Бајрам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bajram/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Aug 2022 10:12:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бајрам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bajram/ 32 32 Уште 30 дена притвор за Габриел Бајрам, судот се сомнева дека ако го пушти ќе избега https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-30-dena-pritvor-za-gabriel-bajram-sudot-se-somneva-deka-ako-go-pushti-kje-izbega/ Fri, 05 Aug 2022 10:12:31 +0000 https://republika.mk/?p=537066

Габриел Бајрам, син на покојниот пратеник Амди Бајрам, доби нови 30 дена притвор. Тој останува во затворот „Скопје“ во Шутка, каде беше однесен пред една недела, дознава „Скопје1.мк“. Тој е осомничен дека сторил насилство, а Обвинителството во Скопје смета дека може да избега и да биде недостапен за правосудните органи.

Кривичниот суд смета дека ова е исправно и дека постојат основни сомневања кои го потврдуваат ставот на Обвинителството. Ова значи дека Бајрам ќе остане во притвор до септември.

Големо влијание на судската одлука за продолжување на притворот е тоа што Габриел Бајрам е осудуван. Тој и порано бил пријавуван за слични дела, но ги повторувал истите.

The post Уште 30 дена притвор за Габриел Бајрам, судот се сомнева дека ако го пушти ќе избега appeared first on Република.

]]>

Петровска: Да ја шириме меѓусебната почит, човечноста и добрата мисла https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-da-ja-shirime-megjusebnata-pochit-chovechnosta-i-dobrata-misla/ Mon, 02 May 2022 14:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=496356

Министерката за одбрана Славјанка Петровска преку својот официјален фејсбук профил им го честита Рамазан Бајрам на сите припадници од исламска вероисповед.

Нека е честит Рамазан Бајрам! На сите верници од исламска вероисповест им го честитам овој голем верски празник. Во духот на празникот да ја шириме меѓусебната почит, човечноста и добрата мисла, наведува Петровска во честитката.

Министерката Петровска на сите верници им посакува здравје, спокој, благодет и неизмерна среќа.

The post Петровска: Да ја шириме меѓусебната почит, човечноста и добрата мисла appeared first on Република.

Груби: Да ја зачуваме моралната одговорност, почит и солидарност еден кон друг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-da-ja-zachuvame-moralnata-odgovornost-pochit-i-solidarnost-eden-kon-drug/ Mon, 02 May 2022 14:36:57 +0000 https://republika.mk/?p=496352

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска преку својот официјален фејсбук профил им го честита Рамазан Бајрам на припадниците од исламска вероисповед.

Почитувани верници, на овој благословен ден на Бајрам кога во нашите домови ја чувствуваме празничната атмосфера, ви упатувам искрени желби за прифатен пост и молитви, здравје и благосостојба. Посветеноста, моралната одговорност, здивот на почит и солидарност еден кон друг во месецот Рамазан се благослови и љубезност кои треба посветено да се зачуваат во секојдневниот живот.  Секогаш да сте среќни и во мир со вашите роднини!, наведува Груби на честитката.

The post Груби: Да ја зачуваме моралната одговорност, почит и солидарност еден кон друг appeared first on Република.

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам – празник за духовно и за телесно прочистување https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/muslimanite-go-slavat-ramazan-bajram-praznik-za-duhovno-i-za-telesno-prochistuvanje/ Mon, 02 May 2022 07:07:13 +0000 https://republika.mk/?p=496198

Верниците од исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и за празник за духовно и за телесно прочистување.

По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

Рамазан Бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и на милоста.

Празникот Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани во државава.

По повод празникот Рамазан Бајрам, вчера Реисул Улема Шаќир Фетаи упати честитка до верниците од исламска вероисповед.

Празникот Рамазан Бајрам е триумф на доброто над злото, на духовноста над страста и емоциите, на моралот над неморалот, на искреноста над измамата, на акцијата над небрежност, на оптимизмот над очајот, на достоинство над нестабилност, на трпение над нетрпеливост, на божествено над сатанско. Сето тоа нас не прави личност на дејствување во негувањето на доброто и избегнувањето на злото. Ова е вистинскиот пат и ова е подигање на свеста на верникот кој во вистински момент е подготвен да даде одговори на предизвиците и ситуациите кои ги носи времето во кое живееме - вели реисот Шаќир Фетаи.

Жедта и гладот за време на постот, како што се наведува, ја зајакнаа нашата грижа за човекот, така што ние денес на овој голем ден сме посолидарни и похумани од кога било досега, и овој принцип теоретски и практично го дефинира чувството на мир, толеранција, хуманизам и солидарност.

Да се биде достоен припадник на исламот и да се пости месецот Рамазан со најголема посветеност, значи да се биде чист во намерите и целите, во душата и срцето, во животот со луѓето и светот околу тебе, непоколебливи во провокациите и предизвиците на животот за да ги надминете, близок со луѓето, праведен во секојдневниот живот, простување на пропустите од другите, како и вистински помошник на луѓето - нагласува Фетаи.

Според него, најголем предизвик денес е војната.

Рамазан со неговите вредности, како и овој голем ден, нас не учи дека војната е туѓа за исламот, додека мирот е најскапоценото на човекот и неговата главна цел и дека целиот потенцијал на верникот треба да се стави во негување на мирот и благосостојба меѓу луѓето каде и да живеат и работат, бидејќи според исламот, да се спаси човечки живот е како да се спаси целото човештво, а да се убие човечки живот е како да се убие целото човештво - посочува реисот Фетаи.

The post Муслиманите го слават Рамазан Бајрам – празник за духовно и за телесно прочистување appeared first on Република.

]]>

Верниците од исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и за празник за духовно и за телесно прочистување. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини. Рамазан Бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и на милоста. Празникот Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани во државава. По повод празникот Рамазан Бајрам, вчера Реисул Улема Шаќир Фетаи упати честитка до верниците од исламска вероисповед.