Азески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/azeski/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Oct 2023 09:27:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Азески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/azeski/ 32 32 Азески: Законот за данок за солидарност го обедини бизнисот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-zakonot-za-danok-za-solidarnost-go-obedini-biznisot/ Thu, 12 Oct 2023 09:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=690421

Комората продолжува активно да работи на иницијативата за оспорување на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд на Република Македонија. Иницијативата значи обединување на целата бизниc-заедница во однос на овој закон, што е редок позитивен пример и покажува дека Клубот 100 при нашата комора правилно постапил реагирајќи на правните и процедурални пропусти во самиот закон, вели во интервју за порталот Пари, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

„Има и втора придобивка за нас, а тоа е таа дека првпат иницијатори за оспорување на законското решение кое има финансиски последици врз компаниите да се оние бизнис-субјекти врз кои Законот нема финансиско влијание. Значи, компаниите кои не се опфатени со овој закон и кои немаат обврска да го платат овој данок се иницијаторите Законот да се достави до Уставниот суд, а тоа зборува многу за улогата што ја има Комората, пред сѐ, во поврзувањето или во вмрежувањето и во застапувањето на бизнис-заедницата гледана како една целина. Бизнисот е целосно усогласен во однос на забелешките кон Законот за данок за солидарност“, нагласи Азески.

Доставата до Уставниот суд, потенцираше Азески, зависи од потребните процедури и правни механизми. Но, секако, Законот ќе се најде пред Уставниот суд.

„Ова е трет закон оваа година што ќе го оспориме на Уставен суд, што доволно зборува за тоа дека се исцрпени можностите за преговарање и за почитување на нашите аргументи. И ние во тоа не гледаме ништо необично. Ние сакаме да има дијалог, да има различни мислења. Сакам да појаснам дека Законот за данок за солидарност нема никаква врска со оспорување на солидарноста. Има врска со определени процедури и основни принципи на работа што мора да се почитуваат“.

На прашањето дали Комората ќе повика на непослушност, односно компаниите од страна на компаниите Азески нагласи дека Комората поддржува законска и легитимна процедура и дека непослушноста не е опција што ја промовира.

„Главна цел на Комората е да ги заштити интересите на своите членки и да им помогнеме во процесот на законска заштита, а таа го прави тоа. Прашањето околу Законот за данок за солидарност беше предмет на дискусија и на консултации со членките на Комората. Упативме дописи со аргументи образложени на повеќе страни, усогласени и потпишани од највисоките органи и тела на Комората, предводени од Клуб 100, а поддржани и од Управниот одбор, Надзорниот одбор, од Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и од другите бизнис-организации.Нашите очекувања се дека Уставниот суд на Република Македонија ќе биде на висина на својата улога и одлуката ќе ја донесе врз основа на законитоста и на уставните одредби“, вели Азески.

The post Азески: Законот за данок за солидарност го обедини бизнисот appeared first on Република.

]]>

Комората продолжува активно да работи на иницијативата за оспорување на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд на Република Македонија. Иницијативата значи обединување на целата бизниc-заедница во однос на овој закон, што е редок позитивен пример и покажува дека Клубот 100 при нашата комора правилно постапил реагирајќи на правните и процедурални пропусти во самиот закон, вели во интервју за порталот Пари, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески. „Има и втора придобивка за нас, а тоа е таа дека првпат иницијатори за оспорување на законското решение кое има финансиски последици врз компаниите да се оние бизнис-субјекти врз кои Законот нема финансиско влијание. Значи, компаниите кои не се опфатени со овој закон и кои немаат обврска да го платат овој данок се иницијаторите Законот да се достави до Уставниот суд, а тоа зборува многу за улогата што ја има Комората, пред сѐ, во поврзувањето или во вмрежувањето и во застапувањето на бизнис-заедницата гледана како една целина. Бизнисот е целосно усогласен во однос на забелешките кон Законот за данок за солидарност“, нагласи Азески. Доставата до Уставниот суд, потенцираше Азески, зависи од потребните процедури и правни механизми. Но, секако, Законот ќе се најде пред Уставниот суд. „Ова е трет закон оваа година што ќе го оспориме на Уставен суд, што доволно зборува за тоа дека се исцрпени можностите за преговарање и за почитување на нашите аргументи. И ние во тоа не гледаме ништо необично. Ние сакаме да има дијалог, да има различни мислења. Сакам да појаснам дека Законот за данок за солидарност нема никаква врска со оспорување на солидарноста. Има врска со определени процедури и основни принципи на работа што мора да се почитуваат“. На прашањето дали Комората ќе повика на непослушност, односно компаниите од страна на компаниите Азески нагласи дека Комората поддржува законска и легитимна процедура и дека непослушноста не е опција што ја промовира. „Главна цел на Комората е да ги заштити интересите на своите членки и да им помогнеме во процесот на законска заштита, а таа го прави тоа. Прашањето околу Законот за данок за солидарност беше предмет на дискусија и на консултации со членките на Комората. Упативме дописи со аргументи образложени на повеќе страни, усогласени и потпишани од највисоките органи и тела на Комората, предводени од Клуб 100, а поддржани и од Управниот одбор, Надзорниот одбор, од Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и од другите бизнис-организации.Нашите очекувања се дека Уставниот суд на Република Македонија ќе биде на висина на својата улога и одлуката ќе ја донесе врз основа на законитоста и на уставните одредби“, вели Азески.

The post Азески: Законот за данок за солидарност го обедини бизнисот appeared first on Република.

]]>
Азески: Најдоброто решение да се спречи иселување на младите и работна сила е подигање на животниот стандард https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-najdobroto-reshenie-da-se-sprechi-iseluvane-na-mladite-i-rabotna-sila-e-podigane-na-zhivotniot-standard/ Mon, 12 Jun 2023 13:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=650527

Бизнисот се прилагодува да не увезува странска работна сила, вели претседателот на Стопанската комора на Република Македонија, Бранко Азески, кој одговараше на прашање на МИА како во моментов бизнис секторот ќе се снајде со млада работна сила, а особено во овој период кога младите и работници заминуваат на сезонска работа во Хрватска, Словенија или други земји. Азески посочува дека ќе биде наивно да каже дека бизнисмените не ја придвиделе ваквата ситуација.

Еден од механизмите за задржување на работниците и младите е и зголемување на платите.

Мислам дека се ќе зависи понатаму во понатамошниот тек од степенот на стандардот, којшто ќе го диктира и ќе биде во државата. Затоа што пак тоа ќе го определува враќањето на таа работна сила, којашто привремено излегува од државата. На пазарот ќе има одредена варијација на цената на таа работна сила. Тоа значи дека ќе бидат пазарни механизми, вели Азески.

Забележува дека и ден денес се издаваат дозволи за странски работници, но и Азески посочува дека станува збор за многу сложена процедура. Стопанската комора има разговорано со министерствата за надворешни и врнатрешни работи, потоа со Министерството за труд и социјална политика за овој процес, како што вели, да се стави под контрола.

Мислам дека и таму администрацијата, како и секаде е проблематична и дека не се прават максимум напори тоа да се среди. Меѓутоа мислам дека така е изострен фокусот на јавноста, да не има некои изненадувања, коишто ќе доведат до некои порематувања на пазарот. Тоа значи општо кажано и она што јас сакам да го кажам во една реченица: ,,Бизнисот ќе се прилагоди да не мора да увезува толку многу работна сила, како што ние претпоставуваме и ќе го преброди, тој период, вели Азески.

Прашан дали тоа значи во наредниот период бизнис секторот ќе ги зголемува платите на работници, Азески со одговор дека дел од компаниите тоа ќе го сторат.

Да некаде повисоки плати, некаде да речам запирање на инвестиционите активности, некаде со меѓу решение. Воглавно бидете убедени дека бизнисот е добро информиран, навреме интервенира, инаку да речеме во овие услови во коишто ние живееме во регионот не би останало ништо од него, додава Азески.

Смета дека бизнис секторот се снаоѓа во вакви лоши ситуации и е оптимист дека и ова ќе го изменаџираат и се согласува дека е потребна дебата на оваа тема, со сите чинители во земјава. Според Азески најдобро е да се подигне стандардот на граѓаните во земјава и да се вратат оние коишто се иселиле или заминале на привремена работа во странство, бидејќи земјава има добар кадар, кој треба да си го искористи за своите потреби.

Претседателот на Стопанската комора на Република Македонија денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“, каде што имаше средби со извозно ориентирани компании, како и со членовите на ректорската управа.

The post Азески: Најдоброто решение да се спречи иселување на младите и работна сила е подигање на животниот стандард appeared first on Република.

]]>

Бизнисот се прилагодува да не увезува странска работна сила, вели претседателот на Стопанската комора на Република Македонија, Бранко Азески, кој одговараше на прашање на МИА како во моментов бизнис секторот ќе се снајде со млада работна сила, а особено во овој период кога младите и работници заминуваат на сезонска работа во Хрватска, Словенија или други земји. Азески посочува дека ќе биде наивно да каже дека бизнисмените не ја придвиделе ваквата ситуација. Еден од механизмите за задржување на работниците и младите е и зголемување на платите.
Мислам дека се ќе зависи понатаму во понатамошниот тек од степенот на стандардот, којшто ќе го диктира и ќе биде во државата. Затоа што пак тоа ќе го определува враќањето на таа работна сила, којашто привремено излегува од државата. На пазарот ќе има одредена варијација на цената на таа работна сила. Тоа значи дека ќе бидат пазарни механизми, вели Азески.
Забележува дека и ден денес се издаваат дозволи за странски работници, но и Азески посочува дека станува збор за многу сложена процедура. Стопанската комора има разговорано со министерствата за надворешни и врнатрешни работи, потоа со Министерството за труд и социјална политика за овој процес, како што вели, да се стави под контрола.
Мислам дека и таму администрацијата, како и секаде е проблематична и дека не се прават максимум напори тоа да се среди. Меѓутоа мислам дека така е изострен фокусот на јавноста, да не има некои изненадувања, коишто ќе доведат до некои порематувања на пазарот. Тоа значи општо кажано и она што јас сакам да го кажам во една реченица: ,,Бизнисот ќе се прилагоди да не мора да увезува толку многу работна сила, како што ние претпоставуваме и ќе го преброди, тој период, вели Азески.
Прашан дали тоа значи во наредниот период бизнис секторот ќе ги зголемува платите на работници, Азески со одговор дека дел од компаниите тоа ќе го сторат.
Да некаде повисоки плати, некаде да речам запирање на инвестиционите активности, некаде со меѓу решение. Воглавно бидете убедени дека бизнисот е добро информиран, навреме интервенира, инаку да речеме во овие услови во коишто ние живееме во регионот не би останало ништо од него, додава Азески.
Смета дека бизнис секторот се снаоѓа во вакви лоши ситуации и е оптимист дека и ова ќе го изменаџираат и се согласува дека е потребна дебата на оваа тема, со сите чинители во земјава. Според Азески најдобро е да се подигне стандардот на граѓаните во земјава и да се вратат оние коишто се иселиле или заминале на привремена работа во странство, бидејќи земјава има добар кадар, кој треба да си го искористи за своите потреби. Претседателот на Стопанската комора на Република Македонија денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“, каде што имаше средби со извозно ориентирани компании, како и со членовите на ректорската управа.

The post Азески: Најдоброто решение да се спречи иселување на младите и работна сила е подигање на животниот стандард appeared first on Република.

]]>
Азески: Извозот да стане врвен национален приоритет https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-izvozot-da-stane-vrven-natsionalen-prioritet/ Thu, 08 Jun 2023 08:36:48 +0000 https://republika.mk/?p=649089

Извозот да стане врвен национален приоритет, ќе порача денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во третото месечно обраќање што го организира оваа институција како дел од своите понови активности.

Азески, кој е и претседател на Националниот совет за извоз, ќе зборува на темата „Извоз, Извоз, Извоз!”. Негови гости ќе бидат академик Гоце Петрески, професорот од Економски факултет – Штип и претседател на Клубот на извозници при Комората Дарко Лазаров, професорот на University College London UCL Славо Радошевич, претседателот на Белгиската стопанска комора Оливер Вилокс, извршниот директор на Тиквеш АД - Кавадарци и потпретседател на Клубот на извозници при Комората Радош Вуќикевиќ, како и генералниот директор на компанијата „Актива” Штип Иле Николов.

Азески со своите гости нема да зборува за тоа што било, туку за тоа што треба да се направи во иднина, а тоа е - извозот да стане врвен национален приоритет, најавува Стопансаката комора.

The post Азески: Извозот да стане врвен национален приоритет appeared first on Република.

]]>

Извозот да стане врвен национален приоритет, ќе порача денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во третото месечно обраќање што го организира оваа институција како дел од своите понови активности. Азески, кој е и претседател на Националниот совет за извоз, ќе зборува на темата „Извоз, Извоз, Извоз!”. Негови гости ќе бидат академик Гоце Петрески, професорот од Економски факултет – Штип и претседател на Клубот на извозници при Комората Дарко Лазаров, професорот на University College London UCL Славо Радошевич, претседателот на Белгиската стопанска комора Оливер Вилокс, извршниот директор на Тиквеш АД - Кавадарци и потпретседател на Клубот на извозници при Комората Радош Вуќикевиќ, како и генералниот директор на компанијата „Актива” Штип Иле Николов.
Азески со своите гости нема да зборува за тоа што било, туку за тоа што треба да се направи во иднина, а тоа е - извозот да стане врвен национален приоритет, најавува Стопансаката комора.

The post Азески: Извозот да стане врвен национален приоритет appeared first on Република.

]]>
Азески на средба со премиерот за цената на струјата, ако Владата не помогне ќе има затворања на компании и отпуштања https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-na-sredba-so-premierot-za-cenata-na-strujata-ako-vladata-ne-pomogne-kje-ima-zatvoranja-na-kompanii-i-otpushtanja/ Thu, 21 Jul 2022 11:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=531784

Ако Владата не му помогне на бизнисот кој е соочен со енормни сметки за струја, ќе има намалување на производството, затворања на капацитетите и отпуштања на вработени, предупреди денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Азески соопшти дека вечерва претставници од Комората ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Во Комората во овој момент 1 000 отсто ќе се третира само едно прашање – цената на струјата. Ако Владата не интервенира и не помогне во оваа ситуација, нема друго решение освен да затвораме. Се надеваме дека нема да дојде до тоа, сите ги знаеме проблемите кои се трупаат 30 години и со тоа ниско држење и субвенционирање на цената на струјата сега изгледа огромно тоа покачување во ваква ситуација. Тоа е прв и основен проблем на компаниите и има најава од неколку компании дека ќе почнат да размислуваат за намалување или за затворање на производството и отпуштање на вработените, изјави Азески пред посетата на компанијата „Костал Македонија“ во Охрид заедно со останатите членови на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ).

Тој потсети дека Комората веќе побарала помош од Владата.

Побаравме енергично Владата да помогне и да се произнесе по ова прашање. Вечерва имаме средба со премиерот, а вчера е формирана меѓуресорска комисија која наредните десет дена треба да го подготви предлогот врз основа на предлози што ги даде Комората, да оцени дали се прифатливи или не, а потоа средба со премиерот веројатно ќе одржи за десетина дена, истакна Азески.

Според него, искуствата од регионот покажуваат дека во сите шест држави компаниите се во поповолна позиција зашто имаат субвенционирана струја, односно струја со определна цена која е директно од сопственото производство.

Ние сме на слободниот пазар и плаќаме огромни суми кои се движат и до 350 евра, а при комплицирана ситуација на прекин на рускиот гас во Европа, може да дојде до уште двојно поголемо зголемување на цените, рече Азески.

The post Азески на средба со премиерот за цената на струјата, ако Владата не помогне ќе има затворања на компании и отпуштања appeared first on Република.

]]>

Ако Владата не му помогне на бизнисот кој е соочен со енормни сметки за струја, ќе има намалување на производството, затворања на капацитетите и отпуштања на вработени, предупреди денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески. Азески соопшти дека вечерва претставници од Комората ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски.
Во Комората во овој момент 1 000 отсто ќе се третира само едно прашање – цената на струјата. Ако Владата не интервенира и не помогне во оваа ситуација, нема друго решение освен да затвораме. Се надеваме дека нема да дојде до тоа, сите ги знаеме проблемите кои се трупаат 30 години и со тоа ниско држење и субвенционирање на цената на струјата сега изгледа огромно тоа покачување во ваква ситуација. Тоа е прв и основен проблем на компаниите и има најава од неколку компании дека ќе почнат да размислуваат за намалување или за затворање на производството и отпуштање на вработените, изјави Азески пред посетата на компанијата „Костал Македонија“ во Охрид заедно со останатите членови на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ).
Тој потсети дека Комората веќе побарала помош од Владата.
Побаравме енергично Владата да помогне и да се произнесе по ова прашање. Вечерва имаме средба со премиерот, а вчера е формирана меѓуресорска комисија која наредните десет дена треба да го подготви предлогот врз основа на предлози што ги даде Комората, да оцени дали се прифатливи или не, а потоа средба со премиерот веројатно ќе одржи за десетина дена, истакна Азески.
Според него, искуствата од регионот покажуваат дека во сите шест држави компаниите се во поповолна позиција зашто имаат субвенционирана струја, односно струја со определна цена која е директно од сопственото производство.
Ние сме на слободниот пазар и плаќаме огромни суми кои се движат и до 350 евра, а при комплицирана ситуација на прекин на рускиот гас во Европа, може да дојде до уште двојно поголемо зголемување на цените, рече Азески.

The post Азески на средба со премиерот за цената на струјата, ако Владата не помогне ќе има затворања на компании и отпуштања appeared first on Република.

]]>
Азески: Недела-неработен ден нема да има ефекти и бргу ќе биде повлечено https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-nedela-neraboten-den-nema-da-ima-efekti-i-brgu-kje-bide-povlecheno/ Sun, 02 Jan 2022 19:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=439717

Мислам дека нема да придонесе. Бргу после ова ќе се види дека нема ефекти и ќе биде повлечено, истакнува Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија во дел од интервју за Гласот на Америка, при одговор на прашање за ставот на Стопанската комора прогласувањето на денот недела за неработен ден.

Не може сега, во Охрид, чаршијата да не работи во недела. Туристи во зима не доаѓаат во Охрид во вторник, туку во недела.. Mислам дека нема да придонесе. Бргу после ова ќе се види дека нема ефекти и ќе биде повлечено, вели претседателот на Стопанската комора во интервју за Гласот на Америка.

Целиот текст овде.

The post Азески: Недела-неработен ден нема да има ефекти и бргу ќе биде повлечено appeared first on Република.