азил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/azil/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 10:48:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png азил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/azil/ 32 32 Белгија отфрла 96 отсто од барањата за азил согласно новите забрзани процедури https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belgija-otfrla-96-otsto-od-baranata-za-azil-soglasno-novite-zabrzani-protseduri/ Thu, 31 Oct 2024 10:48:01 +0000 https://republika.mk/?p=832729

Белгија отфрла 96 проценти од поднесените барања за азил откако во февруари беше воведена забрзана постапка за оценување на документите, јавуваат локалните медиуми.

Промените овозможуваат властите брзо да ги разгледуваат барањата за кои нема основа за подетално оценување. Се наведува дека ваквиот пристап е предвиден и во новите европски правила за миграција.

Промените кои допрва треба да се имплементираат предвидуваат забрзано разгледување на барањата поднесени од државјани на „безбедни земји“ каде нивниот живот не е загрозен.

Земјите од ЕУ имаат право сами да утврдат кои земји ги сметаат за „безбедни“.

Новото европско законодавство предвидува барањата што имаат мала веројатност за одобрување да бидат оценети во рок од 12 недели.

Белгија воведе рок од 50 работни дена за овие случаи, а засега забрзаната постапка се применува за барања од државјани на Молдавија, Албанија, Косово, Конго, Грузија и Индија.

Се истакнува дека проширувањето на обемот на забрзаната постапка во Белгија е дел од преговорите за идната федерална владина коалиција.

The post Белгија отфрла 96 отсто од барањата за азил согласно новите забрзани процедури appeared first on Република.

]]>

Белгија отфрла 96 проценти од поднесените барања за азил откако во февруари беше воведена забрзана постапка за оценување на документите, јавуваат локалните медиуми. Промените овозможуваат властите брзо да ги разгледуваат барањата за кои нема основа за подетално оценување. Се наведува дека ваквиот пристап е предвиден и во новите европски правила за миграција. Промените кои допрва треба да се имплементираат предвидуваат забрзано разгледување на барањата поднесени од државјани на „безбедни земји“ каде нивниот живот не е загрозен. Земјите од ЕУ имаат право сами да утврдат кои земји ги сметаат за „безбедни“. Новото европско законодавство предвидува барањата што имаат мала веројатност за одобрување да бидат оценети во рок од 12 недели. Белгија воведе рок од 50 работни дена за овие случаи, а засега забрзаната постапка се применува за барања од државјани на Молдавија, Албанија, Косово, Конго, Грузија и Индија. Се истакнува дека проширувањето на обемот на забрзаната постапка во Белгија е дел од преговорите за идната федерална владина коалиција.

The post Белгија отфрла 96 отсто од барањата за азил согласно новите забрзани процедури appeared first on Република.

]]>
Туск: Полска привремено ќе го суспендира првото на азил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tusk-polska-privremeno-ke-go-suspendira-prvoto-na-azil/ Sat, 12 Oct 2024 14:29:21 +0000 https://republika.mk/?p=825927

Полска планира привремено да го суспендира правото на азил како дел од стратегијата за сузбивање на илегалната миграција во услови на тензии со Белорусија, која Варшава ја обвинува за испраќање мигранти во земјата.

- Еден од елементите на миграциската стратегија ќе биде привремено територијално суспендирање на правото на азил. Ќе го барам тоа, ќе барам признавање на оваа одлука во Европа. Тоа е затоа што многу добро знаеме како ова право го користат (Александар) Лукашенко, (Владимир) Путин, шверцерите и трговците со луѓе, и како ова право на азил се користи против самото постоење на тоа право, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

Во Полска миграцијата е важна тема од 2021 година, кога голем број луѓе, главно од Блиски Исток и од Африка, почнаа илегално да влегуваат од Белорусија во Полска. За Варшава и Европската Унија кризата е предизвикана од Минск и Москва. Русија и Белорусија ги отфрлаат ваквите обвинувања.

Туск најави дека стратегијата за миграција ќе биде претставена пред Владата на 15 октомври, на првата годишнина од изборите кои ја доведоа неговата коалиција на власт. Тој од преземањето на функцијата премиер во декември 2023 година, спроведува строга политика за илегалната миграција.

Парламентот на Полска во јули усвои закон со кој на безбедносните служби им олесни да користат оружје против мигрантите на границата со Белорусија.

The post Туск: Полска привремено ќе го суспендира првото на азил appeared first on Република.

]]>

Полска планира привремено да го суспендира правото на азил како дел од стратегијата за сузбивање на илегалната миграција во услови на тензии со Белорусија, која Варшава ја обвинува за испраќање мигранти во земјата.
- Еден од елементите на миграциската стратегија ќе биде привремено територијално суспендирање на правото на азил. Ќе го барам тоа, ќе барам признавање на оваа одлука во Европа. Тоа е затоа што многу добро знаеме како ова право го користат (Александар) Лукашенко, (Владимир) Путин, шверцерите и трговците со луѓе, и како ова право на азил се користи против самото постоење на тоа право, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.
Во Полска миграцијата е важна тема од 2021 година, кога голем број луѓе, главно од Блиски Исток и од Африка, почнаа илегално да влегуваат од Белорусија во Полска. За Варшава и Европската Унија кризата е предизвикана од Минск и Москва. Русија и Белорусија ги отфрлаат ваквите обвинувања. Туск најави дека стратегијата за миграција ќе биде претставена пред Владата на 15 октомври, на првата годишнина од изборите кои ја доведоа неговата коалиција на власт. Тој од преземањето на функцијата премиер во декември 2023 година, спроведува строга политика за илегалната миграција. Парламентот на Полска во јули усвои закон со кој на безбедносните служби им олесни да користат оружје против мигрантите на границата со Белорусија.

The post Туск: Полска привремено ќе го суспендира првото на азил appeared first on Република.

]]>
Албанија и Косово водат на Балканот по бројот на баратели на азил во земјите на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/albanija-i-kosovo-vodat-na-balkanot-po-brojot-na-barateli-na-azil-vo-zemjite-na-eu/ Tue, 17 Sep 2024 06:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=816956

Во првата половина од годинава граѓаните од Албанија и Косово водат во однос на другите земји од балканскиот регион по бројот на барања за азил до Европска Унија.

Во најновиот извештај на Европската агенција за азил (ЕУАА) се наведува дека од јануари до јуни 3.778 државјани на Албанија поднеле барање за азил во земјите членки на ЕУ.

Најголем број барања за азил на граѓани од Албанија се регистрирани во Италија, Грција и Франција. Дури и бројот на барања за азил од државјани на Косово во земја од ЕУ, и во првата половина од годинава биле поднесени 3.375 барања.

Според извештајот на ЕУАА, граѓаните на Македонија поднеле 1.872 барања за азил, Србија 1.660, Босна и Херцеговина 750 и Црна Гора 182 барања.

Од податоците објавени претходно од Европската агенција за азил, чекаат да се испитаат околу 2.700 барања на граѓани од Албанија собрани во текот на изминатата година, додека стапката на признавање на азил е многу ниска за албанските државјани, не надминува три отсто од вкупниот број барања поднесени во земјите од ЕУ.

Во меѓувреме, според новообјавениот извештај на Европската агенција за статистика (Евростат), граѓаните од Албанија исто така добиле најголем број дозволи за престој во земјите на ЕУ во текот на 2023 година од балканскиот регион.

Според Евростат, 74.938 граѓани од Албанија првпат добиле дозвола за престој во земја од ЕУ во 2023 година, од нив околу 41.760 добиле дозволи од семејни причини, 13.144 од други неутврдени причини, а 2.450 за образование.

The post Албанија и Косово водат на Балканот по бројот на баратели на азил во земјите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Во првата половина од годинава граѓаните од Албанија и Косово водат во однос на другите земји од балканскиот регион по бројот на барања за азил до Европска Унија. Во најновиот извештај на Европската агенција за азил (ЕУАА) се наведува дека од јануари до јуни 3.778 државјани на Албанија поднеле барање за азил во земјите членки на ЕУ. Најголем број барања за азил на граѓани од Албанија се регистрирани во Италија, Грција и Франција. Дури и бројот на барања за азил од државјани на Косово во земја од ЕУ, и во првата половина од годинава биле поднесени 3.375 барања. Според извештајот на ЕУАА, граѓаните на Македонија поднеле 1.872 барања за азил, Србија 1.660, Босна и Херцеговина 750 и Црна Гора 182 барања. Од податоците објавени претходно од Европската агенција за азил, чекаат да се испитаат околу 2.700 барања на граѓани од Албанија собрани во текот на изминатата година, додека стапката на признавање на азил е многу ниска за албанските државјани, не надминува три отсто од вкупниот број барања поднесени во земјите од ЕУ. Во меѓувреме, според новообјавениот извештај на Европската агенција за статистика (Евростат), граѓаните од Албанија исто така добиле најголем број дозволи за престој во земјите на ЕУ во текот на 2023 година од балканскиот регион. Според Евростат, 74.938 граѓани од Албанија првпат добиле дозвола за престој во земја од ЕУ во 2023 година, од нив околу 41.760 добиле дозволи од семејни причини, 13.144 од други неутврдени причини, а 2.450 за образование.

The post Албанија и Косово водат на Балканот по бројот на баратели на азил во земјите на ЕУ appeared first on Република.

]]>
ЕУАА: Над 500.000 барања за азил во првата половина на 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/euaa-nad-500-000-barana-za-azil-vo-prvata-polovina-na-2024-godina/ Mon, 16 Sep 2024 08:25:52 +0000 https://republika.mk/?p=816700

Бројот на баратели на азил во ЕУ, Норвешка и Швајцарија е малку намален во првата половина од годината, но сепак изнесува над половина милион, покажаа денеска официјалните бројки, јави ДПА.

Од јануари до крајот на јуни, Агенцијата за азил на Европската унија со седиште во Малта (ЕУАА) забележа вкупно 513.000 нови барања, што е благ пад од 6.000 во споредба со првата половина на 2023 година.

Статистиката вклучува бројки од сите земји на ЕУ, како и Норвешка и Швајцарија, кои не се дел од унијата.

Најмногу апликации меѓу 29-те земји повторно се регистрирани во Германија: 124.000 или речиси четвртина од вкупниот број. Сепак, ЕУАА соопшти дека германските власти примиле околу 30.000 апликации помалку отколку во истиот период минатата година.

Околу 71.000 баратели на азил дојдоа од Сирија разурната од војна, што е зголемување од седум отсто во однос на претходната година. По нив следеа 45.000 Авганистанци кои побараа азил, што бележи намалување од 18 отсто. Од Венецуела 37.000 лица поднеле барање за азил, речиси сите во Шпанија. Во овие бројки не се вклучени приближно 4,5 милиони луѓе од Украина кои побарале засолниште во ЕУ и добиле привремена заштита од руската инвазија во февруари 2022 година.

Во споредбата ширум ЕУ, Шпанија се најде на второто место во апсолутна вредност во првата половина од годината со 88.000 апликации, приближно исто како и минатата година. Италија веднаш следеше на третото место со 85.000 апликации, што претставува зголемување од околу една третина.

По глава на жител најмногу пријави имала малата земја Кипар со 4.900.

Бројките од Обединетото Кралство, која повеќе не е дел од ЕУ, не се вклучени во статистиката.

На крајот на минатата година, ЕУ се согласи за сеопфатно заострување на заедничкиот систем за азил. Во иднина, луѓето со мали шанси за признавање ќе бидат подложени на забрзани процедури за враќање на надворешните граници на ЕУ.

The post ЕУАА: Над 500.000 барања за азил во првата половина на 2024 година appeared first on Република.

]]>

Бројот на баратели на азил во ЕУ, Норвешка и Швајцарија е малку намален во првата половина од годината, но сепак изнесува над половина милион, покажаа денеска официјалните бројки, јави ДПА. Од јануари до крајот на јуни, Агенцијата за азил на Европската унија со седиште во Малта (ЕУАА) забележа вкупно 513.000 нови барања, што е благ пад од 6.000 во споредба со првата половина на 2023 година. Статистиката вклучува бројки од сите земји на ЕУ, како и Норвешка и Швајцарија, кои не се дел од унијата. Најмногу апликации меѓу 29-те земји повторно се регистрирани во Германија: 124.000 или речиси четвртина од вкупниот број. Сепак, ЕУАА соопшти дека германските власти примиле околу 30.000 апликации помалку отколку во истиот период минатата година. Околу 71.000 баратели на азил дојдоа од Сирија разурната од војна, што е зголемување од седум отсто во однос на претходната година. По нив следеа 45.000 Авганистанци кои побараа азил, што бележи намалување од 18 отсто. Од Венецуела 37.000 лица поднеле барање за азил, речиси сите во Шпанија. Во овие бројки не се вклучени приближно 4,5 милиони луѓе од Украина кои побарале засолниште во ЕУ и добиле привремена заштита од руската инвазија во февруари 2022 година. Во споредбата ширум ЕУ, Шпанија се најде на второто место во апсолутна вредност во првата половина од годината со 88.000 апликации, приближно исто како и минатата година. Италија веднаш следеше на третото место со 85.000 апликации, што претставува зголемување од околу една третина. По глава на жител најмногу пријави имала малата земја Кипар со 4.900. Бројките од Обединетото Кралство, која повеќе не е дел од ЕУ, не се вклучени во статистиката. На крајот на минатата година, ЕУ се согласи за сеопфатно заострување на заедничкиот систем за азил. Во иднина, луѓето со мали шанси за признавање ќе бидат подложени на забрзани процедури за враќање на надворешните граници на ЕУ.

The post ЕУАА: Над 500.000 барања за азил во првата половина на 2024 година appeared first on Република.

]]>
Шолц бара побрза процедура за барателите на азил во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-bara-pobrza-protsedura-za-baratelite-na-azil-vo-germanija/ Mon, 08 Jul 2024 18:20:34 +0000 https://republika.mk/?p=794708

Германскиот канцелар Олаф Шолц порача дека сака да види поголема брзина во одлучувањето за барањата за азил за време на посета на Федералната канцеларија за миграција и бегалци (БАМФ) во Баварија.

Шолц вети и политички напори, на пример за подобрување на враќањето на барателите на азил како дел од таканаречената Даблинска регулатива на ниво на Европската Унија.

Мора да постигнеме промена во практиката, рече Шолц во Нирнберг и информира дека е во „постојан дијалог“ со своите колеги во неколку европски земји.

Претходно, вработените во БАМФ го изразија своето незадоволство од досегашната практика на канцеларот. Некои земји, вклучително и Италија, во моментов не прифаќаат ниту еден или само мал број бегалци, иако се обврзани да го сторат тоа според договорот од Даблин.

Според Даблинската регулатива, само една земја на ЕУ е одговорна за испитување и обработка на процедурите за азил - обично земјата на чие тло лицето кое бара заштита првпат влегло во ЕУ.

Генерално, Шолц повика на поголема брзина во обработката на барањата за азил.

Ова е клучно за да се постигне поголемо прифаќање меѓу населението, рече тој.

The post Шолц бара побрза процедура за барателите на азил во Германија appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц порача дека сака да види поголема брзина во одлучувањето за барањата за азил за време на посета на Федералната канцеларија за миграција и бегалци (БАМФ) во Баварија. Шолц вети и политички напори, на пример за подобрување на враќањето на барателите на азил како дел од таканаречената Даблинска регулатива на ниво на Европската Унија.
Мора да постигнеме промена во практиката, рече Шолц во Нирнберг и информира дека е во „постојан дијалог“ со своите колеги во неколку европски земји.
Претходно, вработените во БАМФ го изразија своето незадоволство од досегашната практика на канцеларот. Некои земји, вклучително и Италија, во моментов не прифаќаат ниту еден или само мал број бегалци, иако се обврзани да го сторат тоа според договорот од Даблин. Според Даблинската регулатива, само една земја на ЕУ е одговорна за испитување и обработка на процедурите за азил - обично земјата на чие тло лицето кое бара заштита првпат влегло во ЕУ. Генерално, Шолц повика на поголема брзина во обработката на барањата за азил.
Ова е клучно за да се постигне поголемо прифаќање меѓу населението, рече тој.

The post Шолц бара побрза процедура за барателите на азил во Германија appeared first on Република.

]]>
Албанија и Косово со најголем број баратели на азил во ЕУ од Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-i-kosovo-so-najgolem-broj-barateli-na-azil-vo-eu-od-balkanot/ Tue, 28 May 2024 11:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=782407

Албанските и косовските граѓани, во првиот квартал од годинава, ја предводат листата на баратели на азил од Западен Балкан, во земја од Европската унија, објавија албанските медиуми повикувајќи се на Гласот на Америка.

Според последниот извештај на Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA), бројот на баратели од овие две земји е многу повисок во споредба со другите соседни земји како Македонија, Србија, Босна Херцеговина и Црна Гора.

Според извештајот, во март до земјите на Европската унија биле поднесени 624 барања за азил од албански државјани, 513 од косовски, 340 од македонски, 272 од српски, 109 од БиХ и од 37 од Црна Гора.

Во февруари годинава, 744 барања за азил биле регистрирани од албански државјани во една од земјите на Европската унија, додека во јануари биле регистрирани 648 барања, или вкупно 2016 лица во првиот квартал.

-Според податоците на Агенцијата за азил на Европската унија во текот на 2023 година, вкупно 9.145 барања се поднесени од албански државјани во една од земјите на Европската унија. Најголем интерес на албанските граѓани за барања за азил, и минатата година и во првите три месеци од годинава, имало во земјите како Франција, Италија и Германија, наведуваат медиумите.

Испитаните случаи на Албанци имаат најмал број признанија за азил во земјите од Европската унија, што не надминува ни 1% од барањата.

Покрај во земјите од Европската унија, тенденција на албанските граѓани да бараат азил во текот на 2022 и 2023 година имало и во Велика Британија, каде се проценува дека чекаат на разгледување од 16 илјади до 20 илјади барања.

Во меѓувреме, годинава бројот на Албанци кои нерегуларно влегле во Англија преку каналот Ла Манш, според британските власти, е занемарлив.

The post Албанија и Косово со најголем број баратели на азил во ЕУ од Балканот appeared first on Република.

]]>

Албанските и косовските граѓани, во првиот квартал од годинава, ја предводат листата на баратели на азил од Западен Балкан, во земја од Европската унија, објавија албанските медиуми повикувајќи се на Гласот на Америка. Според последниот извештај на Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA), бројот на баратели од овие две земји е многу повисок во споредба со другите соседни земји како Македонија, Србија, Босна Херцеговина и Црна Гора. Според извештајот, во март до земјите на Европската унија биле поднесени 624 барања за азил од албански државјани, 513 од косовски, 340 од македонски, 272 од српски, 109 од БиХ и од 37 од Црна Гора. Во февруари годинава, 744 барања за азил биле регистрирани од албански државјани во една од земјите на Европската унија, додека во јануари биле регистрирани 648 барања, или вкупно 2016 лица во првиот квартал. -Според податоците на Агенцијата за азил на Европската унија во текот на 2023 година, вкупно 9.145 барања се поднесени од албански државјани во една од земјите на Европската унија. Најголем интерес на албанските граѓани за барања за азил, и минатата година и во првите три месеци од годинава, имало во земјите како Франција, Италија и Германија, наведуваат медиумите. Испитаните случаи на Албанци имаат најмал број признанија за азил во земјите од Европската унија, што не надминува ни 1% од барањата. Покрај во земјите од Европската унија, тенденција на албанските граѓани да бараат азил во текот на 2022 и 2023 година имало и во Велика Британија, каде се проценува дека чекаат на разгледување од 16 илјади до 20 илјади барања. Во меѓувреме, годинава бројот на Албанци кои нерегуларно влегле во Англија преку каналот Ла Манш, според британските власти, е занемарлив.

The post Албанија и Косово со најголем број баратели на азил во ЕУ од Балканот appeared first on Република.

]]>
Ако ви е одбиен азилот во Велика Британија за 3800 фунти можете да се преселите во Руанда https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ako-vi-e-odbien-azilot-vo-velika-britanija-za-3800-funti-mozhete-da-se-preselite-vo-ruanda/ Wed, 13 Mar 2024 08:53:01 +0000 https://republika.mk/?p=754280

На илегалните мигранти на кои им е одбиен азил во Велика Британија ќе им бидат понудени илјадници фунти доброволно да се преселат во Руанда.

Станува збор за нова шема за доброволно заминување од земјата, која ги надополнува плановите на Лондон за депортирање на мигрантите кои илегално пристигнале во земјата, јави ДПА.

Шемата е дизајнирана за доброволно отстранување на мигрантите кои немаат законско право да останат во Велика Британија, но не можат да бидат вратени во нивната матична земја. Ќе ги таргетира луѓето кои немаат доволно основи да добијат статус на бегалци и кои можат брзо да се преселат во Руанда, која владата на Велика Британија ја смета за безбедна трета земја.

Шемата е дополнување на постојната шема за доброволно враќање на мигрантите што ја води Министерството за внатрешни работи на Велика Британија, која на мигрантите им нуди финансиска помош од 3.000 фунти (3.800 американски долари) за да ја напуштат територијата на Велика Британија и да се вратат во нивната држава

The post Ако ви е одбиен азилот во Велика Британија за 3800 фунти можете да се преселите во Руанда appeared first on Република.

]]>

На илегалните мигранти на кои им е одбиен азил во Велика Британија ќе им бидат понудени илјадници фунти доброволно да се преселат во Руанда. Станува збор за нова шема за доброволно заминување од земјата, која ги надополнува плановите на Лондон за депортирање на мигрантите кои илегално пристигнале во земјата, јави ДПА. Шемата е дизајнирана за доброволно отстранување на мигрантите кои немаат законско право да останат во Велика Британија, но не можат да бидат вратени во нивната матична земја. Ќе ги таргетира луѓето кои немаат доволно основи да добијат статус на бегалци и кои можат брзо да се преселат во Руанда, која владата на Велика Британија ја смета за безбедна трета земја. Шемата е дополнување на постојната шема за доброволно враќање на мигрантите што ја води Министерството за внатрешни работи на Велика Британија, која на мигрантите им нуди финансиска помош од 3.000 фунти (3.800 американски долари) за да ја напуштат територијата на Велика Британија и да се вратат во нивната држава

The post Ако ви е одбиен азилот во Велика Британија за 3800 фунти можете да се преселите во Руанда appeared first on Република.

]]>
ЕУ во моментов преплавена со 1,14 милиона барања за азил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-vo-momentov-preplavena-so-1-14-miliona-barana-za-azil/ Wed, 28 Feb 2024 07:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=749098

Бројот на барања за азил во 2023 година е скокнат за 18 отсто, на 1,14 милиони, што е најголем број од мигрантската криза 2015/2016 година, покажаа денеска податоците на Европската агенција за азил –ЕУАА (EUAA).

Новите податоци најверојатно ќе додадат масло на веќе вжештената дебата за миграцијата и зајакнувањето на екстремната десница пред серијата локални и национални избори низ Европа и, на крајот, изборите за Европскиот парламент во јуни.

Сиријците и Авганистанците го сочинуваат најголемиот број баратели на азил, покажуваат податоците на ЕУАА. Турските државјани ја сочинуваат третата по големина група баратели на азил, кои поднеле 82 отсто повеќе барања од претходната година.

Бројот на Палестинци кои поднеле барање за азил поради војната меѓу Израел и Хамас е зголемен на рекордни 11.600. ЕУАА, меѓутоа, забележува дека е многу тешко точно да се регистрира нивниот број бидејќи повеќето земји на ЕУ не ја признаваат Палестина како држава.

The post ЕУ во моментов преплавена со 1,14 милиона барања за азил appeared first on Република.

]]>

Бројот на барања за азил во 2023 година е скокнат за 18 отсто, на 1,14 милиони, што е најголем број од мигрантската криза 2015/2016 година, покажаа денеска податоците на Европската агенција за азил –ЕУАА (EUAA). Новите податоци најверојатно ќе додадат масло на веќе вжештената дебата за миграцијата и зајакнувањето на екстремната десница пред серијата локални и национални избори низ Европа и, на крајот, изборите за Европскиот парламент во јуни. Сиријците и Авганистанците го сочинуваат најголемиот број баратели на азил, покажуваат податоците на ЕУАА. Турските државјани ја сочинуваат третата по големина група баратели на азил, кои поднеле 82 отсто повеќе барања од претходната година. Бројот на Палестинци кои поднеле барање за азил поради војната меѓу Израел и Хамас е зголемен на рекордни 11.600. ЕУАА, меѓутоа, забележува дека е многу тешко точно да се регистрира нивниот број бидејќи повеќето земји на ЕУ не ја признаваат Палестина како држава.

The post ЕУ во моментов преплавена со 1,14 милиона барања за азил appeared first on Република.

]]>
Бројот на баратели на азил во ЕУ во ноември 2023 година зголемен за околу 11 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-barateli-na-azil-vo-eu-vo-noemvri-2023-godina-zgolemen-za-okolu-11-otsto/ Tue, 20 Feb 2024 12:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=746126

Во ноември минатата година вкупно 108.950 лица кои не се државјани на ЕУ првпат поднеле барања за азил во некоја од земјите членки на Унијата, што претставува зголемување за околу 11 отсто во споредба со истиот месец во 2022 година, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат.

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, лани во ноември се поднесени и 6.375 барања од лица кои и претходно аплицирале за азил, што претставува раст на годишно ниво од три проценти.

Како и во претходните месеци, најголемиот број од барателите на азил или 23.460 потекнуваат од Сирија, по што следуваат државјаните на Турција со 12.870 апликации, Авганистанците со 7.930, Венецуелците со 6.175 и Колумбијците со 5.445 барања.

Дури 82 проценти од вкупниот број барања за азил се поднесени во пет земји членки на ЕУ - Германија, Италија, Шпанија, Франција и Грција. Најголем број или 36.495 апликации биле доставени во Германија, по што следуваат Италија со 14.160, Шпанија со 14.105, Франција со 14.070 и Грција со 10.285 барања.

Од вкупниот број апликации за азил, 3.510 биле поднесени од малолетници без придружба. Над една третина од нив или 1.230 потекнуваат од Сирија, по што следуваат 580 малолетниците без придружба од Авганистан.

The post Бројот на баратели на азил во ЕУ во ноември 2023 година зголемен за околу 11 отсто appeared first on Република.

]]>

Во ноември минатата година вкупно 108.950 лица кои не се државјани на ЕУ првпат поднеле барања за азил во некоја од земјите членки на Унијата, што претставува зголемување за околу 11 отсто во споредба со истиот месец во 2022 година, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, лани во ноември се поднесени и 6.375 барања од лица кои и претходно аплицирале за азил, што претставува раст на годишно ниво од три проценти. Како и во претходните месеци, најголемиот број од барателите на азил или 23.460 потекнуваат од Сирија, по што следуваат државјаните на Турција со 12.870 апликации, Авганистанците со 7.930, Венецуелците со 6.175 и Колумбијците со 5.445 барања. Дури 82 проценти од вкупниот број барања за азил се поднесени во пет земји членки на ЕУ - Германија, Италија, Шпанија, Франција и Грција. Најголем број или 36.495 апликации биле доставени во Германија, по што следуваат Италија со 14.160, Шпанија со 14.105, Франција со 14.070 и Грција со 10.285 барања. Од вкупниот број апликации за азил, 3.510 биле поднесени од малолетници без придружба. Над една третина од нив или 1.230 потекнуваат од Сирија, по што следуваат 580 малолетниците без придружба од Авганистан.

The post Бројот на баратели на азил во ЕУ во ноември 2023 година зголемен за околу 11 отсто appeared first on Република.

]]>
Наплив на азиланти во Германија: Дури 350.000 лица лани побарале засолниште таму https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/napliv-na-azilanti-vo-germanija-duri-350-000-litsa-lani-pobarale-zasolnishte-tamu/ Mon, 08 Jan 2024 13:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=730853

Бројот на лица кои поднеле барање за азил во Германија минатата година се искачи на 351.915, што е зголемување од 51,1 отсто во споредба со претходната година.

Најголем број баратели на азил дошле од Сирија, со 104.561 барање, потоа турските државјани со 62.624 барања за азил и 53.582 Авганистанци, соопшти во понеделникот германската Федерална канцеларија за миграција и бегалци.

Миграцијата стана огромен политички проблем за владата и жешка тема во Германија, бидејќи локалните заедници се борат да ги вдомат многуте новодојденци.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој се соочува со огромен притисок од опозицијата и од други места да го запре овој тренд, рече дека „доаѓаат премногу“.

Кон крајот на минатата година, Шолц и 16-те гувернери на покраините се согласија за нови и построги мерки за спречување на големиот број мигранти кои влегуваат во земјата, постигнувајќи компромис кој вклучуваше забрзување на процедурите за азил, ограничувања на бенефициите за барателите на азил и поголема финансиска помош од федералната влада за покраините и локалните заедници кои се занимаваат со приливот.

Германија, исто така, прими повеќе од 1 милион Украинци од почетокот на руската војна во нивната татковина.

Есента, Германија воведе привремена гранична контрола на нејзините граници со Полска, Чешка и Швајцарија, со што направи чекор подалеку од чекорот минатиот месец за зајакнување на проверките на нејзината источна граница. Германија спроведува слични систематски проверки на границата со Австрија од 2015 година.

Како дополнителна мерка за ограничување на бројот на мигранти во земјата, владата, исто така, се обидува да го олесни депортирањето на неуспешните баратели на азил и да ја зајакне казната за луѓето кои криумчарат мигранти.

Минатогодишните бројки сè уште се далеку под бројките од 2015-16 година, кога повеќе од 1 милион мигранти дојдоа во Германија, главно од Сирија, Авганистан и Ирак.

The post Наплив на азиланти во Германија: Дури 350.000 лица лани побарале засолниште таму appeared first on Република.

]]>

Бројот на лица кои поднеле барање за азил во Германија минатата година се искачи на 351.915, што е зголемување од 51,1 отсто во споредба со претходната година. Најголем број баратели на азил дошле од Сирија, со 104.561 барање, потоа турските државјани со 62.624 барања за азил и 53.582 Авганистанци, соопшти во понеделникот германската Федерална канцеларија за миграција и бегалци. Миграцијата стана огромен политички проблем за владата и жешка тема во Германија, бидејќи локалните заедници се борат да ги вдомат многуте новодојденци. Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој се соочува со огромен притисок од опозицијата и од други места да го запре овој тренд, рече дека „доаѓаат премногу“. Кон крајот на минатата година, Шолц и 16-те гувернери на покраините се согласија за нови и построги мерки за спречување на големиот број мигранти кои влегуваат во земјата, постигнувајќи компромис кој вклучуваше забрзување на процедурите за азил, ограничувања на бенефициите за барателите на азил и поголема финансиска помош од федералната влада за покраините и локалните заедници кои се занимаваат со приливот. Германија, исто така, прими повеќе од 1 милион Украинци од почетокот на руската војна во нивната татковина. Есента, Германија воведе привремена гранична контрола на нејзините граници со Полска, Чешка и Швајцарија, со што направи чекор подалеку од чекорот минатиот месец за зајакнување на проверките на нејзината источна граница. Германија спроведува слични систематски проверки на границата со Австрија од 2015 година. Како дополнителна мерка за ограничување на бројот на мигранти во земјата, владата, исто така, се обидува да го олесни депортирањето на неуспешните баратели на азил и да ја зајакне казната за луѓето кои криумчарат мигранти. Минатогодишните бројки сè уште се далеку под бројките од 2015-16 година, кога повеќе од 1 милион мигранти дојдоа во Германија, главно од Сирија, Авганистан и Ирак.

The post Наплив на азиланти во Германија: Дури 350.000 лица лани побарале засолниште таму appeared first on Република.

]]>
Најголем интерес за Германија, па Шпанија и Франција: Во јуни пораснал бројот на баратели на азил во ЕУ за 25 отсто на годишно ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najgolem-interes-za-germanija-pa-shpanija-i-frantsija-vo-juni-porasnal-brojot-na-barateli-na-azil-vo-eu-za-25-otsto-na-godishno-nivo/ Sun, 24 Sep 2023 08:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=684590

Во јуни 2023 година во земјите на ЕУ барања за азил првпат поднеле вкупно 83.385 државјани на земји што не се членки на Унијата, што претставува зголемување за 25 отсто во споредба со истиот месец лани, кога биле регистирирани 66.845 барања за меѓународна заштита, покажуваат податоците на Европската статистичка служба - Евростат.

Во исто време, биле регистирани и 5.795 апликации од лица чии барања за азил претходно биле одбиени, што претставува намалување за девет проценти  на годишно ниво од 6.365 такви баратели во јуни 2022 година.

Како и претходните месеци и во јуни, најголемиот број баратели на азил или 13.150 потекнуваат од Сирија, по што следуваат Авганистанците  со 7.775 апликации, Венецуелците со 6.925 и Колумбијците со 6.165. Меѓу оние кои првпат аплицирале за азил во ЕУ имало и 1.065 државјани на Украина.

Најмногу барања за азил биле поднесени во Германија и тоа 23.190, по што следуваат Шпанија со 16.075, Франција со 12.475 и Италија со 10.730. Во овие четири земји се поднесени 75 отсто од вкупниот број апликации за азил.

Гледано, пак, по глава на жител, на ниво на ЕУ оваа стапка изнесувала 0,186 апликации за азил на 1.000 жители. Најголема стапка на баратели на азил пер капита имало на Кипар од 0,799 апликации на 1.000 лица, пред Австрија со 0,519 барања на 1.000 жители. Од друга страна, најниска стапка има во Унгарија од само 0,0004 апликанти на 1.000 лица.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, меѓу барателите на азил во јуни 2023 година биле и 2.975 малолетници без придружба. Од нив, 980 биле од Сирија, а 910 од Авганистан.

Најголем број апликации за азил од малолетници без придружба биле поднесни во Германија – 805, по што следува Австрија со 570 и Холандија со 445 барања.

The post Најголем интерес за Германија, па Шпанија и Франција: Во јуни пораснал бројот на баратели на азил во ЕУ за 25 отсто на годишно ниво appeared first on Република.

]]>

Во јуни 2023 година во земјите на ЕУ барања за азил првпат поднеле вкупно 83.385 државјани на земји што не се членки на Унијата, што претставува зголемување за 25 отсто во споредба со истиот месец лани, кога биле регистирирани 66.845 барања за меѓународна заштита, покажуваат податоците на Европската статистичка служба - Евростат. Во исто време, биле регистирани и 5.795 апликации од лица чии барања за азил претходно биле одбиени, што претставува намалување за девет проценти  на годишно ниво од 6.365 такви баратели во јуни 2022 година. Како и претходните месеци и во јуни, најголемиот број баратели на азил или 13.150 потекнуваат од Сирија, по што следуваат Авганистанците  со 7.775 апликации, Венецуелците со 6.925 и Колумбијците со 6.165. Меѓу оние кои првпат аплицирале за азил во ЕУ имало и 1.065 државјани на Украина. Најмногу барања за азил биле поднесени во Германија и тоа 23.190, по што следуваат Шпанија со 16.075, Франција со 12.475 и Италија со 10.730. Во овие четири земји се поднесени 75 отсто од вкупниот број апликации за азил. Гледано, пак, по глава на жител, на ниво на ЕУ оваа стапка изнесувала 0,186 апликации за азил на 1.000 жители. Најголема стапка на баратели на азил пер капита имало на Кипар од 0,799 апликации на 1.000 лица, пред Австрија со 0,519 барања на 1.000 жители. Од друга страна, најниска стапка има во Унгарија од само 0,0004 апликанти на 1.000 лица. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, меѓу барателите на азил во јуни 2023 година биле и 2.975 малолетници без придружба. Од нив, 980 биле од Сирија, а 910 од Авганистан. Најголем број апликации за азил од малолетници без придружба биле поднесни во Германија – 805, по што следува Австрија со 570 и Холандија со 445 барања.

The post Најголем интерес за Германија, па Шпанија и Франција: Во јуни пораснал бројот на баратели на азил во ЕУ за 25 отсто на годишно ниво appeared first on Република.

]]>
Aлбанци најмногу бараат азил во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/albantsi-najmnogu-baraat-azil-vo-eu/ Sun, 17 Sep 2023 10:45:10 +0000 https://republika.mk/?p=682586

Во првата половина од годинава, Албанија имала најголем број баратели на азил во ЕУ во споредба со земјите од Западен Балкан, наведува весникот "Монитор".

- Статистичките податоци на Европската агенција за имиграција покажуваат дека 4779 албански граѓани  поднеле барање за азил во земјите на ЕУ. Во извештајот период барање за азил поднеле  3603 македонски,  2570 српски,  851 босански и 179 од црногорски граѓани, стои во анализата на весникот.

Се оценува дека трендот на барања за азил од Албанците и понатаму останува многу висок во споредба не само со земјите од регионот, туку и пошироко.

- Масовната миграција, условува голем недостиг на работна сила во земјата,  поради што бизнисите губат можности за проширување. Пензискиот систем е изложен на ризик поради намалувањето на работната сила што плаќа осигурување, констатира весникот

The post Aлбанци најмногу бараат азил во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Во првата половина од годинава, Албанија имала најголем број баратели на азил во ЕУ во споредба со земјите од Западен Балкан, наведува весникот "Монитор". - Статистичките податоци на Европската агенција за имиграција покажуваат дека 4779 албански граѓани  поднеле барање за азил во земјите на ЕУ. Во извештајот период барање за азил поднеле  3603 македонски,  2570 српски,  851 босански и 179 од црногорски граѓани, стои во анализата на весникот. Се оценува дека трендот на барања за азил од Албанците и понатаму останува многу висок во споредба не само со земјите од регионот, туку и пошироко. - Масовната миграција, условува голем недостиг на работна сила во земјата,  поради што бизнисите губат можности за проширување. Пензискиот систем е изложен на ризик поради намалувањето на работната сила што плаќа осигурување, констатира весникот

The post Aлбанци најмногу бараат азил во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Младите ракометари на Бурунди, кои исчезнаа во Хрватска „се појавија“ во Белгија https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/mladite-rakometari-na-burundi-koi-ischeznaa-vo-hrvatska-se-pojavija-vo-belgija/ Mon, 04 Sep 2023 08:01:59 +0000 https://republika.mk/?p=678522

Дел од ракометарите на Буринди, кои „исчезнаа“ во Хрватска на 9 август, за време на Светското кадетско првенство во ракомет, побарале азил во Белгија. За време на првенството во Риека, хрватската полиција доби пријава за исчезнување на десет млади момчиња (родени 2006 година) кои излегле од студентскиот центар во Риека, каде престојувале за време на Светското кадетско првенство во ракомет.

https://republika.mk/sport/rakomet/deset-rakometari-na-burundi-ischeznale-vo-hrvatska-za-vreme-na-sp/

Како што известија од хрватската полиција, во меѓувреме, од нивна страна биле преземени повеќе мерки и дејствија со цел пронаоѓање на лицата и утврдување на сите релевантни факти и околности за нивното исчезнување.

Преземајќи мерки и дејствија, граничното управување доби известување од белгиската миграциска служба дека десет малолетници без придружба во Белгија побарале азил. Исто така, досега е утврдено дека двајца од десет државјани на Бурунди се членови на ракометната репрезентација на Бурунди. Полицијата ја продолжува интензивната соработка со миграциската служба на Белгија со цел да се утврди идентитетот на останатите граѓани на Бурунди од таа група, со оглед на тоа што постои видлива случајност и постои голема можност останатите осум граѓани на Бурунди да се истите играчи кои доброволно ја напуштиле Хрватска илегално, а со цел да поднесат барање за азил со секундарна миграција во Белгија“, извести полицијата

The post Младите ракометари на Бурунди, кои исчезнаа во Хрватска „се појавија“ во Белгија appeared first on Република.

]]>

Дел од ракометарите на Буринди, кои „исчезнаа“ во Хрватска на 9 август, за време на Светското кадетско првенство во ракомет, побарале азил во Белгија. За време на првенството во Риека, хрватската полиција доби пријава за исчезнување на десет млади момчиња (родени 2006 година) кои излегле од студентскиот центар во Риека, каде престојувале за време на Светското кадетско првенство во ракомет. https://republika.mk/sport/rakomet/deset-rakometari-na-burundi-ischeznale-vo-hrvatska-za-vreme-na-sp/ Како што известија од хрватската полиција, во меѓувреме, од нивна страна биле преземени повеќе мерки и дејствија со цел пронаоѓање на лицата и утврдување на сите релевантни факти и околности за нивното исчезнување.
Преземајќи мерки и дејствија, граничното управување доби известување од белгиската миграциска служба дека десет малолетници без придружба во Белгија побарале азил. Исто така, досега е утврдено дека двајца од десет државјани на Бурунди се членови на ракометната репрезентација на Бурунди. Полицијата ја продолжува интензивната соработка со миграциската служба на Белгија со цел да се утврди идентитетот на останатите граѓани на Бурунди од таа група, со оглед на тоа што постои видлива случајност и постои голема можност останатите осум граѓани на Бурунди да се истите играчи кои доброволно ја напуштиле Хрватска илегално, а со цел да поднесат барање за азил со секундарна миграција во Белгија“, извести полицијата

The post Младите ракометари на Бурунди, кои исчезнаа во Хрватска „се појавија“ во Белгија appeared first on Република.

]]>
Германија ги призна Молдавија и Грузија за „безбедни земји“ за да го запре напливот од мигранти од овие држави https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-gi-prizna-moldavija-i-gruzija-za-bezbedni-zemji-za-da-go-zapre-naplivot-od-migranti-od-ovie-drzhavi/ Sat, 02 Sep 2023 19:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=677915

Германија има намера да ги признае Молдавија и Грузија како земји со безбедно потекло, со што ќе минимизира можноста за добивање политичкиот азил за нивните граѓани.

Според шефот на германското Министерство за внатрешни работи, речиси секој десетти барател на азил во Германија доаѓа од Молдавија и Грузија, но годинава биле одобрени само 0,1 отсто од барањата. Признавањето на двете држави како безбедни ќе им овозможи на Германците да ги протераат илегалните мигранти од овие земји назад во нивната татковина.

Пред некој ден, претседателката на Молдавија Маја Санду призна дека одливот на населението е еден од главните проблеми на земјата.

По распадот на СССР, околу 1 милион луѓе ја напуштиле Молдавија, со сегашно население од 2,6 милиони. Младите масовно ја напуштаат земјата, а Санду смета дека главната причина е „воспоставувањето режими“ по 1991 година, кои „тежнееле кон авторитаризам“.

Во периодот на своето владеење, пак, администрацијата на Санду само се бори со „руското влијание“ и го зголемува воениот буџет и не презема никакви мерки за справување со демографската криза, која наскоро ќе го постави прашањето за постоењето на Молдавија. Сега населението на земјата веќе падна на нивото од 1956 година.

The post Германија ги призна Молдавија и Грузија за „безбедни земји“ за да го запре напливот од мигранти од овие држави appeared first on Република.

]]>

Германија има намера да ги признае Молдавија и Грузија како земји со безбедно потекло, со што ќе минимизира можноста за добивање политичкиот азил за нивните граѓани. Според шефот на германското Министерство за внатрешни работи, речиси секој десетти барател на азил во Германија доаѓа од Молдавија и Грузија, но годинава биле одобрени само 0,1 отсто од барањата. Признавањето на двете држави како безбедни ќе им овозможи на Германците да ги протераат илегалните мигранти од овие земји назад во нивната татковина. Пред некој ден, претседателката на Молдавија Маја Санду призна дека одливот на населението е еден од главните проблеми на земјата. По распадот на СССР, околу 1 милион луѓе ја напуштиле Молдавија, со сегашно население од 2,6 милиони. Младите масовно ја напуштаат земјата, а Санду смета дека главната причина е „воспоставувањето режими“ по 1991 година, кои „тежнееле кон авторитаризам“. Во периодот на своето владеење, пак, администрацијата на Санду само се бори со „руското влијание“ и го зголемува воениот буџет и не презема никакви мерки за справување со демографската криза, која наскоро ќе го постави прашањето за постоењето на Молдавија. Сега населението на земјата веќе падна на нивото од 1956 година.

The post Германија ги призна Молдавија и Грузија за „безбедни земји“ за да го запре напливот од мигранти од овие држави appeared first on Република.

]]>
Мигрантската криза се врати: Во Германија се поголем број барања за азил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/migrantskata-kriza-se-vrati-vo-germanija-se-pogolem-broj-barana-za-azil/ Tue, 25 Jul 2023 15:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=663535

Мигрантската криза се врати, алармантно предупредува германскиот таблоид „Билд“, повикувајќи се на оценката на шефот на германскиот полициски синдикат Хaјк Тегац.

Бројот на барања за азил во Германија нагло се зголемил во 2023 година, а се очекува да биде уште поголем, соопшти Федералната канцеларија за миграција на оваа земја.

Според податоците од канцеларијата, во споредба со првата половина на 2022 година, поднесени се 77,5 отсто повеќе првични барања за азил.

Според „Билд“, полугодишниот извештај на канцеларијата покажува дека од јануари до јуни се поднесени 162.271 барање, од кои 150.166 се првични пријави.

За споредба, во првата половина од 2022 година се поднесени 84.583 апликации.

Најголем број апликации се од Авганистан (27.310 апликации, што е зголемување за 80 отсто) и Сирија (24.492, односно 77 отсто повеќе).

Посебно расте бројот на баратели на азил од Турција, ги имало 19.208, што е зголемување за 209 отсто во однос на претходната година.

„Билд“ наведува дека повеќе од две третини од регистрираните се на возраст под 30 години, а дури 71,6 отсто од барателите на азил се мажи.

The post Мигрантската криза се врати: Во Германија се поголем број барања за азил appeared first on Република.

]]>

Мигрантската криза се врати, алармантно предупредува германскиот таблоид „Билд“, повикувајќи се на оценката на шефот на германскиот полициски синдикат Хaјк Тегац. Бројот на барања за азил во Германија нагло се зголемил во 2023 година, а се очекува да биде уште поголем, соопшти Федералната канцеларија за миграција на оваа земја. Според податоците од канцеларијата, во споредба со првата половина на 2022 година, поднесени се 77,5 отсто повеќе првични барања за азил. Според „Билд“, полугодишниот извештај на канцеларијата покажува дека од јануари до јуни се поднесени 162.271 барање, од кои 150.166 се првични пријави. За споредба, во првата половина од 2022 година се поднесени 84.583 апликации. Најголем број апликации се од Авганистан (27.310 апликации, што е зголемување за 80 отсто) и Сирија (24.492, односно 77 отсто повеќе). Посебно расте бројот на баратели на азил од Турција, ги имало 19.208, што е зголемување за 209 отсто во однос на претходната година. „Билд“ наведува дека повеќе од две третини од регистрираните се на возраст под 30 години, а дури 71,6 отсто од барателите на азил се мажи.

The post Мигрантската криза се врати: Во Германија се поголем број барања за азил appeared first on Република.

]]>
Од Авганистaн, Сирија, Египет, Тунис: 24 лица лани добиле азил во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-avganistan-sirija-egipet-tunis-24-litsa-lani-dobile-azil-vo-albanija/ Sun, 16 Jul 2023 11:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=661915

Бројот на лицата баратели на азил во Албанија значително се намалил во 2022 година, по значителниот раст забележан во 2021 година, како резултат на пристигнувањето на авганистански државјани кои избегаа од војната и привремено дојдоа во Албанија, врз основа на договорот меѓу албанската и американската влада, јавија албанските медиуми.

Повикувајќи се на податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, минатата имало само 125 барања за азил, наспроти 2.533 во претходната година.

Барателите на азил со потекло од Авганистан учествуваат со 28,8 отсто од вкупниот број или 36 лица по што следуваат оние од Украина со 27 барања.

Во текот на 2022 година донесени се 24 позитивни решенија за доделување статус на дополнителна заштита на баратели на азил, од кои 10 се на државјани со авганистанско потекло, шест на државјани со египетско потекло, пет на државјани од Сирија и три случаи на државјани од Тунис, потврдува официјалната статистика.

Пред неколку години, кога бегалците од Сирија, албанската територија ја користеа како транзит, кон западно европските земји, бројот на баратели на азил само од оваа земја ја надминуваше бројката од три илјади.

The post Од Авганистaн, Сирија, Египет, Тунис: 24 лица лани добиле азил во Албанија appeared first on Република.

]]>

Бројот на лицата баратели на азил во Албанија значително се намалил во 2022 година, по значителниот раст забележан во 2021 година, како резултат на пристигнувањето на авганистански државјани кои избегаа од војната и привремено дојдоа во Албанија, врз основа на договорот меѓу албанската и американската влада, јавија албанските медиуми. Повикувајќи се на податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, минатата имало само 125 барања за азил, наспроти 2.533 во претходната година. Барателите на азил со потекло од Авганистан учествуваат со 28,8 отсто од вкупниот број или 36 лица по што следуваат оние од Украина со 27 барања.
Во текот на 2022 година донесени се 24 позитивни решенија за доделување статус на дополнителна заштита на баратели на азил, од кои 10 се на државјани со авганистанско потекло, шест на државјани со египетско потекло, пет на државјани од Сирија и три случаи на државјани од Тунис, потврдува официјалната статистика.
Пред неколку години, кога бегалците од Сирија, албанската територија ја користеа како транзит, кон западно европските земји, бројот на баратели на азил само од оваа земја ја надминуваше бројката од три илјади.

The post Од Авганистaн, Сирија, Египет, Тунис: 24 лица лани добиле азил во Албанија appeared first on Република.

]]>
Шолц во одбрана на договорот на ЕУ за азил: Да се создаде солидарен систем за распределба на бегалците во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-vo-odbrana-na-dogovorot-na-eu-za-azil-da-se-sozdade-solidaren-sistem-za-raspredelba-na-begaltsite-vo-evropa/ Sat, 10 Jun 2023 15:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=649947

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го бранеше договорот постигнат оваа недела, со кој се повикуваат земјите-членки на ЕУ да ги заострат правилата во однос на правото на азил, јави ДПА.

„Државите треба да престанат да ги обвинуваат другите и да почнат да се чувствуваат одговорни“, рече Шолц во изјавата на 38. Конгрес на Германската протестантска црква.

„Затоа договорот предвидува создавање механизам за солидарност“, додаде тој пред насобраните во конгресниот центар во градот.

Според него, „конечно“ треба да се создаде солидарен систем за распределба на бегалците во Европа.

Шолц вети побрзи процедури за азил, како и повеќе дигитализирани процеси.

„Сепак, земјите мора да бидат подготвени да се справат со враќањето на луѓето кои немаат право да останат во Европа“, додаде тој.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ во четвртокот постигнаа договор за заострување на правилата поради зголемениот број мигранти.

Договорот предвидува обработката на документите на лицата кои бараат азил да се врши во прифатните центри на надворешните граници на унијата.

The post Шолц во одбрана на договорот на ЕУ за азил: Да се создаде солидарен систем за распределба на бегалците во Европа appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го бранеше договорот постигнат оваа недела, со кој се повикуваат земјите-членки на ЕУ да ги заострат правилата во однос на правото на азил, јави ДПА.
„Државите треба да престанат да ги обвинуваат другите и да почнат да се чувствуваат одговорни“, рече Шолц во изјавата на 38. Конгрес на Германската протестантска црква. „Затоа договорот предвидува создавање механизам за солидарност“, додаде тој пред насобраните во конгресниот центар во градот.
Според него, „конечно“ треба да се создаде солидарен систем за распределба на бегалците во Европа. Шолц вети побрзи процедури за азил, како и повеќе дигитализирани процеси.
„Сепак, земјите мора да бидат подготвени да се справат со враќањето на луѓето кои немаат право да останат во Европа“, додаде тој.
Министрите за внатрешни работи на ЕУ во четвртокот постигнаа договор за заострување на правилата поради зголемениот број мигранти. Договорот предвидува обработката на документите на лицата кои бараат азил да се врши во прифатните центри на надворешните граници на унијата.

The post Шолц во одбрана на договорот на ЕУ за азил: Да се создаде солидарен систем за распределба на бегалците во Европа appeared first on Република.

]]>
Во Велика Британија минатата година азил побарале 89.000 луѓе, најмногу во последните 19 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-velika-britanija-minatata-godina-azil-pobarale-89-000-luge-najmnogu-vo-poslednite-19-godini/ Fri, 24 Feb 2023 14:09:09 +0000 https://republika.mk/?p=612810

Бројот на баратели на азил кои чекаат одлука за нивниот случај во Велика Британија се искачи на рекордно ниво, па така во 2022 година 89.000 лица поднеле барање за азил во таа земја, што е најголем број во последните 19 години.

Во моментов 166.000 луѓе чекаат одговор, а од таа бројка 110.000 чекаат одговор шест месеци и повеќе, покажуваат вчера објавените податоци на МВР, пренесе „Би-Би-Си“.

Британската Влада соопшти дека го укинува претходното барање на околу 12.000 баратели на азил да им бидат направени интервјуа „лице в лице“ и наместо тоа тие ќе пополнуваат прашалници.

На сите баратели на азил и натаму ќе им бидат извршени задолжителни безбедносни проверки, а барања на тие кои нема да го пополнат прашалникот ќе им бидат повлечени.

Најголем број баратели на азил доаѓаат од Сирија, Еритреја, Јемен, Либија и Авганистан.

The post Во Велика Британија минатата година азил побарале 89.000 луѓе, најмногу во последните 19 години appeared first on Република.

]]>

Бројот на баратели на азил кои чекаат одлука за нивниот случај во Велика Британија се искачи на рекордно ниво, па така во 2022 година 89.000 лица поднеле барање за азил во таа земја, што е најголем број во последните 19 години. Во моментов 166.000 луѓе чекаат одговор, а од таа бројка 110.000 чекаат одговор шест месеци и повеќе, покажуваат вчера објавените податоци на МВР, пренесе „Би-Би-Си“. Британската Влада соопшти дека го укинува претходното барање на околу 12.000 баратели на азил да им бидат направени интервјуа „лице в лице“ и наместо тоа тие ќе пополнуваат прашалници. На сите баратели на азил и натаму ќе им бидат извршени задолжителни безбедносни проверки, а барања на тие кои нема да го пополнат прашалникот ќе им бидат повлечени. Најголем број баратели на азил доаѓаат од Сирија, Еритреја, Јемен, Либија и Авганистан.

The post Во Велика Британија минатата година азил побарале 89.000 луѓе, најмногу во последните 19 години appeared first on Република.

]]>
ЕУ лани примила речиси милион барања за азил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-lani-primila-rechisi-milion-barana-za-azil/ Wed, 22 Feb 2023 15:19:59 +0000 https://republika.mk/?p=611999

Речиси милион луѓе побарале меѓународна заштита во Европската Унија (ЕУ) во текот на минатата година, што е најголем број барања за азил од бегалската криза во 2015 година.

Агенцијата за азил на ЕУ соопшти дека минатата година биле поднесени 966.000 барања за азил во 27 земји на ЕУ, како и во Норвешка и Швајцарија, што е за 50 отсто повеќе од 2021 година, пренесува Анадолија.

Тие барања за азил не вклучуваат повеќе од четири милиони украински бегалци кои избегаа во Европа во текот на годината, а на кои им е одобрена привремена заштита во ЕУ.

Европската агенција го поврза зголемувањето на барањата со постојаното ублажување на ограничувањата за патување поради Ковид-19, со загрозеното снабдување со храна и судирите во многу делови од светот.

Иако мнозинството баратели на азил влегуваат во ЕУ легално, главно со авион и со патни визи, некои без дозвола ги поминале и копнените и поморските граници на Унијата, главно преку Западен Балкан и Медитеранот.

По повеќе од една деценија војна и економски колапс во нивната земја, Сиријците се уште се најбројните баратели на азил во Европа со повеќе од 130 илјади барања.

По нив, со 129.000 барања, следат Авганистанците кои бегаат поради безбедносни, хуманитарни и финансиски проблеми, што следеа по преземањето на власта од Талибанците во август 2021 година.

Европската агенција не прецизираше кои земји од ЕУ добиле најмногу барања минатата година, а некои независни истражувања наведуваат дека тоа се Германија, Франција, Шпанија, Австрија и Италија.

The post ЕУ лани примила речиси милион барања за азил appeared first on Република.

]]>

Речиси милион луѓе побарале меѓународна заштита во Европската Унија (ЕУ) во текот на минатата година, што е најголем број барања за азил од бегалската криза во 2015 година. Агенцијата за азил на ЕУ соопшти дека минатата година биле поднесени 966.000 барања за азил во 27 земји на ЕУ, како и во Норвешка и Швајцарија, што е за 50 отсто повеќе од 2021 година, пренесува Анадолија. Тие барања за азил не вклучуваат повеќе од четири милиони украински бегалци кои избегаа во Европа во текот на годината, а на кои им е одобрена привремена заштита во ЕУ. Европската агенција го поврза зголемувањето на барањата со постојаното ублажување на ограничувањата за патување поради Ковид-19, со загрозеното снабдување со храна и судирите во многу делови од светот. Иако мнозинството баратели на азил влегуваат во ЕУ легално, главно со авион и со патни визи, некои без дозвола ги поминале и копнените и поморските граници на Унијата, главно преку Западен Балкан и Медитеранот. По повеќе од една деценија војна и економски колапс во нивната земја, Сиријците се уште се најбројните баратели на азил во Европа со повеќе од 130 илјади барања. По нив, со 129.000 барања, следат Авганистанците кои бегаат поради безбедносни, хуманитарни и финансиски проблеми, што следеа по преземањето на власта од Талибанците во август 2021 година. Европската агенција не прецизираше кои земји од ЕУ добиле најмногу барања минатата година, а некои независни истражувања наведуваат дека тоа се Германија, Франција, Шпанија, Австрија и Италија.

The post ЕУ лани примила речиси милион барања за азил appeared first on Република.

]]>
Тројца уапсени на насилен протест против баратели на азил во Англија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trojtsa-uapseni-na-nasilen-protest-protiv-barateli-na-azil-vo-anglija/ Sat, 11 Feb 2023 11:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=607706

Протест пред хотел во северозападна Англија, каде што се сместени странци кои бараат азил, станал насилен, по што се уапсени три лица.

Полицијата во Мерсисајд соопшти дека тие се уапсени за „инциденти поврзани со безредија“ во близина на хотел во Ноузли, недалеку од Ливерпул.

Официјални лица за спроведување на законот соопштија дека протестот почнал мирно, заедно со контрапротестот за поддршка на бегалците.

Полицијата прецизира дека нема сериозно повредени, но насилството било „целосно неприфатливо“.

Според локалниот пратеник Џорџ Хауарт, демонстрациите биле предизвикани од „наводен инцидент на социјалните мрежи“.

Жителите на Ноузли не се фанатици и ги поздравуваат луѓето кои бегаат од некои од најопасните места во светот во потрага по безбедност. Овие демонстрации против бегалците на вечерашниот протест не се репрезентативни за нашата заедница, истакна синоќа пратеникот.

Велика Британија прима помалку баратели на азил од нејзините европски соседи, вклучително и Франција и Германија, но забележа нагло зголемување на бројот на луѓе кои се обидуваат да стигнат до земјата преку Ла Манш со мали чамци.

The post Тројца уапсени на насилен протест против баратели на азил во Англија appeared first on Република.

]]>

Протест пред хотел во северозападна Англија, каде што се сместени странци кои бараат азил, станал насилен, по што се уапсени три лица. Полицијата во Мерсисајд соопшти дека тие се уапсени за „инциденти поврзани со безредија“ во близина на хотел во Ноузли, недалеку од Ливерпул. Официјални лица за спроведување на законот соопштија дека протестот почнал мирно, заедно со контрапротестот за поддршка на бегалците. Полицијата прецизира дека нема сериозно повредени, но насилството било „целосно неприфатливо“. Според локалниот пратеник Џорџ Хауарт, демонстрациите биле предизвикани од „наводен инцидент на социјалните мрежи“.
Жителите на Ноузли не се фанатици и ги поздравуваат луѓето кои бегаат од некои од најопасните места во светот во потрага по безбедност. Овие демонстрации против бегалците на вечерашниот протест не се репрезентативни за нашата заедница, истакна синоќа пратеникот.
Велика Британија прима помалку баратели на азил од нејзините европски соседи, вклучително и Франција и Германија, но забележа нагло зголемување на бројот на луѓе кои се обидуваат да стигнат до земјата преку Ла Манш со мали чамци.

The post Тројца уапсени на насилен протест против баратели на азил во Англија appeared first on Република.

]]>