Балкански вознеси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/balkanski-voznesi/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 07:19:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Балкански вознеси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/balkanski-voznesi/ 32 32 Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/promotsija-na-knigata-balkanski-voznesi-od-vasil-totsinovski/ Fri, 19 Jul 2024 07:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=798270

Во рамки на јубилејното 45-то издание на манифестацијата „Скопско лето“, денеска во 12 часот, во градската кафеана Пелистер во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски.

Промотори: проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Сашо Огненовски.

Книгата „Балкански вознеси“ на македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски, издание на „Академска мисла“ Скопје, претставува своевидно освежување. Во ова заитано и превртено време на конфликти, недоразбирања, разградувања и непочитување ги проследува, толкува и вреднува заедничките нешта кои ги зближуваат и творечки ги обединуваат балканските литерaтури. Книгата содржи дваесет текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес. Трите уводни книжевно-историски студии се за браќата Константин и Андреја Д. Петкович, познати дипломати на царска Русија, првиот во Дубровник, вториот во Риека и со досега непозната документација авторот понудува многу нови и комплетни биографски податоци за Константин, а од Андреја интересни и вредни не само дипломатски извештаи, туку и белетристика за босанско-херцеговската борба, позната повеќе како Невесињско востание. Преплетувањето потврдува како пишаниот збор на македонските просветители како руски допломати во Хрватска, меѓу другото, пишуваат за борбата на босанско-херцеговскиот народ за извојување на сопствените национални и социјални права и слобода. Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и Петар Поп Арсов се личности кои ја формираат извонредно значајната етапа на македонствување во втората половина на 19 век. Во нивната револуционерна, писателска и публицистичка дејност системно и аргументирано Тоциновски ги создава европските интелектуални профили со стожерната активност на државотворните елементи како стратегија на колективното македонско дело во остварување на вековните идеали за сопствена државност – Свето Стаменов за Балканската книжевна соработка.

 

The post Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски appeared first on Република.

]]>

Во рамки на јубилејното 45-то издание на манифестацијата „Скопско лето“, денеска во 12 часот, во градската кафеана Пелистер во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски. Промотори: проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Сашо Огненовски. Книгата „Балкански вознеси“ на македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски, издание на „Академска мисла“ Скопје, претставува своевидно освежување. Во ова заитано и превртено време на конфликти, недоразбирања, разградувања и непочитување ги проследува, толкува и вреднува заедничките нешта кои ги зближуваат и творечки ги обединуваат балканските литерaтури. Книгата содржи дваесет текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес. Трите уводни книжевно-историски студии се за браќата Константин и Андреја Д. Петкович, познати дипломати на царска Русија, првиот во Дубровник, вториот во Риека и со досега непозната документација авторот понудува многу нови и комплетни биографски податоци за Константин, а од Андреја интересни и вредни не само дипломатски извештаи, туку и белетристика за босанско-херцеговската борба, позната повеќе како Невесињско востание. Преплетувањето потврдува како пишаниот збор на македонските просветители како руски допломати во Хрватска, меѓу другото, пишуваат за борбата на босанско-херцеговскиот народ за извојување на сопствените национални и социјални права и слобода. Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и Петар Поп Арсов се личности кои ја формираат извонредно значајната етапа на македонствување во втората половина на 19 век. Во нивната револуционерна, писателска и публицистичка дејност системно и аргументирано Тоциновски ги создава европските интелектуални профили со стожерната активност на државотворните елементи како стратегија на колективното македонско дело во остварување на вековните идеали за сопствена државност – Свето Стаменов за Балканската книжевна соработка.  

The post Промоција на книгата „Балкански вознеси“ од Васил Тоциновски appeared first on Република.

]]>
Промоција на книга „Балкански вознеси“ на Скопско лето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-kniga-balkanski-voznesi-na-skopsko-leto/ Thu, 18 Jul 2024 07:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=797906

Промоцијата на книгата „Балкански вознеси“ од авторот Васил Тоциновски ќе се одржи во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ на 19 јули, (петок) со почеток во 12 часот во Градската кафеана „Пелистер“.

Промотори се проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Сашо Огненовски.

Книгата „Балкански вознеси“ на македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски, издание на „Академска мисла“ Скопје, претставува своевидно освежување. Во ова заитано и превртено време на конфликти, недоразбирања, разградувања и непочитување ги проследува, толкува и вреднува заедничките нешта кои ги зближуваат и творечки ги обединуваат балканските литерaтури. Книгата содржи дваесет текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес.

Васил Тоциновски на триста страници во книгата „Балкански вознеси“ е во потрага на автори и дела, појави и пројави, процеси и состојби кои градат мостови на пријателство, почит, доверба и соработка меѓу народите и државите. Настрана од дипломатијата и историјата авторот системно и аргументирано открива нови и непознати страници од животот и делото на Андреја Д. Петкович и Кочо Рацин. Станува збор за текстови кои се читливи, интересни, разбирливи со убавините на стилот и јазикот со кои го идентификуваме авторскиот ракопис на Тоциновски.

The post Промоција на книга „Балкански вознеси“ на Скопско лето appeared first on Република.

]]>

Промоцијата на книгата „Балкански вознеси“ од авторот Васил Тоциновски ќе се одржи во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ на 19 јули, (петок) со почеток во 12 часот во Градската кафеана „Пелистер“. Промотори се проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Сашо Огненовски. Книгата „Балкански вознеси“ на македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски, издание на „Академска мисла“ Скопје, претставува своевидно освежување. Во ова заитано и превртено време на конфликти, недоразбирања, разградувања и непочитување ги проследува, толкува и вреднува заедничките нешта кои ги зближуваат и творечки ги обединуваат балканските литерaтури. Книгата содржи дваесет текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес. Васил Тоциновски на триста страници во книгата „Балкански вознеси“ е во потрага на автори и дела, појави и пројави, процеси и состојби кои градат мостови на пријателство, почит, доверба и соработка меѓу народите и државите. Настрана од дипломатијата и историјата авторот системно и аргументирано открива нови и непознати страници од животот и делото на Андреја Д. Петкович и Кочо Рацин. Станува збор за текстови кои се читливи, интересни, разбирливи со убавините на стилот и јазикот со кои го идентификуваме авторскиот ракопис на Тоциновски.

The post Промоција на книга „Балкански вознеси“ на Скопско лето appeared first on Република.

]]>