Бабовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/babovski/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 12:32:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бабовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/babovski/ 32 32 Трипуновски на средба со Бабовски: АХВ да биде транспарентна и да ги засили контролите и мониторингот на храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-na-sredba-so-babovski-ahv-da-bide-transparentna-i-da-gi-zasili-kontrolite-i-monitoringot-na-hrana/ Thu, 29 Feb 2024 12:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=749635

Дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

На средбата, како што е истакнато во соопштението, се разговарало за сите отворени ситуации за кои што во минатото јавноста не била информирана.

„Сега од позиција на технички заменик министер со десетина дописи се обратив до агенцијата каде што барав расветлување на многу случаи кои што во минатото останаа неодговорени. Иако поминаа петнаесетина дена и тие дописи не беа одговорени, денеска ги поразговаравме директно со директорот Бабовски и апелирав и укажав дека одговорот и транспарентноста мора да биде на прво место во интерес на сите граѓани на Република Македонија“, изјави Трипуновски по средбата.

Според напишаното во последниов период Трипуновски изнесе неколку случаи за влез на неквалитетна и небезбедна храна во Македонија за кои ниту АХВ, ниту директорот Бабовски не дадоа целосни информации.

„Исто така ја употебив оваа прилика да упатам сериозен апел до Бабовски, до сите сектори во Агенцијата за храна и ветеринарство, во наредниов период да биде засилена контролата и мониторингот на храната бидејќи граѓаните заслужуваат безбедна и здрава храна“, додава Трипуновски.

The post Трипуновски на средба со Бабовски: АХВ да биде транспарентна и да ги засили контролите и мониторингот на храна appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.   На средбата, како што е истакнато во соопштението, се разговарало за сите отворени ситуации за кои што во минатото јавноста не била информирана. „Сега од позиција на технички заменик министер со десетина дописи се обратив до агенцијата каде што барав расветлување на многу случаи кои што во минатото останаа неодговорени. Иако поминаа петнаесетина дена и тие дописи не беа одговорени, денеска ги поразговаравме директно со директорот Бабовски и апелирав и укажав дека одговорот и транспарентноста мора да биде на прво место во интерес на сите граѓани на Република Македонија“, изјави Трипуновски по средбата. Според напишаното во последниов период Трипуновски изнесе неколку случаи за влез на неквалитетна и небезбедна храна во Македонија за кои ниту АХВ, ниту директорот Бабовски не дадоа целосни информации. „Исто така ја употебив оваа прилика да упатам сериозен апел до Бабовски, до сите сектори во Агенцијата за храна и ветеринарство, во наредниов период да биде засилена контролата и мониторингот на храната бидејќи граѓаните заслужуваат безбедна и здрава храна“, додава Трипуновски.

The post Трипуновски на средба со Бабовски: АХВ да биде транспарентна и да ги засили контролите и мониторингот на храна appeared first on Република.

]]>
Бабовски: Некој помешал микро и милиграми, нема тешки метали во доматите и краставиците https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/babovski-nekoj-pomeshal-mikro-i-miligrami-nema-teshki-metali-vo-domatite-i-krastavitsite/ Mon, 05 Jun 2023 10:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=647982

Во доматите и краставиците нема тешки метали штетни за здравјето на граѓаните, потврди уште еднаш денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Според него, резултатите од испитувањата кои ги објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ се негативни и, како што рече, не му е јасно со која цел намерно се шири паника во јавноста.

Ширењето лажна паника и тревога е кривично дело, додаде Бабовски, а дали АХВ ќе поднесе пријава за тоа, ќе се знае наредните денови.

„Негативни се сите резултати за наводни резидуи од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа при брифирањето некој некого излажал. Ако ги погледнете резултатите, некој помешал микро и милиграми. Сите се во рамки на дозволените количини. За жал, некој се декларира како демохристијан, а за време на верски празник излегува со неточни податоци – за мене е тоа нон-сенс. Ќе мора да преземеме некои активности за да се заштитат граѓаните. Нам не ни значи нечие извинување“, рече Бабовски одговарајќи на новинарски прашања.

Тој објасни дека при увоз, кога се прават контроли, ако се најдат пратки кои не се сомнителни, се ставаат под надзор.

„Право на увозникот и економскиот оператор е да побара второ мислење или супермислење. Неодамна, на пример, имавме пратка со портокали од Египет. Резултатите покажаа присуство на пестициди над дозволеното. Таа пратка е ставена под надзор“, додаде Бабовски.

The post Бабовски: Некој помешал микро и милиграми, нема тешки метали во доматите и краставиците appeared first on Република.

]]>

Во доматите и краставиците нема тешки метали штетни за здравјето на граѓаните, потврди уште еднаш денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Според него, резултатите од испитувањата кои ги објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ се негативни и, како што рече, не му е јасно со која цел намерно се шири паника во јавноста. Ширењето лажна паника и тревога е кривично дело, додаде Бабовски, а дали АХВ ќе поднесе пријава за тоа, ќе се знае наредните денови.