балтички земји Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/baltichki-zemji/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 12:16:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png балтички земји Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/baltichki-zemji/ 32 32 Презентација на туристичките потенцијали на земјава во Рига, Талин и Вилнус https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/prezentatsija-na-turistichkite-potentsijali-na-zemjava-vo-riga-talin-i-vilnus/ Tue, 27 Feb 2024 12:16:51 +0000 https://republika.mk/?p=748879

Економските и геополитичките предизвици продолжуваат да претставуваат значителни предизвици за одржливо закрепнување на меѓународниот туризам и враќање на нивото на доверба во патувањата.

Македонскиот туристички сектор ги прати трендовите и ја согледа важноста од отварање на нов туристички пазар. Во период од 27ми до 29ти февруари директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, м-р Јасмина Лескаровска, г-дин Влатко Сулев, генерален менаџер на Балкан Прајм Турс и претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ), претставници од ТАВ Македонија, туроператорите Фибула и Сумонум Травел ќе ги презентираат туристичките потенцијали и туристички продукти на земјава во трите балтички престолнини, Рига, Талин и Вилнус.
Култура, сончева дестинација, престижно вино, исклучителна гастрономија, авантуристички и рурален туризам се дел од понудата што ќе се промовира и презентира пред туроператори во  Естонија, Латвија и Литванија. Ова туристичко и бизнис роуд шоу во Балтичките земји како идентификуван целен пазар е пред почетокот на најавениот директен лет Скопје-Рига од страна на авиокомпанија “Ер Балтик“, во мај оваа година. Роуд шоуто е поддржано од ИМЕ- Програмата за зголемување на пазарната вработливост.

Најзначајната придобивка од туристичката промоција е тоа што помага да се прошири нашиот туристички идентитет  и да се привлече вниманието на луѓето кои патуваат глобално и локално и се повеќе од подготвени да ја прифатат нашата туристичка понуда која е автентична и конкурентна на пазарот. Туризмот е една од најбрзо растечките индустрии во светот и е исто така еден од најдобрите начини за зајакнување на економијата на една земја. Со тоа што се повеќе дестинации го сфаќаат ова и бараат да привлечат повеќе туристи, индустријата станува сè поконкурентна. Ова е причината зошто сега е поважно од кога да го приоритизираме туризмот, да вложуваме како држава и како индустрија, да го истакнеме тоа што не прави уникатни и различни.
Македонскиот туристички сектор посветено работи и се соочува со сите предизвици за зајакнување и развој на туристичката индустрија во земјава. Туризмот создава работни места, ја зајакнува локалната економија, придонесува за развој на локалната инфраструктура и може да помогне да се зачува природната средина и културните добра и традиции, како и да се намали сиромаштијата и нееднаквоста.

Новите трендови покажуваат дека перцепциите на туристите за патувањето се менуваат. Тие сакаат да патуваат позначајно и поодржливо. Тие сакаат да знаат дека нивните навики за патување ќе имаат позитивно влијание врз планетата и локалните заедници. Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, м-р Јасмина Лескаровска го потенцира развојот на зелени дестинации и инвестирање во одржливиот туризам.

“Гледајќи напред, Македонија во идниот период ќе мора да инвестира и посветено да работи за развој на еко туризмот и другите алтернативни форми на туризам, бидејќи во изминатите години многу малку е сработено во рамките на дестинациите и воопшто во нашата земја од аспект на градење на одржливи зелени дестинации. Мора да постои кохезија и директна соработка  помеѓу властите, приватните компании и невладините организации, кои сè повеќе ги поддржуваат и охрабруваат одржливите практики во туристичката индустрија. Инвестициите во еколошката инфраструктура, иницијативите за обновлива енергија и иновативните решенија за управување со отпад покажуваат посветеност на долгорочна одржливост. Бидејќи во иднина Македонија ќе треба да се приклучи кон останатите балкански земји во делот на привлекување на туристи кои се грижат за животната средина и бараат значајни и автентични искуства, притоа придонесувајќи за зачувување на природната убавина”- истакна Лескаровска.

 

The post Презентација на туристичките потенцијали на земјава во Рига, Талин и Вилнус appeared first on Република.

]]>

Економските и геополитичките предизвици продолжуваат да претставуваат значителни предизвици за одржливо закрепнување на меѓународниот туризам и враќање на нивото на доверба во патувањата. Македонскиот туристички сектор ги прати трендовите и ја согледа важноста од отварање на нов туристички пазар. Во период од 27ми до 29ти февруари директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, м-р Јасмина Лескаровска, г-дин Влатко Сулев, генерален менаџер на Балкан Прајм Турс и претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ), претставници од ТАВ Македонија, туроператорите Фибула и Сумонум Травел ќе ги презентираат туристичките потенцијали и туристички продукти на земјава во трите балтички престолнини, Рига, Талин и Вилнус. Култура, сончева дестинација, престижно вино, исклучителна гастрономија, авантуристички и рурален туризам се дел од понудата што ќе се промовира и презентира пред туроператори во  Естонија, Латвија и Литванија. Ова туристичко и бизнис роуд шоу во Балтичките земји како идентификуван целен пазар е пред почетокот на најавениот директен лет Скопје-Рига од страна на авиокомпанија “Ер Балтик“, во мај оваа година. Роуд шоуто е поддржано од ИМЕ- Програмата за зголемување на пазарната вработливост. Најзначајната придобивка од туристичката промоција е тоа што помага да се прошири нашиот туристички идентитет  и да се привлече вниманието на луѓето кои патуваат глобално и локално и се повеќе од подготвени да ја прифатат нашата туристичка понуда која е автентична и конкурентна на пазарот. Туризмот е една од најбрзо растечките индустрии во светот и е исто така еден од најдобрите начини за зајакнување на економијата на една земја. Со тоа што се повеќе дестинации го сфаќаат ова и бараат да привлечат повеќе туристи, индустријата станува сè поконкурентна. Ова е причината зошто сега е поважно од кога да го приоритизираме туризмот, да вложуваме како држава и како индустрија, да го истакнеме тоа што не прави уникатни и различни. Македонскиот туристички сектор посветено работи и се соочува со сите предизвици за зајакнување и развој на туристичката индустрија во земјава. Туризмот создава работни места, ја зајакнува локалната економија, придонесува за развој на локалната инфраструктура и може да помогне да се зачува природната средина и културните добра и традиции, како и да се намали сиромаштијата и нееднаквоста. Новите трендови покажуваат дека перцепциите на туристите за патувањето се менуваат. Тие сакаат да патуваат позначајно и поодржливо. Тие сакаат да знаат дека нивните навики за патување ќе имаат позитивно влијание врз планетата и локалните заедници. Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, м-р Јасмина Лескаровска го потенцира развојот на зелени дестинации и инвестирање во одржливиот туризам. “Гледајќи напред, Македонија во идниот период ќе мора да инвестира и посветено да работи за развој на еко туризмот и другите алтернативни форми на туризам, бидејќи во изминатите години многу малку е сработено во рамките на дестинациите и воопшто во нашата земја од аспект на градење на одржливи зелени дестинации. Мора да постои кохезија и директна соработка  помеѓу властите, приватните компании и невладините организации, кои сè повеќе ги поддржуваат и охрабруваат одржливите практики во туристичката индустрија. Инвестициите во еколошката инфраструктура, иницијативите за обновлива енергија и иновативните решенија за управување со отпад покажуваат посветеност на долгорочна одржливост. Бидејќи во иднина Македонија ќе треба да се приклучи кон останатите балкански земји во делот на привлекување на туристи кои се грижат за животната средина и бараат значајни и автентични искуства, притоа придонесувајќи за зачувување на природната убавина”- истакна Лескаровска.  

The post Презентација на туристичките потенцијали на земјава во Рига, Талин и Вилнус appeared first on Република.

]]>
Балтичките земји забранија влез за возила со руски регистарски таблички https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/baltichkite-zemji-zabranija-vlez-za-vozila-so-ruski-registarski-tablichki/ Wed, 13 Sep 2023 13:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=681637

Балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија од денеска ги затворија своите граници за возила со регистерски таблички од Русија, се вели во официјалното соопштение од Естонија.

Во согласност со упатствата на Европската комисија, никој не смее да ја премине границата со Естонија со автомобил со руски регистарски таблички од среда во 10 часот (08.00 часот по Гринич), соопшти Министерството за внатрешни работи во Талин.

Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна денеска информираше дека Талин се приклучува на мерката објавена од Летонија и Литванија еден ден претходно.

„Почнувајќи од денеска... Естонија ќе го забрани влезот за сите возила со руски регистрирски таблички“, напиша Цахкна на социјалната платформа Х, порано позната како Твитер.

Естонија, Летонија и Литванија ја применуваат истата регулатива, во услови на поголема претпазливост предизвикана од тековната целосна инвазија на Москва врз Украина во февруари 2022 година.

Автомобилите со руски регистарски таблички мора да се вратат назад на надворешните граници на трите земји, кои припаѓаат на Европската Унија и НАТО. Во спротивно, возилата би можеле да бидат одземени.

Чекорот на балтичките земји доаѓа по појаснувањето на Комисијата на 8 септември во врска со спроведувањето на санкциите на ЕУ кон Русија. Комисијата појасни дека возилата регистрирани во Русија повеќе не смеат да влезат на територијата на ЕУ, без разлика дали се за приватни или комерцијални цели.

- Не можеме да дозволиме граѓаните на агресорската држава да ги уживаат придобивките од слободата и демократијата додека Русија го продолжува својот геноцид во Украина, изјави естонскиот министер.

The post Балтичките земји забранија влез за возила со руски регистарски таблички appeared first on Република.

]]>

Балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија од денеска ги затворија своите граници за возила со регистерски таблички од Русија, се вели во официјалното соопштение од Естонија. Во согласност со упатствата на Европската комисија, никој не смее да ја премине границата со Естонија со автомобил со руски регистарски таблички од среда во 10 часот (08.00 часот по Гринич), соопшти Министерството за внатрешни работи во Талин. Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна денеска информираше дека Талин се приклучува на мерката објавена од Летонија и Литванија еден ден претходно. „Почнувајќи од денеска... Естонија ќе го забрани влезот за сите возила со руски регистрирски таблички“, напиша Цахкна на социјалната платформа Х, порано позната како Твитер. Естонија, Летонија и Литванија ја применуваат истата регулатива, во услови на поголема претпазливост предизвикана од тековната целосна инвазија на Москва врз Украина во февруари 2022 година. Автомобилите со руски регистарски таблички мора да се вратат назад на надворешните граници на трите земји, кои припаѓаат на Европската Унија и НАТО. Во спротивно, возилата би можеле да бидат одземени. Чекорот на балтичките земји доаѓа по појаснувањето на Комисијата на 8 септември во врска со спроведувањето на санкциите на ЕУ кон Русија. Комисијата појасни дека возилата регистрирани во Русија повеќе не смеат да влезат на територијата на ЕУ, без разлика дали се за приватни или комерцијални цели. - Не можеме да дозволиме граѓаните на агресорската држава да ги уживаат придобивките од слободата и демократијата додека Русија го продолжува својот геноцид во Украина, изјави естонскиот министер.

The post Балтичките земји забранија влез за возила со руски регистарски таблички appeared first on Република.

]]>
Балтичките земји ќе дозволуваат влез за руски државјани само во исклучителни ситуации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/baltichkite-zemji-kje-dozvoluvaat-vlez-za-ruski-drzavjani-samo-vo-iskluchitelni-situacii/ Wed, 07 Sep 2022 12:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=548328

Литванија, Летонија и Естонија постигнале договор за ограничување на влезот на руски државјани кои пристигнуваат на нивните територии од Русија и Белорусија, соопштија нивните министри за надворешни работи.

Летонскиот министер Едгарс Ринкевичс, соопшти дека трите балтички држави треба да ја воведат забраната до средината на септември. Влезот ќе биде овозможен за оние кои патуваат од хуманитарни или семејни причини, за возачи на камиони и дипломати.

Во текот на изминатите неколку недели и месеци, драматично се зголемија преминувањата на руски државјани со шенген визи. Стана прашање на јавна безбедност, но и од морална и политичка природа - изјави Ринкевичс на прес-конференција во Литванија.

Директните летови меѓу Русија и ЕУ беа откажани по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, оставајќи им на Русите намалени опции за патување во Унијата.

The post Балтичките земји ќе дозволуваат влез за руски државјани само во исклучителни ситуации appeared first on Република.

]]>

Литванија, Летонија и Естонија постигнале договор за ограничување на влезот на руски државјани кои пристигнуваат на нивните територии од Русија и Белорусија, соопштија нивните министри за надворешни работи. Летонскиот министер Едгарс Ринкевичс, соопшти дека трите балтички држави треба да ја воведат забраната до средината на септември. Влезот ќе биде овозможен за оние кои патуваат од хуманитарни или семејни причини, за возачи на камиони и дипломати.
Во текот на изминатите неколку недели и месеци, драматично се зголемија преминувањата на руски државјани со шенген визи. Стана прашање на јавна безбедност, но и од морална и политичка природа - изјави Ринкевичс на прес-конференција во Литванија.
Директните летови меѓу Русија и ЕУ беа откажани по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, оставајќи им на Русите намалени опции за патување во Унијата.

The post Балтичките земји ќе дозволуваат влез за руски државјани само во исклучителни ситуации appeared first on Република.

]]>
Балтичките земји повеќе не купуваат руски гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/baltichkite-zemji-povekje-ne-kupuvaat-ruski-gas/ Fri, 22 Apr 2022 11:47:03 +0000 https://republika.mk/?p=492236

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека во Европската Унија се уште не се разговара за ембарго на увоз на руски гас.

„Тоа прашање (целосно ембарго за руски гас и нафта) може да се стави на маса, но во овој момент не се разговара за тоа“, изјави Макрон во интервју за Кориере дела Сера, пренесува Тасс.

Нафтата и горивото веќе се соочуваат со ембарго, но не и гасот, потсети Макрон и додаде дека е познато до какви потешкотии тоа може да донесе.

Балтичките членки на ЕУ, како Естонија, Латвија и Литванија, моментално не купуваат руски гас и имаат за цел да продолжат со оваа пракса и во иднина изјави денеска премиерот на Латвија, Кришјанис Каринш.

„За ова прашање ќе соработуваме за да обезбедиме доволно снабдување со гас и ќе користиме подземен резервоар со гас во Латвија“, рекол Каринш на заедничка конференција за новинарите по состанокот на тројцата премиери на балтичките земји, пренесе Ројтерс.

The post Балтичките земји повеќе не купуваат руски гас appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека во Европската Унија се уште не се разговара за ембарго на увоз на руски гас.
„Тоа прашање (целосно ембарго за руски гас и нафта) може да се стави на маса, но во овој момент не се разговара за тоа“, изјави Макрон во интервју за Кориере дела Сера, пренесува Тасс.
Нафтата и горивото веќе се соочуваат со ембарго, но не и гасот, потсети Макрон и додаде дека е познато до какви потешкотии тоа може да донесе. Балтичките членки на ЕУ, како Естонија, Латвија и Литванија, моментално не купуваат руски гас и имаат за цел да продолжат со оваа пракса и во иднина изјави денеска премиерот на Латвија, Кришјанис Каринш. „За ова прашање ќе соработуваме за да обезбедиме доволно снабдување со гас и ќе користиме подземен резервоар со гас во Латвија“, рекол Каринш на заедничка конференција за новинарите по состанокот на тројцата премиери на балтичките земји, пренесе Ројтерс.

The post Балтичките земји повеќе не купуваат руски гас appeared first on Република.

]]>
Украина бара од Литванија, Летонија и Естонија да ги затворат границите со Русија и Белорусија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-bara-od-litvanija-letonija-i-estonija-da-gi-zatvorat-granicite-so-rusija-i-belorusija/ Thu, 31 Mar 2022 10:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=481350

Украински дипломати бараат од властите на Литванија, Летонија и Естонија да ги затворат копнените граници со Русија и Белорусија.

Мислам дека доколку се донесе таква одлука, тогаш нема да треба да се чека одлуката на Европската Унија и целосно ќе блокираме какви било испораки за Русија - изјави амбасадорот на Украина во Полска Андриј Дешчица.

Тој додаде дека Украина исто така бара од полските власти да ја затворат полско-белоруската граница.

The post Украина бара од Литванија, Летонија и Естонија да ги затворат границите со Русија и Белорусија appeared first on Република.

]]>

Украински дипломати бараат од властите на Литванија, Летонија и Естонија да ги затворат копнените граници со Русија и Белорусија.
Мислам дека доколку се донесе таква одлука, тогаш нема да треба да се чека одлуката на Европската Унија и целосно ќе блокираме какви било испораки за Русија - изјави амбасадорот на Украина во Полска Андриј Дешчица.
Тој додаде дека Украина исто така бара од полските власти да ја затворат полско-белоруската граница.

The post Украина бара од Литванија, Летонија и Естонија да ги затворат границите со Русија и Белорусија appeared first on Република.

]]>