бактерија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bakterija/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Feb 2024 17:09:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бактерија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bakterija/ 32 32 Уште кај три деца од градинката во Берово е потврдено присуство на бактерија салмонела https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-kaj-tri-detsa-od-gradinkata-vo-berovo-e-potvrdeno-prisustvo-na-bakterija-salmonela/ Fri, 02 Feb 2024 17:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=739836

Центарот за јавно здравје од Кочани попладнево потврди дека уште кај три деца од Берово, кои биле згрижени во градинката „23 Август“, е откриено присуство на бактеријата салмонела.

Инспекцискиот надзор е завршен, земени се мостри со брис од деца и од други лица, а со новооткриените случаи вкупно пет дечиња се третираат како заболени.

По комплетирањето на испитувањата на добиените мостри од дечињата кои пред два дена се пожалија на повраќање, дијареа и покачена температура, уште кај три случаја е констатирано е присуство на салмонела. Се прават дополнителни анализи на материјалот, а во текот на утрешниот ден треба да ги имаме конечните резултати кои треба да дадат одговор дали бактеријата потекнува од градинката или пак жариштето треба да се бара на друго место, изјави Гоце Серафимов, директор на Центарот за јавно здравје во Кочани.

Епидемиолог од Центарот заедно со санитарен инспектор направиле комбиниран инспекциски надзор во Берово, при што од неколку локации и од лица биле земени мостри за кои е направено лабораториско испитување.

Пред два дена здравствените институции беа известени дека повеќе деца имале здравствени проблеми со симптоми на труење. Од детската градинка излегоа и со писмено известување до родителите да не ги носат децата во институцијата ако забележат промени во нивната здравствена состојба, како и да се консултираат со матичен лекар.

The post Уште кај три деца од градинката во Берово е потврдено присуство на бактерија салмонела appeared first on Република.

]]>

Центарот за јавно здравје од Кочани попладнево потврди дека уште кај три деца од Берово, кои биле згрижени во градинката „23 Август“, е откриено присуство на бактеријата салмонела. Инспекцискиот надзор е завршен, земени се мостри со брис од деца и од други лица, а со новооткриените случаи вкупно пет дечиња се третираат како заболени. По комплетирањето на испитувањата на добиените мостри од дечињата кои пред два дена се пожалија на повраќање, дијареа и покачена температура, уште кај три случаја е констатирано е присуство на салмонела. Се прават дополнителни анализи на материјалот, а во текот на утрешниот ден треба да ги имаме конечните резултати кои треба да дадат одговор дали бактеријата потекнува од градинката или пак жариштето треба да се бара на друго место, изјави Гоце Серафимов, директор на Центарот за јавно здравје во Кочани. Епидемиолог од Центарот заедно со санитарен инспектор направиле комбиниран инспекциски надзор во Берово, при што од неколку локации и од лица биле земени мостри за кои е направено лабораториско испитување. Пред два дена здравствените институции беа известени дека повеќе деца имале здравствени проблеми со симптоми на труење. Од детската градинка излегоа и со писмено известување до родителите да не ги носат децата во институцијата ако забележат промени во нивната здравствена состојба, како и да се консултираат со матичен лекар.

The post Уште кај три деца од градинката во Берово е потврдено присуство на бактерија салмонела appeared first on Република.

]]>
Бактеријата Ешерихија коли ја предизвикала сепсата кај новороденчето од Прилеп https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/bakterijata-esherihija-koli-ja-predizvikala-sepsata-kaj-novorodencheto-od-prilep/ Mon, 13 Nov 2023 14:09:36 +0000 https://republika.mk/?p=701123

Бактеријата Ешерихија коли предизвикала сепса од која починало новороденчето од Прилеп на Клиниката за детски болести, објави Канал 5.  

Професорката д-р Аспазија Софијанова, која е шеф на неонаталната интензивна нега на клиниката, во изјава за „Канал 5“ вели дека бактеријата се потврдила во анализите направени од крвта. Д-р Софијанова не може да каже на кој начин новороденчето ја добило бактеријата. Детето било донесно во тешка состојба со откажување на виталните органи бубрезите и белите дробови. И покрај сите напори бебето починало.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Болницата во Прилеп во врска со смртта на новороденчето кое почина од сепса, потврди денеска во изјава за новинарите министерот за здравство Фатмир Меџити.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-pochinatoto-novorodenche-od-prilep-zhena-mi-nemashe-bakterija-site-ispituvana-bea-dobri/

The post Бактеријата Ешерихија коли ја предизвикала сепсата кај новороденчето од Прилеп appeared first on Република.

]]>

Бактеријата Ешерихија коли предизвикала сепса од која починало новороденчето од Прилеп на Клиниката за детски болести, објави Канал 5.   Професорката д-р Аспазија Софијанова, која е шеф на неонаталната интензивна нега на клиниката, во изјава за „Канал 5“ вели дека бактеријата се потврдила во анализите направени од крвта. Д-р Софијанова не може да каже на кој начин новороденчето ја добило бактеријата. Детето било донесно во тешка состојба со откажување на виталните органи бубрезите и белите дробови. И покрај сите напори бебето починало. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Болницата во Прилеп во врска со смртта на новороденчето кое почина од сепса, потврди денеска во изјава за новинарите министерот за здравство Фатмир Меџити. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-pochinatoto-novorodenche-od-prilep-zhena-mi-nemashe-bakterija-site-ispituvana-bea-dobri/

The post Бактеријата Ешерихија коли ја предизвикала сепсата кај новороденчето од Прилеп appeared first on Република.

]]>
Во САД починаа три лица по инфекција со ретка бактерија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-sad-pochinaa-tri-litsa-po-infektsija-so-retka-bakterija/ Thu, 17 Aug 2023 20:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=673167

Најмалку три лица починаа во Конектикат и Њујорк откако се заразиле со ретка бактерија што јаде месо, која може да се најде во топлите води или суровите школки, потврди денеска американското Министерство за јавно здравје.

Сите три лица биле на возраст меѓу 60 и 80 години, објави Ен-Би-Си Њуз.

Директорот за комуникации во Одделот за јавно здравје Кристофер Бојл изјави дека две лица во Конектикат биле заразени со вирусот Vibrio vulnificus и починале откако пливале на две одделни локации во Лонг Ајленд Саунд.

Се додава дека трето лице било заразено во јули откако јадело сурови остриги.

Вирусот бил откриен и кај лице кое починало на Лонг Ајленд, соопшти гувернерката Кети Хочул.

Официјалните лица сè уште ја истражуваат смртта во округот Сафолк за да утврдат дали бактеријата влегла и во водите на Њујорк или на друго место.

Vibrio vulnificus потекнува од исто семејство како и бактеријата која предизвикува колера.

Благ случај на бактериска инфекција може да предизвика кожни рани, плускавци, апсцеси и чиреви и обично вклучува треска, дијареа, болки во стомакот и можно повраќање. Во потешки случаи, луѓето може да развијат септикемија, сериозна инфекција на крвотокот, што е почеста кај оние со попроблематични здравствени состојби, особено заболување на црниот дроб, рак, дијабетес, ХИВ или други болести кои го компромитираат имунолошкиот систем.

The post Во САД починаа три лица по инфекција со ретка бактерија appeared first on Република.

]]>

Најмалку три лица починаа во Конектикат и Њујорк откако се заразиле со ретка бактерија што јаде месо, која може да се најде во топлите води или суровите школки, потврди денеска американското Министерство за јавно здравје. Сите три лица биле на возраст меѓу 60 и 80 години, објави Ен-Би-Си Њуз. Директорот за комуникации во Одделот за јавно здравје Кристофер Бојл изјави дека две лица во Конектикат биле заразени со вирусот Vibrio vulnificus и починале откако пливале на две одделни локации во Лонг Ајленд Саунд. Се додава дека трето лице било заразено во јули откако јадело сурови остриги. Вирусот бил откриен и кај лице кое починало на Лонг Ајленд, соопшти гувернерката Кети Хочул. Официјалните лица сè уште ја истражуваат смртта во округот Сафолк за да утврдат дали бактеријата влегла и во водите на Њујорк или на друго место. Vibrio vulnificus потекнува од исто семејство како и бактеријата која предизвикува колера. Благ случај на бактериска инфекција може да предизвика кожни рани, плускавци, апсцеси и чиреви и обично вклучува треска, дијареа, болки во стомакот и можно повраќање. Во потешки случаи, луѓето може да развијат септикемија, сериозна инфекција на крвотокот, што е почеста кај оние со попроблематични здравствени состојби, особено заболување на црниот дроб, рак, дијабетес, ХИВ или други болести кои го компромитираат имунолошкиот систем.

The post Во САД починаа три лица по инфекција со ретка бактерија appeared first on Република.

]]>
Опасна бактерија усмрти четири лица во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/opasna-bakterija-usmrti-chetiri-litsa-vo-hrvatska/ Thu, 02 Feb 2023 18:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=604028

Инвазивната бактериска стрептококна инфекција е многу сериозна болест, доказ за тоа се четирите смртни случаи од 15 што се разболеле, вели д-р Ивана Павиќ-Шиметин, заменик-директор на Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ).

Тие биле на возраст од 35 до 65 години и претходно биле целосно здрави.

Двајца починале во првите 24 часа по приемот во болница. Две деца на училишна возраст се меѓу 15-те случаи на инвазивни стрептококи. Четворицата починати не живееле во исти области, дознава „24часа.хр“.

„Меѓу тие шест илјади има 15 што имаат тешка компликација на основната болест, чија смртност е многу висока. Бактеријата не останува во грлото или на кожата, туку може да ги нападне менингите и да предизвика менингитис или да влезе во крвотокот предизвикувајќи сепса, која потоа ги зафаќа сите органи“, објаснува Павиќ Шиметин за „24часа.хр“.

„Страшно, навистина страшно. Двајца од четворицата починале во рок од 24 часа по примањето во болница. Стрептококите многу бргу се развиваат во сериозна болест. За среќа, огромното мнозинство од заразените останува со ангина или шарлах, кои исто така не се благи заболувања. Секој што ги имал знае колку се тешки“, вели докторката.

The post Опасна бактерија усмрти четири лица во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Инвазивната бактериска стрептококна инфекција е многу сериозна болест, доказ за тоа се четирите смртни случаи од 15 што се разболеле, вели д-р Ивана Павиќ-Шиметин, заменик-директор на Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ). Тие биле на возраст од 35 до 65 години и претходно биле целосно здрави. Двајца починале во првите 24 часа по приемот во болница. Две деца на училишна возраст се меѓу 15-те случаи на инвазивни стрептококи. Четворицата починати не живееле во исти области, дознава „24часа.хр“.
„Меѓу тие шест илјади има 15 што имаат тешка компликација на основната болест, чија смртност е многу висока. Бактеријата не останува во грлото или на кожата, туку може да ги нападне менингите и да предизвика менингитис или да влезе во крвотокот предизвикувајќи сепса, која потоа ги зафаќа сите органи“, објаснува Павиќ Шиметин за „24часа.хр“.
„Страшно, навистина страшно. Двајца од четворицата починале во рок од 24 часа по примањето во болница. Стрептококите многу бргу се развиваат во сериозна болест. За среќа, огромното мнозинство од заразените останува со ангина или шарлах, кои исто така не се благи заболувања. Секој што ги имал знае колку се тешки“, вели докторката.

The post Опасна бактерија усмрти четири лица во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Британија стравува од бактерија што се шири во училиштата, за помалку од месец починаа четири деца https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/britanija-stravuva-od-bakterija-shto-se-shiri-vo-uchilishtata-za-pomalku-od-mesec-pochinaa-chetiri-deca/ Sat, 03 Dec 2022 08:16:32 +0000 https://republika.mk/?p=581222

Велика Британија стравува од епидемија на стрептокока А откако за помалку од еден месец од вообичаено безопасната бактериска инфекција починаа четири деца. Се стравува дека оваа бактерија може тивко да се шири во училиштата.

Четиригодишниот Мухамед Ибрахим Али стана најновата жртва на растечката епидемија на стрептокока, која веќе ги однесе животите на Хана Роап, седумгодишно девојче од Велс, и уште еден ученик во основно училиште. Сите четири смртни случаи се случиле во различни делови на Велика Британија и нема индикации дека тие се поврзани на кој било начин.

Општите лекари уште од почетокот на учебната година предупредуваат на „невообичаено високо“ ниво на оваа бактерија. Симптомите се обично благи, вклучувајќи треска, болки во мускулите, повраќање и болки во грлото. Може да предизвика и шарлах.

Во исклучително ретки случаи, бактеријата се шири на ист начин како и коронавирусот, преку близок контакт како што се кивање, бакнување и допирање. Може да оди подлабоко во телото и да предизвика проблеми опасни по живот, како што е сепса. Сепак, може да се лекува со антибиотици.

Водечките експерти денеска предупредуваат дека децата затворени за време на Ковид создале послаб имунитет и дека тоа би можело да биде главниот „виновник“ за зголемувањето на случаите.

Стрептокок од групата А е бактериска инфекција која влијае на грлото и кожата. Иако повеќето случаи предизвикуваат само блага болест, некои може да бидат опасни по живот и да доведат до шарлах.

Здравствените работници во Британија се подготвуваат да издадат предупредување до родителите за симптомите на стрептокок А.

The post Британија стравува од бактерија што се шири во училиштата, за помалку од месец починаа четири деца appeared first on Република.

]]>

Велика Британија стравува од епидемија на стрептокока А откако за помалку од еден месец од вообичаено безопасната бактериска инфекција починаа четири деца. Се стравува дека оваа бактерија може тивко да се шири во училиштата. Четиригодишниот Мухамед Ибрахим Али стана најновата жртва на растечката епидемија на стрептокока, која веќе ги однесе животите на Хана Роап, седумгодишно девојче од Велс, и уште еден ученик во основно училиште. Сите четири смртни случаи се случиле во различни делови на Велика Британија и нема индикации дека тие се поврзани на кој било начин. Општите лекари уште од почетокот на учебната година предупредуваат на „невообичаено високо“ ниво на оваа бактерија. Симптомите се обично благи, вклучувајќи треска, болки во мускулите, повраќање и болки во грлото. Може да предизвика и шарлах. Во исклучително ретки случаи, бактеријата се шири на ист начин како и коронавирусот, преку близок контакт како што се кивање, бакнување и допирање. Може да оди подлабоко во телото и да предизвика проблеми опасни по живот, како што е сепса. Сепак, може да се лекува со антибиотици. Водечките експерти денеска предупредуваат дека децата затворени за време на Ковид создале послаб имунитет и дека тоа би можело да биде главниот „виновник“ за зголемувањето на случаите. Стрептокок од групата А е бактериска инфекција која влијае на грлото и кожата. Иако повеќето случаи предизвикуваат само блага болест, некои може да бидат опасни по живот и да доведат до шарлах. Здравствените работници во Британија се подготвуваат да издадат предупредување до родителите за симптомите на стрептокок А.

The post Британија стравува од бактерија што се шири во училиштата, за помалку од месец починаа четири деца appeared first on Република.

]]>
Откриена најголемата бактерија на светот, видлива е и со голо око https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkriena-najgolemata-bakterija-na-svetot-vidliva-e-i-so-golo-oko/ Fri, 24 Jun 2022 07:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=519114

Научници ја откриле најголемата бактерија на светот, којашто може да се види и со голо око. Бактеријата е најдена во карипско мочуриште на архипелагот Гвадалупе каде што расте мангрово дрво, објави списанието „Сајенс“ (Science).

3а илустрација, истражувачите ја споредуваат пронајдената бактерија со паричка со просечна големина.

Издолжената бела бактерија (со филаментозен облик) е голема колку човечка трепка, што ја прави најголемата бактерија позната досега - истакна Жан-Мари Волан, морски биолог од Националната лабораторија „Лоренс Беркли“ во САД и еден од авторите на трудот.

Оливие Грос, биолог на Универзитетот на француска Западна Индија и Гвајана, во 2009 година го пронашол првиот примерок на оваа бактерија, чие живеалиште се потопени лисја од мангрови дрвја. Бактеријата долга околу 0,9 сантиметри е наречена „Тиомаргарита магнифика“ (Thiomargarita magnifica) или „величествен сулфурен бисер“.

Грос тогаш не знаел дека организмот е бактерија. Дури подоцна генетската анализа покажала дека организмот е една бактериска клетка.

Во мочуриштето тој ја пронашол бактеријата прикачена на школки остриги, камења и стаклени шишиња. Научниците сѐ уште не успеале да ја одгледаат бактеријата во лабораторија, но велат дека нејзините клетки имаат структура што не е вообичаена за бактериите.

Научниците не се сигурни зошто бактеријата е толку голема, но Волан смета дека тоа би можело да биде поради нејзината адаптација, односно за да не ја јадат помалите организми.

The post Откриена најголемата бактерија на светот, видлива е и со голо око appeared first on Република.

]]>

Научници ја откриле најголемата бактерија на светот, којашто може да се види и со голо око. Бактеријата е најдена во карипско мочуриште на архипелагот Гвадалупе каде што расте мангрово дрво, објави списанието „Сајенс“ (Science). 3а илустрација, истражувачите ја споредуваат пронајдената бактерија со паричка со просечна големина.
Издолжената бела бактерија (со филаментозен облик) е голема колку човечка трепка, што ја прави најголемата бактерија позната досега - истакна Жан-Мари Волан, морски биолог од Националната лабораторија „Лоренс Беркли“ во САД и еден од авторите на трудот.
Оливие Грос, биолог на Универзитетот на француска Западна Индија и Гвајана, во 2009 година го пронашол првиот примерок на оваа бактерија, чие живеалиште се потопени лисја од мангрови дрвја. Бактеријата долга околу 0,9 сантиметри е наречена „Тиомаргарита магнифика“ (Thiomargarita magnifica) или „величествен сулфурен бисер“. Грос тогаш не знаел дека организмот е бактерија. Дури подоцна генетската анализа покажала дека организмот е една бактериска клетка. Во мочуриштето тој ја пронашол бактеријата прикачена на школки остриги, камења и стаклени шишиња. Научниците сѐ уште не успеале да ја одгледаат бактеријата во лабораторија, но велат дека нејзините клетки имаат структура што не е вообичаена за бактериите. Научниците не се сигурни зошто бактеријата е толку голема, но Волан смета дека тоа би можело да биде поради нејзината адаптација, односно за да не ја јадат помалите организми.

The post Откриена најголемата бактерија на светот, видлива е и со голо око appeared first on Република.

]]>