автопатот Кичево – Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtopatot-kichevo-ohrid/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Feb 2024 08:13:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автопатот Кичево – Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtopatot-kichevo-ohrid/ 32 32 Власта организира прошетка по најубавиот неизграден автопат Кичево-Охрид https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vlasta-organizira-proshetka-po-najubaviot-neizgraden-avtopat-kichevo-ohrid/ Wed, 07 Feb 2024 08:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=741274

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и Министерството за транспорт и врски денеска организираат посета на трасата на автопатот во изградба Кичево – Охрид.

Целта е, како што информира ЈПДП, јавноста детално да се запознае со тековните состојби на трасата во изградба.

Покрај министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, трасата ќе ја посетат и сите инволвирани страни вклучени во изградбата на автопатот, професори од Градежен факултет, проектанти, изведувачи и подизведувачи и надзор.

The post Власта организира прошетка по најубавиот неизграден автопат Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и Министерството за транспорт и врски денеска организираат посета на трасата на автопатот во изградба Кичево – Охрид. Целта е, како што информира ЈПДП, јавноста детално да се запознае со тековните состојби на трасата во изградба. Покрај министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, трасата ќе ја посетат и сите инволвирани страни вклучени во изградбата на автопатот, професори од Градежен факултет, проектанти, изведувачи и подизведувачи и надзор.

The post Власта организира прошетка по најубавиот неизграден автопат Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>
Сајкоски: Владата не гради автопат до Кичево, туку до Зајас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sajkoski-vladata-ne-gradi-avtopat-do-kichevo-tuku-do-zajas/ Sat, 13 May 2023 14:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=640460

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски во рамките на активноста за посета на населени места и средби со граѓани, денеска беше во Општина Маврово и Ростуше каде што ги посети населените места Маврови Анови и Врбен.

Истакна дека од денешните средби со граѓаните може да слушнат и да констатираат дека во овој македонски туристички центар изминатите шест години, ниту локалната, ниту централната власт нема ништо инвестирано и дека единствено што е направено од градоначалникот е урбанистичкиот хаос.

Сајкоски се осврна и на проектот за коридорот 8 со кој владата не ја поврзува општина Кичево, туку дека истиот ќе завршува само до Зајас, со што остануваат уште 16 километри до Кичево кои нема да бидат опфатени во автопатското решение Гостивар – Букојчани.

Граѓаните се загрижени и за проектите кои што владата ги најавува, односно автопатите од коридорот 8 и коридорот 10, за средствата кои ќе бидат потрошени милијарда и 300 милиони, средста кои што неотчетно оваа влада ќе ги троши. Но, исто така, сакам да им порачам на владата дека манипулира со граѓаните со овој проект, бидејќи кажува дека ќе се направи автопатско решение со кое ќе се затвори коридорот 8. Меѓутоа, од она што го презентираа и кажаа дека ќе прават автопатско решение Гостивар – Букојчани, а не го поврзуваат Кичево или остануваат уште 16 киломентри кои нема да бидат поврзани. Ова автопатско решение е автопатско решение од коридорот 8 кој ќе завршува, најверојатно, само до Зајас“, истакна Сајкоски.

The post Сајкоски: Владата не гради автопат до Кичево, туку до Зајас appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски во рамките на активноста за посета на населени места и средби со граѓани, денеска беше во Општина Маврово и Ростуше каде што ги посети населените места Маврови Анови и Врбен. Истакна дека од денешните средби со граѓаните може да слушнат и да констатираат дека во овој македонски туристички центар изминатите шест години, ниту локалната, ниту централната власт нема ништо инвестирано и дека единствено што е направено од градоначалникот е урбанистичкиот хаос. Сајкоски се осврна и на проектот за коридорот 8 со кој владата не ја поврзува општина Кичево, туку дека истиот ќе завршува само до Зајас, со што остануваат уште 16 километри до Кичево кои нема да бидат опфатени во автопатското решение Гостивар – Букојчани.
Граѓаните се загрижени и за проектите кои што владата ги најавува, односно автопатите од коридорот 8 и коридорот 10, за средствата кои ќе бидат потрошени милијарда и 300 милиони, средста кои што неотчетно оваа влада ќе ги троши. Но, исто така, сакам да им порачам на владата дека манипулира со граѓаните со овој проект, бидејќи кажува дека ќе се направи автопатско решение со кое ќе се затвори коридорот 8. Меѓутоа, од она што го презентираа и кажаа дека ќе прават автопатско решение Гостивар – Букојчани, а не го поврзуваат Кичево или остануваат уште 16 киломентри кои нема да бидат поврзани. Ова автопатско решение е автопатско решение од коридорот 8 кој ќе завршува, најверојатно, само до Зајас“, истакна Сајкоски.

The post Сајкоски: Владата не гради автопат до Кичево, туку до Зајас appeared first on Република.

]]>
Бочварски очекува автопатите Петровец – Катланово и Кичево – Охрид да се завршат идната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-ochekuva-avtopatite-petrovec-katlanovo-i-kichevo-ohrid-da-se-zavrshat-idnata-godina/ Fri, 16 Dec 2022 12:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=586468

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува делницата Петровец – Катланово да биде завршена наредната година, а автопатот Кичево – Охрид да се заврши во предвидениот рок до 31 декември идната година.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Бочварски образложи зошто се пролонгира рокот за изградба на автопатот Петровец – Катланово, посочувајќи дека изведувачот не го дал посакуваниот прогрес и поради тоа договорот бил раскинат. Бочварски информира дека новата јавна набавка е завршена, избран е изведувач и истиот е воведен во работа.

Деновиве започнуваат мерењата на терен, да се направат дополнителни мерења од страна на новиот изведувач и секако од почетокот на наредната година очекуваме и градежни работи согласно временските услови. Нашите очекувања се дека оваа делница мора да биде завршена наредната година бидејќи тоа го должиме на граѓаните, но некогаш постојат и вакви околности и услови кога изведувачите не ги почитуваат зададените рокови и тогаш преминуваме кон раскинување на договорот, рече Бочварски.

Во однос на автопатот Кичево – Охрид, министерот посочи дека го прават притисокот истиот да се заврши во предвидениот рок – 31 декември 2023 година.

Имаме тим од сите ресори од Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта, Агенцијата за имотно-правни односи, Правобранителство, Агенцијата за катастар на недвижности и други кои имаат удел во оваа постапка и работат секојдневно на решавање на сите процедури и потешкотии кои се јавија на терен, но прогресот се одвива сега добро, работите течат и нашиот рок што сме го задале за реализација на овој автопат е непроменет, нагласи Бочварски.

The post Бочварски очекува автопатите Петровец – Катланово и Кичево – Охрид да се завршат идната година appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува делницата Петровец – Катланово да биде завршена наредната година, а автопатот Кичево – Охрид да се заврши во предвидениот рок до 31 декември идната година. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Бочварски образложи зошто се пролонгира рокот за изградба на автопатот Петровец – Катланово, посочувајќи дека изведувачот не го дал посакуваниот прогрес и поради тоа договорот бил раскинат. Бочварски информира дека новата јавна набавка е завршена, избран е изведувач и истиот е воведен во работа.