балон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/balon/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Feb 2023 14:47:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png балон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/balon/ 32 32 Кина: Наводниот шпионски балон над САД е метеоролошки уред https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-navodniot-shpionski-balon-nad-sad-e-meteoroloshki-ured/ Fri, 03 Feb 2023 14:47:43 +0000 https://republika.mk/?p=604407

Кина соопшти дека наводниот шпионски балон, забележан над САД, е „цивилен воздушен брод“ што се користи главно за следење на времето, а кој ненамерно излегол од предвидениот курс на движење, јави Би-Би-Си.

Американските претставници од Министерството за одбрана рекоа дека веруваат дека балонот, виден над чувствителните области во последните денови, всушност е уред за „надзор од голема височина“.

Но, во соопштението, кинеското Министерство за надворешни работи рече дека се користи за „главно метеоролошки“ цели.

Кина претходно соопшти дека ги разгледува американските извештаи дека кинески шпионски балон бил забележан како лета над воздушниот простор на САД и повика на смиреност.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, претходно денеска изјави дека нема информации дали ќе се одржи планираната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Кина.

-Кина е одговорна земја и секогаш строго го почитува меѓународното право и нема намера да ја нарушува територијата и воздушниот простор на која било суверена земја. Што се однесува до балоните, ја разгледуваме и проверуваме ситуацијата и се надеваме дека двете страни ќе се справат со тоа мирно и внимателно, рече Мао.

САД и Канада денеска соопштија дека следеле шпионски балон што летал на голема височина над Северна Америка и над чувствителни воени локации.

Пентагон синоќа соопшти за присуство на балон во воздушниот простор на САД, за кој се верува дека е кинески, а канадската Влада денеска објави дека истражува „уште еден потенцијален инцидент“.

The post Кина: Наводниот шпионски балон над САД е метеоролошки уред appeared first on Република.

]]>

Деветмина повредени во пад на балон во источните Алпи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/devetmina-povredeni-vo-pad-na-balon-vo-istochnite-alpi/ Sat, 12 Nov 2022 16:19:54 +0000 https://republika.mk/?p=573066

Девет лица се повредени денеска при пад на балон со топол воздух на источниот крај на Алпите во Австрија.

Австрискиот Црвен крст соопшти дека двајца патници се тешко повредени во несреќата во регионот Буклиге Велт, област наречена по нејзиниот ридски предел.Тие се пренесени со хеликоптер во локалните болници.

Двајца полесно повредени патници се пронајдени во Унтерек, додека останатите пет патници се пронајдени со полесни повреди во близина на Станг, на околу пет километри.

Причината за несреќата се уште не е откриена.

The post Деветмина повредени во пад на балон во источните Алпи appeared first on Република.

]]>

Девет лица се повредени денеска при пад на балон со топол воздух на источниот крај на Алпите во Австрија. Австрискиот Црвен крст соопшти дека двајца патници се тешко повредени во несреќата во регионот Буклиге Велт, област наречена по нејзиниот ридски предел.Тие се пренесени со хеликоптер во локалните болници. Двајца полесно повредени патници се пронајдени во Унтерек, додека останатите пет патници се пронајдени со полесни повреди во близина на Станг, на околу пет километри. Причината за несреќата се уште не е откриена.

The post Деветмина повредени во пад на балон во источните Алпи appeared first on Република.

]]>
Двaјца туристи загинаа во несреќа со балон во Кападокија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dvajca-turisti-zaginaa-vo-nesrekja-so-balon-vo-kapadokija/ Tue, 18 Oct 2022 13:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=562573

Две лица загинаа, а три се повредени во несреќа со балон на топол воздух во регионот на Кападокија, во округот Невшехир, Централна Турција, објавија турските ТВ станици Си-Ен-Ен-Турк и ТРТ-Хабер, цитирани од БТА.

Несреќата се случила поради ненадеен силен ветер во областа, поради што балонот многу нагло слетал.

Балонот полетал во 7.25 часот од областа Аванос. Во него имало 28 туристи и две лица од тимот во балонот. Загинатите туристи се шпански државјани. Повредените лица, кои исто така се Шпанци, се пренесени во државната болница во градот Невшехир, се вели во соопштението на надлежните.

Инцидентите со балони на топол воздух не се невообичаени во Турција. Во последните десетина години имаше неколку слични инциденти со смртни случаи и десетици повредени.

Инаку, балоните во Кападокија се едно од најдобрите искуства во оваа земја. Патниците вообичаено се будат рано взори, бидејќи незаборавно доживување е да се дочека утрото на балон.

Дневно со балони летаат околу 2.000 туристи. Пред летот има кратки упатства за тоа како треба да се однесуваат туристите за време на летот или во случај на незгода.

Цената за летот со балон околу карпите на Кападокија е различна и зависи од нивото на услугата. Основната цена е 100 долари по човек и вклучува превоз од хотелот, колачи и кафе и место во кошницата на балони, во која собира најмногу 28 луѓе. Летот трае околу 45 минути. За повисока цена се добива повеќе – подолг лет, побогат појадок и помалку сопатници во кошниците.

Кога има јак ветар или дожд, балоните не летаат. Кападокија е се попопуларна дестинација и за туристите од Македонија.

The post Двaјца туристи загинаа во несреќа со балон во Кападокија appeared first on Република.

]]>

Две лица загинаа, а три се повредени во несреќа со балон на топол воздух во регионот на Кападокија, во округот Невшехир, Централна Турција, објавија турските ТВ станици Си-Ен-Ен-Турк и ТРТ-Хабер, цитирани од БТА. Несреќата се случила поради ненадеен силен ветер во областа, поради што балонот многу нагло слетал. Балонот полетал во 7.25 часот од областа Аванос. Во него имало 28 туристи и две лица од тимот во балонот. Загинатите туристи се шпански државјани. Повредените лица, кои исто така се Шпанци, се пренесени во државната болница во градот Невшехир, се вели во соопштението на надлежните. Инцидентите со балони на топол воздух не се невообичаени во Турција. Во последните десетина години имаше неколку слични инциденти со смртни случаи и десетици повредени. Инаку, балоните во Кападокија се едно од најдобрите искуства во оваа земја. Патниците вообичаено се будат рано взори, бидејќи незаборавно доживување е да се дочека утрото на балон. Дневно со балони летаат околу 2.000 туристи. Пред летот има кратки упатства за тоа како треба да се однесуваат туристите за време на летот или во случај на незгода. Цената за летот со балон околу карпите на Кападокија е различна и зависи од нивото на услугата. Основната цена е 100 долари по човек и вклучува превоз од хотелот, колачи и кафе и место во кошницата на балони, во која собира најмногу 28 луѓе. Летот трае околу 45 минути. За повисока цена се добива повеќе – подолг лет, побогат појадок и помалку сопатници во кошниците. Кога има јак ветар или дожд, балоните не летаат. Кападокија е се попопуларна дестинација и за туристите од Македонија.

The post Двaјца туристи загинаа во несреќа со балон во Кападокија appeared first on Република.

]]>