балканска турнеја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/balkanska-turneja/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 09:41:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png балканска турнеја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/balkanska-turneja/ 32 32 „Танец“ во четврток заминува на балканска турнеја чие мото е „Танец- 75 години македонски код“! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tanets-vo-chetvrtok-zaminuva-na-balkanska-turneja-chie-moto-e-tanets-75-godini-makedonski-kod/ Tue, 17 Sep 2024 09:41:41 +0000 https://republika.mk/?p=817049

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ во четврток заминува на балканска турнеја чие мото е „ТАНЕЦ - 75 години македонски код“! Во рамки на турнејата „Танец“ ќе има концерти во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука.

Публиката во регионот, секогаш знаела да ја цени извонредноста на Танец и со сигурност нестрпливо ги очекува овие уникатни музичко-сценски спектакли, што секогаш ги премостуваат културните разлики и сведочат за обединувачката моќ на раскошниот македонски музички фолклор. На претстојните концерти во Подгорица (20.9.2024), Љубљана (22.9.2024), Загреб (24.9.2024) и Бања Лука (27.9.2024), на големите сцени на КИЦ „Будо Томовиќ“, „Цанкарјев дом“, „Ватрослав Лисински“ и салата „Борик“, ќе биде изведена раскошна музичко-сценска програма од различни периоди на ансамблот, во која ќе бидат одиграни изворните ора „Тешкото“, „Женско Чамче“ и „Копачка“, како и дел од богатиот кореографски опус на Танец – спектакуларните кореографии „Жетварка“, „Мариовска тресеница“, „Малешевка“ и „Радовишки собор“, се вели во денешното соопштение од „Танец“.

Во него се додава дека нема да изостане и богатата вокално-инструментална програма на оркестарот и хорот на „Танец“, заедно со првенката Сузана Спасовска, кои за публиката ќе исполнат повеќе антологиски песни од богатата ризница на македонскиот народ, како безвременските „Да сум бистра вода“, „Девојче, девојче“, „Седна баба да вечера“, „Лено, ле, Лено“, „Кирјана вино продава“, „Море сокол пие вода на Вардарот“ и многу други.

Турнејата е во рамките на јубилејната година на ансамблот, кога се прославува 75-годишнината од основањето.

Ансамблот „Танец“ е основан во март 1949 година во Скопје и претставува еден од најважните столбови на македонската култура и традиција. Формиран е со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и ора, народните инструменти и носии, и преку соодветен уметнички израз да ги прикаже највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ. Благодарение на сите генерации кои ја градеа и спроведуваа јасно дефинираната програмска активност на основачите, ансамблот се развиваше и низ годините прерасна во една од најугледите и најрепрезентативните институциии од областа на културата во регионот и во светот.

Во текот на овие 75 години, ансамблот Танец, велат оттаму, има настапувано на најпрестижните сцени на целата земјина топка, со повеќе од 5.000 незаборавни концерти. На неговиот репертоар се наоѓаат над 90 кореографии и неколку стотици вокални и инструментални дела, преку кои ансамблот презентира различни музички и кореографски традиции од сите краишта во кои егзистирал богатиот македонски фолклор. Ансамблот поседува и извонредна колекција од 3.000 автентични носии со исклучителна вредност и убавина, што секој негов настап го претвораат во посебно аудио-визуелно доживување.

The post „Танец“ во четврток заминува на балканска турнеја чие мото е „Танец- 75 години македонски код“! appeared first on Република.

]]>

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ во четврток заминува на балканска турнеја чие мото е „ТАНЕЦ - 75 години македонски код“! Во рамки на турнејата „Танец“ ќе има концерти во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука. Публиката во регионот, секогаш знаела да ја цени извонредноста на Танец и со сигурност нестрпливо ги очекува овие уникатни музичко-сценски спектакли, што секогаш ги премостуваат културните разлики и сведочат за обединувачката моќ на раскошниот македонски музички фолклор. На претстојните концерти во Подгорица (20.9.2024), Љубљана (22.9.2024), Загреб (24.9.2024) и Бања Лука (27.9.2024), на големите сцени на КИЦ „Будо Томовиќ“, „Цанкарјев дом“, „Ватрослав Лисински“ и салата „Борик“, ќе биде изведена раскошна музичко-сценска програма од различни периоди на ансамблот, во која ќе бидат одиграни изворните ора „Тешкото“, „Женско Чамче“ и „Копачка“, како и дел од богатиот кореографски опус на Танец – спектакуларните кореографии „Жетварка“, „Мариовска тресеница“, „Малешевка“ и „Радовишки собор“, се вели во денешното соопштение од „Танец“. Во него се додава дека нема да изостане и богатата вокално-инструментална програма на оркестарот и хорот на „Танец“, заедно со првенката Сузана Спасовска, кои за публиката ќе исполнат повеќе антологиски песни од богатата ризница на македонскиот народ, како безвременските „Да сум бистра вода“, „Девојче, девојче“, „Седна баба да вечера“, „Лено, ле, Лено“, „Кирјана вино продава“, „Море сокол пие вода на Вардарот“ и многу други. Турнејата е во рамките на јубилејната година на ансамблот, кога се прославува 75-годишнината од основањето. Ансамблот „Танец“ е основан во март 1949 година во Скопје и претставува еден од најважните столбови на македонската култура и традиција. Формиран е со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и ора, народните инструменти и носии, и преку соодветен уметнички израз да ги прикаже највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ. Благодарение на сите генерации кои ја градеа и спроведуваа јасно дефинираната програмска активност на основачите, ансамблот се развиваше и низ годините прерасна во една од најугледите и најрепрезентативните институциии од областа на културата во регионот и во светот. Во текот на овие 75 години, ансамблот Танец, велат оттаму, има настапувано на најпрестижните сцени на целата земјина топка, со повеќе од 5.000 незаборавни концерти. На неговиот репертоар се наоѓаат над 90 кореографии и неколку стотици вокални и инструментални дела, преку кои ансамблот презентира различни музички и кореографски традиции од сите краишта во кои егзистирал богатиот македонски фолклор. Ансамблот поседува и извонредна колекција од 3.000 автентични носии со исклучителна вредност и убавина, што секој негов настап го претвораат во посебно аудио-визуелно доживување.

The post „Танец“ во четврток заминува на балканска турнеја чие мото е „Танец- 75 години македонски код“! appeared first on Република.

]]>
Балканската турнеја на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите почнува во Сомбор, а завршува во Темишвар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/balkanskata-turneja-na-makedonisimo-na-simon-trpcheski-i-prijatelite-pochnuva-vo-sombor-a-zavrshuva-vo-temishvar/ Sat, 21 Oct 2023 13:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=693641

По концертите со Симфонискиот оркестар на Квебек во Канада на крајот од минатиот месец и гостувањата со рецитал во Мајнц, Германија, со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло во Монако (каде што со голем успех и блескави критики ја стартуваше резиденцијалната серија од 4 различни концертни возбудувања во текот на сезонава) и трите настапи со Симфонискиот оркестар на Детроит во овој американски град, нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, продолжува со балкански концерти на кои со своите пријатели ќе го изведе проектот „Македонисимо“.

Трпчески, Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев во овој концертен циклус ќе настапат на 23 октомври во Сомбор, Србија, следниот ден во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, Хрватска, на 26 октомври се враќаат во Србија за гостувањето на Фестивалот НОМУС во Нови Сад, заокружувајќи ја серијата со концерт во Темишвар, Романија на 28-ми овој месец.

Нашиот пијанист веќе наредниот месец е на турнеја во Австралија, а исполнетиот распоред до крајот на годинава, како што информира „КултурОп“, го води и на концертите со Лондонскиот симфониски оркестар и повторната соработка со прославениот диригент Џанандреа Нозеда.

Во рамките на најавите за новиот албум на Трпчески чие излегување се очекува наредниот месец, нашиот пијанист гостуваше во популарната рубрика „Музика за моите уши“ на „Би-Би-Си музичкиот магазин“, на чии што страници одговори на прашањето што слуша во моментов. Така, освен „Пијано концертот број 5“ од Сен-Санс што наскоро треба да го сними и Симфонијата број 10 од Шостакович, Трпчески духовито се навраќа и на македонската хит песна „Мара“ на Нулта позитив и нејзините многубројни алузии.

The post Балканската турнеја на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите почнува во Сомбор, а завршува во Темишвар appeared first on Република.

]]>

По концертите со Симфонискиот оркестар на Квебек во Канада на крајот од минатиот месец и гостувањата со рецитал во Мајнц, Германија, со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло во Монако (каде што со голем успех и блескави критики ја стартуваше резиденцијалната серија од 4 различни концертни возбудувања во текот на сезонава) и трите настапи со Симфонискиот оркестар на Детроит во овој американски град, нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, продолжува со балкански концерти на кои со своите пријатели ќе го изведе проектот „Македонисимо“. Трпчески, Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев во овој концертен циклус ќе настапат на 23 октомври во Сомбор, Србија, следниот ден во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, Хрватска, на 26 октомври се враќаат во Србија за гостувањето на Фестивалот НОМУС во Нови Сад, заокружувајќи ја серијата со концерт во Темишвар, Романија на 28-ми овој месец. Нашиот пијанист веќе наредниот месец е на турнеја во Австралија, а исполнетиот распоред до крајот на годинава, како што информира „КултурОп“, го води и на концертите со Лондонскиот симфониски оркестар и повторната соработка со прославениот диригент Џанандреа Нозеда. Во рамките на најавите за новиот албум на Трпчески чие излегување се очекува наредниот месец, нашиот пијанист гостуваше во популарната рубрика „Музика за моите уши“ на „Би-Би-Си музичкиот магазин“, на чии што страници одговори на прашањето што слуша во моментов. Така, освен „Пијано концертот број 5“ од Сен-Санс што наскоро треба да го сними и Симфонијата број 10 од Шостакович, Трпчески духовито се навраќа и на македонската хит песна „Мара“ на Нулта позитив и нејзините многубројни алузии.

The post Балканската турнеја на „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите почнува во Сомбор, а завршува во Темишвар appeared first on Република.

]]>