Бајден Трамп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bajden-tramp/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 14:07:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бајден Трамп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bajden-tramp/ 32 32 Бајден сака да и прости четири милјарди долг на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-saka-da-i-prosti-chetiri-miljardi-dolg-na-ukraina/ Thu, 21 Nov 2024 15:04:05 +0000 https://republika.mk/?p=840432

Администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден го информира Конгресот дека планира да го отпише долгот на Украина во висина од 4,65 милијарди долара, јави Блумберг.

- Со отпишување на долгот и се помага на Украина да победи во војната против Русија, што е во национален интерес на САД и нивните партнери од ЕУ, Г7 плус и НАТО, се наведува во писмото на Стејт департментот испратено до Конгресот на 18 ноември.

Отпишувањето на дел од долгот на Украина наиде на критики на републиканците. Сенаторот Ренд Пол од Кентаки најави дека ќе побара да се гласа во Сенатот со цел да спречи украинскиот долг „да стане одговорност на американскиот народ“. Но, до јануари Сенатот е под контрола на демократите, што најверојатно нема да биде поддржана иницијативата на сенаторот Пол.

Овој заем е одделен од преостанатите речиси девет милијарди долари помош за оружје што американската администрација вети дека ќе ги потроши за Украина до крајот на мандатот на Бајден.

Околу седум милијарди долари од сумата мора да се потрошат првенствено за набавка на оружје од американските резерви, додека остатокот од средствата ќе одат за договори за одбранбено производство кои ќе ги испорачаат резервите директно во Украина.

Администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно изрази поддршка за мирот во Украина, би можела да откаже некои од тие договори

The post Бајден сака да и прости четири милјарди долг на Украина appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден го информира Конгресот дека планира да го отпише долгот на Украина во висина од 4,65 милијарди долара, јави Блумберг. - Со отпишување на долгот и се помага на Украина да победи во војната против Русија, што е во национален интерес на САД и нивните партнери од ЕУ, Г7 плус и НАТО, се наведува во писмото на Стејт департментот испратено до Конгресот на 18 ноември. Отпишувањето на дел од долгот на Украина наиде на критики на републиканците. Сенаторот Ренд Пол од Кентаки најави дека ќе побара да се гласа во Сенатот со цел да спречи украинскиот долг „да стане одговорност на американскиот народ“. Но, до јануари Сенатот е под контрола на демократите, што најверојатно нема да биде поддржана иницијативата на сенаторот Пол. Овој заем е одделен од преостанатите речиси девет милијарди долари помош за оружје што американската администрација вети дека ќе ги потроши за Украина до крајот на мандатот на Бајден. Околу седум милијарди долари од сумата мора да се потрошат првенствено за набавка на оружје од американските резерви, додека остатокот од средствата ќе одат за договори за одбранбено производство кои ќе ги испорачаат резервите директно во Украина. Администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно изрази поддршка за мирот во Украина, би можела да откаже некои од тие договори

The post Бајден сака да и прости четири милјарди долг на Украина appeared first on Република.

]]>
Русија до Трамп: Подготвени сме да го слушнеме планот за крај на војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-do-tramp-podgotveni-sme-da-go-slushneme-planot-za-kraj-na-vojnata/ Sat, 09 Nov 2024 18:58:41 +0000 https://republika.mk/?p=835941

Русија е подготвена да го слушне предлогот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина, изјави руски дипломат.

https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-planot-na-tramp-za-kraj-na-vojnata-vo-ukraina/

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва и Вашингтон разменуваат сигнали за Украина преку „затворени канали“.

Русија е подготвена да ги слушне предлозите на Трамп за Украина, под услов тие да се „идеи како да се продолжи напред во договорот, а не во областа на натамошна помош на режимот во Киев“, рече Рјабков денеска во интервју за Руската државна новинска агенција Интерфакс.

Како што пренесува Бета, се чини дека Русија подготвува нова кампања воздушни напади, а украинските власти бараат помош од Западот за да се одбранат.

Сепак, постојат сомнежи за тоа што може да очекува Киев од новата американска администрација.

Трамп постојано ја оспоруваше американската помош за Украина, даваше нејасни ветувања дека ќе стави крај на војната и го пофали рускиот претседател Владимир Путин.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, ја увери Украина во европската поддршка.

- Поддршката на ЕУ за Украина беше мој личен приоритет за време на мојот мандат и ќе остане на врвот на агендата на ЕУ, напиша Борел на Х.

The post Русија до Трамп: Подготвени сме да го слушнеме планот за крај на војната appeared first on Република.

]]>

Русија е подготвена да го слушне предлогот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина, изјави руски дипломат. https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-planot-na-tramp-za-kraj-na-vojnata-vo-ukraina/ Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва и Вашингтон разменуваат сигнали за Украина преку „затворени канали“.
Русија е подготвена да ги слушне предлозите на Трамп за Украина, под услов тие да се „идеи како да се продолжи напред во договорот, а не во областа на натамошна помош на режимот во Киев“, рече Рјабков денеска во интервју за Руската државна новинска агенција Интерфакс.
Како што пренесува Бета, се чини дека Русија подготвува нова кампања воздушни напади, а украинските власти бараат помош од Западот за да се одбранат. Сепак, постојат сомнежи за тоа што може да очекува Киев од новата американска администрација. Трамп постојано ја оспоруваше американската помош за Украина, даваше нејасни ветувања дека ќе стави крај на војната и го пофали рускиот претседател Владимир Путин. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, ја увери Украина во европската поддршка.
- Поддршката на ЕУ за Украина беше мој личен приоритет за време на мојот мандат и ќе остане на врвот на агендата на ЕУ, напиша Борел на Х.

The post Русија до Трамп: Подготвени сме да го слушнеме планот за крај на војната appeared first on Република.

]]>
Илиевски за говорот на омраза на Ненад Јовановиќ: Да прашам добро зошто или ЗНМ и ССНМ ќе ме обвинат за врамување во негативен контекст и ширење омраза? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ilievski-za-govorot-na-omraza-na-nenad-jovanovik-da-prasham-dobro-zoshto-ili-znm-i-ssnm-ke-me-obvinat-za-vramuvane-vo-negativen-kontekst-i-shirene-omraza/ Mon, 15 Jul 2024 07:27:02 +0000 https://republika.mk/?p=796850

Богдан Илиевски на Фејсбук го коментира статусот на поддржувачот на СДСМ Ненад Јовановиќ кој во врска со атентатот врз Трамп смета дека поранешниот претседател е измамник и социопат.

The post Илиевски за говорот на омраза на Ненад Јовановиќ: Да прашам добро зошто или ЗНМ и ССНМ ќе ме обвинат за врамување во негативен контекст и ширење омраза? appeared first on Република.

]]>

Богдан Илиевски на Фејсбук го коментира статусот на поддржувачот на СДСМ Ненад Јовановиќ кој во врска со атентатот врз Трамп смета дека поранешниот претседател е измамник и социопат.

The post Илиевски за говорот на омраза на Ненад Јовановиќ: Да прашам добро зошто или ЗНМ и ССНМ ќе ме обвинат за врамување во негативен контекст и ширење омраза? appeared first on Република.

]]>
Tрамп не верува дека Бајден ќе се повлече https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-ne-veruva-deka-bajden-ke-se-povleche/ Tue, 09 Jul 2024 07:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=794778

Поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека очекува американскиот претседател Џо Бајден да остане во претседателската трка и покрај повиците од Демократската партија тој да се повлече и да го замени со помлад кандидат.

Трамп оцени дека Бајден нема да се повлече поради „неговото его“.

-Тие (демократите) го покриваат Бајден, но тоа е се потешко да се направи. Тој се уште е во трка поради неговото его и не сака да се откаже, изјави Трамп во интервју за Фокс њуз.

Трамп, исто така, процени дека доколку Бајден се повлече, на негово место ќе дојде потпретседателката на САД Камала Харис.

Тој додаде дека демократите не можат да го отстранат Бајден доколку тој самиот не го направи тоа или не можат да се повикаат на 25-тиот амандман на Уставот. Според 25-тиот амандман, потпретседателот и мнозинството од кабинетот на претседателот можат да гласаат за претседателот „неспособен да служи“, што би го назначувало потпретседателот за вршител на должноста претседател.

Повиците Бајден да се повлече од претседателската трка следеа по неговите лоши перформанси во дебатата со Трамп на 27 јуни

The post Tрамп не верува дека Бајден ќе се повлече appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека очекува американскиот претседател Џо Бајден да остане во претседателската трка и покрај повиците од Демократската партија тој да се повлече и да го замени со помлад кандидат. Трамп оцени дека Бајден нема да се повлече поради „неговото его“. -Тие (демократите) го покриваат Бајден, но тоа е се потешко да се направи. Тој се уште е во трка поради неговото его и не сака да се откаже, изјави Трамп во интервју за Фокс њуз. Трамп, исто така, процени дека доколку Бајден се повлече, на негово место ќе дојде потпретседателката на САД Камала Харис. Тој додаде дека демократите не можат да го отстранат Бајден доколку тој самиот не го направи тоа или не можат да се повикаат на 25-тиот амандман на Уставот. Според 25-тиот амандман, потпретседателот и мнозинството од кабинетот на претседателот можат да гласаат за претседателот „неспособен да служи“, што би го назначувало потпретседателот за вршител на должноста претседател. Повиците Бајден да се повлече од претседателската трка следеа по неговите лоши перформанси во дебатата со Трамп на 27 јуни

The post Tрамп не верува дека Бајден ќе се повлече appeared first on Република.

]]>
Сиарто: Победата на Трамп ќе донесе нов светски поредок на глобален мир и стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/siarto-pobedata-na-tramp-ke-donese-nov-svetski-poredok-na-globalen-mir-i-stabilnost/ Mon, 11 Mar 2024 15:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=753720

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека новиот претседателски мандат на Доналд Трамп во Белата куќа ќе обезбеди воспоставување, како што рече, „нов светски поредок“ на глобален мир и стабилност.

Во интервју за американскиот портал Breitbart News, Сијарто оцени дека на светот му е потребен Трамп за да победи на претстојните претседателски избори во САД, бидејќи, како што наведе, „само силен американски лидер може да понуди стабилност и безбедност на меѓународниот поредок“.

The post Сиарто: Победата на Трамп ќе донесе нов светски поредок на глобален мир и стабилност appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека новиот претседателски мандат на Доналд Трамп во Белата куќа ќе обезбеди воспоставување, како што рече, „нов светски поредок“ на глобален мир и стабилност. Во интервју за американскиот портал Breitbart News, Сијарто оцени дека на светот му е потребен Трамп за да победи на претстојните претседателски избори во САД, бидејќи, како што наведе, „само силен американски лидер може да понуди стабилност и безбедност на меѓународниот поредок“.

The post Сиарто: Победата на Трамп ќе донесе нов светски поредок на глобален мир и стабилност appeared first on Република.

]]>
Трамп и Бајден го минаа „супер вторник“, најверојатно ќе бидат кандидатит за претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-i-bajden-go-minaa-super-vtornik-najverojatno-ke-bidat-kandidatit-za-pretsedatel/ Wed, 06 Mar 2024 06:38:41 +0000 https://republika.mk/?p=751725

Американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп постигнаа победи на таканаречените прелиминарни избори „супер вторник“ во голем број држави, отворајќи го патот за историско повторување на судирот меѓу нив од претходните избори.

Трамп победи на гласањето на републиканците во повеќе од десет држави - вклучувајќи ги Калифорнија и Тексас - и го одбрани предизвикот на поранешната американска амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли, која беше неговиот единствен преостанат предизвикувач за републиканската номинација. По последните резултати, Хејли веќе нема реални шанси да ја добие номинацијата.

По убедливото претставување во 15 држави во „супер вторник“, Трамп речиси ја обезбеди својата трета последователна претседателска номинација и покрај тоа што се соочи со повеќе кривични пријави.

Трамп и Бајден го свртеа своето внимание еден кон друг кога резултатите станаа јасни. Во својот победнички говор во Мар а Лаго, Флорида, Трамп ја нападна имиграциската политика на Бајден и го нарече „најлошиот претседател“ во историјата. „Петти ноември ќе влезе како најважен ден во историјата на нашата земја“, рече Трамп.

Во својата изјава, Бајден повторно го претстави Трамп како закана за американската демократија. „Вечерашните резултати му оставаат на американскиот народ јасен избор: дали ќе продолжиме да одиме напред или ќе дозволиме Доналд Трамп да не вовлече назад во хаосот, поделеноста и темнината што го одбележаа неговиот мандат“, рече американскиот претседател синоќа.

Се очекуваше Бајден лесно да победи на прелиминарните избори на Демократската партија, иако активистите кои се спротивставија на неговата силна поддршка за Израел ги повикаа муслиманските Американци и прогресивците да дадат протестни гласови со гласање „Не поддржувам никого“ во Минесота, како што правеа претходно во Мичиген.

Се предвидува дека Бајден ќе ја освои Минесота, но влијанието на гласачките ливчиња со „не поддрќувам никого“ достигна 20,4 отсто со преброени околу половина од очекуваните гласови. Бајден победи во 14 други држави, вклучувајќи го и гласањето по пошта во Ајова, кое заврши вчера. Тој претрпе и еден пораз - на американската територија на Американска Самоа, каде што претприемачот Џејсон Палмер победи со 51 глас „за“ наспроти 40 „за“ за Бајден.

The post Трамп и Бајден го минаа „супер вторник“, најверојатно ќе бидат кандидатит за претседател appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп постигнаа победи на таканаречените прелиминарни избори „супер вторник“ во голем број држави, отворајќи го патот за историско повторување на судирот меѓу нив од претходните избори. Трамп победи на гласањето на републиканците во повеќе од десет држави - вклучувајќи ги Калифорнија и Тексас - и го одбрани предизвикот на поранешната американска амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли, која беше неговиот единствен преостанат предизвикувач за републиканската номинација. По последните резултати, Хејли веќе нема реални шанси да ја добие номинацијата. По убедливото претставување во 15 држави во „супер вторник“, Трамп речиси ја обезбеди својата трета последователна претседателска номинација и покрај тоа што се соочи со повеќе кривични пријави. Трамп и Бајден го свртеа своето внимание еден кон друг кога резултатите станаа јасни. Во својот победнички говор во Мар а Лаго, Флорида, Трамп ја нападна имиграциската политика на Бајден и го нарече „најлошиот претседател“ во историјата. „Петти ноември ќе влезе како најважен ден во историјата на нашата земја“, рече Трамп. Во својата изјава, Бајден повторно го претстави Трамп како закана за американската демократија. „Вечерашните резултати му оставаат на американскиот народ јасен избор: дали ќе продолжиме да одиме напред или ќе дозволиме Доналд Трамп да не вовлече назад во хаосот, поделеноста и темнината што го одбележаа неговиот мандат“, рече американскиот претседател синоќа. Се очекуваше Бајден лесно да победи на прелиминарните избори на Демократската партија, иако активистите кои се спротивставија на неговата силна поддршка за Израел ги повикаа муслиманските Американци и прогресивците да дадат протестни гласови со гласање „Не поддржувам никого“ во Минесота, како што правеа претходно во Мичиген. Се предвидува дека Бајден ќе ја освои Минесота, но влијанието на гласачките ливчиња со „не поддрќувам никого“ достигна 20,4 отсто со преброени околу половина од очекуваните гласови. Бајден победи во 14 други држави, вклучувајќи го и гласањето по пошта во Ајова, кое заврши вчера. Тој претрпе и еден пораз - на американската територија на Американска Самоа, каде што претприемачот Џејсон Палмер победи со 51 глас „за“ наспроти 40 „за“ за Бајден.

The post Трамп и Бајден го минаа „супер вторник“, најверојатно ќе бидат кандидатит за претседател appeared first on Република.

]]>
Светот се подготвува за враќање на Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetot-se-podgotvuva-za-vrakane-na-tramp/ Fri, 26 Jan 2024 07:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=736954

Британскиот магазин „Економист“ наведува дека „новото глобално нарушување“, како што го опиша, јасно се покажа на Светскиот економски форум, што се одржа во швајцарското одморалиште Давос, од 15 до 19 јануари.

Магазинот додава дека кинеските лидери и официјални претставници присуствувале на состаноците во мал број, бидејќи стравуваат дека ќе отстапат од принципите на Комунистичката партија. Руските олигарси беа држени подалеку од Форумот, додека Индија и Саудиска Арабија преку ова видоа мултиполарен свет полн со можности.

Сепак, сето тоа беше засенето од можноста за враќање на Доналд Трамп на функцијата претседател на САД, а шансите за тоа станаа поголеми по неговата неодамнешна победа на републиканските внатрепартиски избори во Ајова и Њу Хемпшир и по повлекувањето од трката на неговиот противник Рон ДеСантис.

Странските влади се преплашени

„Економист“ цитира еден американски пратеник, кој се занимава со така наречена заткулисна дипломатија, кој истакна дека странските влади „се плашат од она што го гледаат на социјалните мрежи за американската демократија“.

Исто како што финансиските пазари се обложуваат на идни настани, како што се приближуваат претседателските избори во САД во ноември, светот почна да се подготвува за враќањето на Трамп на власт и последиците што ќе ги донесе тоа.

Што се однесува до последиците, според написот во „Економист“, во најдобар случај може да се очекуваат царини, можно повлекување на поддршката за Украина и Тајван, трансакциски пристап кон односите со сојузниците, меѓусебно непријателство кон противниците и натамошен колапс на глобалните правила.

Преносот на власта на Трамп ќе доведе до голема промена

Британскиот магазин наведува дека секоја промена во американската администрација создава дисконтинуитет во надворешната политика. На пример, претседателот Ричард Никсон отиде во Кина; Роналд Реган побара од Советскиот Сојуз да го отстрани Берлинскиот ѕид. Но, транзицијата на власта од Џо Бајден на Доналд Трамп ќе биде особено голема, имајќи предвид дека постои голем јаз помеѓу нивните политики и дека глобалните околности се хаотични, покрај можноста за ширење војни.

Според Институтот за истражување на мирот, со седиште во главниот град на Норвешка, Осло, има повеќе од 50 конфликти на државно ниво, што е најголем број од 1946 година.

„Економист“ оценува дека администрацијата на Бајден се обидела да ја преформулира улогата на Америка во 2020-тите и понатаму, продолжувајќи, како суперсила, да се занимава со глобалните прашања и да биде блиску до своите сојузници. Во исто време, таа стана „посебична“ во трговијата, попретпазлива по прашањата за економската безбедност и поселективна во распоредувањето на воените сили, особено копнени трупи.

Се влошува глобалниот хаос

Достигнатите цели преку овој пристап вклучуваат повторно зајакнување на сојузите во Азија и обновување на сојузите за поддршка на Украина. И покрај тоа, наведува магазинот, глобалниот хаос се влоши со падот на глобалниот поредок заснован на правила. Имаше ширење на немири на Блиски Исток, во делови од Африка и во Авганистан, како и „ненамален тренд“ кон изолационизмот во американската политика и јавно мислење.

Претставници на администрацијата на Бајден инсистираат дека сè уште нема индикации дека нивните странски колеги се „подготвуваат“ за можноста за промена на американската администрација. Затоа, тие патуваат низ светот за да ги убедат странските влади.

Сепак, со приближувањето на тесната претседателска трка, може да намали ефективноста на доктрината на Бајден. Според британскиот магазин, на неговата администрација ќе и биде тешко да се обврзе на ветувањата поврзани со периодот по 2024 година, вклучувајќи го и решението за две држави на Блискиот Исток. Затоа, владите ширум светот работат на развивање алтернативни планови во случај Трамп да стане претседател.

„Економист“ тврди дека вториот мандат на Трамп како претседател ќе биде различен од неговиот прв поради две причини: затоа што светот стана похаотичен и затоа што Трамп повеќе нема да толерира опструкции на неговите програми. Се наведува дека постои можност за воведување царини во сите сектори од 10 отсто, како и прекин на „трајните нормални трговски односи“ со Кина, што ќе резултира со воведување повисоки царини отколку денес.

Враќањето на Трамп ќе биде добра вест за некои

Што се однесува до одредени политичари и земји идеолошки компатибилни со Трамп, неговото враќање на претседателската функција ќе биде добра вест. Во Израел, Бенјамин Нетанјаху – доколку успее да остане на власт до 2025 година – би можел да очекува целосна поддршка и отфрлање на палестинските аспирации да основаат сопствена независна држава. Истото важи и за унгарскиот премиер Виктор Орбан и индискиот премиер Нарендра Моди, кои имаат силни односи со Трамп.

Сепак, „Економист“ додава дека „хаотичниот“ стил и „нестабилната“ личност на Трамп го отежнуваат предвидувањето што ќе направи доколку повторно ја преземе власта во САД

The post Светот се подготвува за враќање на Трамп appeared first on Република.

]]>

Британскиот магазин „Економист“ наведува дека „новото глобално нарушување“, како што го опиша, јасно се покажа на Светскиот економски форум, што се одржа во швајцарското одморалиште Давос, од 15 до 19 јануари. Магазинот додава дека кинеските лидери и официјални претставници присуствувале на состаноците во мал број, бидејќи стравуваат дека ќе отстапат од принципите на Комунистичката партија. Руските олигарси беа држени подалеку од Форумот, додека Индија и Саудиска Арабија преку ова видоа мултиполарен свет полн со можности. Сепак, сето тоа беше засенето од можноста за враќање на Доналд Трамп на функцијата претседател на САД, а шансите за тоа станаа поголеми по неговата неодамнешна победа на републиканските внатрепартиски избори во Ајова и Њу Хемпшир и по повлекувањето од трката на неговиот противник Рон ДеСантис. Странските влади се преплашени „Економист“ цитира еден американски пратеник, кој се занимава со така наречена заткулисна дипломатија, кој истакна дека странските влади „се плашат од она што го гледаат на социјалните мрежи за американската демократија“. Исто како што финансиските пазари се обложуваат на идни настани, како што се приближуваат претседателските избори во САД во ноември, светот почна да се подготвува за враќањето на Трамп на власт и последиците што ќе ги донесе тоа. Што се однесува до последиците, според написот во „Економист“, во најдобар случај може да се очекуваат царини, можно повлекување на поддршката за Украина и Тајван, трансакциски пристап кон односите со сојузниците, меѓусебно непријателство кон противниците и натамошен колапс на глобалните правила. Преносот на власта на Трамп ќе доведе до голема промена Британскиот магазин наведува дека секоја промена во американската администрација создава дисконтинуитет во надворешната политика. На пример, претседателот Ричард Никсон отиде во Кина; Роналд Реган побара од Советскиот Сојуз да го отстрани Берлинскиот ѕид. Но, транзицијата на власта од Џо Бајден на Доналд Трамп ќе биде особено голема, имајќи предвид дека постои голем јаз помеѓу нивните политики и дека глобалните околности се хаотични, покрај можноста за ширење војни. Според Институтот за истражување на мирот, со седиште во главниот град на Норвешка, Осло, има повеќе од 50 конфликти на државно ниво, што е најголем број од 1946 година. „Економист“ оценува дека администрацијата на Бајден се обидела да ја преформулира улогата на Америка во 2020-тите и понатаму, продолжувајќи, како суперсила, да се занимава со глобалните прашања и да биде блиску до своите сојузници. Во исто време, таа стана „посебична“ во трговијата, попретпазлива по прашањата за економската безбедност и поселективна во распоредувањето на воените сили, особено копнени трупи. Се влошува глобалниот хаос Достигнатите цели преку овој пристап вклучуваат повторно зајакнување на сојузите во Азија и обновување на сојузите за поддршка на Украина. И покрај тоа, наведува магазинот, глобалниот хаос се влоши со падот на глобалниот поредок заснован на правила. Имаше ширење на немири на Блиски Исток, во делови од Африка и во Авганистан, како и „ненамален тренд“ кон изолационизмот во американската политика и јавно мислење. Претставници на администрацијата на Бајден инсистираат дека сè уште нема индикации дека нивните странски колеги се „подготвуваат“ за можноста за промена на американската администрација. Затоа, тие патуваат низ светот за да ги убедат странските влади. Сепак, со приближувањето на тесната претседателска трка, може да намали ефективноста на доктрината на Бајден. Според британскиот магазин, на неговата администрација ќе и биде тешко да се обврзе на ветувањата поврзани со периодот по 2024 година, вклучувајќи го и решението за две држави на Блискиот Исток. Затоа, владите ширум светот работат на развивање алтернативни планови во случај Трамп да стане претседател. „Економист“ тврди дека вториот мандат на Трамп како претседател ќе биде различен од неговиот прв поради две причини: затоа што светот стана похаотичен и затоа што Трамп повеќе нема да толерира опструкции на неговите програми. Се наведува дека постои можност за воведување царини во сите сектори од 10 отсто, како и прекин на „трајните нормални трговски односи“ со Кина, што ќе резултира со воведување повисоки царини отколку денес. Враќањето на Трамп ќе биде добра вест за некои Што се однесува до одредени политичари и земји идеолошки компатибилни со Трамп, неговото враќање на претседателската функција ќе биде добра вест. Во Израел, Бенјамин Нетанјаху – доколку успее да остане на власт до 2025 година – би можел да очекува целосна поддршка и отфрлање на палестинските аспирации да основаат сопствена независна држава. Истото важи и за унгарскиот премиер Виктор Орбан и индискиот премиер Нарендра Моди, кои имаат силни односи со Трамп. Сепак, „Економист“ додава дека „хаотичниот“ стил и „нестабилната“ личност на Трамп го отежнуваат предвидувањето што ќе направи доколку повторно ја преземе власта во САД

The post Светот се подготвува за враќање на Трамп appeared first on Република.

]]>
Aмериканците не се радуваат на дуел Бајден-Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikantsite-ne-se-raduvaat-na-duel-bajden-tramp/ Fri, 15 Dec 2023 07:17:52 +0000 https://republika.mk/?p=723116

Мал број Американци со нетрпение очекуваат потенцијален дуел меѓу демократот Џозеф Бајден и републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во 2024 година, иако повеќе републиканци го поддржуваат Трамп отколку демократи што го поддржуваат Бајден, според анкетата на Асошиејтед прес и НОРК.

Истражувањето, спроведено од 30 ноември до 4 декември, меѓу 1.074 испитаници, покажува дека кога се гледа на национално ниво, ниту Трамп ниту Бајден не влеваат ентузијазам кај гласачите.

Околу 56 отсто од возрасните испитаници велат дека би биле незадоволни доколку Бајден беше демократскиот кандидат, а 58 отсто би биле незадоволни од Трамп.

Речиси половина од демократите велат дека би биле целосно или делумно задоволни доколку Бајден е кандидат во 2024 година, додека две третини од републиканците го чувствуваат истото за Трамп.

Иако гласачите се рамнодушни кон нив, и Бајден и Трамп имаат добри шанси да станат кандидати на нивните партии - актуелниот претседател има поддршка од доволен број делегати и нема силни противници, додека обвиненијата не го спречуваат поранешниот претседател да нема најголема поддршка во неговата партија. Првото примарно гласање на републиканците ќе биде во јануари во Ајова.

The post Aмериканците не се радуваат на дуел Бајден-Трамп appeared first on Република.

]]>

Мал број Американци со нетрпение очекуваат потенцијален дуел меѓу демократот Џозеф Бајден и републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во 2024 година, иако повеќе републиканци го поддржуваат Трамп отколку демократи што го поддржуваат Бајден, според анкетата на Асошиејтед прес и НОРК. Истражувањето, спроведено од 30 ноември до 4 декември, меѓу 1.074 испитаници, покажува дека кога се гледа на национално ниво, ниту Трамп ниту Бајден не влеваат ентузијазам кај гласачите. Околу 56 отсто од возрасните испитаници велат дека би биле незадоволни доколку Бајден беше демократскиот кандидат, а 58 отсто би биле незадоволни од Трамп. Речиси половина од демократите велат дека би биле целосно или делумно задоволни доколку Бајден е кандидат во 2024 година, додека две третини од републиканците го чувствуваат истото за Трамп. Иако гласачите се рамнодушни кон нив, и Бајден и Трамп имаат добри шанси да станат кандидати на нивните партии - актуелниот претседател има поддршка од доволен број делегати и нема силни противници, додека обвиненијата не го спречуваат поранешниот претседател да нема најголема поддршка во неговата партија. Првото примарно гласање на републиканците ќе биде во јануари во Ајова.

The post Aмериканците не се радуваат на дуел Бајден-Трамп appeared first on Република.

]]>
Бајден смета дека Хамас и Израел треба да направат пауза во војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-smeta-deka-hamas-i-izrael-treba-da-napravat-pauza-vo-vojnata/ Thu, 02 Nov 2023 07:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=697254

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека треба да има хуманитарна „пауза“ во конфликтот помеѓу Израел и Хамас.

- Мислам дека имаме потреба од пауза. Пауза значи да се даде време да се извлечат затворениците, изјави 80-годишниот демократ.

Белата куќа подоцна појасни дека Бајден кога кажал „затворениците“  мислел на заложниците, кои ги држи Хамас.

Претходно, Белата куќа беше категорична дека нема да се меша како Израелците да ги спроведуваат своите воени операции како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври. Со својата изјава, Бајден изврши притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да им даде на Палестинците барем краток прекин на тековната воена операција, во која загинаа илјадници луѓе и ја втурна палестинската енклава во хуманитарна криза, објавија американски медиуми

The post Бајден смета дека Хамас и Израел треба да направат пауза во војната appeared first on Република.

]]>

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека треба да има хуманитарна „пауза“ во конфликтот помеѓу Израел и Хамас.
- Мислам дека имаме потреба од пауза. Пауза значи да се даде време да се извлечат затворениците, изјави 80-годишниот демократ.
Белата куќа подоцна појасни дека Бајден кога кажал „затворениците“  мислел на заложниците, кои ги држи Хамас. Претходно, Белата куќа беше категорична дека нема да се меша како Израелците да ги спроведуваат своите воени операции како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври. Со својата изјава, Бајден изврши притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да им даде на Палестинците барем краток прекин на тековната воена операција, во која загинаа илјадници луѓе и ја втурна палестинската енклава во хуманитарна криза, објавија американски медиуми

The post Бајден смета дека Хамас и Израел треба да направат пауза во војната appeared first on Република.

]]>
Бајден тврди дека Путин донел одлука да ја нападне Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-tvrdi-deka-putin-donel-odluka-da-ja-napadne-ukraina/ Fri, 18 Feb 2022 22:41:35 +0000 https://republika.mk/?p=460688

– Путин „донесе одлука“ да ја нападне Украина, нагласи во вечерашното обраќање американскиот претседател Џозеф Бајден.

Тој додаде дека Русија има намера да ја нападне Украина во следната недела или денови.

The post Бајден тврди дека Путин донел одлука да ја нападне Украина appeared first on Република.

]]>

– Путин „донесе одлука“ да ја нападне Украина, нагласи во вечерашното обраќање американскиот претседател Џозеф Бајден. Тој додаде дека Русија има намера да ја нападне Украина во следната недела или денови.

The post Бајден тврди дека Путин донел одлука да ја нападне Украина appeared first on Република.

]]>