Балкан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/balkan/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 15:47:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Балкан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/balkan/ 32 32 Првиот снег донесе хаос на Балканот: Излизгани возила, завеани патишта, прекин на струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prviot-sneg-donese-haos-na-balkanot-izlizgani-vozila-zaveani-patishta-prekin-na-struja/ Fri, 22 Nov 2024 15:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=840897

Снегот проследен со силни ветрови предизвика хаос во речиси сите земји на Балканот, од каде известуваат за колапс во сообраќајот и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во Србија, снежните врнежи создадоа хаос на патиштата, поради што властите апелираат до возачите да бидат внимателни. Активирани се метеоаларми низ целата земја, а во одредени делови истовремено се издадени три предупредувања.

View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Црногорското приморје денеска беше погодено од силен јужен ветер и дожд, а во Херцег Нови големи бранови го поплавија шеталиштето.

Подгоричкиот портал „Дан“ објави фотографии од читатели со коментар дека ова е изненадување за гостите на градот, но не и за локалното население кое е навикнато на вакви сцени. Брановите претставуваат предизвик за минувачите покрај брегот.

Поради најавеното невреме, во Црна Гора е активиран црвен метеоаларм.

Во Федерацијата БиХ снегот предизвикува проблеми, особено на западот и југозападот, каде што поради ниските температури се предупредува на појава на мраз на коловозите. Во Херцеговина, силните ветрови и дождот го отежнуваат сообраќајот, а слична состојба е и во другите делови на БиХ.

Во Бихаќ, силниот ветер направи големи проблеми – освен што предизвика штета на новоизградената спортска сала, го урна и покривот на едно средно училиште. Засега нема информации за повредени лица. Ветрот исто така урна дрвја кои паднаа врз паркирани автомобили.

Во Бања Лука и низ поголемиот дел од Република Српска, снегот предизвика сообраќајни проблеми поради нерасчистените патишта и бројни дефекти на електроенергетските системи. Од Градската управа на Бања Лука информираат дека сите екипи за зимска служба се на терен.

Проблеми со врнежите има и во населените места како Пријечани, каде што се излеале отпадните води. Некои автобуски линии не сообраќаат, а населбата Долна Кола остана без струја. Интензивен снег паѓа и во селата околу Поткозарје, Градишка и Лакташи, каде што некои патишта се едвај проодни, пренесува Блиц.

View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Жителите од овие краишта велат дека снегот за празникот Свети Архангел Михаил (21 ноември) последен пат паднал пред 25 години.

Во делови од Хрватска, снегот и силните ветрови предизвикаа блокада на патиштата и прекини во снабдувањето со струја. Во Шибеник, плимата поплави улици и кафулиња. Снег паѓа во Горски котар, Лика и делови од копнената Хрватска, вклучувајќи го Загорје, Меѓимурје и Славонија. На Јадранот, силниот ветер урива дрвја и телефонски столбови.

Во Горски котар и Лика, моментално нема достапни патни правци од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра за товарни возила со приколки и возила без зимска опрема. Во прекин се и дел од катамаранските линии, додека во Шибеник, плимата поплавува сообраќајници и кафулиња.

The post Првиот снег донесе хаос на Балканот: Излизгани возила, завеани патишта, прекин на струја appeared first on Република.

]]>

Снегот проследен со силни ветрови предизвика хаос во речиси сите земји на Балканот, од каде известуваат за колапс во сообраќајот и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во Србија, снежните врнежи создадоа хаос на патиштата, поради што властите апелираат до возачите да бидат внимателни. Активирани се метеоаларми низ целата земја, а во одредени делови истовремено се издадени три предупредувања.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 192.RS (@192_rs)

Црногорското приморје денеска беше погодено од силен јужен ветер и дожд, а во Херцег Нови големи бранови го поплавија шеталиштето. Подгоричкиот портал „Дан“ објави фотографии од читатели со коментар дека ова е изненадување за гостите на градот, но не и за локалното население кое е навикнато на вакви сцени. Брановите претставуваат предизвик за минувачите покрај брегот. Поради најавеното невреме, во Црна Гора е активиран црвен метеоаларм. Во Федерацијата БиХ снегот предизвикува проблеми, особено на западот и југозападот, каде што поради ниските температури се предупредува на појава на мраз на коловозите. Во Херцеговина, силните ветрови и дождот го отежнуваат сообраќајот, а слична состојба е и во другите делови на БиХ. Во Бихаќ, силниот ветер направи големи проблеми – освен што предизвика штета на новоизградената спортска сала, го урна и покривот на едно средно училиште. Засега нема информации за повредени лица. Ветрот исто така урна дрвја кои паднаа врз паркирани автомобили.
Во Бања Лука и низ поголемиот дел од Република Српска, снегот предизвика сообраќајни проблеми поради нерасчистените патишта и бројни дефекти на електроенергетските системи. Од Градската управа на Бања Лука информираат дека сите екипи за зимска служба се на терен. Проблеми со врнежите има и во населените места како Пријечани, каде што се излеале отпадните води. Некои автобуски линии не сообраќаат, а населбата Долна Кола остана без струја. Интензивен снег паѓа и во селата околу Поткозарје, Градишка и Лакташи, каде што некои патишта се едвај проодни, пренесува Блиц.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 192.RS (@192_rs)

Жителите од овие краишта велат дека снегот за празникот Свети Архангел Михаил (21 ноември) последен пат паднал пред 25 години. Во делови од Хрватска, снегот и силните ветрови предизвикаа блокада на патиштата и прекини во снабдувањето со струја. Во Шибеник, плимата поплави улици и кафулиња. Снег паѓа во Горски котар, Лика и делови од копнената Хрватска, вклучувајќи го Загорје, Меѓимурје и Славонија. На Јадранот, силниот ветер урива дрвја и телефонски столбови. Во Горски котар и Лика, моментално нема достапни патни правци од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра за товарни возила со приколки и возила без зимска опрема. Во прекин се и дел од катамаранските линии, додека во Шибеник, плимата поплавува сообраќајници и кафулиња.

The post Првиот снег донесе хаос на Балканот: Излизгани возила, завеани патишта, прекин на струја appeared first on Република.

]]>
Шолц: ЕУ е целосна само со Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-eu-e-tselosna-samo-so-zapaden-balkan/ Mon, 14 Oct 2024 09:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=826459

Европската Унија е целосна само ако Западен Балкан е нејзин дел, а земјите од регионот треба да преземат дополнителни чекори кон заедничка иднина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на отворањето на средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници на Европската унија во рамките на Берлинскиот процес.

Шолц нагласи дека сите знаат колку регионот на Западен Балкан сè уште е обликуван од конфликтите од минатото и дека е време тие да се надминат и регионот да се насочи кон иднината.

Затоа сакам да им порачам на нашите пријатели од Белград и Приштина да не дозволат минатото да ги врати назад од патот кон мирна и просперитетна иднина. Сè уште сум уверен дека таа иднина лежи во ЕУ, а единствениот пат до таму е целосната имплементација на постигнатите договори. Посветени сме на решавање на билатералните прашања во духот на соработка и со мирољубиви средства. Тоа е она за што се залага Берлинскиот процес, потенцираше Шолц.

Тој ја пофали и деблокадата на ЦЕФТА-договорот за слободна трговија, бидејќи тоа, како што рече, овозможува активирање на неколку други договори, како договорите за работни дозволи и патеките на е-трговија.

Деблокадата на ЦЕФТА-договорот не е единствената одлука што ќе ја донесеме денеска. Ќе потпишеме и два документи што ќе им го олеснат секојдневниот живот на луѓето. Едниот од нив е новиот акциски план за заедничкиот регионален пазар, кој претставува основен документ за понатамошно продлабочување на економската интеграција. Ова ќе ја направи прекуграничната работа помалку комплицирана и значително ќе ве приближи до стандардите на ЕУ, додаде Шолц.

The post Шолц: ЕУ е целосна само со Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Европската Унија е целосна само ако Западен Балкан е нејзин дел, а земјите од регионот треба да преземат дополнителни чекори кон заедничка иднина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на отворањето на средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници на Европската унија во рамките на Берлинскиот процес. Шолц нагласи дека сите знаат колку регионот на Западен Балкан сè уште е обликуван од конфликтите од минатото и дека е време тие да се надминат и регионот да се насочи кон иднината. Затоа сакам да им порачам на нашите пријатели од Белград и Приштина да не дозволат минатото да ги врати назад од патот кон мирна и просперитетна иднина. Сè уште сум уверен дека таа иднина лежи во ЕУ, а единствениот пат до таму е целосната имплементација на постигнатите договори. Посветени сме на решавање на билатералните прашања во духот на соработка и со мирољубиви средства. Тоа е она за што се залага Берлинскиот процес, потенцираше Шолц. Тој ја пофали и деблокадата на ЦЕФТА-договорот за слободна трговија, бидејќи тоа, како што рече, овозможува активирање на неколку други договори, како договорите за работни дозволи и патеките на е-трговија. Деблокадата на ЦЕФТА-договорот не е единствената одлука што ќе ја донесеме денеска. Ќе потпишеме и два документи што ќе им го олеснат секојдневниот живот на луѓето. Едниот од нив е новиот акциски план за заедничкиот регионален пазар, кој претставува основен документ за понатамошно продлабочување на економската интеграција. Ова ќе ја направи прекуграничната работа помалку комплицирана и значително ќе ве приближи до стандардите на ЕУ, додаде Шолц.

The post Шолц: ЕУ е целосна само со Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Првиот снег се прикраде на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prviot-sneg-se-prikrade-na-balkanot/ Thu, 12 Sep 2024 18:12:08 +0000 https://republika.mk/?p=815824

Студениот атлантски бран над Европа се движи кон исток, па на словенечка Кредарица падна првиот снег. Невремето предизвика најмногу проблеми на словенечкото крајбрежје, но најлошите сценарија не се остварија, соопшти денеска словенечката агенција за животна средина (Арсо).

Врнежите во Словенија се уште не престануваат, а на места падна и првиот снег, но и покрај ова не се очекуваат поголеми проблеми.

Во словенечка Истра за само неколку часа падна повеќе дожд отколку што паѓа вообичаено во текот на целото лето.

За само неколку часа наврнале повеќе од 50 литри дожд на метар квадратен, а во некои случаи и стотина.

The post Првиот снег се прикраде на Балканот appeared first on Република.

]]>

Студениот атлантски бран над Европа се движи кон исток, па на словенечка Кредарица падна првиот снег. Невремето предизвика најмногу проблеми на словенечкото крајбрежје, но најлошите сценарија не се остварија, соопшти денеска словенечката агенција за животна средина (Арсо). Врнежите во Словенија се уште не престануваат, а на места падна и првиот снег, но и покрај ова не се очекуваат поголеми проблеми. Во словенечка Истра за само неколку часа падна повеќе дожд отколку што паѓа вообичаено во текот на целото лето. За само неколку часа наврнале повеќе од 50 литри дожд на метар квадратен, а во некои случаи и стотина.

The post Првиот снег се прикраде на Балканот appeared first on Република.

]]>
На Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/na-balkanot-deneska-e-najtopliot-del-od-evropa/ Wed, 10 Jul 2024 07:55:51 +0000 https://republika.mk/?p=795176

Во земјите од регионот денеска се активирани црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температури, а метеоролозите повикуваат на почитување на правилата во дадените временски услови.

Температурата синоќа беше 30 степени во Дубровник, 29 степени во Сплит, а 28 степени во Риека. Врвот на топлотниот бран во Хрватска е најавен за денеска. Во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, а само три хрватски региони Осиек, Карловац и Госпиќ немаат издадено предупредување за екстремно високи температури.

Во сите земји од регионот е издадено предупредување за многу висок УВ индекс.

Во Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина денеска се очекува температурите да достигнат до 39 Целзиусови степени, а во сила е портокалово предупредување. На повеќе места се очекува и тропска ноќ бидејќи минималната температура ќе се задржи над 20 степени.

Преземете нешто, се очекуваат екстремно високи температури. Заштитете се себеси, децата и постарите лица. Постапувајте според советите издадени од надлежните органи“, предупредија метеоролозите.

Во Црна Гора ќе биде сончево и многу топло, а прогнозираната температура до 39 степени, во Подгорица дури 40 степени Морето ќе биде брановидно, а температурата ќе биде 25 степени.

Во Косово и денеска ќе се задржат високи температури до 36 степени, а здравствените власти предупредуваат да не се излегува на отворено во периодот од 10 до 16 часот и препорачуваат лесна облека, избегнување тешка храна и хидратација.

Исклучително топло време ќе се задржи и во Македонија, а метеоролозите најавија дожд со грмежи и град за крајот на денот во западниот дел од земјата.

The post На Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа appeared first on Република.

]]>

Во земјите од регионот денеска се активирани црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температури, а метеоролозите повикуваат на почитување на правилата во дадените временски услови. Температурата синоќа беше 30 степени во Дубровник, 29 степени во Сплит, а 28 степени во Риека. Врвот на топлотниот бран во Хрватска е најавен за денеска. Во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, а само три хрватски региони Осиек, Карловац и Госпиќ немаат издадено предупредување за екстремно високи температури. Во сите земји од регионот е издадено предупредување за многу висок УВ индекс. Во Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина денеска се очекува температурите да достигнат до 39 Целзиусови степени, а во сила е портокалово предупредување. На повеќе места се очекува и тропска ноќ бидејќи минималната температура ќе се задржи над 20 степени.
Преземете нешто, се очекуваат екстремно високи температури. Заштитете се себеси, децата и постарите лица. Постапувајте според советите издадени од надлежните органи“, предупредија метеоролозите.
Во Црна Гора ќе биде сончево и многу топло, а прогнозираната температура до 39 степени, во Подгорица дури 40 степени Морето ќе биде брановидно, а температурата ќе биде 25 степени. Во Косово и денеска ќе се задржат високи температури до 36 степени, а здравствените власти предупредуваат да не се излегува на отворено во периодот од 10 до 16 часот и препорачуваат лесна облека, избегнување тешка храна и хидратација. Исклучително топло време ќе се задржи и во Македонија, а метеоролозите најавија дожд со грмежи и град за крајот на денот во западниот дел од земјата.

The post На Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа appeared first on Република.

]]>
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/balkanot-deneska-e-najtopliot-del-od-evropa/ Wed, 10 Jul 2024 07:49:23 +0000 https://republika.mk/?p=795173

Во земјите од регионот денеска се активирани црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температури, а метеоролозите повикуваат на почитување на правилата во дадените временски услови.

Температурата синоќа беше 30 степени во Дубровник, 29 степени во Сплит, а 28 степени во Риека. Врвот на топлотниот бран во Хрватска е најавен за денеска. Во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, а само три хрватски региони Осиек, Карловац и Госпиќ немаат издадено предупредување за екстремно високи температури.

Во сите земји од регионот е издадено предупредување за многу висок УВ индекс.

Во Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина денеска се очекува температурите да достигнат до 39 Целзиусови степени, а во сила е портокалово предупредување. На повеќе места се очекува и тропска ноќ бидејќи минималната температура ќе се задржи над 20 степени.

„Преземете нешто, се очекуваат екстремно високи температури. Заштитете се себеси, децата и постарите лица. Постапувајте според советите издадени од надлежните органи“, предупредија метеоролозите.

Во Црна Гора ќе биде сончево и многу топло, а прогнозираната температура до 39 степени, во Подгорица дури 40 степени Морето ќе биде брановидно, а температурата ќе биде 25 степени.

Во Косово и денеска ќе се задржат високи температури до 36 степени, а здравствените власти предупредуваат да не се излегува на отворено во периодот од 10 до 16 часот и препорачуваат лесна облека, избегнување тешка храна и хидратација.

Исклучително топло време ќе се задржи и во Македонија, а метеоролозите најавија дожд со грмежи и град за крајот на денот во западниот дел од земјата.

The post Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа appeared first on Република.

]]>

Во земјите од регионот денеска се активирани црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температури, а метеоролозите повикуваат на почитување на правилата во дадените временски услови. Температурата синоќа беше 30 степени во Дубровник, 29 степени во Сплит, а 28 степени во Риека. Врвот на топлотниот бран во Хрватска е најавен за денеска. Во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, а само три хрватски региони Осиек, Карловац и Госпиќ немаат издадено предупредување за екстремно високи температури. Во сите земји од регионот е издадено предупредување за многу висок УВ индекс. Во Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина денеска се очекува температурите да достигнат до 39 Целзиусови степени, а во сила е портокалово предупредување. На повеќе места се очекува и тропска ноќ бидејќи минималната температура ќе се задржи над 20 степени. „Преземете нешто, се очекуваат екстремно високи температури. Заштитете се себеси, децата и постарите лица. Постапувајте според советите издадени од надлежните органи“, предупредија метеоролозите. Во Црна Гора ќе биде сончево и многу топло, а прогнозираната температура до 39 степени, во Подгорица дури 40 степени Морето ќе биде брановидно, а температурата ќе биде 25 степени. Во Косово и денеска ќе се задржат високи температури до 36 степени, а здравствените власти предупредуваат да не се излегува на отворено во периодот од 10 до 16 часот и препорачуваат лесна облека, избегнување тешка храна и хидратација. Исклучително топло време ќе се задржи и во Македонија, а метеоролозите најавија дожд со грмежи и град за крајот на денот во западниот дел од земјата.

The post Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа appeared first on Република.

]]>
Пеколни температури до 40 степени и тропски ноќи низ цел Балкан до крајот на неделата https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/pekolni-temperaturi-do-40-stepeni-i-tropski-noki-niz-tsel-balkan-do-krajot-na-nedelata/ Mon, 08 Jul 2024 15:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=794645

Во Албанија, каде температурите надминуваат 40 степени Целзиусови, владата денес наутро предупреди дека „намерно или случајно предизвикување пожар“ се казнува со 15 години затвор.

Во Србија, хидрометеоролошкиот институт РХМЗ денес предупреди на силен топлотен бран, прогнозирајќи дека ќе трае цела недела со температури до 40 степени и тропски ноќи во урбаните средини.

Институтот прогласи портокалова тревога за добар дел од земјата.

Во Косово горештините се придружени со ветер и песок, а на граѓаните им се препорачува да не излегуваат на сонце.

„УВ-индексот ќе биде многу висок“, предупредуваат надлежните, апелирајќи до возачите да бидат внимателни.

За време на претходниот топлотен бран, на 21 јуни, електричната мрежа се расипа во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија.

The post Пеколни температури до 40 степени и тропски ноќи низ цел Балкан до крајот на неделата appeared first on Република.

]]>

Во Албанија, каде температурите надминуваат 40 степени Целзиусови, владата денес наутро предупреди дека „намерно или случајно предизвикување пожар“ се казнува со 15 години затвор. Во Србија, хидрометеоролошкиот институт РХМЗ денес предупреди на силен топлотен бран, прогнозирајќи дека ќе трае цела недела со температури до 40 степени и тропски ноќи во урбаните средини. Институтот прогласи портокалова тревога за добар дел од земјата. Во Косово горештините се придружени со ветер и песок, а на граѓаните им се препорачува да не излегуваат на сонце. „УВ-индексот ќе биде многу висок“, предупредуваат надлежните, апелирајќи до возачите да бидат внимателни. За време на претходниот топлотен бран, на 21 јуни, електричната мрежа се расипа во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија.

The post Пеколни температури до 40 степени и тропски ноќи низ цел Балкан до крајот на неделата appeared first on Република.

]]>
Поврзувањето на регионот преку Берлинскиот процес е основа за креирањето на вистинските енергетски политики https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/povrzuvaneto-na-regionot-preku-berlinskiot-protses-e-osnova-za-kreiraneto-na-vistinskite-energetski-politiki/ Tue, 11 Jun 2024 07:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=786446

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања вечерва учествуваше на отворањето на Македонскиот енергетски форум  МЕФ 2024 кој оваа година се оддржува по 7ми пат.

Вечерашната воведна сесија на форумот со наслов ,,Декодирање на деценијата" беше посветена на значењето на Берлинскиот процес во однос на регионалната соработка , енергетската криза и транзицијата кон обновливи енергии.

Во своето обраќање Вицепремиерот Маричиќ се осврна на важноста на Берлинскиот процес со што значително се зголемила соработката на државите од Западен Балкан и регионот.

10-годишнината од Берлинскиот процес треба да ни даде поттик да вложиме повеќе труд и да работиме подобро во следните години, до постигнување на конечната цел за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, особено во овој геополитички моментум.

Маричиќ во своето обраќање ја нагласи важноста за поврзувањето на регионот во соработка со Европската Унија и креирањето на енергетските политики и развој на инфраструктурата со цел развој на државата и регионот.

Маричиќ во продолжение ја истакна важноста на Планот за раст и мерките кои се превземаат со Планот за раст, каде што голем дел од реформите се насочени кон решавање на предизвиците со енергијата на регионот на Западен Балкан.

За прв пат имаме точно определени мерки, поврзани со финансиски механизам за поддршка од Европската Унија кои ќе придонесат за развој на државата и решавање на предизвиците со енергијата, таа можност треба да се искористи со што ќе се создаде стратегија за развој на енергијата.

За крај Маричиќ истакна дека инфраструктурните проекти се поврзани со енергетски проекти, посочувајќи ја важноста на инвестициите потребни на институциите во процесот на реформи.

Помошта за време на енергетската криза од Европската Унија беше незаменлива. Соработката на регионот преку Берлинскиот процес во решавање на предизвиците со енергијата кои се фокус на регионот и Европа е клучна за стабилност и просперитет на државата.

На Македонскиот енергетски форум МЕФ 2024 во организација на невладината организација ЗИП институт во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата учество земаа германската амбасадорка Петра Дрекслер и сите релевантни учесници на  Берлинскиот процес за соработка на регионот.

The post Поврзувањето на регионот преку Берлинскиот процес е основа за креирањето на вистинските енергетски политики appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања вечерва учествуваше на отворањето на Македонскиот енергетски форум  МЕФ 2024 кој оваа година се оддржува по 7ми пат. Вечерашната воведна сесија на форумот со наслов ,,Декодирање на деценијата" беше посветена на значењето на Берлинскиот процес во однос на регионалната соработка , енергетската криза и транзицијата кон обновливи енергии. Во своето обраќање Вицепремиерот Маричиќ се осврна на важноста на Берлинскиот процес со што значително се зголемила соработката на државите од Западен Балкан и регионот.
10-годишнината од Берлинскиот процес треба да ни даде поттик да вложиме повеќе труд и да работиме подобро во следните години, до постигнување на конечната цел за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, особено во овој геополитички моментум.
Маричиќ во своето обраќање ја нагласи важноста за поврзувањето на регионот во соработка со Европската Унија и креирањето на енергетските политики и развој на инфраструктурата со цел развој на државата и регионот. Маричиќ во продолжение ја истакна важноста на Планот за раст и мерките кои се превземаат со Планот за раст, каде што голем дел од реформите се насочени кон решавање на предизвиците со енергијата на регионот на Западен Балкан.
За прв пат имаме точно определени мерки, поврзани со финансиски механизам за поддршка од Европската Унија кои ќе придонесат за развој на државата и решавање на предизвиците со енергијата, таа можност треба да се искористи со што ќе се создаде стратегија за развој на енергијата.
За крај Маричиќ истакна дека инфраструктурните проекти се поврзани со енергетски проекти, посочувајќи ја важноста на инвестициите потребни на институциите во процесот на реформи.
Помошта за време на енергетската криза од Европската Унија беше незаменлива. Соработката на регионот преку Берлинскиот процес во решавање на предизвиците со енергијата кои се фокус на регионот и Европа е клучна за стабилност и просперитет на државата.
На Македонскиот енергетски форум МЕФ 2024 во организација на невладината организација ЗИП институт во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата учество земаа германската амбасадорка Петра Дрекслер и сите релевантни учесници на  Берлинскиот процес за соработка на регионот.

The post Поврзувањето на регионот преку Берлинскиот процес е основа за креирањето на вистинските енергетски политики appeared first on Република.

]]>
Земја со најкратка работна недела е Холандија, просек од 29,5 часа неделно, следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа), а на Балканот работната недела е и над 40 часа https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zemja-so-najkratka-rabotna-nedela-e-holandija-prosek-od-29-5-chasa-nedelno-sledat-danska-32-5-chasa-i-norveshka-33-6-chasa-a-na-balkanot-rabotnata-nedela-e-i-nad-40-chasa/ Wed, 20 Mar 2024 14:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=756771

Во Европа последниве години се забележува стремеж кон намалување на бројот работни часови. Некои држави се залагаат и за воведување четиридневна работна недела.

Во Германија во февруари 2024 година почна експериментален проект за испробување работни седмици од четири наместо пет дена, со едноставна замисла – вработените да се обидат да ги завршат работните обврски за четири дена, за да имаат еден слободен ден повеќе и иста плата. Во германскиот проект учествуваат 45 компании што, согласно пократката работна недела, ќе им обезбедат на вработените повеќе индивидуална работа и помал број состаноци, пренесува „Пункуфер“ (Punkufer).

Во 2022 година, Белгија стана првата земја што ја легализираше четиридневната работна седмица. Тоа не значи дека вработените ќе работат помалку, туку имаат можност сами да си направат распоред, како што појасни и белгискиот премиер Александар де Кро.

Исланд, Португалија, Шпанија, Велика Британија и Канада се исто така дел од земјите каде се тестира пократката работна недела.

Каде најмалку се работи? Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги провери светските податоци од последните неколку години и ја состави и таа листа на држави. Така, земја со најкратка работна недела е Холандија, просек од 29,5 часа неделно, а потоа следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа).

Топ-10 списокот го дополнуваат Швајцарија (34,6 часа), Австрија (35,5 ч.), Белгија (35,5 ч.), Италија (35,5 ч.), Ирска (35,6 ч.), Шведска (36 ч.) и Финска, со просечни 36,3 часа во една седмица. Според Евростат – официјалната статистичка служба на Европската Унија, Балканците работат и над 40 часа неделно.

The post Земја со најкратка работна недела е Холандија, просек од 29,5 часа неделно, следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа), а на Балканот работната недела е и над 40 часа appeared first on Република.

]]>

Во Европа последниве години се забележува стремеж кон намалување на бројот работни часови. Некои држави се залагаат и за воведување четиридневна работна недела. Во Германија во февруари 2024 година почна експериментален проект за испробување работни седмици од четири наместо пет дена, со едноставна замисла – вработените да се обидат да ги завршат работните обврски за четири дена, за да имаат еден слободен ден повеќе и иста плата. Во германскиот проект учествуваат 45 компании што, согласно пократката работна недела, ќе им обезбедат на вработените повеќе индивидуална работа и помал број состаноци, пренесува „Пункуфер“ (Punkufer). Во 2022 година, Белгија стана првата земја што ја легализираше четиридневната работна седмица. Тоа не значи дека вработените ќе работат помалку, туку имаат можност сами да си направат распоред, како што појасни и белгискиот премиер Александар де Кро. Исланд, Португалија, Шпанија, Велика Британија и Канада се исто така дел од земјите каде се тестира пократката работна недела. Каде најмалку се работи? Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги провери светските податоци од последните неколку години и ја состави и таа листа на држави. Така, земја со најкратка работна недела е Холандија, просек од 29,5 часа неделно, а потоа следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа). Топ-10 списокот го дополнуваат Швајцарија (34,6 часа), Австрија (35,5 ч.), Белгија (35,5 ч.), Италија (35,5 ч.), Ирска (35,6 ч.), Шведска (36 ч.) и Финска, со просечни 36,3 часа во една седмица. Според Евростат – официјалната статистичка служба на Европската Унија, Балканците работат и над 40 часа неделно.

The post Земја со најкратка работна недела е Холандија, просек од 29,5 часа неделно, следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа), а на Балканот работната недела е и над 40 часа appeared first on Република.

]]>
Бајден: Ако Русија ја урне Украина, што мислите дека ќе се случи со балканските земји? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-ako-rusija-ja-urne-ukraina-shto-mislite-deka-ke-se-sluchi-so-balkanskite-zemji/ Sat, 20 Jan 2024 15:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=734965

Американскиот претседател Џо Бајден, за време на говорот во Белата куќа предупреди дека повлекувањето на американската поддршка за Украина може да доведе до руска победа со можно ширење на кризата во балканските земји.

Во веројатно досега најдраматично предвидување за европскиот континент, Бајден посочи дека евентуална победа на Русија во Украина ќе има последици и за балканските земји и за поширокиот регион.

Ако ние заминеме, A Русија успее да ги одржи своите напади и ја урне Украина, што мислите дека ќе се случи со балканските земји? Што ќе се случи од Полска до Унгарија? Јас сериозно размислувам околу тоа. Тоа ја менува динамиката, изјави Џо Бајден.

Бајден пораката ја упати во период кога помошта за Украина е со месеци блокирана во Конгресот. Во октомври тој побара дополнителна воена помош од 60 милијарди долари, но Републиканците одбиваат да ја одобрат без договор со демократите за зајакнување на безбедноста долж границата меѓу САД и Мексико. Без дополнителна американска помош, проценуваат западните власти, Украина прво би останала без ракети со долг дострел, потоа без ракети за противвоздушна одбрана, а подоцна и без артилериска муниција и ракети со краток дострел.

Пред три месеци украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди на можно ширење на безбедносната криза и на Балканот, потенцирајќи дека светот треба да посвети поголемо внимание на ситуацијата на Балканот, оти има информации дека Русија планира да започне војна за да го оттргне вниманието од Украина.

The post Бајден: Ако Русија ја урне Украина, што мислите дека ќе се случи со балканските земји? appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден, за време на говорот во Белата куќа предупреди дека повлекувањето на американската поддршка за Украина може да доведе до руска победа со можно ширење на кризата во балканските земји. Во веројатно досега најдраматично предвидување за европскиот континент, Бајден посочи дека евентуална победа на Русија во Украина ќе има последици и за балканските земји и за поширокиот регион.
Ако ние заминеме, A Русија успее да ги одржи своите напади и ја урне Украина, што мислите дека ќе се случи со балканските земји? Што ќе се случи од Полска до Унгарија? Јас сериозно размислувам околу тоа. Тоа ја менува динамиката, изјави Џо Бајден.
Бајден пораката ја упати во период кога помошта за Украина е со месеци блокирана во Конгресот. Во октомври тој побара дополнителна воена помош од 60 милијарди долари, но Републиканците одбиваат да ја одобрат без договор со демократите за зајакнување на безбедноста долж границата меѓу САД и Мексико. Без дополнителна американска помош, проценуваат западните власти, Украина прво би останала без ракети со долг дострел, потоа без ракети за противвоздушна одбрана, а подоцна и без артилериска муниција и ракети со краток дострел. Пред три месеци украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди на можно ширење на безбедносната криза и на Балканот, потенцирајќи дека светот треба да посвети поголемо внимание на ситуацијата на Балканот, оти има информации дека Русија планира да започне војна за да го оттргне вниманието од Украина.

The post Бајден: Ако Русија ја урне Украина, што мислите дека ќе се случи со балканските земји? appeared first on Република.

]]>
Пријателите на Западен Балкан предлагаат мерки за соработка на регионот со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prijatelite-na-zapaden-balkan-predlagaat-merki-za-sorabotka-na-regionot-so-eu/ Mon, 13 Nov 2023 12:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=701063

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг заедно со групата „Пријатели на Западен Балкан“ покренаа иницијатива чија цел е да го намали влијанието на Кина и Русија во Југоисточна Европа и поблиску да ги поврзе балканските земји со Европската унија.

Иницијативата треба да биде корисна за двете страни. Тоа треба да им овозможи на земјите кандидати за членство во ЕУ погласно да ги артикулираат своите барања, а во исто време да развијат поголема солидарност и европско единство во надворешно-политичките прашања, што, според австриски медиуми, се уште не е изразено во некои земји, пренесе Бета.

На тој начин треба да се обезбеди „приспособување на заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија“, се вели во документот што денеска беше претставен на средбата на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел.

Австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг на 23 јуни на Европскиот форум Вахау ја претстави групата „Пријатели на Западен Балкан“. Станува збор за група членки на ЕУ кои се за забрзување на пристапот на регионот во Унијата и сакаат да ги приближат земјите од Западен Балкан до ЕУ уште пред вистинското членство.

Австрија ја основа таа група заедно со Грција, Италија, Хрватска, Словачка, Словенија и Чешка.

Во „нон пејперот“, кој денеска беше презентиран на состанокот на Советот на министри на ЕУ, меѓу другото се бара земјите од Западен Балкан да учествуваат најмалку еднаш на секои шест месеци на тие состаноци на шефовите на ЕУ дипломатија.

Бидејќи регионот е изложен на дестабилизирачки фактори, како што се малигното влијание на трети земји, хибридни закани, дезинформации и илегална миграција, оваа агенда исто така треба да даде нови импулси за соработка во заедничката надворешна и безбедносна политика и да воспостави редовна структурирана размена на ставови со нашите партнери во согласност со воспоставениот процес на ЕУ и нејзината политика, се вели во документот.

Бидејќи очекуваме нашите партнери да се ориентираат кон надворешната политика на ЕУ, веруваме дека таков поинтензивен дијалог ќе го продлабочи разбирањето на позициите на ЕУ. Соработката ќе ни овозможи да се спротивставиме на надворешниот притисок и на руските и другите штетни наративи во регионот кои се некомпатибилни со вредностите на ЕУ и меѓународен поредок заснован на правила, пишува во „нон пејперот“.

Во документот се предлага и учество на земјите од Западен Балкан на неформални состаноци на амбасадорите на ЕУ, покоординирани посети на регионот, како и усвојување правила за заеднички речник кога станува збор за трети земји.

Беа предложени и редовни работни средби со експерти од областа на заштитата на човековите права, кои ќе ги надополнат преговорите меѓу ЕУ и кандидатите поврзани со судството и владеењето на правото. Се споменува и зајакнувањето на соработката во областа на кибер безбедноста.

Еден од предлозите е обука на млади дипломати од Западен Балкан во земјите потписнички на иницијативата.

The post Пријателите на Западен Балкан предлагаат мерки за соработка на регионот со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг заедно со групата „Пријатели на Западен Балкан“ покренаа иницијатива чија цел е да го намали влијанието на Кина и Русија во Југоисточна Европа и поблиску да ги поврзе балканските земји со Европската унија. Иницијативата треба да биде корисна за двете страни. Тоа треба да им овозможи на земјите кандидати за членство во ЕУ погласно да ги артикулираат своите барања, а во исто време да развијат поголема солидарност и европско единство во надворешно-политичките прашања, што, според австриски медиуми, се уште не е изразено во некои земји, пренесе Бета. На тој начин треба да се обезбеди „приспособување на заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија“, се вели во документот што денеска беше претставен на средбата на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел. Австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг на 23 јуни на Европскиот форум Вахау ја претстави групата „Пријатели на Западен Балкан“. Станува збор за група членки на ЕУ кои се за забрзување на пристапот на регионот во Унијата и сакаат да ги приближат земјите од Западен Балкан до ЕУ уште пред вистинското членство. Австрија ја основа таа група заедно со Грција, Италија, Хрватска, Словачка, Словенија и Чешка. Во „нон пејперот“, кој денеска беше презентиран на состанокот на Советот на министри на ЕУ, меѓу другото се бара земјите од Западен Балкан да учествуваат најмалку еднаш на секои шест месеци на тие состаноци на шефовите на ЕУ дипломатија. Бидејќи регионот е изложен на дестабилизирачки фактори, како што се малигното влијание на трети земји, хибридни закани, дезинформации и илегална миграција, оваа агенда исто така треба да даде нови импулси за соработка во заедничката надворешна и безбедносна политика и да воспостави редовна структурирана размена на ставови со нашите партнери во согласност со воспоставениот процес на ЕУ и нејзината политика, се вели во документот. Бидејќи очекуваме нашите партнери да се ориентираат кон надворешната политика на ЕУ, веруваме дека таков поинтензивен дијалог ќе го продлабочи разбирањето на позициите на ЕУ. Соработката ќе ни овозможи да се спротивставиме на надворешниот притисок и на руските и другите штетни наративи во регионот кои се некомпатибилни со вредностите на ЕУ и меѓународен поредок заснован на правила, пишува во „нон пејперот“. Во документот се предлага и учество на земјите од Западен Балкан на неформални состаноци на амбасадорите на ЕУ, покоординирани посети на регионот, како и усвојување правила за заеднички речник кога станува збор за трети земји. Беа предложени и редовни работни средби со експерти од областа на заштитата на човековите права, кои ќе ги надополнат преговорите меѓу ЕУ и кандидатите поврзани со судството и владеењето на правото. Се споменува и зајакнувањето на соработката во областа на кибер безбедноста. Еден од предлозите е обука на млади дипломати од Западен Балкан во земјите потписнички на иницијативата.

The post Пријателите на Западен Балкан предлагаат мерки за соработка на регионот со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Секоја земја на Балканот си има своја карта како таа на „Голема Албанија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-sekoja-zemja-na-balkanot-si-ima-svoja-karta-kako-taa-na-golema-albanija/ Tue, 07 Nov 2023 10:37:02 +0000 https://republika.mk/?p=699122

Секоја држава на Балканот си има свои карти како таа на Голема Албанија, рече денеска премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање кое од него бараше реација за отворањето на музејот на УЧК во кумановско Сопот додавајќи дека со картата се доцни 140 години.

Ковачевски рече дека по влегувањето во НАТО не интересира само мапата на земјите членки на НАТО и мапата на земјите членки на ЕУ.

Рече дека музејот бил направен на приватен имот.

The post Ковачевски: Секоја земја на Балканот си има своја карта како таа на „Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>

Секоја држава на Балканот си има свои карти како таа на Голема Албанија, рече денеска премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање кое од него бараше реација за отворањето на музејот на УЧК во кумановско Сопот додавајќи дека со картата се доцни 140 години. Ковачевски рече дека по влегувањето во НАТО не интересира само мапата на земјите членки на НАТО и мапата на земјите членки на ЕУ. Рече дека музејот бил направен на приватен имот.  

The post Ковачевски: Секоја земја на Балканот си има своја карта како таа на „Голема Албанија“ appeared first on Република.

]]>
Зимата дојде: Падна првиот снег на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zimata-dojde-padna-prviot-sneg-na-balkanot/ Fri, 11 Aug 2023 07:59:10 +0000 https://republika.mk/?p=670998

Студениот бран кој го зафати целиот балкан, и донесе невообичаено ниски температури на воздухот, освен што донесе снежни врнежи во Алпскиот регион, тој донесе снежна бајка и на планинските врвови во соседна Бугарија.

Снегот паѓаше на врвот „Мусала”, на планината Рила во Бугарија на надморска височина од 2925 метри. Овој е највисокиот планински врв на Балканот.

The post Зимата дојде: Падна првиот снег на Балканот appeared first on Република.

]]>

Студениот бран кој го зафати целиот балкан, и донесе невообичаено ниски температури на воздухот, освен што донесе снежни врнежи во Алпскиот регион, тој донесе снежна бајка и на планинските врвови во соседна Бугарија. Снегот паѓаше на врвот „Мусала”, на планината Рила во Бугарија на надморска височина од 2925 метри. Овој е највисокиот планински врв на Балканот.

The post Зимата дојде: Падна првиот снег на Балканот appeared first on Република.

]]>
Ги гледаме првите посериозни форми на климатските промени, суперќелиските бури ќе станат редовна појава на Балканот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/gi-gledame-prvite-poseriozni-formi-na-klimatskite-promeni-superkeliskite-buri-ke-stanat-redovna-pojava-na-balkanot/ Tue, 25 Jul 2023 13:51:59 +0000 https://republika.mk/?p=665171

Суперклеточната бура која неодамна помина низ Србија и предизвика големи штети е феномен со кој ќе мора да научиме да живееме, а се предвидува дека во иднина може да стане посилна и почеста. Според експертите, за сето тоа виновни се моменталните атмосферски услови предизвикани од климатските промени.

Секоја година на Балканот се случуваат вакви невремиња, но досега тие беа поретки и со далеку послаб интензитет. Овој пат невремето во соседна Србија траеше неколку дена, што климатологот Владимир Ѓурѓевиќ го поврзува со промените што се случуваат во климата.

Атмосферата не успеа да се стабилизира преку еден настан, но траеше неколку дена. Во таа смисла, споредено со претходните периоди, таа е многу специфична, изјави Ѓурѓевиќ за Еуроњуз Србија.

Тој објаснува дека идните бури потенцијално ќе бидат посилни и почести бидејќи планетата денес е за еден степен потопла, што доведува до вишок на водена пареа во атмосферата, што тој го нарекува „главно движечко гориво за сите бури, вклучително и суперќелиите“.

Затоа, ризиците кои климатските промени ги носат со себе стануваат се повидливи, интензитетот на ваква бура во иднина би можел да добие уште поголеми размери, а Ѓурѓевиќ смета дека токму сега „го гледаме воведниот трејлер за филм кој ќе се емитува во иднина“.

Ѓурѓевиќ вели дека низ историјата има зголемување на интензитетот на олујните системи поради климатските промени и дека во моментов се бележат екстреми кои не постоеле во минатото.

Сега ги гледаме првите посериозни форми на климатски промени, кои многу лесно можат да станат еден вид нормална и просечна состојба. Освен во таа состојба, можеме да одиме и во уште поекстремни, истакнува Ѓурѓевиќ.

Тој смета дека ќе се случат посилни бури бидејќи процесот на климатските промени нема наскоро да запре и дека ќе бидеме сведоци на уште поголема промена на климатските услови.

Во најдоброто можно сценарио што може да ни се случи, климата во иднина ќе се промени до степен до кој ќе се промени се. Моментално атмосферата е потопла за еден степен, а во следните 30 години можеме да очекуваме дополнително затоплување на атмосферата за сеуште еден степен, вели Ѓурѓевиќ.

Поради затоплувањето, во атмосферата ќе има уште повеќе водена пареа, што ќе предизвика посилни и почести бури од оние на кои бевме сведоци откако, оценува Ѓурѓевиќ, и додава дека вкупните услови ќе придонесат за нивно појавување.

Треба да имате атмосфера која е богата со водена пареа за да се формира бура, особено во слоевите на земјата, тие всушност ја црпат својата моќ од неа. Колку повеќе водена пареа има, толку побрзо ќе се развива бурата, толку ќе биде посилна и ќе предизвика поголема штета, рече Ѓурѓевиќ.

Исто така, тој вели дека невремето што ја зафати Србија е нешто на што ќе мора да се навикнеме, поради што секое предупредување за бури во иднина мора да се сфати многу посериозно отколку во минатото.

Пред неколку години имаше торнадо во Чешка што уништи цел мал град. Ова требаше да ни покаже дека можеме да очекуваме сличен настан во Србија, толку силна бура. За среќа, овој пат не се случи, но покажува дека треба да се прилагодиме и да станеме поподготвени и поотпорни како општество да се справиме со ова, истакнува Ѓурѓевиќ.

Тој потсетува дека формирање на послаби торнада на нашите простори е забележано и претходно, но додава дека појавата на оваа појава е можна со малку посилен интензитет, со оглед на нивното присуство во Европа.

Можно е да се случи и кај нас деновиве, но невремето беше во доцните вечерни часови, така што е потешко да се набљудуваат кога е темно. Нивниот интензитет покажува дека и овде било потенцијално ризично да се случи посилно торнадо, вели Ѓурѓевиќ.

Тој смета дека е неопходно да се спроведе Парискиот договор, но и сите земји во светот да се откажат од фосилните горива како извор на енергија, за да можеме да се справиме со крајности.

Ако тие станат пречести и премногу активни, тогаш тешко е да се очекува дека ќе можеме континуирано да ги поправаме последиците од тоа. Опасноста од климатските промени е што можеме да западнеме во циклус во кој постојано ќе крпиме дупки наместо да се развиваме како општество, заклучува Ѓурѓевиќ.

Како што објаснува метеорологот на Euronews Србија, Љубица Гојковиќ, појавата на суперклеточни бури е поврзана со нестабилен период на почетокот на летото кога сè уште има пенетрации на студен воздух од север, додека во исто време директното сончево зрачење интензивно ја загрева земјата, а водата од земјата потоа испарува, и на тој начин ги имаме сите потребни состојки за формирање на бура.

Имајќи предвид дека летово во нашите региони пристигна со задоцнување од околу три недели, и дека требаше да бидеме сведоци на такви невремиња во средината на јуни, а не во јули, можеме да кажеме дека времето што вообичаено го знаеме како јули ќе пристигне дури во август, а прогностичките модели најавуваат уште едно продирање на нестабилност уште во вторник навечер, истакнува Гојковиќ.

Тој додава дека се уште не се знае како точно ќе изгледа невремето и по кој пат ќе се движи, но дека се очекуваат силен ветер и локално поголеми количини дожд, понекогаш со град.

Сигурно е дека ќе имаме повеќе невремиња до крајот на летото, но тие треба да бидат нешто помалку интензивни бидејќи сонцето помалку ќе грее и помалку ќе ја загрева земјата како што се приближуваме до крајот на летото, изјави Гојковиќ.

Тој потсетува и дека Ел Нињо моментално е на сила и ќе трае најмалку уште една и пол година, поради што е извесно дека следното лето ќе биде слично на ова.

Она што исто така загрижува е и фактот што и метеорологот Славчо Попоски, на својот Фејсбук профил објави дека тоа што овој пат невремето нѐ избегнало, не значи дека во иднина вакви невремиња нема да се случуваат во земјава. Тоа значи дека треба да бидеме подготвени на вакви моќни невремиња.

The post Ги гледаме првите посериозни форми на климатските промени, суперќелиските бури ќе станат редовна појава на Балканот appeared first on Република.

]]>

Суперклеточната бура која неодамна помина низ Србија и предизвика големи штети е феномен со кој ќе мора да научиме да живееме, а се предвидува дека во иднина може да стане посилна и почеста. Според експертите, за сето тоа виновни се моменталните атмосферски услови предизвикани од климатските промени. Секоја година на Балканот се случуваат вакви невремиња, но досега тие беа поретки и со далеку послаб интензитет. Овој пат невремето во соседна Србија траеше неколку дена, што климатологот Владимир Ѓурѓевиќ го поврзува со промените што се случуваат во климата.
Атмосферата не успеа да се стабилизира преку еден настан, но траеше неколку дена. Во таа смисла, споредено со претходните периоди, таа е многу специфична, изјави Ѓурѓевиќ за Еуроњуз Србија.
Тој објаснува дека идните бури потенцијално ќе бидат посилни и почести бидејќи планетата денес е за еден степен потопла, што доведува до вишок на водена пареа во атмосферата, што тој го нарекува „главно движечко гориво за сите бури, вклучително и суперќелиите“. Затоа, ризиците кои климатските промени ги носат со себе стануваат се повидливи, интензитетот на ваква бура во иднина би можел да добие уште поголеми размери, а Ѓурѓевиќ смета дека токму сега „го гледаме воведниот трејлер за филм кој ќе се емитува во иднина“. Ѓурѓевиќ вели дека низ историјата има зголемување на интензитетот на олујните системи поради климатските промени и дека во моментов се бележат екстреми кои не постоеле во минатото.
Сега ги гледаме првите посериозни форми на климатски промени, кои многу лесно можат да станат еден вид нормална и просечна состојба. Освен во таа состојба, можеме да одиме и во уште поекстремни, истакнува Ѓурѓевиќ.
Тој смета дека ќе се случат посилни бури бидејќи процесот на климатските промени нема наскоро да запре и дека ќе бидеме сведоци на уште поголема промена на климатските услови.
Во најдоброто можно сценарио што може да ни се случи, климата во иднина ќе се промени до степен до кој ќе се промени се. Моментално атмосферата е потопла за еден степен, а во следните 30 години можеме да очекуваме дополнително затоплување на атмосферата за сеуште еден степен, вели Ѓурѓевиќ.
Поради затоплувањето, во атмосферата ќе има уште повеќе водена пареа, што ќе предизвика посилни и почести бури од оние на кои бевме сведоци откако, оценува Ѓурѓевиќ, и додава дека вкупните услови ќе придонесат за нивно појавување.
Треба да имате атмосфера која е богата со водена пареа за да се формира бура, особено во слоевите на земјата, тие всушност ја црпат својата моќ од неа. Колку повеќе водена пареа има, толку побрзо ќе се развива бурата, толку ќе биде посилна и ќе предизвика поголема штета, рече Ѓурѓевиќ.
Исто така, тој вели дека невремето што ја зафати Србија е нешто на што ќе мора да се навикнеме, поради што секое предупредување за бури во иднина мора да се сфати многу посериозно отколку во минатото.
Пред неколку години имаше торнадо во Чешка што уништи цел мал град. Ова требаше да ни покаже дека можеме да очекуваме сличен настан во Србија, толку силна бура. За среќа, овој пат не се случи, но покажува дека треба да се прилагодиме и да станеме поподготвени и поотпорни како општество да се справиме со ова, истакнува Ѓурѓевиќ.
Тој потсетува дека формирање на послаби торнада на нашите простори е забележано и претходно, но додава дека појавата на оваа појава е можна со малку посилен интензитет, со оглед на нивното присуство во Европа.
Можно е да се случи и кај нас деновиве, но невремето беше во доцните вечерни часови, така што е потешко да се набљудуваат кога е темно. Нивниот интензитет покажува дека и овде било потенцијално ризично да се случи посилно торнадо, вели Ѓурѓевиќ.
Тој смета дека е неопходно да се спроведе Парискиот договор, но и сите земји во светот да се откажат од фосилните горива како извор на енергија, за да можеме да се справиме со крајности.
Ако тие станат пречести и премногу активни, тогаш тешко е да се очекува дека ќе можеме континуирано да ги поправаме последиците од тоа. Опасноста од климатските промени е што можеме да западнеме во циклус во кој постојано ќе крпиме дупки наместо да се развиваме како општество, заклучува Ѓурѓевиќ.
Како што објаснува метеорологот на Euronews Србија, Љубица Гојковиќ, појавата на суперклеточни бури е поврзана со нестабилен период на почетокот на летото кога сè уште има пенетрации на студен воздух од север, додека во исто време директното сончево зрачење интензивно ја загрева земјата, а водата од земјата потоа испарува, и на тој начин ги имаме сите потребни состојки за формирање на бура.
Имајќи предвид дека летово во нашите региони пристигна со задоцнување од околу три недели, и дека требаше да бидеме сведоци на такви невремиња во средината на јуни, а не во јули, можеме да кажеме дека времето што вообичаено го знаеме како јули ќе пристигне дури во август, а прогностичките модели најавуваат уште едно продирање на нестабилност уште во вторник навечер, истакнува Гојковиќ.
Тој додава дека се уште не се знае како точно ќе изгледа невремето и по кој пат ќе се движи, но дека се очекуваат силен ветер и локално поголеми количини дожд, понекогаш со град.
Сигурно е дека ќе имаме повеќе невремиња до крајот на летото, но тие треба да бидат нешто помалку интензивни бидејќи сонцето помалку ќе грее и помалку ќе ја загрева земјата како што се приближуваме до крајот на летото, изјави Гојковиќ.
Тој потсетува и дека Ел Нињо моментално е на сила и ќе трае најмалку уште една и пол година, поради што е извесно дека следното лето ќе биде слично на ова. Она што исто така загрижува е и фактот што и метеорологот Славчо Попоски, на својот Фејсбук профил објави дека тоа што овој пат невремето нѐ избегнало, не значи дека во иднина вакви невремиња нема да се случуваат во земјава. Тоа значи дека треба да бидеме подготвени на вакви моќни невремиња.

The post Ги гледаме првите посериозни форми на климатските промени, суперќелиските бури ќе станат редовна појава на Балканот appeared first on Република.

]]>
Рама: Ако Балканот се закашла, за ЕУ тоа е рамно на пневмонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-ako-balkanot-se-zakashla-za-eu-toa-e-ramno-na-pnevmonija-2/ Wed, 31 May 2023 19:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=646586

Ако Балканот се закашла, за ЕУ тоа е рамно на пневмонија, рече албанскиот премиер Еди Рама за време на форумот на „Глобсек 2023“ во Братислава.

Рама повторно ја критикува Европската Унија коментирајќи дека е тажно што требало да избувне војна за да се разбуди.

„Ние на Западен Балкан преку болка и фрустрација имаме сфатено дека ЕУ се движи многу бавно и сфативме дека нема стратешка визија. Иако имаше геополитичка загриженост во рутински изрази за влез на трети играчи на Западен Балкан, ништо конкретно не се правеше. Највџашувачки беше кога нè погоди пандемијата и кога сите ние бевме целосно изолирани и гледавме како земјите од ЕУ брзаат и се трудат да се заштитат во своите граници. Кога дојдоа вакцините, дистрибуцијата не го зеде предвид фактот дека има шест земји опкружени со нивните граници. Ние како Албанија се свртевме кон Турција, Србија, Кина и Русија со цел да најдеме помош да спасиме животи. Ако не беше Ердоган, Албанија ќе претрпеше големи жртви. Беше лудило, а беше реалност. ЕУ се разбуди со руската агресија. Добивме отворање на преговорите. Сега е јасно. Не можеме да чекаме уште години за да добиеме реална поддршка. Тој јаз се проширува. Многу зборуваат дека ни даваат поддршка, но бројките се безмилосни. 90 отсто од поддршката за инфраструктура, енергетиката доаѓа преку заеми, а само 10 отсто преку грантови. Најголем процент од грантовите е техничка помош“, рече Рама.

Заклучи дека ЕУ мора да отвори нов пат на соработка во поглед на финансиите.

The post Рама: Ако Балканот се закашла, за ЕУ тоа е рамно на пневмонија appeared first on Република.

]]>

Ако Балканот се закашла, за ЕУ тоа е рамно на пневмонија, рече албанскиот премиер Еди Рама за време на форумот на „Глобсек 2023“ во Братислава. Рама повторно ја критикува Европската Унија коментирајќи дека е тажно што требало да избувне војна за да се разбуди. „Ние на Западен Балкан преку болка и фрустрација имаме сфатено дека ЕУ се движи многу бавно и сфативме дека нема стратешка визија. Иако имаше геополитичка загриженост во рутински изрази за влез на трети играчи на Западен Балкан, ништо конкретно не се правеше. Највџашувачки беше кога нè погоди пандемијата и кога сите ние бевме целосно изолирани и гледавме како земјите од ЕУ брзаат и се трудат да се заштитат во своите граници. Кога дојдоа вакцините, дистрибуцијата не го зеде предвид фактот дека има шест земји опкружени со нивните граници. Ние како Албанија се свртевме кон Турција, Србија, Кина и Русија со цел да најдеме помош да спасиме животи. Ако не беше Ердоган, Албанија ќе претрпеше големи жртви. Беше лудило, а беше реалност. ЕУ се разбуди со руската агресија. Добивме отворање на преговорите. Сега е јасно. Не можеме да чекаме уште години за да добиеме реална поддршка. Тој јаз се проширува. Многу зборуваат дека ни даваат поддршка, но бројките се безмилосни. 90 отсто од поддршката за инфраструктура, енергетиката доаѓа преку заеми, а само 10 отсто преку грантови. Најголем процент од грантовите е техничка помош“, рече Рама. Заклучи дека ЕУ мора да отвори нов пат на соработка во поглед на финансиите.

The post Рама: Ако Балканот се закашла, за ЕУ тоа е рамно на пневмонија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Македонија конечно станува раскрсница на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-makedonija-konechno-stanuva-raskrsnitsa-na-balkanot/ Wed, 08 Mar 2023 17:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=617437

„Денеска имаме историски ден во кој Македонија започнува изградба на автопатишта во должина од 110 километри, коишто ќе бидат со врвен квалитет и кои, конечно, после онаа запоставеност во времето на комунизмот, кога Македонија не била поврзана ниту на исток, ниту на запад од политички причини, туку била поврзана само на север и нешто на југ, конечно ќе имаме држава којашто ќе има и Коридор 10 завршен и Коридор 8 завршен“, изјави премиерот Димитар Ковачевски по повод потпишувањето на договорот за изградба на коридорите 8 и 10д.

Од држава која е во центарот на Балканот, наместо, како до пред извесно време, кога бевме кружен тек, отколку раскрсница, сега конечно ќе станеме раскрсница, бидејќи со изградбата на коридорот 8, автопатот кон Албанија и со изградбата на коридорот 10, експресниот пат кон Крива Паланка и со изградбата на железничката пруга кон Бугарија и кон Албанија, Македонија конечно ќе ги има двата коридори кои ќе ја направат раскрсница и ќе имаме излез на три пристаништа, рече тој.

Во однос на постапката за избор на изведувач, премиерот рече дека е спроведена согласно закон донесен од страна на Собранието.

За законитоста на постапката одговараат сите институции, коишто, согласно овој закон, биле задолжени да ја спремат постапката за избор на изведувач и за избор на надзор на истиот проект. Врз основа на законот е предвидено сумата колку што ќе чини овој автопат да биде дефинирана врз основа на експертско знаење, кое го поседува фирмата консултант и надзор, во овој случај ИРД, а државата одлучила преку закон во Собрание дека фирма изведувач ќе биде Бехтел и нивниот партнер Енка, појасни Ковачевски.

The post Ковачевски: Македонија конечно станува раскрсница на Балканот appeared first on Република.

Моќен циклон ќе донесе многу снег на Балканот https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/moken-tsiklon-ke-donese-mnogu-sneg-na-balkanot/ Thu, 23 Feb 2023 18:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=612515

За време на викендот, и тоа особено во недела, како и во понеделник низ Балканот (особено во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и делови од централна и западна Србија, како и планинските предели на Црна Гора ќе ги зафати вистинско СНЕЖНО НЕВРЕМЕ.

Сето ова ќе биде поради вцлијанието на МОЌНИОТ ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН и поради продорот на студен воздух од север.

Локално ќе наврне и до 50 цм снег (и понекаде во градовите). Во Горски Котар (Хрватска) се очекува и до околу еден метар снег (100 цм).

Температурите значително  ќе се намалат а сето ова ќе биде проследено со силен ветер од североисточен правец (на Јадранот СИЛНА БУРА).

Во Македонија од викендот ќе има врнежи само од дожд и тоа поради пристуство на потопол воздух од југ. Снег е можен само на највисоките планини а ќе дува и засилен јужен и југозападен ветер. Температурите кај нас ќе бележат тенденција на мал пад, што значи дека и понатаму ќе биде НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО – вели метеопрогнозерот Попоски и напоменува:

– За време на викендот, особено во недела како и во понеделник нашите граѓани доколку планираат да патуваат во горе наведените Балкански држави, да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на НЕВРЕМЕ кое би можело да биде проследено и со грмежи, како и ОЛУЕН ВЕТЕР, особено долж Јадранот (можни се локални ПОПЛАВУВАЊА)

The post Моќен циклон ќе донесе многу снег на Балканот appeared first on Република.

]]>

За време на викендот, и тоа особено во недела, како и во понеделник низ Балканот (особено во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и делови од централна и западна Србија, како и планинските предели на Црна Гора ќе ги зафати вистинско СНЕЖНО НЕВРЕМЕ. Сето ова ќе биде поради вцлијанието на МОЌНИОТ ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН и поради продорот на студен воздух од север. Локално ќе наврне и до 50 цм снег (и понекаде во градовите). Во Горски Котар (Хрватска) се очекува и до околу еден метар снег (100 цм). Температурите значително  ќе се намалат а сето ова ќе биде проследено со силен ветер од североисточен правец (на Јадранот СИЛНА БУРА). Во Македонија од викендот ќе има врнежи само од дожд и тоа поради пристуство на потопол воздух од југ. Снег е можен само на највисоките планини а ќе дува и засилен јужен и југозападен ветер. Температурите кај нас ќе бележат тенденција на мал пад, што значи дека и понатаму ќе биде НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО – вели метеопрогнозерот Попоски и напоменува:
– За време на викендот, особено во недела како и во понеделник нашите граѓани доколку планираат да патуваат во горе наведените Балкански држави, да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на НЕВРЕМЕ кое би можело да биде проследено и со грмежи, како и ОЛУЕН ВЕТЕР, особено долж Јадранот (можни се локални ПОПЛАВУВАЊА)

The post Моќен циклон ќе донесе многу снег на Балканот appeared first on Република.

]]>
САД издвоиле над 454 милиони долари за анулирање на руското влијание врз Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sad-izdvoile-nad-454-milioni-dolari-za-anuliranje-na-ruskoto-vlijanie-vrz-balkanot/ Thu, 22 Dec 2022 17:43:41 +0000 https://republika.mk/?p=588956

Инспекторатот на Стејт департментот на САД објави извештај на Фондот за спротивставување на руското влијание (CRIF), во кој се наведува дека САД од 2017 година потрошиле повеќе од милијарда долари за финансирање невладини организации, медиуми, како и други организации и програми за анулирање на руското влијание.

Во извештајот објавен на веб-страницата на Стејт департментот се наведува дека најголемиот дел од тие средства – 621,5 милиони долари биле наменети за финансирање на организации и програми во Источна Европа, за земјите од Вишеградската група (В4), во кои спаѓаат Унгарија, Словачка, Чешка и Полска, додека за балканските земји биле наменети 454 милиони долари.

Според податоците од Извештајот, за организации во Србија се издвоени 55,5 милиони долари, а за Косово 61,1 милиони долари.

САД дале нешто повеќе од 80 милиони долари за Босна и Херцеговина, 67,4 милиони долари за Македонија, 50 милиони долари за Црна Гора.

За Бугарија се издвоени 47,7 милиони долари, за Словенија 40,3 милиони долари, за Албанија 39 милиони долари, за Хрватска 11,4 милиони долари, а за Грција 0,7 милиони долари.

Програмите CRIF се дизајнирани да ги постигнат целите на „Акт за спротивставување на влијанието на американските противници преку санкции“ и да обезбедат странска помош на земји кои се предмет на „влијание и агресија на Руската Федерација и немаат економски капацитет за ефикасен отпор.”

The post САД издвоиле над 454 милиони долари за анулирање на руското влијание врз Балканот appeared first on Република.

]]>

Инспекторатот на Стејт департментот на САД објави извештај на Фондот за спротивставување на руското влијание (CRIF), во кој се наведува дека САД од 2017 година потрошиле повеќе од милијарда долари за финансирање невладини организации, медиуми, како и други организации и програми за анулирање на руското влијание. Во извештајот објавен на веб-страницата на Стејт департментот се наведува дека најголемиот дел од тие средства – 621,5 милиони долари биле наменети за финансирање на организации и програми во Источна Европа, за земјите од Вишеградската група (В4), во кои спаѓаат Унгарија, Словачка, Чешка и Полска, додека за балканските земји биле наменети 454 милиони долари. Според податоците од Извештајот, за организации во Србија се издвоени 55,5 милиони долари, а за Косово 61,1 милиони долари. САД дале нешто повеќе од 80 милиони долари за Босна и Херцеговина, 67,4 милиони долари за Македонија, 50 милиони долари за Црна Гора. За Бугарија се издвоени 47,7 милиони долари, за Словенија 40,3 милиони долари, за Албанија 39 милиони долари, за Хрватска 11,4 милиони долари, а за Грција 0,7 милиони долари. Програмите CRIF се дизајнирани да ги постигнат целите на „Акт за спротивставување на влијанието на американските противници преку санкции“ и да обезбедат странска помош на земји кои се предмет на „влијание и агресија на Руската Федерација и немаат економски капацитет за ефикасен отпор.”

The post САД издвоиле над 454 милиони долари за анулирање на руското влијание врз Балканот appeared first on Република.

]]>
Балканот го очекуваат силни невремиња, прогнозира „Акуведр“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/balkanot-go-ochekuvaat-silni-nevreminja-prognozira-akuvedr/ Tue, 18 Oct 2022 10:27:30 +0000 https://republika.mk/?p=562474

Веб-страницата за временска прогноза „Акуведр“ ја објави временската прогноза за Европа за претстојната зима.

Метеоролозите на „Акуведр“ предвидуваат потопла зима од просекот за североисточниот дел на Европа и Скандинавија, а Обединетото Кралство и Ирска може да се соочат со постудени периоди.

Според метеоролозите, океанскиот и атмосферски феномен Ла Ниња ќе има големо влијание врз временските услови во светот. Силни невремиња во Јужна Европа и на Балканот. Според прогнозерите, на локации во дел од Португалија, Шпанија, Јужна Франција, Италија и Балканот има поголеми шанси за појава на почести невремиња отколку на другите делови од континентот.

Ризикот за силни дождови е зголемен, особено во Југоисточна Франција, Северна Италија и Западен Балкан. Температурите оваа зима треба да бидат блиску до нормалата или малку над нормалата во Јужна Европа. Меѓутоа, периодите на нестабилно време може да донесат и пониски температури.

Истовремено, Северна и Средна Европа ја очекуваат посушни периоди, а дождот и снегот може да бидат под нормалата.

The post Балканот го очекуваат силни невремиња, прогнозира „Акуведр“ appeared first on Република.

]]>

Веб-страницата за временска прогноза „Акуведр“ ја објави временската прогноза за Европа за претстојната зима. Метеоролозите на „Акуведр“ предвидуваат потопла зима од просекот за североисточниот дел на Европа и Скандинавија, а Обединетото Кралство и Ирска може да се соочат со постудени периоди. Според метеоролозите, океанскиот и атмосферски феномен Ла Ниња ќе има големо влијание врз временските услови во светот. Силни невремиња во Јужна Европа и на Балканот. Според прогнозерите, на локации во дел од Португалија, Шпанија, Јужна Франција, Италија и Балканот има поголеми шанси за појава на почести невремиња отколку на другите делови од континентот. Ризикот за силни дождови е зголемен, особено во Југоисточна Франција, Северна Италија и Западен Балкан. Температурите оваа зима треба да бидат блиску до нормалата или малку над нормалата во Јужна Европа. Меѓутоа, периодите на нестабилно време може да донесат и пониски температури. Истовремено, Северна и Средна Европа ја очекуваат посушни периоди, а дождот и снегот може да бидат под нормалата.  

The post Балканот го очекуваат силни невремиња, прогнозира „Акуведр“ appeared first on Република.

]]>
Пахор: За да нема поделби, целиот Балкан треба да влезе во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pahor-za-da-nema-podelbi-celiot-balkan-treba-da-vleze-vo-eu/ Sat, 08 Oct 2022 14:09:47 +0000 https://republika.mk/?p=558811

Словенечкиот претседател Борут Пахор на форумот 2BS рече дека еден од начините да се спречи поделбата на Балканот е целиот Балкан да се приклучи на ЕУ. Пахор ова го изјави на панел со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Кога станува збор за проширувањето на Европската унија, Пахор забележува дека одреден период постоел оптимизам, но дека паднал и дека во Брисел имало помалку волја, пишува Н1 Србија.

Поради војната во Украина, мирот и стабилноста на Балканот се кревки. Се обидовме тоа да и го објасниме на ЕУ. Во 2016 година за време на разговорите во Сараево рековме дека проширувањето не е технички проблем, туку геополитички проблем и дека треба да бидеме пофлексибилни во Брисел, рече претседателот на Словенија.

Пахор изрази надеж дека Брисел ќе преземе неколку чекори и оцени дека доколку нема проширување, сите балкански земји ќе влезат во ЕУ горе-долу во истиот период.

Мислам дека е одговорност на сите нас во регионот да направиме се за да обезбедиме Балканот да влезе во ЕУ како стабилен регион. Мислам дека една од последиците од војната во Украина ќе биде нова поделба во Европа, која исчезна по падот на Берлинскиот ѕид.

Еден начин да се спречи поделбата на Балканот е целиот Балкан да влезе во ЕУ. Целосно зависи од тоа како Вучиќ и Србија ќе ја регулираат стратешката ситуација во која се наоѓаат“, изјави Пахор.

The post Пахор: За да нема поделби, целиот Балкан треба да влезе во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот претседател Борут Пахор на форумот 2BS рече дека еден од начините да се спречи поделбата на Балканот е целиот Балкан да се приклучи на ЕУ. Пахор ова го изјави на панел со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Кога станува збор за проширувањето на Европската унија, Пахор забележува дека одреден период постоел оптимизам, но дека паднал и дека во Брисел имало помалку волја, пишува Н1 Србија.
Поради војната во Украина, мирот и стабилноста на Балканот се кревки. Се обидовме тоа да и го објасниме на ЕУ. Во 2016 година за време на разговорите во Сараево рековме дека проширувањето не е технички проблем, туку геополитички проблем и дека треба да бидеме пофлексибилни во Брисел, рече претседателот на Словенија.
Пахор изрази надеж дека Брисел ќе преземе неколку чекори и оцени дека доколку нема проширување, сите балкански земји ќе влезат во ЕУ горе-долу во истиот период.
Мислам дека е одговорност на сите нас во регионот да направиме се за да обезбедиме Балканот да влезе во ЕУ како стабилен регион. Мислам дека една од последиците од војната во Украина ќе биде нова поделба во Европа, која исчезна по падот на Берлинскиот ѕид.
Еден начин да се спречи поделбата на Балканот е целиот Балкан да влезе во ЕУ. Целосно зависи од тоа како Вучиќ и Србија ќе ја регулираат стратешката ситуација во која се наоѓаат“, изјави Пахор.  

The post Пахор: За да нема поделби, целиот Балкан треба да влезе во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Македонија е најзависна земја на Балканот, увезува една третина од струјата што ја троши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-e-najzavisna-zemja-na-balkanot-uvezuva-edna-tretina-od-strujata-shto-ja-troshi/ Thu, 22 Sep 2022 14:37:29 +0000 https://republika.mk/?p=553214

Македонија увезува дури една третина од струјата и е најзависна земја од увоз во регионот. Над 90 отсто од струјата во Косово е од јаглен, а целата струја во Албанија е од обновливи извори. Црна Гора произведува најмногу струја од ветер. Босна и Херцеговина е единствена која има и за извоз, се вели во анализата на Радио Слободна Европа.

Ситуацијата со производството на струја во Македонија е црна, и буквално и фигуративно. Од една страна не се произведува доволно, па земјава купува од странство по многу високи цени, а од друга страна, најголем дел од струјата што се произведува е од јаглен, кој ја загадува животната средина.

Македонија увезува дури една третина од струјата што ја троши.

Со производство на струја не може да се пофали ниту Косово. И кај нив не се произведува доволно, а и таа што ја произведуваат е од јаглен, во термоцентрали кои се големи загадувачи.

Србија, Албанија и Црна Гора се скоро на нула. Произведуваат колку што трошат.

Босна и Херцеговина е единствена земја во регионот која има и за извоз.

Целата струја што ја произведува Албанија е од обновливи извори на енергија, во најголем дел од хидроцентрали.

Над 90 отсто од струјата во Косово се произведува од јаглен.

Црна Гора е апсолутен лидер во регионот во призводство на струја од ветер. Скоро 9 отсто од струјата им е произведена во ветерни централи.

Србија најмногу произведува, но и најмногу троши.

Албанија троши најмалку струја по жител, а Црна Гора најмногу.

Производството на струја во сончеви централи во регионот е занемарливо.

Целиот регион во голема мера е зависен од јаглен за производство на електрична енергија.

Сите земји извезуваат кога имаат вишоци, и увезуваат кога им треба, но Македонија е најголем нето увозник на струја.

The post Македонија е најзависна земја на Балканот, увезува една третина од струјата што ја троши appeared first on Република.

]]>

Македонија увезува дури една третина од струјата и е најзависна земја од увоз во регионот. Над 90 отсто од струјата во Косово е од јаглен, а целата струја во Албанија е од обновливи извори. Црна Гора произведува најмногу струја од ветер. Босна и Херцеговина е единствена која има и за извоз, се вели во анализата на Радио Слободна Европа. Ситуацијата со производството на струја во Македонија е црна, и буквално и фигуративно. Од една страна не се произведува доволно, па земјава купува од странство по многу високи цени, а од друга страна, најголем дел од струјата што се произведува е од јаглен, кој ја загадува животната средина. Македонија увезува дури една третина од струјата што ја троши. Со производство на струја не може да се пофали ниту Косово. И кај нив не се произведува доволно, а и таа што ја произведуваат е од јаглен, во термоцентрали кои се големи загадувачи. Србија, Албанија и Црна Гора се скоро на нула. Произведуваат колку што трошат. Босна и Херцеговина е единствена земја во регионот која има и за извоз. Целата струја што ја произведува Албанија е од обновливи извори на енергија, во најголем дел од хидроцентрали. Над 90 отсто од струјата во Косово се произведува од јаглен. Црна Гора е апсолутен лидер во регионот во призводство на струја од ветер. Скоро 9 отсто од струјата им е произведена во ветерни централи. Србија најмногу произведува, но и најмногу троши. Албанија троши најмалку струја по жител, а Црна Гора најмногу. Производството на струја во сончеви централи во регионот е занемарливо. Целиот регион во голема мера е зависен од јаглен за производство на електрична енергија. Сите земји извезуваат кога имаат вишоци, и увезуваат кога им треба, но Македонија е најголем нето увозник на струја.

The post Македонија е најзависна земја на Балканот, увезува една третина од струјата што ја троши appeared first on Република.

]]>