Бајден номинација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bajden-nominatsija/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 17:13:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бајден номинација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bajden-nominatsija/ 32 32 Бајден пред да си оди уште повеќе ќе ја помогне Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-pred-da-si-odi-ushte-poveke-ke-ja-pomogne-ukraina/ Sun, 06 Oct 2024 17:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=823579

Американскиот претседател Џо Бајден разви нов план за Украина пред неговото заминување од функцијата, пишува порталот „Конверсејшн“.

Во статијата се наведува дека шефот на Белата куќа сака да остави наследство, а напредокот во поддршката на Украина може да биде неговата „последна победа“ која ќе се памети.

„Прво, тој сака да испрати јасна порака дека САД ќе ја поддржуваат Украина. Камен-темелник на ова беше состанокот во Белата куќа минатата недела меѓу Бајден, (потпретседателката Камала) Харис и (украинскиот претседател Володомир) Зеленски“, сметаат авторите на статијата.

Со ова, Бајден сака да покаже дека Киев останува главен приоритет за Вашингтон. Во исто време, тој сака да создаде слика дека американската поддршка ќе продолжи и на начин што ни (претседателскиот кандидат Доналд) Трамп нема да може да ја игнорира.

Бајден исто така работи на зголемување на воената помош за Украина, пишува порталот.

Бајден неодамна најави зголемување на воената помош за Украина во форма на пакет од осум милијарди американски долари. Средствата ќе обезбедат ново оружје за зајакнување на капацитетот на Украина за напади на долги растојанија, што исто така сугерира дека Бајден одобрува поофанзивна тактика против Русија

The post Бајден пред да си оди уште повеќе ќе ја помогне Украина appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден разви нов план за Украина пред неговото заминување од функцијата, пишува порталот „Конверсејшн“. Во статијата се наведува дека шефот на Белата куќа сака да остави наследство, а напредокот во поддршката на Украина може да биде неговата „последна победа“ која ќе се памети.
„Прво, тој сака да испрати јасна порака дека САД ќе ја поддржуваат Украина. Камен-темелник на ова беше состанокот во Белата куќа минатата недела меѓу Бајден, (потпретседателката Камала) Харис и (украинскиот претседател Володомир) Зеленски“, сметаат авторите на статијата.
Со ова, Бајден сака да покаже дека Киев останува главен приоритет за Вашингтон. Во исто време, тој сака да создаде слика дека американската поддршка ќе продолжи и на начин што ни (претседателскиот кандидат Доналд) Трамп нема да може да ја игнорира. Бајден исто така работи на зголемување на воената помош за Украина, пишува порталот. Бајден неодамна најави зголемување на воената помош за Украина во форма на пакет од осум милијарди американски долари. Средствата ќе обезбедат ново оружје за зајакнување на капацитетот на Украина за напади на долги растојанија, што исто така сугерира дека Бајден одобрува поофанзивна тактика против Русија

The post Бајден пред да си оди уште повеќе ќе ја помогне Украина appeared first on Република.

]]>
Бајден го номинираше Аџеј Банга за нов претседател на Светска банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-go-nominirashe-adhej-banga-za-nov-pretsedatel-na-svetska-banka/ Thu, 23 Feb 2023 21:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=612576

 Американскиот претседател Џо Бајден го номинираше поранешниот извршен директор на „Мастеркард“ (Mastercard),  Аџеј Банга, за нов шеф на Светската банка, јави ДПА.

Тој е „уникатно подготвен да ја води Светската банка во овој критичен момент од историјата“, рече Бајден денеска во Белата куќа.

Овој менаџер со индиско-американско потекло во моментов е заменик-претседател на компанијата „Џенерал Атлантик“.

ДПА појаснува дека САД традиционално го избираат претседателот на Светската банка, додека Европа го избира извршниот директор на својата сестринска организација, Меѓународниот монетарен фонд.

САД се најголемиот акционер на Светската банка. Но, сè уште ѝ е потребна поддршката од другите земји-членки за да може да помине нејзиниот кандидат.

-Банга има уникатна перспектива за можностите и предизвиците на земјите во развој и брозрастечките економии и за тоа како Светска банка може да ја спроведе својата амбициозна агенда за намалување на сиромаштијата и зголемување на просперитетот, рече Бајден.

Банга, исто така, има искуство во мобилизирање средства за справување со најитните предизвици, вклучително и климатските промени, додаде американскиот претседател, пренесе германската агенција.

Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, минатата недела неочекувано соопшти дека поднесува оставка. Тој ќе се повлече на крајот на јуни. Неговата оставка се случува на околу една година пред редовниот крај на мандатот на првиот човек на Светска банка. Тој во претходниот период беше жестоко критикуван за неговите изјави за климатските промени.

The post Бајден го номинираше Аџеј Банга за нов претседател на Светска банка appeared first on Република.