Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска не замина на конгрес во Бали и со тоа заштеди 14.000 евра, се пофали денеска Судот.
Според нивното соопштение, Кацарска била поканета да учествува на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда, кој се одржува од 4 до 7 октомври во Бали, Индонезија.
Со оглед на економската ситуација во Македонија и мерките за штедење кои ги спроведува Судот, претседателката Добрила Кацарска одлучи во оваа прилика да не патува делегација на Уставниот суд поради трошоците кои изнесуваат околу 14.000 евра и присуството на Конгресот во Бали се замени со онлајн учество, соопшти Судот.
[caption id="attachment_558016" align="aligncenter" width="1740"] Присуството на Конгресот во Бали се замени со онлајн учество, соопшти Судот[/caption]
Централна тема на Конгресот била „Ограничување на улогата на уставните судови во одржувањето на мирот“. На сесиите кои се одржуваат се дискутира посебно за следните прашања: „Основни принципи: заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото како предуслов за мир“; „Апликации до уставните судови“; „Независноста на уставните судови (преглед)“; и „Базата на податоци на Венецијанската комисија“.
The post Кацарска планирала да потроши 14.000 евра за „конгрес на Бали“ appeared first on Република.
]]>Со оглед на економската ситуација во Македонија и мерките за штедење кои ги спроведува Судот, претседателката Добрила Кацарска одлучи во оваа прилика да не патува делегација на Уставниот суд поради трошоците кои изнесуваат околу 14.000 евра и присуството на Конгресот во Бали се замени со онлајн учество, соопшти Судот.[caption id="attachment_558016" align="aligncenter" width="1740"]
The post Кацарска планирала да потроши 14.000 евра за „конгрес на Бали“ appeared first on Република.
]]>