баби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/babi/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 11:52:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png баби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/babi/ 32 32 Ако бабите и дедовците во Шведска ги чуваат внуците, ќе им биде платено https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/ako-babite-i-dedovtsite-vo-shvedska-gi-chuvaat-vnutsite-ke-im-bide-plateno/ Wed, 03 Jul 2024 11:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=793080

Во Шведска почна да се применува нов закон што им дозволува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето.

Шведскиот парламент го одобри минатиот декември владиниот предлог за трансфер на родителски додаток. Тоа се случува 50 години откако Шведска стана прва во светот која воведе платено родителско отсуство за татковците, а не само за мајките.

Според новиот закон, родителите можат да префрлат дел од додатокот за родителско отсуство на бабата и дедото на детето.

Родителска двојка може да префрли најмногу 45 дена на други, додека самохран родител може да пренесе 90 дена, објави Шведската агенција за социјално осигурување.

Родителскиот додаток во Шведска се исплаќа за 480 дена или околу 16 месеци по дете.

Таа такса се пресметува врз основа на целосен приход за 390 дена, додека за останатите 90 дена се добива фиксен износ од 17 долари на ден.

Има и други бенефиции за родителите во Шведска – тие исто така можат да работат со скратено работно време додека детето не наполни осум години, додека државните службеници можат да добијат скратено работно време додека детето не наполни 12 години.

The post Ако бабите и дедовците во Шведска ги чуваат внуците, ќе им биде платено appeared first on Република.

]]>

Во Шведска почна да се применува нов закон што им дозволува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето. Шведскиот парламент го одобри минатиот декември владиниот предлог за трансфер на родителски додаток. Тоа се случува 50 години откако Шведска стана прва во светот која воведе платено родителско отсуство за татковците, а не само за мајките. Според новиот закон, родителите можат да префрлат дел од додатокот за родителско отсуство на бабата и дедото на детето. Родителска двојка може да префрли најмногу 45 дена на други, додека самохран родител може да пренесе 90 дена, објави Шведската агенција за социјално осигурување. Родителскиот додаток во Шведска се исплаќа за 480 дена или околу 16 месеци по дете. Таа такса се пресметува врз основа на целосен приход за 390 дена, додека за останатите 90 дена се добива фиксен износ од 17 долари на ден. Има и други бенефиции за родителите во Шведска – тие исто така можат да работат со скратено работно време додека детето не наполни осум години, додека државните службеници можат да добијат скратено работно време додека детето не наполни 12 години.  

The post Ако бабите и дедовците во Шведска ги чуваат внуците, ќе им биде платено appeared first on Република.

]]>
Со боксови и клоци претепал две баби за две илјадарки и 20 литри ракија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-boksovi-i-kloci-pretepal-dve-babi-za-dve-iljadarki-i-20-litri-rakija/ Wed, 20 Apr 2022 10:01:48 +0000 https://republika.mk/?p=491054

Основното јaвно обвинителство Велес донело наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишен велешанец, осомничен за две кривични дела „разбојништво“ од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Jавното обвинителство, јавен обвинител до судија на претходна постапка поднел предлог за определување притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и на осомниченото лице му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.​​

Осомничениот, на 6 март, дошол во куќата на 77-годишна жена и побарал од неа да му даде пари и храна. Во моментот кога оштетената го отворила паричникот и од него извадила 100 денари за да му ги даде, осомничениот три пати ја удрил со бокс во пределот на левата страна од лицето и ја турнал. Жената паднала на подот, а тој продолжил со клоци да ја удира по телото. Потоа и го одзел паричникот во кој оштетената имала уште 1.000 денари и веднаш избегал од местото на настанот, појаснуваат од Jавното обвинителство.

На 5 април пак, осомничениот отишол во куќа во центарот на Велес каде живеела сама жена на возраст од 78 години. Преку преградниот ѕид се префрлил во дворот од куќата, па по скалите се качил на терасата од вториот кат и преку прозорецот влегол во куќата. Се симнал на долниот кат каде седела оштетената и од неа побарал пари.

Откако оштетената му одговорила дека нема пари кај себе, тој ја турнал од креветот и ја удирал со клоци по телото и главата, нанесувајќи и телесни повреди. Пребарувајќи низ куќата, го пронашол паричникот на оштетената во кој имало 1.000 денари, ги одзел парите и околу 20 литри ракија кои ги пронашол во домот, па си заминал, се наведува во соопштението.

The post Со боксови и клоци претепал две баби за две илјадарки и 20 литри ракија appeared first on Република.

]]>

Основното јaвно обвинителство Велес донело наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишен велешанец, осомничен за две кривични дела „разбојништво“ од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти Jавното обвинителство, јавен обвинител до судија на претходна постапка поднел предлог за определување притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и на осомниченото лице му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.​​