автопат тетово - гостивар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtopat-tetovo-gostivar/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Dec 2023 19:48:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автопат тетово - гостивар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtopat-tetovo-gostivar/ 32 32 Од денес најмалку шест месеци изменет режим на сообраќај на делницата Тетово-Гостивар https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/od-denes-najmalku-shest-mesetsi-izmenet-rezhim-na-soobrakaj-na-delnitsata-tetovo-gostivar/ Tue, 05 Dec 2023 20:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=720027

Почнувајќи од денеска ќе биде изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово-Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот.

Како што информира АМСМ, времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект.

- Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од шест месеци, односно се до завршување на градежните активности, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

The post Од денес најмалку шест месеци изменет режим на сообраќај на делницата Тетово-Гостивар appeared first on Република.

]]>

Почнувајќи од денеска ќе биде изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово-Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Како што информира АМСМ, времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. - Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од шест месеци, односно се до завршување на градежните активности, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

The post Од денес најмалку шест месеци изменет режим на сообраќај на делницата Тетово-Гостивар appeared first on Република.

]]>
Судир меѓу три возила на автопатот Тетово-Гостивар, шест лица повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudir-megu-tri-vozila-na-avtopatot-tetovo-gostivar-shest-litsa-povredeni/ Thu, 29 Jun 2023 10:10:57 +0000 https://republika.mk/?p=656369

Вчера во 09.40 часот било пријавено дека на автопатот Тетово - Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(26) од с.Боговиње, патничко возило „фиат пунто“, управувано од Н.Г.(41) од с.Градец и патничко возило „сеат леон“, управувано од Ч.З.(28) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „голф“ Г.И.(50) од с.Боговиње, а други четири лица од возилата се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

The post Судир меѓу три возила на автопатот Тетово-Гостивар, шест лица повредени appeared first on Република.

]]>

Вчера во 09.40 часот било пријавено дека на автопатот Тетово - Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(26) од с.Боговиње, патничко возило „фиат пунто“, управувано од Н.Г.(41) од с.Градец и патничко возило „сеат леон“, управувано од Ч.З.(28) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „голф“ Г.И.(50) од с.Боговиње, а други четири лица од возилата се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

The post Судир меѓу три возила на автопатот Тетово-Гостивар, шест лица повредени appeared first on Република.

]]>
Автопатот Гостивар-Тетово ќе се сруши, најави Груби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avtopatot-gostivar-tetovo-ke-se-srushi-najavi-grubi/ Thu, 01 Jun 2023 15:46:19 +0000 https://republika.mk/?p=646933

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска дадоа изјави по повод почнување со геомеханичките испитувања на почвата за изградбата на автопатот Тетово-Гостивар.

Тие во непосредна близина на патарината кај Тетово разговараа со инженерите од „Бехтел и Енка“, околу процесот на испитување како дел од подготвителните работи за изградбата на нови коловозни ленти за автопатот.

-Со потпишувањето на договорот за Коридорот 8 и Коридорот 10д ние неколку пати рековме дека почнуваме со нов концепт на градба на нашите патишта. Истовремено почнуваме со четири главни активности на градба на Коридорот 8 и на Коридорот 10д. Од денеска почнуваме со геомеханичките испитувања, паралелно ќе одиме со проектирање, паралелно одиме со подготвување на елаборати за експропријација и паралелно одиме со мобилизација на градба. Во моментот кога ќе ги имаме експроприрана дел од трасата и проектирање веднаш ќе почнеме и со градбата на Коридорот 8, изјави Ејуп Рустеми, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Според Рустеми овој начин на паралелна работа е разлика од градењето патишта порано, па затоа смета дека според договорот овие 110 километри автопатишта ќе бидат завршени во предвидениот рок за помалку од пет години.

-Овде е голема разликата помеѓу стариот концепт што го имавме досега и новиот концепт сега што го имаме со „Бехтел и Енка“. Бидејќи со црвениот фидик ние прво требаше да имаме проектни задачи, па да проектираме, па после да вршиме ревизија на проектот, па после да добиваме одобрение од Министерството за транспорт и врски. За целата постапка ни требаше 4-5 години да заврши проектот па после да почнеме со градежните работи. Со новиот концепт ние паралелно ги тераме сите овие активности и геомеханички испитувања, и проектирање, и експропријација и градежни работи. Овие 110 километри автопатишта ќе бидат завршени за 4 години и 7 месеци, истакна Рустеми.

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем воедно и координатор за изградбата на автопатиштата Артан Груби по разговорот со инженерите истакна дека геомеханичките испитувања ќе значат ископувања со машина на длабочина од шест до седум метри на секои 100 метри на цела траса до Струга за да се утврди составот на земјата и постапката понатаму.

-Сега каде што сме ќе се гради страничен пат на автопатот. Постоечкиот автопат Гостивар-Тетово ќе се сруши и ќе се прави нов автопат со по три ленти во еден правец и уште толку во другиот правец. Ќе има страничен пат за поврзување на селата, ќе има надвозници, ќе има подвозници, рече Груби.

На новинарско прашање колку пари се исплатени досега на „Бехтел и Енка’“ директорот Рустеми рече дека има исплатено 117 милиони евра за што имале соопштение на денот кога се пуштени тие средства.

-Ако можете да видите и сега оваа механизација е од компанија од Македонија. Значи, сите активности што се одвиваат сега се ангажираат компании од Македонија и сите и во наредниот период ќе бидат ангажирани и сите наши служби што ги имаме од Република Македонија, рече Рустеми.

На 4 април во непосредна близина на ова место беше поставена табла со која се најави почетокот на градба на делот од Коридор 8 односно автопатот Тетово-Гостивар.

 

The post Автопатот Гостивар-Тетово ќе се сруши, најави Груби appeared first on Република.

]]>

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска дадоа изјави по повод почнување со геомеханичките испитувања на почвата за изградбата на автопатот Тетово-Гостивар. Тие во непосредна близина на патарината кај Тетово разговараа со инженерите од „Бехтел и Енка“, околу процесот на испитување како дел од подготвителните работи за изградбата на нови коловозни ленти за автопатот. -Со потпишувањето на договорот за Коридорот 8 и Коридорот 10д ние неколку пати рековме дека почнуваме со нов концепт на градба на нашите патишта. Истовремено почнуваме со четири главни активности на градба на Коридорот 8 и на Коридорот 10д. Од денеска почнуваме со геомеханичките испитувања, паралелно ќе одиме со проектирање, паралелно одиме со подготвување на елаборати за експропријација и паралелно одиме со мобилизација на градба. Во моментот кога ќе ги имаме експроприрана дел од трасата и проектирање веднаш ќе почнеме и со градбата на Коридорот 8, изјави Ејуп Рустеми, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта. Според Рустеми овој начин на паралелна работа е разлика од градењето патишта порано, па затоа смета дека според договорот овие 110 километри автопатишта ќе бидат завршени во предвидениот рок за помалку од пет години. -Овде е голема разликата помеѓу стариот концепт што го имавме досега и новиот концепт сега што го имаме со „Бехтел и Енка“. Бидејќи со црвениот фидик ние прво требаше да имаме проектни задачи, па да проектираме, па после да вршиме ревизија на проектот, па после да добиваме одобрение од Министерството за транспорт и врски. За целата постапка ни требаше 4-5 години да заврши проектот па после да почнеме со градежните работи. Со новиот концепт ние паралелно ги тераме сите овие активности и геомеханички испитувања, и проектирање, и експропријација и градежни работи. Овие 110 километри автопатишта ќе бидат завршени за 4 години и 7 месеци, истакна Рустеми. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем воедно и координатор за изградбата на автопатиштата Артан Груби по разговорот со инженерите истакна дека геомеханичките испитувања ќе значат ископувања со машина на длабочина од шест до седум метри на секои 100 метри на цела траса до Струга за да се утврди составот на земјата и постапката понатаму. -Сега каде што сме ќе се гради страничен пат на автопатот. Постоечкиот автопат Гостивар-Тетово ќе се сруши и ќе се прави нов автопат со по три ленти во еден правец и уште толку во другиот правец. Ќе има страничен пат за поврзување на селата, ќе има надвозници, ќе има подвозници, рече Груби. На новинарско прашање колку пари се исплатени досега на „Бехтел и Енка’“ директорот Рустеми рече дека има исплатено 117 милиони евра за што имале соопштение на денот кога се пуштени тие средства. -Ако можете да видите и сега оваа механизација е од компанија од Македонија. Значи, сите активности што се одвиваат сега се ангажираат компании од Македонија и сите и во наредниот период ќе бидат ангажирани и сите наши служби што ги имаме од Република Македонија, рече Рустеми. На 4 април во непосредна близина на ова место беше поставена табла со која се најави почетокот на градба на делот од Коридор 8 односно автопатот Тетово-Гостивар.  

The post Автопатот Гостивар-Тетово ќе се сруши, најави Груби appeared first on Република.

]]>
Како на филм: На автопатот Гостивар – Тетово полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kako-na-film-na-avtopatot-gostivar-tetovo-politsijata-pukala-vo-trkalata-na-avtomobil-so-koj-begale-dileri-na-droga/ Sat, 25 Mar 2023 16:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=623633

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Покрај ова, против првоосомничениот е поведена постапка и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата соизвршители, на 24 март, на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово, неовластено заради продажба држеле 30 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата била спакувана во 25 пакувања во автомобилот на осомничените. Кога полициски службеници се обиделе да ги запрат, првоосомничениот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе.

Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Осомничените веднаш биле приведени, а дрогата запленета.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

 

The post Како на филм: На автопатот Гостивар – Тетово полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Покрај ова, против првоосомничениот е поведена постапка и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители, на 24 март, на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово, неовластено заради продажба држеле 30 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата била спакувана во 25 пакувања во автомобилот на осомничените. Кога полициски службеници се обиделе да ги запрат, првоосомничениот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе. Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Осомничените веднаш биле приведени, а дрогата запленета. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​  

The post Како на филм: На автопатот Гостивар – Тетово полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога appeared first on Република.

]]>