Бадникова поворка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/badnikova-povorka/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jan 2024 14:57:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бадникова поворка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/badnikova-povorka/ 32 32 „Почувствувај радост“: Детската бадникова поворка во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pochuvstvuvaj-radost-detskata-badnikova-povorka-vo-skopje/ Sat, 06 Jan 2024 14:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=730450

Како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик, под слоганот „Почувствувај радост“ денеска во Скопје се одржа детската бадникова поворка. Децата учесници во бадниковата поворка се собраа на плоштадот „Македонија“, каде им беше доделена Златна ѕвезда, по што се одржа концерт со Златните славејчиња и некои македонски поп ѕвезди.

По краткиот концерт, учесниците ја оформија најголемата бадникова поворка и преку Камениот мост се упатија кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски" каде што традиционално сите коледарчиња беа пречекани и дарувани од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

По 14 пат, во 75 градови и села во земјава и пет во дијаспората, денеска се одржаа бадниковите поворки, како форма на радосно здружување на децата, кои се собираат на однапред договорено зборно место за заедно, свечено и достоинствено да поминат одредена патека пеејќи ја пригодната божиќна песна „Вечниот Бог“

The post „Почувствувај радост“: Детската бадникова поворка во Скопје appeared first on Република.

]]>

Како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик, под слоганот „Почувствувај радост“ денеска во Скопје се одржа детската бадникова поворка. Децата учесници во бадниковата поворка се собраа на плоштадот „Македонија“, каде им беше доделена Златна ѕвезда, по што се одржа концерт со Златните славејчиња и некои македонски поп ѕвезди. По краткиот концерт, учесниците ја оформија најголемата бадникова поворка и преку Камениот мост се упатија кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски" каде што традиционално сите коледарчиња беа пречекани и дарувани од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. По 14 пат, во 75 градови и села во земјава и пет во дијаспората, денеска се одржаа бадниковите поворки, како форма на радосно здружување на децата, кои се собираат на однапред договорено зборно место за заедно, свечено и достоинствено да поминат одредена патека пеејќи ја пригодната божиќна песна „Вечниот Бог“

The post „Почувствувај радост“: Детската бадникова поворка во Скопје appeared first on Република.

]]>
Во Тетово ќе се организира Бадниковата поворка https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-tetovo-ke-se-organizira-badnikovata-povorka/ Wed, 03 Jan 2024 09:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=729217

Тетовско-гостиварската епархија информира дека година се планира да се одржи Бадникарска поворка во Тетово на Бадник, сабота 6 јануари.

Како и претходните неколку години поворката ќе тргне од тетовската соборен храм Кирил и Методиј во Тетово веднаш после завршувањето на Светата Божествена Литургија во 10 часот.

Учесниците ќе се движат кон плоштадот каде е предвидена празнична програма со пеење на божиќни песни.

Еве и ова 2024 лето Господово, Господ не удостои, да им се приближиме на Божикните празници и да го прославиме раѓањето на Витлеемскиот Богомладенец Христос. Во таа насока, а држејќи се до веќе воспоставената традиција Ве известуваме сите православни христијани дека на 06.01.2024 година, со благослов на митрополитот Тетовско-гостиварски господин Јосиф, ќе се организира Бадниковата поворка. Ги повикуваме сите православни родители да ги донесат своите деца и на тој начин да искажеме почит и љубов кон Христос нашиот Господ. Да се обратиме со искрена молитва кон Богомладенецот и ние заедно со ангелите да ја пееме рождественската песна „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“, информираат од Тетовско-гостиварската епархија.

Во Тетово прв пат се одржа бадникова литија во 2017 година, а не се одржа во 2021 и 2022 поради пандемијата. Во 2023 година за прв пат после Бадниковата поворка имаше и масовна сенародна Бадникова прослава на тетовскиот плоштад.

The post Во Тетово ќе се организира Бадниковата поворка appeared first on Република.

]]>

Тетовско-гостиварската епархија информира дека година се планира да се одржи Бадникарска поворка во Тетово на Бадник, сабота 6 јануари. Како и претходните неколку години поворката ќе тргне од тетовската соборен храм Кирил и Методиј во Тетово веднаш после завршувањето на Светата Божествена Литургија во 10 часот. Учесниците ќе се движат кон плоштадот каде е предвидена празнична програма со пеење на божиќни песни.