азовстал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/azovstal/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Feb 2023 08:59:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png азовстал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/azovstal/ 32 32 Почина командантот на Азов, во јавноста не се откриваат детали https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-komandantot-na-azov-vo-javnosta-ne-se-otkrivaat-detali/ Thu, 23 Feb 2023 08:41:13 +0000 https://republika.mk/?p=612188

Командантот на првиот баталјон на украинската единица „Азов“, Олех Мудрак почина по шест месеци во руско заробеништво и преживена експлозија во логорот Оленивка, потврди преку „Инстаграм“ неговиот братучед Данило, но не ја откри причината за смртта.

Мудрак беше ослободен од руско заробеништво во септември минатата година.

„Украинска правда“ потсетува дека Мудрак се биреше во Мариупол уште во 2014 година, а учествуваше и во жестоки борби за челичарницата „Азовстал“ по почетокот на руската воена операција во Украина. Руските сили го фатија откако украинските сили се предадоа во Азовстал, а во септември беше вратен во Украина како дел од размена на затвореници.

Веста за смртта на Мудрак на Твитер ја објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи. Заедно со изразите на сочувство, тој прикачи и фотографија на која се гледа Мудрак пред и по руското заробеништво.

The post Почина командантот на Азов, во јавноста не се откриваат детали appeared first on Република.

]]>

Командантот на првиот баталјон на украинската единица „Азов“, Олех Мудрак почина по шест месеци во руско заробеништво и преживена експлозија во логорот Оленивка, потврди преку „Инстаграм“ неговиот братучед Данило, но не ја откри причината за смртта. Мудрак беше ослободен од руско заробеништво во септември минатата година. „Украинска правда“ потсетува дека Мудрак се биреше во Мариупол уште во 2014 година, а учествуваше и во жестоки борби за челичарницата „Азовстал“ по почетокот на руската воена операција во Украина. Руските сили го фатија откако украинските сили се предадоа во Азовстал, а во септември беше вратен во Украина како дел од размена на затвореници. Веста за смртта на Мудрак на Твитер ја објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи. Заедно со изразите на сочувство, тој прикачи и фотографија на која се гледа Мудрак пред и по руското заробеништво.

The post Почина командантот на Азов, во јавноста не се откриваат детали appeared first on Република.

]]>
Ѕирнете во пеколот на „Азовстал“: Руските сили овозможија увид во подземните бункери и ходници на фабриката во Мариупол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dzirnete-vo-pekolot-na-azovstal-ruskite-sili-ovozmozija-uvid-vo-podzemnite-bunkeri-i-hodnici-na-fabrikata-vo-mariupol/ Tue, 14 Jun 2022 13:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=515087

Импровизирани кревети, спомен обележја на загинатите борци и „легла“ направени од дрвени палети откриваат речиси незамисливи услови во кои живееја украинските сили во подземните бункери на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, во источна Украина.

„Дејли мејл“ објави нови слики, фотографирани од руските сили, на кои се гледаат просториите во кои живееја неколку илјади украински војници.

Огромниот индустриски комплекс источно од пристаништето на Азовското Море беше место на едни од најинтензивните борби во Украина.

Опсадата на Мариупол, во која, според проценките, загинаа околу 6.000 Украинци и 4.000 Руси, заврши на 20 мај.

Откако руските трупи презедоа целосна контрола во фабриката за челик, начинот на кој живееја илјадници цивили и украински борци беше мистерија.

Според поранешниот командант на украинската национална гарда на Азов, десетици тела се уште се во индустрискиот комплекс.

The post Ѕирнете во пеколот на „Азовстал“: Руските сили овозможија увид во подземните бункери и ходници на фабриката во Мариупол appeared first on Република.

]]>

Импровизирани кревети, спомен обележја на загинатите борци и „легла“ направени од дрвени палети откриваат речиси незамисливи услови во кои живееја украинските сили во подземните бункери на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, во источна Украина. „Дејли мејл“ објави нови слики, фотографирани од руските сили, на кои се гледаат просториите во кои живееја неколку илјади украински војници. Огромниот индустриски комплекс источно од пристаништето на Азовското Море беше место на едни од најинтензивните борби во Украина. Опсадата на Мариупол, во која, според проценките, загинаа околу 6.000 Украинци и 4.000 Руси, заврши на 20 мај. Откако руските трупи презедоа целосна контрола во фабриката за челик, начинот на кој живееја илјадници цивили и украински борци беше мистерија. Според поранешниот командант на украинската национална гарда на Азов, десетици тела се уште се во индустрискиот комплекс.  

The post Ѕирнете во пеколот на „Азовстал“: Руските сили овозможија увид во подземните бункери и ходници на фабриката во Мариупол appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 1.000 заробеници од „Азовстал“ префрлени во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povekje-od-1-000-zarobenici-od-azovstal-prefrleni-vo-rusija/ Wed, 08 Jun 2022 07:50:11 +0000 https://republika.mk/?p=512479

Повеќе од 1.000 припадници на украинските воени форации, кои се предале во Мариупол, поради истрагата се префрлени во Русија, изјавил за ТАС С извор од полицијата.

Над 1.000 луѓе од „Азовстал“ беа префрлени во Русија. Со нив работат полициски службеници. Иследниците планираат да испратат и други затвореници во Русија во наредниот период - вели изворот.

The post Повеќе од 1.000 заробеници од „Азовстал“ префрлени во Русија appeared first on Република.

Ќе стане ли фабриката во Авдеевка новиот „Азовстал“: Од ДНР порачуваат дека во таков случај ќе ги пломбираат со бетон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kje-stane-li-fabrikata-vo-avdeevka-noviot-azovstal-od-dnr-porachuvaat-deka-vo-takov-sluchaj-kje-gi-plombiraat-so-beton/ Fri, 03 Jun 2022 19:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=510826

Kомандантот на доброволниот баталјон „Пјатнашка“ во Доњецката Народна Република, Ахра Авиџба, порача дека коксно-хемиската фабрика во градот Авдеевка би можела да стане втор „Азовстал“ за украинските екстремисти.

Тој додаде дека доколку се случи украинските сили да се скријат во индустрискиот комплекс, неговите сили нема долго да чекаат на нивното предавање.

На новинарско прашање дали екстремистите можат да се забарикадираат во комбинатот Авдејевски, тој вели:

Да, се надевам дека е така. Ќе им покажеме дека и ние сме хумани луѓе, но не премногу. Едноставно ќе ги прелиеме со бетон. Нема да ги чекаме.

Според Авиџба, на екстремистите ќе им биде даден одреден рок да се предадат.

Ако не заминат, ќе останат тамуза секогаш - порача Авиџба.

Територијата на која се наоѓа фабриката во Авдеевка е под контрола на украинските сили. Во негова близина речиси осум години минува линијата на разграничување меѓу вооружените сили на Украина и Народната милиција на Доњецката Народна Република (ДНР). Од територијата на оваа населба, украинските војници постојано ја гранатираат територијата на ДНР, која се наоѓа во близина на предградијата на Доњецк.

The post Ќе стане ли фабриката во Авдеевка новиот „Азовстал“: Од ДНР порачуваат дека во таков случај ќе ги пломбираат со бетон appeared first on Република.

]]>

Kомандантот на доброволниот баталјон „Пјатнашка“ во Доњецката Народна Република, Ахра Авиџба, порача дека коксно-хемиската фабрика во градот Авдеевка би можела да стане втор „Азовстал“ за украинските екстремисти. Тој додаде дека доколку се случи украинските сили да се скријат во индустрискиот комплекс, неговите сили нема долго да чекаат на нивното предавање. На новинарско прашање дали екстремистите можат да се забарикадираат во комбинатот Авдејевски, тој вели:
Да, се надевам дека е така. Ќе им покажеме дека и ние сме хумани луѓе, но не премногу. Едноставно ќе ги прелиеме со бетон. Нема да ги чекаме.
Според Авиџба, на екстремистите ќе им биде даден одреден рок да се предадат.
Ако не заминат, ќе останат тамуза секогаш - порача Авиџба.
Територијата на која се наоѓа фабриката во Авдеевка е под контрола на украинските сили. Во негова близина речиси осум години минува линијата на разграничување меѓу вооружените сили на Украина и Народната милиција на Доњецката Народна Република (ДНР). Од територијата на оваа населба, украинските војници постојано ја гранатираат територијата на ДНР, која се наоѓа во близина на предградијата на Доњецк.  

The post Ќе стане ли фабриката во Авдеевка новиот „Азовстал“: Од ДНР порачуваат дека во таков случај ќе ги пломбираат со бетон appeared first on Република.

]]>
Во „Азовстал“ пронајдено минирано комбе полно со тела на милитанти од „Азов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-azovstal-pronajdeno-minirano-kombe-polno-so-tela-na-militanti-od-azov/ Tue, 31 May 2022 14:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=509210

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија во подземјите простории на индустрискиот комплекс „Азовстал“ во Мариупол пронашла комбе со тела на украински милитанти, под кое имало поставено четири мини. Забележано е дека во комбето имало 152 тела.

Министерството за одбрана нагласи дека врз основа на резултатите од сослушувањето на заробените милитанти од баталјонот „Азов“, биле добиени информации дека телата на загинатите биле минирани по директна наредба на режимот во Киев и лично украинскиот лидер Володимир Зеленски, со цел да се обвини Русија за намерно уништување на смртните останки и спречување на нивното предавање на роднините.

Руското Министерство за одбрана додава дека во блиска иднина телата на украинските милитанти и војници пронајдени во „Азовстал“ ќе им бидат предадени на претставниците на Украина.

The post Во „Азовстал“ пронајдено минирано комбе полно со тела на милитанти од „Азов“ appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија во подземјите простории на индустрискиот комплекс „Азовстал“ во Мариупол пронашла комбе со тела на украински милитанти, под кое имало поставено четири мини. Забележано е дека во комбето имало 152 тела. Министерството за одбрана нагласи дека врз основа на резултатите од сослушувањето на заробените милитанти од баталјонот „Азов“, биле добиени информации дека телата на загинатите биле минирани по директна наредба на режимот во Киев и лично украинскиот лидер Володимир Зеленски, со цел да се обвини Русија за намерно уништување на смртните останки и спречување на нивното предавање на роднините. Руското Министерство за одбрана додава дека во блиска иднина телата на украинските милитанти и војници пронајдени во „Азовстал“ ќе им бидат предадени на претставниците на Украина.

The post Во „Азовстал“ пронајдено минирано комбе полно со тела на милитанти од „Азов“ appeared first on Република.

]]>
Макрон и Шолц побараа од Путин да ослободи 2.500 борци од Азовстал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-i-sholc-go-povikaa-putin-da-oslobodi-2-500-borci-od-azovstal/ Sat, 28 May 2022 16:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=508031

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц   побараа денеска   од рускиот Владимир Путин да ослободи 2.500 украински борци заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

„Претседателот на Републиката и германскиот канцелар побараа ослободување на околу 2.500 бранители на Азовстал, воени заробеници од страна на руските сили“, соопшти француското претседателство по телефонскиот разговор меѓу тројцата лидери

The post Макрон и Шолц побараа од Путин да ослободи 2.500 борци од Азовстал appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц   побараа денеска   од рускиот Владимир Путин да ослободи 2.500 украински борци заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол. „Претседателот на Републиката и германскиот канцелар побараа ослободување на околу 2.500 бранители на Азовстал, воени заробеници од страна на руските сили“, соопшти француското претседателство по телефонскиот разговор меѓу тројцата лидери  

The post Макрон и Шолц побараа од Путин да ослободи 2.500 борци од Азовстал appeared first on Република.

]]>
Милијардерот Ахметов, сопственик на „Азовстал“, ќе ја тужи Русија и ќе бара оштета од 20 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/milijarderot-ahmetov-sopstvenik-na-azovstal-kje-ja-tuzi-rusija-i-kje-bara-oshteta-od-20-milijardi-dolari/ Sat, 28 May 2022 07:21:19 +0000 https://republika.mk/?p=507755

Најбогатиот човек во Украина, Ринат Ахметов, има намера да ја тужи Русија за загуба од 17 до 20 милијарди долари, откако неговата фабрика за челик „Азовстал“ во Мариупол беше сериозно оштетена.

Дефинитивно ќе ја тужиме Русија и ќе бараме соодветна компензација за сите загуби и изгубени работни места, изјави Ахметов за украинскиот портал mrpl.city.

Како последна градска тврдина во која украинските војници пружаа отпор на руските сили, фабриката за челик „Азовстал“ со недели беше под жесток напад, за на крај борците да се предадат, а цивилите да бидат евакуирани.

Железарницата „Илич“, од холдингот SCM на Ахметов, исто така претрпе штета поради руската агресија, изјави тој за mrpl.city.

Богатството на Ахмет се проценува на 6,93 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг, но оваа година тоа е намалено за 40 отсто поради војната во Украина.

Кога започнаа борбите на 24 февруари, неговата компанија „Метинвест“, најголемиот производител на челик во земјата, објави дека нема да може да ги исполни своите договорни обврски.

Во април „Метинвест“ објави дека планира да продолжи со производство по завршувањето на војната, но дека „никогаш нема да работи под руска окупација“.

Русија минатиот петок соопшти дека имаат целосна контрола над Мариупол.

The post Милијардерот Ахметов, сопственик на „Азовстал“, ќе ја тужи Русија и ќе бара оштета од 20 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Најбогатиот човек во Украина, Ринат Ахметов, има намера да ја тужи Русија за загуба од 17 до 20 милијарди долари, откако неговата фабрика за челик „Азовстал“ во Мариупол беше сериозно оштетена.
Дефинитивно ќе ја тужиме Русија и ќе бараме соодветна компензација за сите загуби и изгубени работни места, изјави Ахметов за украинскиот портал mrpl.city.
Како последна градска тврдина во која украинските војници пружаа отпор на руските сили, фабриката за челик „Азовстал“ со недели беше под жесток напад, за на крај борците да се предадат, а цивилите да бидат евакуирани. Железарницата „Илич“, од холдингот SCM на Ахметов, исто така претрпе штета поради руската агресија, изјави тој за mrpl.city. Богатството на Ахмет се проценува на 6,93 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг, но оваа година тоа е намалено за 40 отсто поради војната во Украина. Кога започнаа борбите на 24 февруари, неговата компанија „Метинвест“, најголемиот производител на челик во земјата, објави дека нема да може да ги исполни своите договорни обврски. Во април „Метинвест“ објави дека планира да продолжи со производство по завршувањето на војната, но дека „никогаш нема да работи под руска окупација“. Русија минатиот петок соопшти дека имаат целосна контрола над Мариупол.

The post Милијардерот Ахметов, сопственик на „Азовстал“, ќе ја тужи Русија и ќе бара оштета од 20 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Басурин: Можно е да има уште украински војници во „Азовстал“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/basurin-mozno-e-da-ima-ushte-ukrainski-vojnici-vo-azovstal/ Thu, 26 May 2022 13:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=507267

Заменик-началникот на милицијата на Доњецката Народна Република, Едуард Басурин, изјави дека е можно некои припадници на украинските безбедносни сили се уште да се на територијата на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол.

Басурин не ја исклучува таквата можност поради слабата координација меѓу нивните команданти.

Некоординираноста на генералната команда во „Азовстал“ доведе до тоа секој да живее на свој начин, секој да се крие во своето ќоше, па можно е да најдеме заостанати украински војници - изјави Басурин, а пренесува Тас.

Тој додава дека „целосното чистење“ на „Азовстал“ може да трае две до три недели бидејќи се работи за голема територија.

Има места за криење - објасни Басурин.

На 20 мај руското Министерство за одбрана објави дека челичарницата „Азовстал“, која беше последната линија на одбраната на украинските сили во Мариупол, е целосно ослободена.

The post Басурин: Можно е да има уште украински војници во „Азовстал“ appeared first on Република.

]]>

Заменик-началникот на милицијата на Доњецката Народна Република, Едуард Басурин, изјави дека е можно некои припадници на украинските безбедносни сили се уште да се на територијата на фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол. Басурин не ја исклучува таквата можност поради слабата координација меѓу нивните команданти.
Некоординираноста на генералната команда во „Азовстал“ доведе до тоа секој да живее на свој начин, секој да се крие во своето ќоше, па можно е да најдеме заостанати украински војници - изјави Басурин, а пренесува Тас.
Тој додава дека „целосното чистење“ на „Азовстал“ може да трае две до три недели бидејќи се работи за голема територија.
Има места за криење - објасни Басурин.
На 20 мај руското Министерство за одбрана објави дека челичарницата „Азовстал“, која беше последната линија на одбраната на украинските сили во Мариупол, е целосно ослободена.

The post Басурин: Можно е да има уште украински војници во „Азовстал“ appeared first on Република.

]]>
Пронајдени 100 мини за два дена: Руските сили го чистат „Азовстал“ од скриени експлозивни направи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pronajdeni-100-mini-za-dva-dena-ruskite-sili-go-chistat-azovstal-od-skrieni-eksplozivni-napravi/ Wed, 25 May 2022 12:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=506732

Руската армија веќе неколку дена спроведува темелна и внимателна операција за чистење од мини во железарницата „Азовстал“ во Мариупол.

Руските војници ги чистат мините и урнатините на индустриските постројки на фабриката за челик по предавањето на повеќе од 2.000 припадници на баталјонот „Азов“.

Задачата е огромна, непријателот ги постави своите нагазни мини, поставиле и противпешадиски мини додека беа блокирани непријателот. Ни претстојат барем две недели работа.

Во последните два дена се уништени над 100 експлозивни направи. Работата продолжува -  велат службениците задолжени за спроведување на операцијата.

The post Пронајдени 100 мини за два дена: Руските сили го чистат „Азовстал“ од скриени експлозивни направи appeared first on Република.

]]>

Руската армија веќе неколку дена спроведува темелна и внимателна операција за чистење од мини во железарницата „Азовстал“ во Мариупол. Руските војници ги чистат мините и урнатините на индустриските постројки на фабриката за челик по предавањето на повеќе од 2.000 припадници на баталјонот „Азов“.
Задачата е огромна, непријателот ги постави своите нагазни мини, поставиле и противпешадиски мини додека беа блокирани непријателот. Ни претстојат барем две недели работа.   Во последните два дена се уништени над 100 експлозивни направи. Работата продолжува -  велат службениците задолжени за спроведување на операцијата.

The post Пронајдени 100 мини за два дена: Руските сили го чистат „Азовстал“ од скриени експлозивни направи appeared first on Република.

]]>
Азовстал и не е толкава победа, на Путин му треба победа во Донбас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/azovstal-i-ne-e-tolkava-pobeda-na-putin-mu-treba-pobeda-vo-donbas/ Mon, 23 May 2022 08:09:12 +0000 https://republika.mk/?p=505755

Поранешниот командант на британската армија, пензионираниот генерал Ричард Данат во интервју за „Скај њуз“ ја коментираше ситуацијата во Украина, со оценка дека рускиот претседател не постигнал многу во досегашниот тек на воената интервенција.

Тој вели дека решавачката борба во моментов се води во регионот на Донбас на истокот на Украина, додавајќи дека се интензивира борбата за градот Северодонецк.

Владимир Путин досега не постигна многу во оваа војна и затоа мошне силно чувствува дека мора да постигне некаква победа. Според неговиот ум, тоа веројатно значи целосна контрола врз регионот на Донбас, вели Данат.

Тој смета дека иако руските сили постигнуваат мал напредок, тоа нема да им донесе победа во војната“.

Зборувајќи за ситуацијата во разурнатиот град Мариупол, Данат истакнува дека падот на Мариупол бил очекуван, што значи дека „Русите сега ја постигнаа целта да создадат копнен коридор од Крим преку Мариупол до Донбас“.

The post Азовстал и не е толкава победа, на Путин му треба победа во Донбас appeared first on Република.

]]>

Поранешниот командант на британската армија, пензионираниот генерал Ричард Данат во интервју за „Скај њуз“ ја коментираше ситуацијата во Украина, со оценка дека рускиот претседател не постигнал многу во досегашниот тек на воената интервенција. Тој вели дека решавачката борба во моментов се води во регионот на Донбас на истокот на Украина, додавајќи дека се интензивира борбата за градот Северодонецк.
Владимир Путин досега не постигна многу во оваа војна и затоа мошне силно чувствува дека мора да постигне некаква победа. Според неговиот ум, тоа веројатно значи целосна контрола врз регионот на Донбас, вели Данат.
Тој смета дека иако руските сили постигнуваат мал напредок, тоа нема да им донесе победа во војната“. Зборувајќи за ситуацијата во разурнатиот град Мариупол, Данат истакнува дека падот на Мариупол бил очекуван, што значи дека „Русите сега ја постигнаа целта да создадат копнен коридор од Крим преку Мариупол до Донбас“.

The post Азовстал и не е толкава победа, на Путин му треба победа во Донбас appeared first on Република.

]]>
Се предадоа и последните украински војници од Азовстал, Русија прогласи победа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-predadoa-i-poslednite-ukrainski-vojnici-od-azovstal-rusija-proglasi-pobeda/ Sat, 21 May 2022 07:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=505072

Русија прогласи победа во својата повеќемесечна битка за освојување на украинскиот пристанишен град Мариупол.

Последните борци кои ја бранеа градската фабрика за челик Азовстал сега се предадоа, соопштија московските власти.
Со месеци трупите беа засолнати во огромниот индустриски комплекс, спречувајќи ја Русија да воспостави целосна контрола над градот.

Но, последната евакуација на војниците се случи синоќа и со тоа се означува крајот на најразорната опсада на војната, а Мариупол сега е целосно урнат.

Градот и неговата фабрика за челик сега се „целосно ослободени“ откако 531 украински војници го напуштија местото, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Подземните објекти на фабриката, каде што се криеја милитантите, потпаднаа под целосна контрола на руските вооружени сили“, се додава во соопштението.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на последните преостанати бранители на локацијата им била дадена дозвола да ја напуштат.

„Денес момчињата добија јасен сигнал од воената команда дека можат да излезат и да си ги спасат животите“, изјави тој за украинскиот телевизиски канал претходно во петокот.

Сепак, неизвесна е судбината на Азовскиот полк. Сите се пренесени на територија која е под контрола на Русија, а Киев се надева дека ќе има размена за руските воени заробеници. Но, Москва одбива да каже дали ќе ги задржи и ќе им суди како на терористи, или пак ќе се одличи на размена.

The post Се предадоа и последните украински војници од Азовстал, Русија прогласи победа appeared first on Република.

]]>

Русија прогласи победа во својата повеќемесечна битка за освојување на украинскиот пристанишен град Мариупол. Последните борци кои ја бранеа градската фабрика за челик Азовстал сега се предадоа, соопштија московските власти. Со месеци трупите беа засолнати во огромниот индустриски комплекс, спречувајќи ја Русија да воспостави целосна контрола над градот. Но, последната евакуација на војниците се случи синоќа и со тоа се означува крајот на најразорната опсада на војната, а Мариупол сега е целосно урнат. Градот и неговата фабрика за челик сега се „целосно ослободени“ откако 531 украински војници го напуштија местото, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Подземните објекти на фабриката, каде што се криеја милитантите, потпаднаа под целосна контрола на руските вооружени сили“, се додава во соопштението.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на последните преостанати бранители на локацијата им била дадена дозвола да ја напуштат.
„Денес момчињата добија јасен сигнал од воената команда дека можат да излезат и да си ги спасат животите“, изјави тој за украинскиот телевизиски канал претходно во петокот.
Сепак, неизвесна е судбината на Азовскиот полк. Сите се пренесени на територија која е под контрола на Русија, а Киев се надева дека ќе има размена за руските воени заробеници. Но, Москва одбива да каже дали ќе ги задржи и ќе им суди како на терористи, или пак ќе се одличи на размена.

The post Се предадоа и последните украински војници од Азовстал, Русија прогласи победа appeared first on Република.

]]>
Руското МO вечерва соопшти дека фабриката „Азовстал“ во Мариупол е целосно ослободена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskoto-mo-vecherva-soopshti-deka-fabrikata-azovstal-vo-mariupol-e-celosno-oslobodena/ Fri, 20 May 2022 19:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=504991

Руското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека фабриката „Азовстал“ во Мариупол е целосно ослободена.

Територијата на металуршката фабрика „Азовстал“ во Мариупол, каде група украински милитанти од нацистичката формација „Азов“ беше блокирана од 21 април годинава, е целосно ослободена, изјави вечерва портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Руските медиуми пренесоа дека министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, веќе го информирал претседателот Владимир Путин за завршувањето на операцијата и целосното ослободување на „Азовстал“ и градот Мариупол од украинските сили.

Министерот Шојгу кажа дека подземните објекти во фабриката се под контрола на руски војници.

Министерството за одбрана соопшти дека 2.439 неонацисти од „Азов“ и украински војници заглавени на територијата на фабриката го оставиле оружјето и се предале.

Последната група од 531 милитант се предала денеска.

Украинската страна се уште не одговори на веста на руското МО.

The post Руското МO вечерва соопшти дека фабриката „Азовстал“ во Мариупол е целосно ослободена appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека фабриката „Азовстал“ во Мариупол е целосно ослободена.
Територијата на металуршката фабрика „Азовстал“ во Мариупол, каде група украински милитанти од нацистичката формација „Азов“ беше блокирана од 21 април годинава, е целосно ослободена, изјави вечерва портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
Руските медиуми пренесоа дека министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, веќе го информирал претседателот Владимир Путин за завршувањето на операцијата и целосното ослободување на „Азовстал“ и градот Мариупол од украинските сили. Министерот Шојгу кажа дека подземните објекти во фабриката се под контрола на руски војници. Министерството за одбрана соопшти дека 2.439 неонацисти од „Азов“ и украински војници заглавени на територијата на фабриката го оставиле оружјето и се предале. Последната група од 531 милитант се предала денеска. Украинската страна се уште не одговори на веста на руското МО.

The post Руското МO вечерва соопшти дека фабриката „Азовстал“ во Мариупол е целосно ослободена appeared first on Република.

]]>
Командантот на Азов: Добивме наредба да престанеме да го браниме Мариупол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/komandantot-na-azov-dobivme-naredba-da-prestaneme-da-go-branime-mariupol/ Fri, 20 May 2022 13:14:04 +0000 https://republika.mk/?p=504829

Командантот на украинскиот полк Азов, Денис Прокопенко, се обрати до јавноста и рече дека во Азов добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол и да ги спасат животите на борците.

Цивилите се евакуирани, а на тешко ранетите им беше укажана потребната помош, па беа евакуирани, за подоцна да бидат разменети и да пристигнат на територијата што ја контролира Украина, објасни украинскиот командант.

Прокопенко рече дека процесот на извлекување на телата на борците кои загинаа бранејќи го „Азовстал“ сè уште е во тек и дека се надева дека „во блиска иднина роднините на жртвите и државата Украина ќе можат чесно да ги погребаат своите војници“.

The post Командантот на Азов: Добивме наредба да престанеме да го браниме Мариупол appeared first on Република.

Захарова: Борците од Азовстал се одведени во казнена колонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-borcite-od-azovstal-se-odvedeni-vo-kaznena-kolonija/ Thu, 19 May 2022 08:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=504223

Повеќе од 900 украински борци од челичарницата Азовстал во Мариупол се одведени во казнена колонија на територијата контролирана од Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа додаде дека на 17 мај се предале 959 припадници на украинската армија, од кои 51 се на лекување, додека другите се испратени во поранешната казнена колонија во градот Оленивка, во областа Доњецк, што е под контрола на Русија.

Министерството за одбрана на Украина соопшти дека се надева на „размена за да можат украинските херои да се вратат во својата татковина што е можно поскоро“.

The post Захарова: Борците од Азовстал се одведени во казнена колонија appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 900 украински борци од челичарницата Азовстал во Мариупол се одведени во казнена колонија на територијата контролирана од Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Таа додаде дека на 17 мај се предале 959 припадници на украинската армија, од кои 51 се на лекување, додека другите се испратени во поранешната казнена колонија во градот Оленивка, во областа Доњецк, што е под контрола на Русија. Министерството за одбрана на Украина соопшти дека се надева на „размена за да можат украинските херои да се вратат во својата татковина што е можно поскоро“.

The post Захарова: Борците од Азовстал се одведени во казнена колонија appeared first on Република.

]]>
Војниците од Азов однесени во руска казнена територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vojnicite-od-azov-odneseni-vo-ruska-kaznena-teritorija/ Thu, 19 May 2022 08:01:01 +0000 https://republika.mk/?p=504187

Повеќе од 900 украински борци од челичарницата Азовстал во Мариупол се одведени во казнена колонија на територијата контролирана од Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа додаде дека на 17 мај се предале 959 припадници на украинската армија, од кои 51 се на лекување, додека другите се испратени во поранешната казнена колонија во градот Оленивка, во областа Доњецк, што е под контрола на Русија.

Министерството за одбрана на Украина соопшти дека се надева на „размена за да можат украинските херои да се вратат во својата татковина што е можно поскоро

The post Војниците од Азов однесени во руска казнена територија appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 900 украински борци од челичарницата Азовстал во Мариупол се одведени во казнена колонија на територијата контролирана од Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Таа додаде дека на 17 мај се предале 959 припадници на украинската армија, од кои 51 се на лекување, додека другите се испратени во поранешната казнена колонија во градот Оленивка, во областа Доњецк, што е под контрола на Русија. Министерството за одбрана на Украина соопшти дека се надева на „размена за да можат украинските херои да се вратат во својата татковина што е можно поскоро

The post Војниците од Азов однесени во руска казнена територија appeared first on Република.

]]>
Русија: Во „Азовстал“ се предадоа околу 1.000 украински борци, меѓу нив и припадници на „Азов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-vo-azovstal-se-predadoa-okolu-1-000-ukrainski-borci-megju-niv-i-pripadnici-na-azov/ Wed, 18 May 2022 18:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=503982

Речиси 1.000 украински борци скриени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол се предале, соопшти руското Министерство за одбрана. Руското министерство соопшти дека 694 борци на украинската армија и баталјонот „Азов“ се предале во изминатите 24 часа.

Оттаму додаваат дека досега се предале вкупно 959 лица, од кои 265 ја напуштиле челичарницата при првите евакуации во понеделникот. Оние кои ќе ја напуштат фабриката се носат на територија под руска контрола. Украинските власти сè уште не ги дале најновите информации за тоа колку борци денеска ја напуштиле фабриката за челик во Мариупол.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека акцијата за спасување војници продолжува. „Нашите воени и разузнавачки претставници надгледуваат. Вклучени се највлијателните меѓународни посредници“, рече Зеленски.

Русија и Украина споменуваат договор според кој војниците можеле да ја напуштат фабриката за челик, но многу детали од договорот не се јавни. Останатите прашања се: Уште колку борци има внатре? Дали е договорена замена на заробеници и, доколку е така, под кои услови?

Кремљ соопшти дека заробениците ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди. Украина соопшти дека сака размена на затвореници.

The post Русија: Во „Азовстал“ се предадоа околу 1.000 украински борци, меѓу нив и припадници на „Азов“ appeared first on Република.

]]>

Речиси 1.000 украински борци скриени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол се предале, соопшти руското Министерство за одбрана. Руското министерство соопшти дека 694 борци на украинската армија и баталјонот „Азов“ се предале во изминатите 24 часа. Оттаму додаваат дека досега се предале вкупно 959 лица, од кои 265 ја напуштиле челичарницата при првите евакуации во понеделникот. Оние кои ќе ја напуштат фабриката се носат на територија под руска контрола. Украинските власти сè уште не ги дале најновите информации за тоа колку борци денеска ја напуштиле фабриката за челик во Мариупол. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека акцијата за спасување војници продолжува. „Нашите воени и разузнавачки претставници надгледуваат. Вклучени се највлијателните меѓународни посредници“, рече Зеленски. Русија и Украина споменуваат договор според кој војниците можеле да ја напуштат фабриката за челик, но многу детали од договорот не се јавни. Останатите прашања се: Уште колку борци има внатре? Дали е договорена замена на заробеници и, доколку е така, под кои услови? Кремљ соопшти дека заробениците ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди. Украина соопшти дека сака размена на затвореници.

The post Русија: Во „Азовстал“ се предадоа околу 1.000 украински борци, меѓу нив и припадници на „Азов“ appeared first on Република.

]]>
Се евакуираат и последните војници од Азовстал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-evakuiraat-i-poslednite-vojnici-od-azovstal/ Wed, 18 May 2022 07:28:02 +0000 https://republika.mk/?p=503647

Повеќе од 250 украински војници вчера беа евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

Тие со недели се спротивставуваа на руските напади во очајни услови. Пет автобуси војници пристигнаа во рускиот град Новоазовск, каде Москва соопшти дека ќе им пружи медицинска помош на повредените.

Седум автобуси пристигнаа во новоотворениот затвор во градот Оленивка кој е под руска контрола.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека акцијата за спасување војници продолжува.

Нашите воени и разузнавачи се набљудуваат. Во тоа се вклучени највлијателните меѓународни посредници – рече Зеленски.

Кремљ соопшти дека затворениците ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди. Украина соопшти дека сака размена на затвореници.

Заменик-амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, на Твитер објави дека нема договор.

Новинската агенција ТАСС објави дека рускиот одбор планира да испрашува украински војници - од кои многумина се членови на баталјонот Азов - како дел од она што Москва го нарекува „злосторства на украинскиот режим“, пренесуваат медиумите.

The post Се евакуираат и последните војници од Азовстал appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 250 украински војници вчера беа евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол. Тие со недели се спротивставуваа на руските напади во очајни услови. Пет автобуси војници пристигнаа во рускиот град Новоазовск, каде Москва соопшти дека ќе им пружи медицинска помош на повредените. Седум автобуси пристигнаа во новоотворениот затвор во градот Оленивка кој е под руска контрола. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека акцијата за спасување војници продолжува. Нашите воени и разузнавачи се набљудуваат. Во тоа се вклучени највлијателните меѓународни посредници – рече Зеленски. Кремљ соопшти дека затворениците ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди. Украина соопшти дека сака размена на затвореници. Заменик-амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, на Твитер објави дека нема договор. Новинската агенција ТАСС објави дека рускиот одбор планира да испрашува украински војници - од кои многумина се членови на баталјонот Азов - како дел од она што Москва го нарекува „злосторства на украинскиот режим“, пренесуваат медиумите.

The post Се евакуираат и последните војници од Азовстал appeared first on Република.

]]>
Рускиот Врховен суд ќе одлучи дали Азовскиот полк е терористичка организација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskiot-vrhoven-sud-kje-odluchi-dali-azovskiot-polk-e-teroristichka-organizacija/ Tue, 17 May 2022 19:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=503533

Русија побара од својот Врховен суд да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација.

Според руската новинска агенција Интерфакс, Министерството за правда во Москва соопштило дека судскиот случај „за прогласување на украинската паравоена националистичка група „Азов“ (други употребени имиња: баталјон „Азов“, полк „Азов“) како терористичка организација и забраната за нејзините активности на територијата на Руската Федерација е закажан за судење на 26 мај“.

Ова се случува во момент кога украински борци, од кои многумина се припадници на Азовскиот полк, се евакуирани од челичарницата Азовстал.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно одби да коментира дали бранителите на челичарницата – кои сега се во руски притвор – ќе бидат третирани како воени затвореници или како воени злосторници.

Азовскиот полк е формиран во 2014 година, веднаш откако Москва го анектираше јужниот украински полуостров Крим, за да се бори против руските сили и проруските бунтовници во источниот регион Донбас.

Некои борци од Азов првично имале врски со националистички и екстремно десничарски групи. Полкот подоцна беше вклучен во Националната гарда на Украина.

The post Рускиот Врховен суд ќе одлучи дали Азовскиот полк е терористичка организација appeared first on Република.

]]>

Русија побара од својот Врховен суд да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација. Според руската новинска агенција Интерфакс, Министерството за правда во Москва соопштило дека судскиот случај „за прогласување на украинската паравоена националистичка група „Азов“ (други употребени имиња: баталјон „Азов“, полк „Азов“) како терористичка организација и забраната за нејзините активности на територијата на Руската Федерација е закажан за судење на 26 мај“. Ова се случува во момент кога украински борци, од кои многумина се припадници на Азовскиот полк, се евакуирани од челичарницата Азовстал. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно одби да коментира дали бранителите на челичарницата – кои сега се во руски притвор – ќе бидат третирани како воени затвореници или како воени злосторници. Азовскиот полк е формиран во 2014 година, веднаш откако Москва го анектираше јужниот украински полуостров Крим, за да се бори против руските сили и проруските бунтовници во источниот регион Донбас. Некои борци од Азов првично имале врски со националистички и екстремно десничарски групи. Полкот подоцна беше вклучен во Националната гарда на Украина.

The post Рускиот Врховен суд ќе одлучи дали Азовскиот полк е терористичка организација appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Украинските војници од Азовстал ќе бидат третирани по „меѓународните закони“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kremlj-ukrainskite-vojnici-od-azovstal-kje-bidat-tretirani-po-megjunarodnite-zakoni/ Tue, 17 May 2022 13:06:13 +0000 https://republika.mk/?p=503379

Стотици украински борци од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол се однесени на територии под контрола на Русија, пренесе Би-Би-Си.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да коментира за статусот на евакуираните војници и не одговори дали украинските војници ќе бидат третирани како воени злосторници или како воени заробеници.

Путин гарантира дека тие ќе бидат третирани во согласност со релевантните меѓународни закони, рече тој, одбивајќи да даде дополнителни детали за тоа што ќе се случи со евакуираните војници.

Говорејќи во руската Државна дума (парламентот), спикерот Вјачеслав Володин рече дека евакуираните не треба да бидат предмет на размена и наместо тоа треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Повеќе од 260 борци ја напуштија челичарницата Азовстал доцна синоќа и беа однесени во околните области поддржани од про-руските бунтовници, додека 53 повредени борци беа однесени во Новоазовск, а 211 лица во Оленивка, северно од пристанишниот град, информира Би-Би-Си.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук претходно изјави дека Украина работи на следните чекори за евакуација и се надева дека ќе ги замени украинските бранители за руски воени заробеници што ги држи.

The post Кремљ: Украинските војници од Азовстал ќе бидат третирани по „меѓународните закони“ appeared first on Република.

]]>

Стотици украински борци од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол се однесени на територии под контрола на Русија, пренесе Би-Би-Си. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да коментира за статусот на евакуираните војници и не одговори дали украинските војници ќе бидат третирани како воени злосторници или како воени заробеници.
Путин гарантира дека тие ќе бидат третирани во согласност со релевантните меѓународни закони, рече тој, одбивајќи да даде дополнителни детали за тоа што ќе се случи со евакуираните војници.
Говорејќи во руската Државна дума (парламентот), спикерот Вјачеслав Володин рече дека евакуираните не треба да бидат предмет на размена и наместо тоа треба да бидат изведени пред лицето на правдата. Повеќе од 260 борци ја напуштија челичарницата Азовстал доцна синоќа и беа однесени во околните области поддржани од про-руските бунтовници, додека 53 повредени борци беа однесени во Новоазовск, а 211 лица во Оленивка, северно од пристанишниот град, информира Би-Би-Си. Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук претходно изјави дека Украина работи на следните чекори за евакуација и се надева дека ќе ги замени украинските бранители за руски воени заробеници што ги држи.

The post Кремљ: Украинските војници од Азовстал ќе бидат третирани по „меѓународните закони“ appeared first on Република.

]]>
Во тек е евакуација на последните украински борци од „Азовстал“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-tek-e-evakuacija-na-poslednite-ukrainski-borci-od-azovstal/ Tue, 17 May 2022 09:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=503259

Во тек е спасувачка операција за евакуација на последните украински борци од огромната железарница „Азовстал“, последниот бастион на отпорот против руската армија во стратешкото украинско пристаниште Мариупол.

Генералштабот на украинската армија соопшти дека војниците од „Азовстал“ ја исполниле нивната борбена задача“.

На преостанатите украинските команданти во централата им е наредено „да ги спасат животите“ на останатите.

„За жал, Украина во моментов не може да го деблокира „Азовстал“ со воени средства“, соопштија преку „Телеграм“ од украинското Министерство за одбрана

The post Во тек е евакуација на последните украински борци од „Азовстал“ appeared first on Република.

]]>

Во тек е спасувачка операција за евакуација на последните украински борци од огромната железарница „Азовстал“, последниот бастион на отпорот против руската армија во стратешкото украинско пристаниште Мариупол. Генералштабот на украинската армија соопшти дека војниците од „Азовстал“ ја исполниле нивната борбена задача“. На преостанатите украинските команданти во централата им е наредено „да ги спасат животите“ на останатите.