост“ оваа недела објави дека САД знаеле за планот на Украина да го нападне гасоводот „Северен тек“ три месеци пред гасоводот да биде оштетен од подводни експлозии.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата изјави за германските медиуми дека Украинците не го саботирале гасоводот.

Експлозиите се случија во економските зони на Шведска и Данска, кои потврдија дека се намерно предизвикани, но не можеа да утврдат кој е одговорен за нив.

Русија инсистира дека е неопходно да се спроведе објективна меѓународна истрага за експлозиите на гасоводот, со нејзино учество, а тврди дека нападите на „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во септември се терористички напади.

На почетокот на февруари, познатиот американски истражувачки новинар Сејмур Херш предизвика сензација со своите тврдења дека нуркачи на американската морнарица поставиле експлозивни направи на гасоводи веќе во јуни.

Како што објави WSJ, германските истражители заклучиле дека експлозивот користен во нападот HMX бил познат како октоген, безбојна супстанца погодна за уништување на подводната инфраструктура.

The post Саботерите ја користеле Полска како база за нападот на гасоводот во Балтичко Море appeared first on Република.

]]>

Германските иследници истражуваат доказен материјал што сугерира дека диверзантите на „Северен тек“ ја користеле Полска како база за напад на гасоводи во Балтичкото Море. Германските истражители целосно го реконструирале двонеделното патување на јахтата „Андромеда“, долга 15 метри, за која постои сомнеж дека била користена во саботажата на гасоводот со кој Европа се снабдува со руски гас, пишува американскиот весник Волстрит журнал. Истражителите се обидуваат да откријат зошто јахтата користена за минирање на гасоводот влегла во полските води, се наведува во извештајот. Истрагата покажала и дека Полска би можела да биде центар и за логистика и за финансирање на диверзантскиот напад, додава весникот. Истражителите утврдиле дека јахтата го променила планираниот курс и запловила во полските води, пишува Волстрит журнал, повикувајќи се на податоци од радио и навигациската опрема на бродот, сателити и мобилни телефони, од мејлови и собрани примероци од ДНК пронајдени на јахтата, кои Германија се обидела да ги поврзе со најмалку еден украински војник, пренесуваат британските медиуми. Германската полиција и кабинетот на полскиот премиер се уште не одговориле на барањето за коментар на наводите на весникот Волстрит журнал. „Вашингтон пост“ оваа недела објави дека САД знаеле за планот на Украина да го нападне гасоводот „Северен тек“ три месеци пред гасоводот да биде оштетен од подводни експлозии. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата изјави за германските медиуми дека Украинците не го саботирале гасоводот. Експлозиите се случија во економските зони на Шведска и Данска, кои потврдија дека се намерно предизвикани, но не можеа да утврдат кој е одговорен за нив. Русија инсистира дека е неопходно да се спроведе објективна меѓународна истрага за експлозиите на гасоводот, со нејзино учество, а тврди дека нападите на „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во септември се терористички напади. На почетокот на февруари, познатиот американски истражувачки новинар Сејмур Херш предизвика сензација со своите тврдења дека нуркачи на американската морнарица поставиле експлозивни направи на гасоводи веќе во јуни. Како што објави WSJ, германските истражители заклучиле дека експлозивот користен во нападот HMX бил познат како октоген, безбојна супстанца погодна за уништување на подводната инфраструктура.

The post Саботерите ја користеле Полска како база за нападот на гасоводот во Балтичко Море appeared first on Република.

]]>
Во авионот кој се урна во Балтичкото Море имало четворица патници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-avionot-koj-se-urna-vo-baltichkoto-more-imalo-chetvorica-patnici/ Sun, 04 Sep 2022 20:15:00 +0000 https://republika.mk/?p=547447

Мал авион „Цесна“ се урна вечерва во Балтичкото Море, објави „Билд“. Авионот полетал од југот на Шпанија и требало да слета во Келн, Германија.

По полетувањето имало проблем со притисокот во кабината, а комуникацијата со авионот се прекинала кога тој уште бил над Пиринејскиот Полуостров.

Шпански и француски борбени авиони полетале за да дознаат што се случило со „Цесната“, но не успеале да остварат контакт. Според првичните информации, во леталото, освен пилотот, имало и тричлено семејство, односно вкупно четворица патници.

Шведската крајбрежна стража испрати бродови и хеликоптер на местото на несреќата. Според последните информации, тие забележале дамка од гориво во морето и забележале делови од авионот. Се стравува дека во несреќата нема преживеани.

The post Во авионот кој се урна во Балтичкото Море имало четворица патници appeared first on Република.

]]>

Мал авион „Цесна“ се урна вечерва во Балтичкото Море, објави „Билд“. Авионот полетал од југот на Шпанија и требало да слета во Келн, Германија. По полетувањето имало проблем со притисокот во кабината, а комуникацијата со авионот се прекинала кога тој уште бил над Пиринејскиот Полуостров. Шпански и француски борбени авиони полетале за да дознаат што се случило со „Цесната“, но не успеале да остварат контакт. Според првичните информации, во леталото, освен пилотот, имало и тричлено семејство, односно вкупно четворица патници. Шведската крајбрежна стража испрати бродови и хеликоптер на местото на несреќата. Според последните информации, тие забележале дамка од гориво во морето и забележале делови од авионот. Се стравува дека во несреќата нема преживеани.

The post Во авионот кој се урна во Балтичкото Море имало четворица патници appeared first on Република.

]]>