Б-клетки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/b-kletki/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jan 2022 14:23:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Б-клетки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/b-kletki/ 32 32 Овие клетки делуваат кај вакцинираните кои ќе се заразат со Омикрон за да не им треба хоспитализација https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ovie-kletki-deluvaat-kaj-vakciniranite-koi-kje-se-zarazat-so-omikron-za-da-ne-im-treba-hospitalizacija/ Wed, 05 Jan 2022 14:23:33 +0000 https://republika.mk/?p=441039

Дејството на антителата кои произведуваат „мемориски Б-клетки“ на имунолошкиот систем може да биде многу значајно во случајот со омикрон варијантата на коронавирусот, дури и ако тие се ослабени, сметаат научниците.

Како што телото учи да го препознава САРС-КоВ-2, било по природна инфекција или по вакцинација, Б-клетките произведуваат свежи антитела против вирусот ако нема доволно антитела кои циркулираат во крвта што можат да го неутрализираат.

Б-лимфоцитите или Б-клетките припаѓаат на белите крвни зрнца (леукоцити) и само тие можат да произведат плазма клетки кои лачат антитела. Б-лимфоцитите и Т-лимфоцитите заедно го формираат таканаречениот „адаптивен имунолошки систем“ кој може да се прилагоди на нови или изменети патогени.

Колку подолго Б-клетките остануваат во телото, толку подобро имунолошкиот систем се бори со вирусот.

Б-лимфоцитите заедно со Т-лимфоцитите играат витална улога во одбраната на телото. Нивната главна функција е да произведуваат антитела (имуноглобулини) по активирањето и преминувањето во плазма клетки и да преминат во категоријата мемориски клетки.

Ако Б-клетките се активираат преку овие тела на туѓи антигени, тие може да се развијат во плазма или мемориски клетки кои произведуваат антитела. И колку подолго овие Б-лимфоцити остануваат во телото, толку поуспешно имунолошкиот систем може да се бори со различните варијанти на вирусот.

Приближно 5 до 15 проценти од лимфоцитите во крвта се Б-клетки, а тие се присутни и во слезината, лимфните јазли и крајниците. Нивната примарна функција е производство и лачење на антитела. Б-лимфоцитите произведуваат антитела само кога се активираат. Созревањето на Б-лимфоцитите се одвива во коскената срцевина, но нивното активирање се случува во лимфните јазли.

Во студија објавена на веб-страницата „bioRxiv“, која допрва треба да се прегледа, истражувачите ја анализираа јачината на повеќе од 300 антитела произведени од мемориските Б-клетки, добиени од вакцинирани доброволци, но и луѓе кои природно ја надминале инфекцијата со корона.

Омикрон се чини дека успеал да избегне многу голем дел од мемориските Б-клетки“, велат истражувачите, но додале дека „се чини дека сè уште е ефикасно препознаен од 30 отсто од вкупните антитела и близу 10 отсто од сите моќни неутрализирачки антитела.

Ова го заклучиле Матие Махевас и Паскал Шапер, научници од Универзитетот во Париз.

Тие веруваат дека силната способност на мемориските Б-клетки да се репродуцираат и произведуваат антитела може да ја компензира нарушената ефикасност на овие антитела за помалку од два дена.

Во комбинација со другите компоненти на имунолошкиот систем, особено со Т-клетките, ефектот на Б-клетките веројатно придонесува за објаснувањето зошто повеќето вакцинирани лица заразени со омикрон не се разболуваат доволно за да им биде потребна хоспитализација, велат француските научници.

The post Овие клетки делуваат кај вакцинираните кои ќе се заразат со Омикрон за да не им треба хоспитализација appeared first on Република.

]]>

Дејството на антителата кои произведуваат „мемориски Б-клетки“ на имунолошкиот систем може да биде многу значајно во случајот со омикрон варијантата на коронавирусот, дури и ако тие се ослабени, сметаат научниците. Како што телото учи да го препознава САРС-КоВ-2, било по природна инфекција или по вакцинација, Б-клетките произведуваат свежи антитела против вирусот ако нема доволно антитела кои циркулираат во крвта што можат да го неутрализираат. Б-лимфоцитите или Б-клетките припаѓаат на белите крвни зрнца (леукоцити) и само тие можат да произведат плазма клетки кои лачат антитела. Б-лимфоцитите и Т-лимфоцитите заедно го формираат таканаречениот „адаптивен имунолошки систем“ кој може да се прилагоди на нови или изменети патогени. Колку подолго Б-клетките остануваат во телото, толку подобро имунолошкиот систем се бори со вирусот. Б-лимфоцитите заедно со Т-лимфоцитите играат витална улога во одбраната на телото. Нивната главна функција е да произведуваат антитела (имуноглобулини) по активирањето и преминувањето во плазма клетки и да преминат во категоријата мемориски клетки. Ако Б-клетките се активираат преку овие тела на туѓи антигени, тие може да се развијат во плазма или мемориски клетки кои произведуваат антитела. И колку подолго овие Б-лимфоцити остануваат во телото, толку поуспешно имунолошкиот систем може да се бори со различните варијанти на вирусот. Приближно 5 до 15 проценти од лимфоцитите во крвта се Б-клетки, а тие се присутни и во слезината, лимфните јазли и крајниците. Нивната примарна функција е производство и лачење на антитела. Б-лимфоцитите произведуваат антитела само кога се активираат. Созревањето на Б-лимфоцитите се одвива во коскената срцевина, но нивното активирање се случува во лимфните јазли. Во студија објавена на веб-страницата „bioRxiv“, која допрва треба да се прегледа, истражувачите ја анализираа јачината на повеќе од 300 антитела произведени од мемориските Б-клетки, добиени од вакцинирани доброволци, но и луѓе кои природно ја надминале инфекцијата со корона.
Омикрон се чини дека успеал да избегне многу голем дел од мемориските Б-клетки“, велат истражувачите, но додале дека „се чини дека сè уште е ефикасно препознаен од 30 отсто од вкупните антитела и близу 10 отсто од сите моќни неутрализирачки антитела.
Ова го заклучиле Матие Махевас и Паскал Шапер, научници од Универзитетот во Париз. Тие веруваат дека силната способност на мемориските Б-клетки да се репродуцираат и произведуваат антитела може да ја компензира нарушената ефикасност на овие антитела за помалку од два дена. Во комбинација со другите компоненти на имунолошкиот систем, особено со Т-клетките, ефектот на Б-клетките веројатно придонесува за објаснувањето зошто повеќето вакцинирани лица заразени со омикрон не се разболуваат доволно за да им биде потребна хоспитализација, велат француските научници.

The post Овие клетки делуваат кај вакцинираните кои ќе се заразат со Омикрон за да не им треба хоспитализација appeared first on Република.

]]>