балистички ракети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/balistichki-raketi/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 08:10:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png балистички ракети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/balistichki-raketi/ 32 32 Белата куќа изрази загриженост: Испораката балистички ракети од Иран во Русија би значел ескалација во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-izrazi-zagrizhenost-isporakata-balistichki-raketi-od-iran-vo-rusija-bi-znachel-eskalatsija-vo-ukraina/ Sat, 07 Sep 2024 08:10:31 +0000 https://republika.mk/?p=814020

Белата куќа соопшти дека трансфер на балистички ракети од Иран во Русија би значел остра ескалација на војната во Украина. Ваквата реакција доаѓа по извештаите дека двете земји ги продлабочиле врските во последните недели со трансфер на оружје.

Од почетокот на руската инвазија на Украина предупредуваме за продлабочување на безбедносното партнерство меѓу Русија и Иран и вознемирени сме од овие извештаи. Секој трансфер на ирански балистички ракети во Русија ќе претставува драматична ескалација на поддршката на Иран за руската агресорска војна против Украина, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Шон Савет.

Друг американски функционер изјавил дека САД внимателно ги следат потенцијалните ракетни трансфери од Иран кон Русија.

Светските агенции во август јавија дека Русија очекува брза испорака на стотици балистички ракети Фатх-360 од Иран и оти десетици руски војници се обучуваат во Иран за оружје со сателитско наведување за евентуална употреба во војната во Украина.

https://republika.mk/vesti/svet/iran-ke-isporacha-na-rusija-balistichki-raketi-koi-ke-mozhe-da-pogodat-sekade-vo-ukraina/

Иран неодамна и достави на Русија ракети со краток дострел, објави вчера Вол Стрит Џурнал, цитирајќи неименуван американски функционер.

Иранската мисија во Обединетите нации во Њујорк вчера соопшти дека ставот на Техеран за украинскиот конфликт не е променет.

Иран смета дека давањето воена помош на страните вклучени во конфликтот – што доведува до зголемување на човечки жртви, уништување на инфраструктурата и оддалеченост од преговорите за прекин на огнот  е нехумано, се вели во соопштението.

Мисијата нагласи дека Иран се воздржува од такви акции и ги повикува другите земји да престанат да ги вооружуваат Русија и Украина.

The post Белата куќа изрази загриженост: Испораката балистички ракети од Иран во Русија би значел ескалација во Украина appeared first on Република.

]]>

Белата куќа соопшти дека трансфер на балистички ракети од Иран во Русија би значел остра ескалација на војната во Украина. Ваквата реакција доаѓа по извештаите дека двете земји ги продлабочиле врските во последните недели со трансфер на оружје.
Од почетокот на руската инвазија на Украина предупредуваме за продлабочување на безбедносното партнерство меѓу Русија и Иран и вознемирени сме од овие извештаи. Секој трансфер на ирански балистички ракети во Русија ќе претставува драматична ескалација на поддршката на Иран за руската агресорска војна против Украина, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Шон Савет.
Друг американски функционер изјавил дека САД внимателно ги следат потенцијалните ракетни трансфери од Иран кон Русија. Светските агенции во август јавија дека Русија очекува брза испорака на стотици балистички ракети Фатх-360 од Иран и оти десетици руски војници се обучуваат во Иран за оружје со сателитско наведување за евентуална употреба во војната во Украина. https://republika.mk/vesti/svet/iran-ke-isporacha-na-rusija-balistichki-raketi-koi-ke-mozhe-da-pogodat-sekade-vo-ukraina/ Иран неодамна и достави на Русија ракети со краток дострел, објави вчера Вол Стрит Џурнал, цитирајќи неименуван американски функционер.
Иранската мисија во Обединетите нации во Њујорк вчера соопшти дека ставот на Техеран за украинскиот конфликт не е променет. Иран смета дека давањето воена помош на страните вклучени во конфликтот – што доведува до зголемување на човечки жртви, уништување на инфраструктурата и оддалеченост од преговорите за прекин на огнот  е нехумано, се вели во соопштението.
Мисијата нагласи дека Иран се воздржува од такви акции и ги повикува другите земји да престанат да ги вооружуваат Русија и Украина.

The post Белата куќа изрази загриженост: Испораката балистички ракети од Иран во Русија би значел ескалација во Украина appeared first on Република.

]]>
Северна Кореја истрела две балистички ракети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-istrela-dve-balistichki-raketi-2/ Sun, 18 Dec 2022 07:48:55 +0000 https://republika.mk/?p=587085

Северна Кореја истрела две балистички ракети кон морето во близина на источниот брег на Корејскиот полуостров, соопшти денеска јужнокорејската војска.

Јапонскиот заменик-министер за одбрана, Тоширо Ино изјави дека балистичките ракети истрелани од Северна Кореја паднале надвор од јапонската ексклузивна економска зона (ЕЕЗ), пренесува Ројтерс.

Според јапонското Министерство за одбрана, проектилите летале на растојание од 550 километри. Ино рече дека нема извештаи за каква било штета предизвикана од проектилите.

Лансирањето на севернокорејската ракета дојде само неколку дена откако Пјонгјанг тестираше мотор со цврсто гориво со висок потисок за кој експертите велат дека ќе овозможи побрзо и помобилно лансирање балистички ракети.

Тестот, надгледуван од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, беше спроведен во четвртокот на севернокорејската локација за лансирање на сателити Сохае, која се користи за тестирање на ракетни технологии, вклучувајќи ракетни мотори и возила за лансирање во вселената, објави во петокот официјалната севернокорејска новинска агенција KCNA.

Северна Кореја изврши голем број ракетни тестови оваа година, вклучително и интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) способна да стигне до копното на САД.

The post Северна Кореја истрела две балистички ракети appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја истрела две балистички ракети кон морето во близина на источниот брег на Корејскиот полуостров, соопшти денеска јужнокорејската војска. Јапонскиот заменик-министер за одбрана, Тоширо Ино изјави дека балистичките ракети истрелани од Северна Кореја паднале надвор од јапонската ексклузивна економска зона (ЕЕЗ), пренесува Ројтерс. Според јапонското Министерство за одбрана, проектилите летале на растојание од 550 километри. Ино рече дека нема извештаи за каква било штета предизвикана од проектилите. Лансирањето на севернокорејската ракета дојде само неколку дена откако Пјонгјанг тестираше мотор со цврсто гориво со висок потисок за кој експертите велат дека ќе овозможи побрзо и помобилно лансирање балистички ракети. Тестот, надгледуван од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, беше спроведен во четвртокот на севернокорејската локација за лансирање на сателити Сохае, која се користи за тестирање на ракетни технологии, вклучувајќи ракетни мотори и возила за лансирање во вселената, објави во петокот официјалната севернокорејска новинска агенција KCNA. Северна Кореја изврши голем број ракетни тестови оваа година, вклучително и интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) способна да стигне до копното на САД.

The post Северна Кореја истрела две балистички ракети appeared first on Република.

]]>
Северна Кореја истрела две балистички ракети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-istrela-dve-balistichki-raketi/ Sat, 01 Oct 2022 08:17:25 +0000 https://republika.mk/?p=556219

Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети со краток дострел кон морето во близина на источниот брег, соопшти војската на Јужна Кореја, пренесе „Ројтерс“.

Станува збор за четврто лансирање на Пјонгјанг за една недела, што ги зголеми тензиите на Корејскиот Полуостров, каде што морнарицата на Јужна Кореја, САД и Јапонија одржаа заеднички вежби против подморници во петокот за прв пат од 2017 година и откако американскиот потпретседател Камала Харис го посети регионот оваа недела, наведува британската агенција.

Две ракети со краток дострел беа лансирани од Сунан, северно од Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, се вели во соопштението на Генералштабот на војската на Јужна Кореја. Во соопштението се прецизира дека проценетиот дострел на ракетите бил 350 километри и дека летале на височина од 30 километри со брзина од 6 маха.

Јапонската крајбрежна стража извести за најмалку два теста на Пјонгјанг за кои се сомнева дека се балистички ракети.

Ракетите прелетале 400 километри и 350 километри, достигнувајќи височина од 50 километри, изјави јапонскиот министер за одбрана Тоширо Ино. Токио поднесе протест до Пјонгјанг преку дипломатски канали, рече Ино, додавајќи дека ракетите најверојатно летале по „неправилна траекторија“ и биле дизајнирани да ја избегнат воздушната одбрана.

Американската индо-пацифичка команда соопшти дека е запознаена со лансирањето на балистички проектили и оцени дека тие не претставуваат непосредна закана за американскиот воен персонал или територија или нивните сојузници. Исто така, се наведува дека САД остануваат цврсто посветени на одбраната на Јапонија и Јужна Кореја.

Северна Кореја истрела проектили пред и по посетата на американскиот потпретседател Камала Харис на Јужна Кореја, со што се додаде рекордниот број на тестови на оружје оваа година, а Пјонгјанг, исто така, го изврши првиот тест на интерконтинентална балистичка ракета оваа година од 2017 година.

Одбележувајќи ја 74-годишнината од Вооружени сили на Јужна Кореја, претседателот на Јужна Кореја Јун Сук-Јол ги осуди, како што ги нарече, неодамнешните воени провокации на Северна Кореја и вети дека ќе ги засили заедничките воени вежби со САД.

Специјалниот претставник на Јужна Кореја за мир и безбедност на Корејскиот полуостров, Ким Гун, имаше телефонски разговори со американските и јапонските колеги, во кои, како што рече, заеднички ги осудиле ракетните тестови на Пјонгјанг.
Советот за безбедност на Обединетите нации воведе санкции кон Северна Кореја поради нејзините балистички ракети и нуклеарни тестови.

Пјонгјанг ги отфрла санкциите како кршење на неговото суверено право на самоодбрана и истражување на вселената, потсетува Ројтерс.

The post Северна Кореја истрела две балистички ракети appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети со краток дострел кон морето во близина на источниот брег, соопшти војската на Јужна Кореја, пренесе „Ројтерс“.
Станува збор за четврто лансирање на Пјонгјанг за една недела, што ги зголеми тензиите на Корејскиот Полуостров, каде што морнарицата на Јужна Кореја, САД и Јапонија одржаа заеднички вежби против подморници во петокот за прв пат од 2017 година и откако американскиот потпретседател Камала Харис го посети регионот оваа недела, наведува британската агенција.
Две ракети со краток дострел беа лансирани од Сунан, северно од Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, се вели во соопштението на Генералштабот на војската на Јужна Кореја. Во соопштението се прецизира дека проценетиот дострел на ракетите бил 350 километри и дека летале на височина од 30 километри со брзина од 6 маха. Јапонската крајбрежна стража извести за најмалку два теста на Пјонгјанг за кои се сомнева дека се балистички ракети. Ракетите прелетале 400 километри и 350 километри, достигнувајќи височина од 50 километри, изјави јапонскиот министер за одбрана Тоширо Ино. Токио поднесе протест до Пјонгјанг преку дипломатски канали, рече Ино, додавајќи дека ракетите најверојатно летале по „неправилна траекторија“ и биле дизајнирани да ја избегнат воздушната одбрана. Американската индо-пацифичка команда соопшти дека е запознаена со лансирањето на балистички проектили и оцени дека тие не претставуваат непосредна закана за американскиот воен персонал или територија или нивните сојузници. Исто така, се наведува дека САД остануваат цврсто посветени на одбраната на Јапонија и Јужна Кореја. Северна Кореја истрела проектили пред и по посетата на американскиот потпретседател Камала Харис на Јужна Кореја, со што се додаде рекордниот број на тестови на оружје оваа година, а Пјонгјанг, исто така, го изврши првиот тест на интерконтинентална балистичка ракета оваа година од 2017 година. Одбележувајќи ја 74-годишнината од Вооружени сили на Јужна Кореја, претседателот на Јужна Кореја Јун Сук-Јол ги осуди, како што ги нарече, неодамнешните воени провокации на Северна Кореја и вети дека ќе ги засили заедничките воени вежби со САД. Специјалниот претставник на Јужна Кореја за мир и безбедност на Корејскиот полуостров, Ким Гун, имаше телефонски разговори со американските и јапонските колеги, во кои, како што рече, заеднички ги осудиле ракетните тестови на Пјонгјанг. Советот за безбедност на Обединетите нации воведе санкции кон Северна Кореја поради нејзините балистички ракети и нуклеарни тестови. Пјонгјанг ги отфрла санкциите како кршење на неговото суверено право на самоодбрана и истражување на вселената, потсетува Ројтерс.

The post Северна Кореја истрела две балистички ракети appeared first on Република.

]]>