балкански рис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/balkanski-ris/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Feb 2024 14:53:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png балкански рис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/balkanski-ris/ 32 32 Балканскиот рис вметнат во Бонската конвенција: Македонија и Албанија со здружени сили ќе го штитат неговиот опстанок https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/balkanskiot-ris-vmetnat-vo-bonskata-konventsija-makedonija-i-albanija-so-zdruzheni-sili-ke-go-shtitat-negoviot-opstanok/ Fri, 16 Feb 2024 14:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=744926

Eвроазискиот рис и неговиот загрозен подвид, балканскиот рис, се најдоа на списокот на преселни видови, е одлучено на конференцијата на Бонската конвенција во Узбекистан.

„Ова се одлични вести за сите заштитници од Европа и Азија“, вели Диме Меловски од Македонското еколошко друштво (МЕД).

Тој во Самарканд го образложи поднесокот за вметнување на балканскиот рис во Бонската конвенција.

„Што се однесува до балканскиот рис, со поддршката на владите на Македонија и Албанија сега може да преземеме понатамошни важни чекори за заштита на загрозената популација“, вели Меловски.

„Предлогот балканскиот рис да биде ставен на Прилог 1 од Бонската конвенција го даде македонската Влада со поддршка на албанската. Ова е особено важно бидејќи со овој чин властите недвосмислено се заложуваат да ја заштитат оваа ретка мачка. Преостанати се помалку од 50 возрасни единки од балканскиот рис. Распространувањето му е расцепкано во Македонија, Албанија и во Косово. Пред одржувањето на конференцијата, партнерите на проектот – МЕД во Македонија и ППНЕА во Албанија – спроведоа кампања за овој важен исчекор во заштитата на балканскиот рис и лобираа кај владите во Скопје и Тирана“, се вели во информацијата од Македонското еколошко друштво.

Со вклучувањето на балканскиот рис на Бонската конвенција владите од земјите се заложуваат да создадат најдобри можни услови за зачувување на балканскиот рис. Ова, меѓу другото, подразбира и развој на регионална стратегија за заштита на загрозениот подвид и нејзино преточување во национални акциски планови. Со ова ќе се овозможат прекугранични заштитарски активности, како што е мониторинг на балканскиот рис.

„Со оваа одлука властите во Македонија и Албанија прават јасна заложба за заштита на балканскиот рис“, вели Лиса Лешински, проектен раководител во партнерската организација „Евронатур“.

„Будно ќе следиме дали се спроведува ветеното“.

The post Балканскиот рис вметнат во Бонската конвенција: Македонија и Албанија со здружени сили ќе го штитат неговиот опстанок appeared first on Република.

]]>

Eвроазискиот рис и неговиот загрозен подвид, балканскиот рис, се најдоа на списокот на преселни видови, е одлучено на конференцијата на Бонската конвенција во Узбекистан. „Ова се одлични вести за сите заштитници од Европа и Азија“, вели Диме Меловски од Македонското еколошко друштво (МЕД). Тој во Самарканд го образложи поднесокот за вметнување на балканскиот рис во Бонската конвенција. „Што се однесува до балканскиот рис, со поддршката на владите на Македонија и Албанија сега може да преземеме понатамошни важни чекори за заштита на загрозената популација“, вели Меловски. „Предлогот балканскиот рис да биде ставен на Прилог 1 од Бонската конвенција го даде македонската Влада со поддршка на албанската. Ова е особено важно бидејќи со овој чин властите недвосмислено се заложуваат да ја заштитат оваа ретка мачка. Преостанати се помалку од 50 возрасни единки од балканскиот рис. Распространувањето му е расцепкано во Македонија, Албанија и во Косово. Пред одржувањето на конференцијата, партнерите на проектот – МЕД во Македонија и ППНЕА во Албанија – спроведоа кампања за овој важен исчекор во заштитата на балканскиот рис и лобираа кај владите во Скопје и Тирана“, се вели во информацијата од Македонското еколошко друштво. Со вклучувањето на балканскиот рис на Бонската конвенција владите од земјите се заложуваат да создадат најдобри можни услови за зачувување на балканскиот рис. Ова, меѓу другото, подразбира и развој на регионална стратегија за заштита на загрозениот подвид и нејзино преточување во национални акциски планови. Со ова ќе се овозможат прекугранични заштитарски активности, како што е мониторинг на балканскиот рис. „Со оваа одлука властите во Македонија и Албанија прават јасна заложба за заштита на балканскиот рис“, вели Лиса Лешински, проектен раководител во партнерската организација „Евронатур“. „Будно ќе следиме дали се спроведува ветеното“.

The post Балканскиот рис вметнат во Бонската конвенција: Македонија и Албанија со здружени сили ќе го штитат неговиот опстанок appeared first on Република.

]]>
Балкански рис снимен во националниот парк „Галичица“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/balkanski-ris-snimen-vo-natsionalniot-park-galichitsa/ Sun, 09 Apr 2023 20:26:36 +0000 https://republika.mk/?p=629167

Фото-камери поставени во Националниот парк „Галичица“ снимиле примерок на балкански рис во атарот на паркот.

Последните три години ова е осмипат поставените фото-камери да снимат рис во паркот.

Според најавите од Националниот парк, во периодот што следува ќе бидат поставени дополнителни камери, за да се утврди бројноста на балканскиот рис и другите покрупни животни во ова заштитено подрачје.

Истовремено, се наведува дека ќе бидат засилени и мерките за заштита на живеалиштата на балканскиот рис, како и мерките за спречување на криволов во Националниот парк.

Балканскиот рис по педесеттина години во 2020 беше првпат забележан во Националниот парк „Галичица“. Потикнати од појавата на рисот, Јавната установа „Национален парк Галичица“ во сороаботка со „МЕД/MES“ изминатите две години спроведе мониторинг за утврдување на бројноста на срната и на дивата коза во паркот, како животински видови што се омилена храна на балканскиот рис.

The post Балкански рис снимен во националниот парк „Галичица“ appeared first on Република.

]]>

Фото-камери поставени во Националниот парк „Галичица“ снимиле примерок на балкански рис во атарот на паркот. Последните три години ова е осмипат поставените фото-камери да снимат рис во паркот. Според најавите од Националниот парк, во периодот што следува ќе бидат поставени дополнителни камери, за да се утврди бројноста на балканскиот рис и другите покрупни животни во ова заштитено подрачје. Истовремено, се наведува дека ќе бидат засилени и мерките за заштита на живеалиштата на балканскиот рис, како и мерките за спречување на криволов во Националниот парк. Балканскиот рис по педесеттина години во 2020 беше првпат забележан во Националниот парк „Галичица“. Потикнати од појавата на рисот, Јавната установа „Национален парк Галичица“ во сороаботка со „МЕД/MES“ изминатите две години спроведе мониторинг за утврдување на бројноста на срната и на дивата коза во паркот, како животински видови што се омилена храна на балканскиот рис.

The post Балкански рис снимен во националниот парк „Галичица“ appeared first on Република.

]]>