Бадинтерово мнозинство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/badinterovo-mnozinstvo/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 20:44:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бадинтерово мнозинство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/badinterovo-mnozinstvo/ 32 32 Села продава магла со предлогот за Бадинтер во Уставниот суд, смета Таравари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sela-prodava-magla-so-predlogot-za-badinter-vo-ustavniot-sud-smeta-taravari/ Fri, 20 Sep 2024 20:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=818346

Продавање магла е предлогот на Зијадин Села Уставниот суд да одобрува одлуки со Бадентерово мнозинство или двојно гласање за да се избегне прегласување по етничка основа, смета Арбен Таравари.

„Јас, господине Села и господине Ахмети, не разбирам зошто сега ви текна дека треба да има бадентер во Уставниот суд. Господинот Села, како близок пријател на господинот Ахмети, имаа апсолутна, локална и централна власт веќе 22 години. Зошто не донесоа закон уредно за албанскиот јазик? Зошто не го донесоа да се гласа во Уставен суд? Сега ви текна? Да ви дадеме уште 22 години да направите такво нешто? Зошто не го направија тоа до сега? Значи, продавањето магла и филозофија е многу лесно. Имаа моќ и не направија ништо“, вели Таравари за „Алсат М“.

Одлуката на Уставниот суд за „Балансерот“ ДУИ ја оцени како директно прекршување на клучните одредби од Уставот“ и смета дека со неа „се загрозуваат темелите на нашето мултиетничко општество“.

„Со оваа одлука се нарушува правичната застапеност на Албанците во државните институции, односно нема повеќе работа за Албанците. Поради тоа, ДУИ апелира за итно преиспитување на оваа одлука, со цел да се заштити интегритетот на уставниот поредок и да се обезбеди принципот на правична и соодветна застапеност да остане ефективен и применлив во практика“, велат од ДУИ.

The post Села продава магла со предлогот за Бадинтер во Уставниот суд, смета Таравари appeared first on Република.

]]>

АА и Беса: Терминот „20%“ нè навредува, а Бадинтер нè штити https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aa-i-besa-terminot-20-ne-navreduva-a-badinter-ne-shtiti/ Sat, 22 Oct 2022 19:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=564433

Формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 отсто од населението“ e навредлива дефиниција на албанскиот јазик која мора итно да се отстрани, коментираат од Алијансата за Албанците, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска рече дека е подготвен да разговара за остранување на нормата „20 проценти“, но, исто така, и за отстранување на бадентерот и балансерот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-podgotven-sum-da-razgovaram-za-nov-dogovor-za-makedonija-so-koj-kje-ja-izbrisheme-normata-20-od-ustavot-no-i-badenter-i-balanser/

За нас е подеднакво навредливо кога јазикот на нашите сограѓани се нарекува северномакедонски или славомакедонски, а понекогаш и поинаку. Затоа, проблемот од 20 проценти г. Мицкоски и другите мора еднаш засекогаш да го сфатат како што треба, тргнувајќи од самите себе, а никако да не ја збунуваат јавноста создавајќи амалгами со Балансер, којшто во суштина е алатка за планирање на вработувања во јавниот сектор за остварување на уставната обврска за соодветна застапеност на заедниците, велат од АА.

Од таму додаваат дека Бадентер или таканареченото двојно гласање е европски стандард за одржување на мирот и стабилноста што беше воспоставен во републиките од поранешниот комунистички блок по големите трагедии како што се војните во поранешна Југославија.

Овој механизам го носи името на неговиот творец Роберт Бадентер, поранешен министер за правда и поранешен претседател на уставниот суд на Франција, или светилникот на просветителството и европската демократија. Секое прекршување на овој механизам на консоцијална демократија би било ретроградно и би донело последици кои никој од нас не би ги посакал. Ако ова двојно гласање е „проблематично“ за некого, треба да се земе предвид дека многу земји слични на нашата го имаат регулирано ова прашање со дводомен парламент, кој треба да се стави на маса доколку во иднина се отвори ваква расправа“, велат од партијата предводена од Арбен Таравари.

Инаку, реагираа и од втората албанска опозициска партија – Беса, чиј потпретседател Аријанит Хоџа на фејсбук напиша дека паралелата која Мицкоски се обидува да ја направи помеѓу терминот „20%“ и Бадентер механизмот е несоодветна.

„Терминот „20%“, е навредлив термин за јазикот на втората по големина нација во Македонија, додека Бадентеровиот механизам е политичка алатка која ги штити етничките заедници од мајоризацијата која настана против албанскиот политички фактор. Затоа, обидот да ги „пазарите“ овие две прашања во уставните промени не е ниту рационален ниту помага во тековната градење на меѓуетничката кохезија во државата“, напиша Хоџа.

The post АА и Беса: Терминот „20%“ нè навредува, а Бадинтер нè штити appeared first on Република.

]]>

Формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 отсто од населението“ e навредлива дефиниција на албанскиот јазик која мора итно да се отстрани, коментираат од Алијансата за Албанците, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска рече дека е подготвен да разговара за остранување на нормата „20 проценти“, но, исто така, и за отстранување на бадентерот и балансерот. https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-podgotven-sum-da-razgovaram-za-nov-dogovor-za-makedonija-so-koj-kje-ja-izbrisheme-normata-20-od-ustavot-no-i-badenter-i-balanser/
За нас е подеднакво навредливо кога јазикот на нашите сограѓани се нарекува северномакедонски или славомакедонски, а понекогаш и поинаку. Затоа, проблемот од 20 проценти г. Мицкоски и другите мора еднаш засекогаш да го сфатат како што треба, тргнувајќи од самите себе, а никако да не ја збунуваат јавноста создавајќи амалгами со Балансер, којшто во суштина е алатка за планирање на вработувања во јавниот сектор за остварување на уставната обврска за соодветна застапеност на заедниците, велат од АА.
Од таму додаваат дека Бадентер или таканареченото двојно гласање е европски стандард за одржување на мирот и стабилноста што беше воспоставен во републиките од поранешниот комунистички блок по големите трагедии како што се војните во поранешна Југославија.
Овој механизам го носи името на неговиот творец Роберт Бадентер, поранешен министер за правда и поранешен претседател на уставниот суд на Франција, или светилникот на просветителството и европската демократија. Секое прекршување на овој механизам на консоцијална демократија би било ретроградно и би донело последици кои никој од нас не би ги посакал. Ако ова двојно гласање е „проблематично“ за некого, треба да се земе предвид дека многу земји слични на нашата го имаат регулирано ова прашање со дводомен парламент, кој треба да се стави на маса доколку во иднина се отвори ваква расправа“, велат од партијата предводена од Арбен Таравари.
Инаку, реагираа и од втората албанска опозициска партија – Беса, чиј потпретседател Аријанит Хоџа на фејсбук напиша дека паралелата која Мицкоски се обидува да ја направи помеѓу терминот „20%“ и Бадентер механизмот е несоодветна.
„Терминот „20%“, е навредлив термин за јазикот на втората по големина нација во Македонија, додека Бадентеровиот механизам е политичка алатка која ги штити етничките заедници од мајоризацијата која настана против албанскиот политички фактор. Затоа, обидот да ги „пазарите“ овие две прашања во уставните промени не е ниту рационален ниту помага во тековната градење на меѓуетничката кохезија во државата“, напиша Хоџа.

The post АА и Беса: Терминот „20%“ нè навредува, а Бадинтер нè штити appeared first on Република.

]]>
Mицкоски: Aјде да разговараме за бришење на балансерот и на Бадинтерот, за бришење на процентите, за една изборна единица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ajde-da-razgovarame-za-brishenje-na-balanserot-i-na-badinterot-za-brishenje-na-procentite-za-edna-izborna-edinica/ Fri, 08 Apr 2022 10:03:20 +0000 https://republika.mk/?p=485237

„Подготвен сум да разговарам за се, подготвен сум да разговарам и за бришење на процентите, подготвен сум да разговарам и очекувам поддршка и од останатите политички партии за една изборна единица. Подготвен сум и да разговарам за бришење на Бадинтерот, бришење на балансерот бидејќи гледам дека одредени политички субјекти сакаат постепено да го напуштат Охридскиот рамковен договор. Тогаш ајде заеднички да создадеме општество кое што ќе го проектираме од денеска па за следните 50 години“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при одговарање на новинарско прашање при денешната посета на општина Кавадарци.

Мицкоски додаде дека познава многу луѓе кои што не сакаат и се чувствуваат навредени што се дел од некаква квота, што се дел од некакви проценти.

„Македонија ја замислувам како држава во која што ќе се напредува според компетенции, според квалитет и според знаење, а не затоа што се дел од некаков процент или некакви квоти. Затоа овие четири теми мислам дека оној период кој што беа актуелни и беа гласани и донесени некако како да го надраснаа. Сите денеска сме поискусни затоа ајде да разговараме за бришење и на балансерот и на Бадинтерот и да разговараме за бришење на процентите, да разговараме за една изборна единица подеднакво секаде да биде вреднуван гласот на гласачот, а не во изборна единица тој да биде 5-5.500, а во друга изборна единица да биде 8-8.500. ајде сите да разговараме за овие теми. Се надевам дека и останатите политички партии ја гледаат на овој начин Македонија во следните 50 години, Македонија држава за сите граѓани подеднакво каде што ќе напредуваме според нашите компетенции, според нашите вештини и според нашето знаење. А, не за тоа што сме дел од некакви квоти или некакви проценти“, рече Мицкоски.

The post Mицкоски: Aјде да разговараме за бришење на балансерот и на Бадинтерот, за бришење на процентите, за една изборна единица appeared first on Република.