балканска мафија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/balkanska-mafija/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 17:05:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png балканска мафија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/balkanska-mafija/ 32 32 „Сè укажува на балканска мафија“: Човек со исечени прсти и тетоважи пронајден мртов во када во Виена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-ukazhuva-na-balkanska-mafija-chovek-so-isecheni-prsti-i-tetovazhi-pronajden-mrtov-vo-kada-vo-viena/ Fri, 23 Feb 2024 10:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=747309

Унаказено тело на маж без прсти, за кое австриската полиција се сомнева дека е српски државјанин, е пронајдено вчера во стан во Виена каде се одгледувала марихуана.

Трупот во напредна фаза на распаѓање го пронашле припадници на Одделот за борба против наркотици во Отакринг, Виена, при операција за откривање и пронаоѓање на лабораторија за производство на канабис.

Според австриските медиуми, ова требало да биде обична операција на истражителите на дрога од Државната криминалистичка полиција на Виена, но кога телото било откриено,  во истрагата било вклучено и одделението за убиства.

Телото на мажот било пронајдено во кадата, а во бањата имало и стол на кој најверојатно мажот бил мачен, бидејќи иако трупот веќе се распаѓал, биле видливи бројните повреди.

Убијците сакале да го сокријат и идентитетот на жртвата, поради што неговото лице било толку изобличено и исечено, а видливо е дека му биле отстранети некои делови од кожата каде најверојатно имало тетоважи кои би помогнале во идентификацијата. Исто така, му биле исечени и прсти, па не е можно да се утврди идентитетот со помош на отпечатоците.

Начинот на извршување, но и тешкотијата на идентификација укажуваат на балканската мафија. Во моментов не може да се утврди идентитетот на починатиот, но ДНК ќе помогне. Се претпоставува дека убиениот бил српски државјанин, бидејќи според информациите добиени од станарите од зградата, постојат сериозни индиции за тоа, велат извори од истрагата за австриските медиуми.

The post „Сè укажува на балканска мафија“: Човек со исечени прсти и тетоважи пронајден мртов во када во Виена appeared first on Република.

]]>

Унаказено тело на маж без прсти, за кое австриската полиција се сомнева дека е српски државјанин, е пронајдено вчера во стан во Виена каде се одгледувала марихуана. Трупот во напредна фаза на распаѓање го пронашле припадници на Одделот за борба против наркотици во Отакринг, Виена, при операција за откривање и пронаоѓање на лабораторија за производство на канабис. Според австриските медиуми, ова требало да биде обична операција на истражителите на дрога од Државната криминалистичка полиција на Виена, но кога телото било откриено,  во истрагата било вклучено и одделението за убиства. Телото на мажот било пронајдено во кадата, а во бањата имало и стол на кој најверојатно мажот бил мачен, бидејќи иако трупот веќе се распаѓал, биле видливи бројните повреди. Убијците сакале да го сокријат и идентитетот на жртвата, поради што неговото лице било толку изобличено и исечено, а видливо е дека му биле отстранети некои делови од кожата каде најверојатно имало тетоважи кои би помогнале во идентификацијата. Исто така, му биле исечени и прсти, па не е можно да се утврди идентитетот со помош на отпечатоците.
Начинот на извршување, но и тешкотијата на идентификација укажуваат на балканската мафија. Во моментов не може да се утврди идентитетот на починатиот, но ДНК ќе помогне. Се претпоставува дека убиениот бил српски државјанин, бидејќи според информациите добиени од станарите од зградата, постојат сериозни индиции за тоа, велат извори од истрагата за австриските медиуми.

The post „Сè укажува на балканска мафија“: Човек со исечени прсти и тетоважи пронајден мртов во када во Виена appeared first on Република.

]]>
ЕУ потврди дека и Македонија е дел од балканската мафија за шверц на дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-potvrdi-deka-i-makedonija-e-del-od-balkanska-mafija-za-shverc-na-droga/ Mon, 21 Nov 2022 17:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=576654

Криминалните мрежи во Западен Балкан станаа клучни актери и на регионалниот и на европскиот пазар на дрога, се посочува во извештајот на Европски центар за следење
на дрога и зависност од дрога (EMCDDA).

Извештајот на оваа Агенција покажа дека стратешката географска положба на земјите како Албанија, Црна Гора,  Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово, во комбинација со големата побарувачка за дрога, особено во Европската Унија и Турција, ги забрзаа операциите на криминалните групи.

„Некои земји од ЕУ се наоѓаат на рутите за шверц на дрога што минуваат низ Западен Балкан пред дрогата повторно да влезе во ЕУ. Ова значи дека тековите на шверц може да бидат сложени“, се вели во извештајот на агенцијата, кој е дел од поголема регионална студија спроведена помеѓу 2019 и 2022 година.

ЕМЦДДА извести за оперативно присуство на групи од Западен Балкан во Белгија и Холандија, каде пристаништата Антверпен и Ротердам се важни за дистрибуција и увоз на дрога во ЕУ. Германија, Италија, Шпанија, Швајцарија и Обединетото Кралство се исто така важни локации за тие групи на пазарите на кокаин, хероин и канабис во Европа, посочува европската Агенција.

Овие мрежи слични на мафија, исто така, имаат најнова достапна технологија за подобрување на ефикасноста на производството на дрога, трговијата и перењето пари, се вели во извештајот. Тоа вклучува комплексна опрема за одгледување во затворени простории, дронови или употреба на криптовалути и шифрирани комуникации.

И Западен Балкан и земјите од ЕУ служат како засолниште за криминалците кои се кријат од ривалските криминални групи или од органите на редот.

„Се смета дека членовите на италијанските и турските криминални мрежи ја избегнуваат правдата засолнувајќи се во Западен Балкан, додека руски криминални организации се смета дека се вклучени во активности за перење пари долж крајбрежјето во регионот“, се истакнува во извештахот на ЕМЦДДА.

The post ЕУ потврди дека и Македонија е дел од балканската мафија за шверц на дрога appeared first on Република.

]]>

Криминалните мрежи во Западен Балкан станаа клучни актери и на регионалниот и на европскиот пазар на дрога, се посочува во извештајот на Европски центар за следење на дрога и зависност од дрога (EMCDDA). Извештајот на оваа Агенција покажа дека стратешката географска положба на земјите како Албанија, Црна Гора,  Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово, во комбинација со големата побарувачка за дрога, особено во Европската Унија и Турција, ги забрзаа операциите на криминалните групи.
„Некои земји од ЕУ се наоѓаат на рутите за шверц на дрога што минуваат низ Западен Балкан пред дрогата повторно да влезе во ЕУ. Ова значи дека тековите на шверц може да бидат сложени“, се вели во извештајот на агенцијата, кој е дел од поголема регионална студија спроведена помеѓу 2019 и 2022 година.
ЕМЦДДА извести за оперативно присуство на групи од Западен Балкан во Белгија и Холандија, каде пристаништата Антверпен и Ротердам се важни за дистрибуција и увоз на дрога во ЕУ. Германија, Италија, Шпанија, Швајцарија и Обединетото Кралство се исто така важни локации за тие групи на пазарите на кокаин, хероин и канабис во Европа, посочува европската Агенција. Овие мрежи слични на мафија, исто така, имаат најнова достапна технологија за подобрување на ефикасноста на производството на дрога, трговијата и перењето пари, се вели во извештајот. Тоа вклучува комплексна опрема за одгледување во затворени простории, дронови или употреба на криптовалути и шифрирани комуникации. И Западен Балкан и земјите од ЕУ служат како засолниште за криминалците кои се кријат од ривалските криминални групи или од органите на редот.
„Се смета дека членовите на италијанските и турските криминални мрежи ја избегнуваат правдата засолнувајќи се во Западен Балкан, додека руски криминални организации се смета дека се вклучени во активности за перење пари долж крајбрежјето во регионот“, се истакнува во извештахот на ЕМЦДДА.

The post ЕУ потврди дека и Македонија е дел од балканската мафија за шверц на дрога appeared first on Република.

]]>
Клиентите се жалат: Балканската мафија кокаинот го меша со шекер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/klientite-se-zalat-balkanskata-mafija-kokainot-go-mesha-so-sheker/ Mon, 25 Apr 2022 16:45:30 +0000 https://republika.mk/?p=493393

„Клиентите“ на т.н Балканска мафија која ја сочинуваат Кавачкиот, Шкаљарскиот и кланот на Дарко Шариќ се повеќе се жалат дека не добиваат чист кокаин туку дека дрогата е помешана со шекер.

Таквата имама за првпат ја направил Младен Радуловиќ, морнар од Бар кој бил уапсен во 2020 година на бродот „Будва“ во Хамбург поради сомнение дека учествувал во шверцот на половина тон кокаин кој тргнувал од германското пристаниште за Нигерија.

Дрогата била натоварена на товарен брод во бразилското пристаниште Сантос, заедно со наливен шеќер што црногорскиот брод го транспортирал до пристаништето Казабланка.

Шеќерот бил истоварен во Мароко, а на бродот бил сокриен половина тон дрога, кој германската полиција го пронашла и запленила во товарниот простор во Хамбург. Екипажот на бродот го сочинувале 23 морнари од Црна Гора, меѓу кои и осомничениот Радуловиќ.

The post Клиентите се жалат: Балканската мафија кокаинот го меша со шекер appeared first on Република.

]]>

„Клиентите“ на т.н Балканска мафија која ја сочинуваат Кавачкиот, Шкаљарскиот и кланот на Дарко Шариќ се повеќе се жалат дека не добиваат чист кокаин туку дека дрогата е помешана со шекер. Таквата имама за првпат ја направил Младен Радуловиќ, морнар од Бар кој бил уапсен во 2020 година на бродот „Будва“ во Хамбург поради сомнение дека учествувал во шверцот на половина тон кокаин кој тргнувал од германското пристаниште за Нигерија. Дрогата била натоварена на товарен брод во бразилското пристаниште Сантос, заедно со наливен шеќер што црногорскиот брод го транспортирал до пристаништето Казабланка. Шеќерот бил истоварен во Мароко, а на бродот бил сокриен половина тон дрога, кој германската полиција го пронашла и запленила во товарниот простор во Хамбург. Екипажот на бродот го сочинувале 23 морнари од Црна Гора, меѓу кои и осомничениот Радуловиќ.

The post Клиентите се жалат: Балканската мафија кокаинот го меша со шекер appeared first on Република.

]]>