Азај Гулијев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/azaj-gulijev/ За подобро да се разбереме Mon, 09 May 2022 16:40:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Азај Гулијев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/azaj-gulijev/ 32 32 Средба на Пендаровски со потпретседателот на Парламентарното Собрание на ОБСЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pendarovski-so-potpretsedatelot-na-parlamentarnoto-sobranie-na-obse/ Mon, 09 May 2022 16:40:47 +0000 https://republika.mk/?p=500060

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Азај Гулијев, потпретседател на Парламентарното Собрание на ОБСЕ и специјален претставник за Југоисточна Европа.

На средбата се разговараше за севкупната соработка на земјава со организацијата, како и за тековните подготовки за претседателството на Република Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Претседателот Пендаровски посочи на значајната улога на Парламентарното Собрание на ОБСЕ и нивните напори да се негува плоден меѓупарламентарен дијалог за прашања поврзани со заложбите на ОБСЕ, како и да се промовираат целите на организацијата.

Во однос на подготовките за претседателството со ОБСЕ во 2023 година, претседателот Пендаровски нагласи дека нашата работа ќе биде заснована на добра волја, дијалог и меѓусебно разбирање во заштитата и промовирањето на принципите и заложбите на ОБСЕ. Приоритетите на претседателството, рече претседателот Пендаровски на средбата, ќе бидат усогласени со тековната агенда на ОБСЕ, националните како и регионалните приоритети, а исто така, ќе бидат земени предвид актуелните глобални предизвици и трендови поврзани со работата на организацијата.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во поширокиот регион, а во контекст на руската агресија врз Украина.

The post Средба на Пендаровски со потпретседателот на Парламентарното Собрание на ОБСЕ appeared first on Република.

]]>