Бајде Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bajde/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jul 2023 11:28:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бајде Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bajde/ 32 32 Бајден: Лидерите на НАТО „се согласуваат за формулацијата“ во врска со идното членство на Украина во Алијансата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-liderite-na-nato-se-soglasuvaat-za-formulatsijata-vo-vrska-so-idnoto-chlenstvo-na-ukraina-vo-alijansata/ Tue, 11 Jul 2023 11:28:58 +0000 https://republika.mk/?p=660027

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека се согласил со „предложената формулација за можноста Украина во иднина да се приклучи на НАТО“.

Изјавата на Бајден пред почетокот на самитот на НАТО дојде кусо откако украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде изјава за „очекуваната формулација“, сугерирајќи дека не оди доволно далеку кон неговите цели за пристапување.

Војната на Русија во Украина е меѓу главните точки на агендата на лидерите на НАТО, заедно со дискусијата за идниот пат за приклучување на земјата разурната од војна во Алијансата, што предизвика одредена поделеност меѓу лидерите.

Се согласуваме со формулацијата што ја предложивме – а вие во однос на иднината на Украина предложивте да може да се приклучи на НАТО, рече Бајден во кусата изјава заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред самитот.

Зеленски претходно на Твитер напиша дека „примил сигнали оти одредени формулации се дискутираат без Украина“, нагласувајќи дека „формулирањето е за поканата да стане членка на НАТО, а не за членството на Украина“.

Бајден исто така истакна дека според него е многу важно што „во овој критичен момент Столтенберг продолжува да го води НАТО“.

Вие сте човекот од доверба, никој не ја знае подобро ситуацијата од вас, му рече Бајден на шефот на НАТО.

The post Бајден: Лидерите на НАТО „се согласуваат за формулацијата“ во врска со идното членство на Украина во Алијансата appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека се согласил со „предложената формулација за можноста Украина во иднина да се приклучи на НАТО“. Изјавата на Бајден пред почетокот на самитот на НАТО дојде кусо откако украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде изјава за „очекуваната формулација“, сугерирајќи дека не оди доволно далеку кон неговите цели за пристапување. Војната на Русија во Украина е меѓу главните точки на агендата на лидерите на НАТО, заедно со дискусијата за идниот пат за приклучување на земјата разурната од војна во Алијансата, што предизвика одредена поделеност меѓу лидерите.
Се согласуваме со формулацијата што ја предложивме – а вие во однос на иднината на Украина предложивте да може да се приклучи на НАТО, рече Бајден во кусата изјава заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред самитот.
Зеленски претходно на Твитер напиша дека „примил сигнали оти одредени формулации се дискутираат без Украина“, нагласувајќи дека „формулирањето е за поканата да стане членка на НАТО, а не за членството на Украина“. Бајден исто така истакна дека според него е многу важно што „во овој критичен момент Столтенберг продолжува да го води НАТО“.
Вие сте човекот од доверба, никој не ја знае подобро ситуацијата од вас, му рече Бајден на шефот на НАТО.

The post Бајден: Лидерите на НАТО „се согласуваат за формулацијата“ во врска со идното членство на Украина во Алијансата appeared first on Република.

]]>
Волстрит Џурнал: Администрацијата на Бајден ќе одобри на Украина муниција со осиромашен ураниум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/volstrit-dhurnal-administratsijata-na-bajden-ke-odobri-na-ukraina-munitsija-so-osiromashen-uranium/ Tue, 13 Jun 2023 12:36:04 +0000 https://republika.mk/?p=650884

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се очекува да обезбеди за Украина муниција со осиромашен ураниум наменета за тенковите „Абрамс“ што САД му ги даваат на Киев, објави денеска Волстрит Џурнал.

Како што јави дописникот на МИА, испраќањето на таква муниција може да предизвика критики до Вашингтон за тоа дека оружјето носи здравствени и еколошки ризици.

Се наведува дека Пентагон настојувал тенковите што САД ги обезбедува за Украина да бидат вооружени со муниција со осиромашен ураниум, што е регуларно употребувана од американската армија, и е мошне ефективна против руските тенкови.

Според воените познавачи, испукана во брзи рафали муницијата има потенцијал да продре во предниот оклоп на каков и да било руски тенк.

Проектилот удира како товарен воз. Тој е многу долг и многу тежок, со тоа на непријателските штитови во една точка се собира огромна кинетичка енергија, изјави Скот Бостон, одбранбен аналитичар.

Предлогот отворил дебати во Белата куќа каде некои официјални лица изразиле загриженост дека испраќање таква муниција може да предизвика критики до Вашингтон за тоа дека оружјето носи здравствени и еколошки ризици.

Ова е првпат да се известува за снабдување на Украина со муниција со осиромашен ураниум, а во време на голема контраофанзива на украинската војска за придобивање назад на териториите што Русија ги одзеде во текот на веќе на речиси 15 месечната војна.

Главна цел на администрацијата на Бајден е да овозможи Украина на бојното поле да изврши колку што е можно поголем прогрес за Киев да зазеде силна преговарачка позиција, во случај на можни мировни преговори.

The post Волстрит Џурнал: Администрацијата на Бајден ќе одобри на Украина муниција со осиромашен ураниум appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се очекува да обезбеди за Украина муниција со осиромашен ураниум наменета за тенковите „Абрамс“ што САД му ги даваат на Киев, објави денеска Волстрит Џурнал. Како што јави дописникот на МИА, испраќањето на таква муниција може да предизвика критики до Вашингтон за тоа дека оружјето носи здравствени и еколошки ризици. Се наведува дека Пентагон настојувал тенковите што САД ги обезбедува за Украина да бидат вооружени со муниција со осиромашен ураниум, што е регуларно употребувана од американската армија, и е мошне ефективна против руските тенкови. Според воените познавачи, испукана во брзи рафали муницијата има потенцијал да продре во предниот оклоп на каков и да било руски тенк.
Проектилот удира како товарен воз. Тој е многу долг и многу тежок, со тоа на непријателските штитови во една точка се собира огромна кинетичка енергија, изјави Скот Бостон, одбранбен аналитичар.
Предлогот отворил дебати во Белата куќа каде некои официјални лица изразиле загриженост дека испраќање таква муниција може да предизвика критики до Вашингтон за тоа дека оружјето носи здравствени и еколошки ризици. Ова е првпат да се известува за снабдување на Украина со муниција со осиромашен ураниум, а во време на голема контраофанзива на украинската војска за придобивање назад на териториите што Русија ги одзеде во текот на веќе на речиси 15 месечната војна. Главна цел на администрацијата на Бајден е да овозможи Украина на бојното поле да изврши колку што е можно поголем прогрес за Киев да зазеде силна преговарачка позиција, во случај на можни мировни преговори.

The post Волстрит Џурнал: Администрацијата на Бајден ќе одобри на Украина муниција со осиромашен ураниум appeared first on Република.

]]>