Азејбејџан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/azejbejdhan/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Sep 2023 19:10:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Азејбејџан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/azejbejdhan/ 32 32 Турција ги повика Ерменија и Азербејџан да се вратат на преговарачка маса https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turtsija-gi-povika-ermenija-i-azerbejdhan-da-se-vratat-na-pregovarachka-masa/ Tue, 19 Sep 2023 19:10:00 +0000 https://republika.mk/?p=683283

Турција, сојузник на Азербејџан, денеска ја оцени како легитимна „загриженоста“ на земјата што доведе до нејзината воена операција во Нагорно-Карабах, но ги повика и Азербејџан и Ерменија да се вратат на преговарачка маса.

– Азербејџан беше принуден да преземе мерки што смета дека се неопходни на сопствената суверена територија, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Се додава дека Азербејџан има „легитимна загриженост“ за ситуацијата во Нагорно-Карабах по конфликтот кон крајот на 2020 година.

Иако Турција ги осуди ерменските „провокации“, властите во Анкара повикаа на продолжување на преговарачкиот процес меѓу Азербејџан и Ерменија.

Азербејџан денеска почна воена операција во Нагорно-Карабах.

Во 2020 година, Ерменија и Азербејџан се судрија околу контролата врз регионот Нагорно-Карабах, а конфликтот заврши со мировен договор со кој се призна победата на азербејџанските сили. Договорот беше постигнат со помош на Русија.

Турција во таа војна го поддржа Азербејџан.

Односите меѓу Турција и Ерменија се затегнати поради масакрот врз Ерменците за време на Првата светска војна за време на Отоманската империја.

Ерменија и многу земји го сметаат масакрот за геноцид, што Турција го отфрла.

 

The post Турција ги повика Ерменија и Азербејџан да се вратат на преговарачка маса appeared first on Република.

]]>

Турција, сојузник на Азербејџан, денеска ја оцени како легитимна „загриженоста“ на земјата што доведе до нејзината воена операција во Нагорно-Карабах, но ги повика и Азербејџан и Ерменија да се вратат на преговарачка маса. – Азербејџан беше принуден да преземе мерки што смета дека се неопходни на сопствената суверена територија, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи. Се додава дека Азербејџан има „легитимна загриженост“ за ситуацијата во Нагорно-Карабах по конфликтот кон крајот на 2020 година. Иако Турција ги осуди ерменските „провокации“, властите во Анкара повикаа на продолжување на преговарачкиот процес меѓу Азербејџан и Ерменија. Азербејџан денеска почна воена операција во Нагорно-Карабах. Во 2020 година, Ерменија и Азербејџан се судрија околу контролата врз регионот Нагорно-Карабах, а конфликтот заврши со мировен договор со кој се призна победата на азербејџанските сили. Договорот беше постигнат со помош на Русија. Турција во таа војна го поддржа Азербејџан. Односите меѓу Турција и Ерменија се затегнати поради масакрот врз Ерменците за време на Првата светска војна за време на Отоманската империја. Ерменија и многу земји го сметаат масакрот за геноцид, што Турција го отфрла.  

The post Турција ги повика Ерменија и Азербејџан да се вратат на преговарачка маса appeared first on Република.

]]>
Нагорно-Карабах: Најмалку 25 загинати во воената кампања на Азербејџан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nagorno-karabah-najmalku-25-zaginati-vo-voenata-kampana-na-azerbejdhan/ Tue, 19 Sep 2023 18:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=683278

Бројот на загинати во Нагорно-Карабах се искачи на повеќе од дваесетина откако Азербејџан почна „антитерористички“ операции во спорниот регион на Јужен Кавказ, соопштија вечерва локалните власти.

Гегам Степанјан, омбудсман за права на локалната администрација, во објава на социјалните мрежи рече дека имало 25 жртви, од кои двајца биле цивили, јави ДПА.

Бројката доаѓа од мртовечницата во Степанакерт, најголемиот град во Нагорно-Карабах, рече тој.

Повредени се 138 лица, меѓу кои 29 се цивили, напиша Степанјан, додавајќи дека цивилното население од шест заедници е евакуирано поради гранатирањето на азербејџанските сили.

Азербејџан денеска почна широка воена операција против спорниот регион Нагорно-Карабах со наводна цел да ги казни прекршувањата на примирјето и да го врати „уставниот поредок“ во регионот.

Нагорно-Карабах се наоѓа на територијата на Азербејџан, но е населен со мнозинство Ерменци. Има и локална власт, непризнатата Република Арцах.

Министерството за одбрана во Азербејџан ја опиша својата воена кампања како „антитерористичка операција“ која ќе продолжи до повлекување на ерменските трупи од територијата, како што беше пропишано во прекинот на огнот по последната војна во Нагорно-Карабах во 2020 година.

 

The post Нагорно-Карабах: Најмалку 25 загинати во воената кампања на Азербејџан appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во Нагорно-Карабах се искачи на повеќе од дваесетина откако Азербејџан почна „антитерористички“ операции во спорниот регион на Јужен Кавказ, соопштија вечерва локалните власти. Гегам Степанјан, омбудсман за права на локалната администрација, во објава на социјалните мрежи рече дека имало 25 жртви, од кои двајца биле цивили, јави ДПА. Бројката доаѓа од мртовечницата во Степанакерт, најголемиот град во Нагорно-Карабах, рече тој. Повредени се 138 лица, меѓу кои 29 се цивили, напиша Степанјан, додавајќи дека цивилното население од шест заедници е евакуирано поради гранатирањето на азербејџанските сили. Азербејџан денеска почна широка воена операција против спорниот регион Нагорно-Карабах со наводна цел да ги казни прекршувањата на примирјето и да го врати „уставниот поредок“ во регионот. Нагорно-Карабах се наоѓа на територијата на Азербејџан, но е населен со мнозинство Ерменци. Има и локална власт, непризнатата Република Арцах. Министерството за одбрана во Азербејџан ја опиша својата воена кампања како „антитерористичка операција“ која ќе продолжи до повлекување на ерменските трупи од територијата, како што беше пропишано во прекинот на огнот по последната војна во Нагорно-Карабах во 2020 година.  

The post Нагорно-Карабах: Најмалку 25 загинати во воената кампања на Азербејџан appeared first on Република.

]]>