багерист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bagerist/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jul 2023 14:55:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png багерист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bagerist/ 32 32 Археологот Ленче Јованова загина во несреќата со багер во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/arheologot-lenche-jovanova-zagina-vo-nesrekata-so-bager-vo-skopje/ Mon, 03 Jul 2023 15:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=657793

Македонскиот археолог Ленче Јованова (1957-2023) е жената која пред два дена настрада во центарот на Скопје, кога на пешачки премин ја прегази багер.

Со големо неверување ја примивме веста дека нашата колешка Ленче Јованова во текот на вчерашниот ден во немил настан на 66 годишна возраст го загуби својот живот, објавија од Македонското археолошко друштво.

Појаснуваат дека Ленче Јованова беше долгогодишен член на Македонското археолошко друштво и кустос советник во Музеј на град Скопје.

Таа остави длабок и неизбришлив траг во македонската археологија истражувајќи ги културните хоризонти на античкиот град Скупи. Нејзиниот интерес беше насочен кон проучување на римската материјална култура. Автор е на бројни изложби, каталози, статии, студии, а особено се значајни монографиските изданија Скупи – Colonia Flavia Scupinorum; Скупи – некрополи : стории за истакнати личности според епиграфски и археолошки сведоштва; Скупи: сектор југоисточен бедем и комплекс терма – базилика со атриум. Ленче Јованова засекогаш ќе остане во нашите сеќавања како врвен и искусен професионалец кој со огромна посветеност го промовираше македонското културно наследство во земјава и светот, додаваат нејзините колеги.

Во меѓувреме, скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишникот, кој е осомничен дека на улицата „Јордан Мијалков“, управувал мобилна машина „лиебхерр“ без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

На обележан пешачки премин, со машината удрил во телото на една жена – пешак, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала, се појаснува во соопштението на Обвинителството.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sudot-gi-prifati-merkite-za-pretpazlivost-na-ojo-skopje-za-bageristot/

The post Археологот Ленче Јованова загина во несреќата со багер во Скопје appeared first on Република.

]]>

Истрага за багеристот кој усмрти жена во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/istraga-za-bageristot-koj-usmrti-zhena-vo-skopje/ Sun, 02 Jul 2023 12:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=657433

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 42-годишник од Скопје вчера на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, управувал мобилна машина „лиебхерр“ без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. На обележан пешачки премин, со машината удрил во телото на една жена – пешак, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала, се вели во соопштението на Обвинителството.

Непосредно по настанот, јавен обвинител извршил увид на лице место и издал повеќе наредби со цел да се испитаат сите околности и да се утврдат причините за сообраќајната несреќа. По еден дел од наредбите сѐ уште се постапува.

За да го обезбеди присуството на осомничениот и непреченото водење на постапката јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патната исправа и на возачката дозвола, како и привремена забрана да презема определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, се додава во соопштението на Обвинителството.

The post Истрага за багеристот кој усмрти жена во Скопје appeared first on Република.