Бадникари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/badnikari/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 14:49:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бадникари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/badnikari/ 32 32 Кумот Бобо и здравичарот Атанас ги засекоа првите бадникови гранчиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kumot-bobo-i-zdravicharot-atanas-gi-zasekoa-prvite-badnikovi-granchina/ Sun, 24 Dec 2023 14:49:04 +0000 https://republika.mk/?p=726179

На месноста Говрлевска Краста на падините на Водно денеска напладне во организација на Одборот за прослава на Бадник 2024 традиционално беа исечени бадникови гранчиња кои на Бадник (6 јануари) ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Кум на годинашното одбележување е Божидар Јанковски, сопственик на „Дајнерс“, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2024, а Здравичар годинава е актерот Атанас Тановски, кој на платото пред Соборниот храм на 6 јануари ќе ја каже здравицата во пресрет на најголемиот христијански празник Божик.

Сечењето на гранчињата почна со пречек на Кумот и Здравичарот и на официјалните гости, кои заиграат македонско оро на музика на оркестар од трубачи. На настанот, меѓу останатите учествуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Потоа следува церемонија на засадување млади бадникови стебла, што е задача на новиот Кум и Здравичар, и на крајот од церемонијата Кумот и Здравичарот го кршат лебот на софрата на која ќе продолжи дружбата со риба и чашка пијалак, придружено со звуците на трубите и тапанот, соопшти Одборот за традиционална прослава на Бадник.

The post Кумот Бобо и здравичарот Атанас ги засекоа првите бадникови гранчиња appeared first on Република.

]]>

На месноста Говрлевска Краста на падините на Водно денеска напладне во организација на Одборот за прослава на Бадник 2024 традиционално беа исечени бадникови гранчиња кои на Бадник (6 јануари) ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Кум на годинашното одбележување е Божидар Јанковски, сопственик на „Дајнерс“, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2024, а Здравичар годинава е актерот Атанас Тановски, кој на платото пред Соборниот храм на 6 јануари ќе ја каже здравицата во пресрет на најголемиот христијански празник Божик. Сечењето на гранчињата почна со пречек на Кумот и Здравичарот и на официјалните гости, кои заиграат македонско оро на музика на оркестар од трубачи. На настанот, меѓу останатите учествуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Потоа следува церемонија на засадување млади бадникови стебла, што е задача на новиот Кум и Здравичар, и на крајот од церемонијата Кумот и Здравичарот го кршат лебот на софрата на која ќе продолжи дружбата со риба и чашка пијалак, придружено со звуците на трубите и тапанот, соопшти Одборот за традиционална прослава на Бадник.

The post Кумот Бобо и здравичарот Атанас ги засекоа првите бадникови гранчиња appeared first on Република.

]]>
30 години Бадникари во Скопје, традиција почната од едно подарено гранче https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/30-godini-badnikari-vo-skopje-traditsija-pochnata-od-edno-podareno-granche/ Fri, 06 Jan 2023 11:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=594134

Пораки за добро здравје, благосостојба, среќа и душевен мир во новата година беа упатени на денешната манифестацијата по повод денот пред христовото раѓање Бадник пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Пред присутните, свое обраќање имаа градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, здравичарот Иванчо Стефков, бадникарскиот кум за 2023 година Мојсо Мојсовски и кумовите Драган Спасов Дац и Александар Митевски.

Градоначалничката Арсовска со честитка до православните христијани и порака да го дочекаме денот на христовото раѓање – Божик во кругот на најблиското семејство.

Да ви посакам на сите вас да бидете среќни, весели, да имате добро зравје, да се сакате меѓусебно, да работиме на тоа оваа година да биде подобра од минатата, да ги надминеме сите предизвици кои ги имавме претходната година. Денес како што е убав и сончев денот така да не послужи и таква да ни биде целата година. Добро здравје, среќа, благосостојба и многу љубов во 2023 година, рече Арсовска.

Градоначалникот Герасимовски нагласи дека денешниот празник Бадник и утрешниот Божик се празници кои не зближуваат со нашето најголемо богатство – нашите семејства, роднини и пријатели. Тој на присутните им посака убави празнични денови, да ги одбележат во љубов, спокој, благосостојба и во себе да го пронајдат душевниот мир.

Здравичарот Стефков порача годинава на сите да им донесе бериќет, помалку грижи и пред се добро здравје. На земјоделците им посака убав род и полни амбари, буриња со вино, на рибарите крупен улов на нашите реки и езера, на ловџиите многу дивеч, на студентите и учениците убави високи оценки и на нашата држава успех на сите полиња.

Бадникарскиот кум за 2023 Мојсовски се осврна на почетоците на бадникарскиот одбор Бадникари.

Како вчера да беше кога пред точно 30 години за првпат го почувствуваме гостопримството на светите лица во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Добивме претходно благослов од г.г. Михаил кој ни го даде името Бадникари. Беше малку порано отколку што е сега и пред објектот имаше многу малку луѓе за ралзика од сега. Нашата приказна е мошне долга и интересна. Дозволете на сите да ви ја честитам новата година и да ви посакам се што е лошо да остане зад вас, поминете ги добро празничните денови, порача Мојсовски, по што следеше примопредавањето на бадникарскиот ќуп.

Традицијата на Бадникарите ја започнал скопјанецот Александар Пановски - Мац, кој во 1992 година на пазарчето Буњаковец купил гранчиња за бабичка која не можела да си ги дозволи. Следната година се собрал со пријателите и решиле да ги купат сите гранчиња и да ги делат бесплатно. Од тоа гранче се роди организација која брои над 40 членови, и која ја негува традицијата повеќе од 30 години.

The post 30 години Бадникари во Скопје, традиција почната од едно подарено гранче appeared first on Република.

]]>

Пораки за добро здравје, благосостојба, среќа и душевен мир во новата година беа упатени на денешната манифестацијата по повод денот пред христовото раѓање Бадник пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Пред присутните, свое обраќање имаа градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, здравичарот Иванчо Стефков, бадникарскиот кум за 2023 година Мојсо Мојсовски и кумовите Драган Спасов Дац и Александар Митевски. Градоначалничката Арсовска со честитка до православните христијани и порака да го дочекаме денот на христовото раѓање – Божик во кругот на најблиското семејство.
Да ви посакам на сите вас да бидете среќни, весели, да имате добро зравје, да се сакате меѓусебно, да работиме на тоа оваа година да биде подобра од минатата, да ги надминеме сите предизвици кои ги имавме претходната година. Денес како што е убав и сончев денот така да не послужи и таква да ни биде целата година. Добро здравје, среќа, благосостојба и многу љубов во 2023 година, рече Арсовска.
Градоначалникот Герасимовски нагласи дека денешниот празник Бадник и утрешниот Божик се празници кои не зближуваат со нашето најголемо богатство – нашите семејства, роднини и пријатели. Тој на присутните им посака убави празнични денови, да ги одбележат во љубов, спокој, благосостојба и во себе да го пронајдат душевниот мир. Здравичарот Стефков порача годинава на сите да им донесе бериќет, помалку грижи и пред се добро здравје. На земјоделците им посака убав род и полни амбари, буриња со вино, на рибарите крупен улов на нашите реки и езера, на ловџиите многу дивеч, на студентите и учениците убави високи оценки и на нашата држава успех на сите полиња. Бадникарскиот кум за 2023 Мојсовски се осврна на почетоците на бадникарскиот одбор Бадникари.
Како вчера да беше кога пред точно 30 години за првпат го почувствуваме гостопримството на светите лица во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Добивме претходно благослов од г.г. Михаил кој ни го даде името Бадникари. Беше малку порано отколку што е сега и пред објектот имаше многу малку луѓе за ралзика од сега. Нашата приказна е мошне долга и интересна. Дозволете на сите да ви ја честитам новата година и да ви посакам се што е лошо да остане зад вас, поминете ги добро празничните денови, порача Мојсовски, по што следеше примопредавањето на бадникарскиот ќуп.
Традицијата на Бадникарите ја започнал скопјанецот Александар Пановски - Мац, кој во 1992 година на пазарчето Буњаковец купил гранчиња за бабичка која не можела да си ги дозволи. Следната година се собрал со пријателите и решиле да ги купат сите гранчиња и да ги делат бесплатно. Од тоа гранче се роди организација која брои над 40 членови, и која ја негува традицијата повеќе од 30 години.

The post 30 години Бадникари во Скопје, традиција почната од едно подарено гранче appeared first on Република.

]]>
Симболично сечење на бадникови гранчиња во Говрлевска Краста https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/simbolichno-sechenje-na-badnikovi-granchinja-vo-govrlevska-krasta/ Sun, 25 Dec 2022 15:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=589742

Со симболично сечење на бадникови гранчиња во месноста Говрлевска Краста на јужните падини на Водно, денеска започна годинашната прослава на Бадник, што по 31-ви пат ја организира Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“.

Првото бадниково гранче го пресекоа кумовите и здравичарот Мојсо Мојсовски и Марко Илковски-јуниор и Иве Стевков, како и ланските кумови и здравичарот, Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин.

Потоа им се придружија градоначалниците на Скопје и Центар, Данела Арсовска и Горан Герасимовски и поранешни кумови, здравичари и поканети гости.

Арсовска на сите оние кои што ги чествуваат претстојните празници им упати порака за благостостојба, здравје и среќа, а Герасимовски посака да се продолжи традицијата.

Еднаш бадникар, цел живот бадникар, рече Драган Спасов Дац, дополнувајќи „со овие луѓе добиваш не само пријатели, добиваш роднини, браќа, сестри“.

По закаструвањето на бадниковите гранчиња присутните седнаа на традиционалниот посен ручек, а кумовите и здравичарот поделија векни леб.

The post Симболично сечење на бадникови гранчиња во Говрлевска Краста appeared first on Република.

]]>

Со симболично сечење на бадникови гранчиња во месноста Говрлевска Краста на јужните падини на Водно, денеска започна годинашната прослава на Бадник, што по 31-ви пат ја организира Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“. Првото бадниково гранче го пресекоа кумовите и здравичарот Мојсо Мојсовски и Марко Илковски-јуниор и Иве Стевков, како и ланските кумови и здравичарот, Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин. Потоа им се придружија градоначалниците на Скопје и Центар, Данела Арсовска и Горан Герасимовски и поранешни кумови, здравичари и поканети гости. Арсовска на сите оние кои што ги чествуваат претстојните празници им упати порака за благостостојба, здравје и среќа, а Герасимовски посака да се продолжи традицијата.
Еднаш бадникар, цел живот бадникар, рече Драган Спасов Дац, дополнувајќи „со овие луѓе добиваш не само пријатели, добиваш роднини, браќа, сестри“.
По закаструвањето на бадниковите гранчиња присутните седнаа на традиционалниот посен ручек, а кумовите и здравичарот поделија векни леб.

The post Симболично сечење на бадникови гранчиња во Говрлевска Краста appeared first on Република.

]]>
Вандали ја запалија пораката на Бадникарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vandali-ja-zapalija-porakata-na-badnikarite/ Tue, 12 Apr 2022 08:58:56 +0000 https://republika.mk/?p=487209

Непознати сторители на јужните падини на Водно кај месноста Краста од несватливи причини ја искршиле, а потоа ја запалиле таблата на која пишуваше „Ѓубрето во планините не се чисти само! Понеси го дома”.

Скопските Бадникари беа непријатно изненадени и секако огорчени поради постапката на непознатите сторители, соопштија од Одборот за традиционална прослава на Бадник.

Причините за ваквата вандалска постапка, посочуваат од Одборот, се несфатливи и предизвикуваат гнев и неверување кај Бадникарите, кои уживаат неподелени симпатии и поддршка од своите сограѓани за скоро 30-годишната успешна активност, кои на Краста во пресрет на Божик ги берат бадниковите гранчиња и им ги делат бесплатно на скопјани на собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски” со безброј придружни манифестации кои станаа скопска традиција.

На спорната табла стоеше порака со еколошка содржина-не фрлајте отпадоци и чувајте ја околината, за која пристигнуваа пофалби и симпатии. Бадникарите се зачетници и чувари на традициите на саканиот град, хуманитарци и екологисти и не заслужуваат ваква долна и гнасна реакција на непознатите престапници! За овој вандалски чин ќе поднесеме соодветна пријава до институциите на системот до непознат сторител, информираат од Одбор за традиционална прослава на Бадник.

The post Вандали ја запалија пораката на Бадникарите appeared first on Република.

]]>

Непознати сторители на јужните падини на Водно кај месноста Краста од несватливи причини ја искршиле, а потоа ја запалиле таблата на која пишуваше „Ѓубрето во планините не се чисти само! Понеси го дома”. Скопските Бадникари беа непријатно изненадени и секако огорчени поради постапката на непознатите сторители, соопштија од Одборот за традиционална прослава на Бадник. Причините за ваквата вандалска постапка, посочуваат од Одборот, се несфатливи и предизвикуваат гнев и неверување кај Бадникарите, кои уживаат неподелени симпатии и поддршка од своите сограѓани за скоро 30-годишната успешна активност, кои на Краста во пресрет на Божик ги берат бадниковите гранчиња и им ги делат бесплатно на скопјани на собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски” со безброј придружни манифестации кои станаа скопска традиција.