бакир изетбеговиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bakir-izetbegovikj/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Jan 2023 16:37:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бакир изетбеговиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bakir-izetbegovikj/ 32 32 Изетбеговиќ по 23 години нема да биде на власт во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izetbegovik-po-23-godini-nema-da-bide-na-vlast-vo-bih/ Wed, 11 Jan 2023 16:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=595885

Претседателот на Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ за прв пат од 2000 година, нема да биде на ниту една функција во власта во Босна и Херцеговина.

По 23 години, како што објавија сараевските медиуми, Изетбеговиќ ќе биде само претседател на Партијата за демократска акција, бидејќи денеска беше потврдено дека нема да биде кандидат за делегат во Домот на народите на Босна и Херцеговина.

Од 2000 до 2002 година тој беше пратеник во Собранието на кантонот Сараево, од 2002 до 2006 година беше пратеник во Парламентот на Федерацијата БиХ, а од 2006 до 2010 година беше пратеник во Парламентот на БиХ.

Од 2010 до 2018 година беше член на Претседателството на БИХ, а во последниот мандат беше делегат во Домот на народите на БИХ.

Партијата за демократска акција денеска за Домот на народите на БИХ ги кандидираше поранешните членови на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ и Сафет Софтиќ. Во бошњачкиот клуб на делегати во Домот на народите на БИХ, Партијата за демократска акција треба да има двајца претставници, еден делегат ќе даде Демократскиот фронт (ДФ) на Жељко Комшиќ, додека уште двајца би требало да го предложи пробосанската коалиција „Осморка“.

The post Изетбеговиќ по 23 години нема да биде на власт во БиХ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ за прв пат од 2000 година, нема да биде на ниту една функција во власта во Босна и Херцеговина. По 23 години, како што објавија сараевските медиуми, Изетбеговиќ ќе биде само претседател на Партијата за демократска акција, бидејќи денеска беше потврдено дека нема да биде кандидат за делегат во Домот на народите на Босна и Херцеговина. Од 2000 до 2002 година тој беше пратеник во Собранието на кантонот Сараево, од 2002 до 2006 година беше пратеник во Парламентот на Федерацијата БиХ, а од 2006 до 2010 година беше пратеник во Парламентот на БиХ. Од 2010 до 2018 година беше член на Претседателството на БИХ, а во последниот мандат беше делегат во Домот на народите на БИХ. Партијата за демократска акција денеска за Домот на народите на БИХ ги кандидираше поранешните членови на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ и Сафет Софтиќ. Во бошњачкиот клуб на делегати во Домот на народите на БИХ, Партијата за демократска акција треба да има двајца претставници, еден делегат ќе даде Демократскиот фронт (ДФ) на Жељко Комшиќ, додека уште двајца би требало да го предложи пробосанската коалиција „Осморка“.  

The post Изетбеговиќ по 23 години нема да биде на власт во БиХ appeared first on Република.

]]>
Изетбеговиќ по убедливиот изборен пораз: Рано е да размислувам за натамошните чекори во политиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izetbegovikj-po-ubedliviot-izboren-poraz-rano-e-da-razmisluvam-za-natamoshnite-chekori-vo-politikata/ Tue, 04 Oct 2022 13:07:31 +0000 https://republika.mk/?p=557259

Лидерот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, кој во неделата убедливо загуби во изборната трка за бошњачкиот член на Претседателството на БиХ од противкандидатот Денис Беќировиќ (СДП), изјави дека се уште е рано да размислува за натамошните чекори во политиката и дека е важно што неговата партија добро поминала на гласањето.

Важно е што СДА добро мина и дека ќе имаме добри позиции во Претставничкиот дом, како и во домовите на народите - изјави Изетбеговиќ по неуспешната седница на Домот на народите, на која требаше да се разговара за укинување на акцизите.

Прашан за неговите натамошни аспирации по изборниот пораз, Изетбеговиќ кажа дека се уште не размислувал за тоа, бидејќи смета дека е прерано, објавија сараевските медиуми.

Прашан и за тоа дали се можни договори со Милорад Додик (СНСД) и Драган Човиќ (ХДЗ БиХ), како и опозицијата од Република Српска за можни постизборни коалиции, Изетбеговиќ изјави дека тоа сега го гледа како невозможна мисија.

Начинот на кој тие ги замислија работите е на ниво на некои желби, а не на реалност - изјави Изетбеговиќ и додаде дека не разговарал со поранешните коалициски партнери Додик и Човиќ.

Тој смета дека постизборните коалиции треба да се формираат на таков начин за да бидат стабилни и дури потоа евентуално да продолжат разговорите.

Кога станува збор за измените на Изборниот закон, Изетбеговиќ вели дека не е оптимист.

Ние можеме само да ги труеме односите и да ја искомплицираме ситуацијата со обидот да промениме нешто важно во следните неколку месеци - смета Изетбеговиќ.

The post Изетбеговиќ по убедливиот изборен пораз: Рано е да размислувам за натамошните чекори во политиката appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, кој во неделата убедливо загуби во изборната трка за бошњачкиот член на Претседателството на БиХ од противкандидатот Денис Беќировиќ (СДП), изјави дека се уште е рано да размислува за натамошните чекори во политиката и дека е важно што неговата партија добро поминала на гласањето.
Важно е што СДА добро мина и дека ќе имаме добри позиции во Претставничкиот дом, како и во домовите на народите - изјави Изетбеговиќ по неуспешната седница на Домот на народите, на која требаше да се разговара за укинување на акцизите.
Прашан за неговите натамошни аспирации по изборниот пораз, Изетбеговиќ кажа дека се уште не размислувал за тоа, бидејќи смета дека е прерано, објавија сараевските медиуми. Прашан и за тоа дали се можни договори со Милорад Додик (СНСД) и Драган Човиќ (ХДЗ БиХ), како и опозицијата од Република Српска за можни постизборни коалиции, Изетбеговиќ изјави дека тоа сега го гледа како невозможна мисија.
Начинот на кој тие ги замислија работите е на ниво на некои желби, а не на реалност - изјави Изетбеговиќ и додаде дека не разговарал со поранешните коалициски партнери Додик и Човиќ.
Тој смета дека постизборните коалиции треба да се формираат на таков начин за да бидат стабилни и дури потоа евентуално да продолжат разговорите. Кога станува збор за измените на Изборниот закон, Изетбеговиќ вели дека не е оптимист.