автопат Скопје - Велес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtopat-skopje-veles/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 09:03:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автопат Скопје - Велес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtopat-skopje-veles/ 32 32 Загинаа работници од Велес кои се враќале од работа, ќе се вештачи комбето https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zaginaa-rabotnitsi-od-veles-koi-se-vrakale-od-rabota-ke-se-veshtachi-kombeto/ Thu, 17 Oct 2024 09:03:18 +0000 https://republika.mk/?p=827935

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес.

Во текот на ноќта издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на местото и за обдукција на починатите. Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот, се вели во соопштението.

Во сообраќајката што се случи вчера попладне на автопатот Скопје - Велес, три лица загинаа, а пет беа повредени.

Станува збор за работници од Велес, кои се враќале од работното место во Скопје и патувале со организиран превоз од фирмата во која работеле.

Несреќата, како што соопшти МВР, е пријавена во 17:45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје - Велес, пред тунелот, се превртело комбе.

Во СВР Скопје било пријавено дека синоќа во 17.35 часот на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово, патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(32) од Велес, излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатниците А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41), сите од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти МВР.

Поради сообраќајката вчера попладне беа блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје - Велес. Сообраќајот беше во прекин од 17:45 часот и се пренасочуваше преку Петровец - Велес (по стариот пат), Миладиновци - Св.Николе - Велес - Штип.

The post Загинаа работници од Велес кои се враќале од работа, ќе се вештачи комбето appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес.
Во текот на ноќта издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на местото и за обдукција на починатите. Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот, се вели во соопштението.
Во сообраќајката што се случи вчера попладне на автопатот Скопје - Велес, три лица загинаа, а пет беа повредени. Станува збор за работници од Велес, кои се враќале од работното место во Скопје и патувале со организиран превоз од фирмата во која работеле. Несреќата, како што соопшти МВР, е пријавена во 17:45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје - Велес, пред тунелот, се превртело комбе.
Во СВР Скопје било пријавено дека синоќа во 17.35 часот на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово, патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(32) од Велес, излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатниците А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41), сите од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти МВР.
Поради сообраќајката вчера попладне беа блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје - Велес. Сообраќајот беше во прекин од 17:45 часот и се пренасочуваше преку Петровец - Велес (по стариот пат), Миладиновци - Св.Николе - Велес - Штип.

The post Загинаа работници од Велес кои се враќале од работа, ќе се вештачи комбето appeared first on Република.

]]>
Тешко повредена жена во возило што излета од автопатот Скопје-Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshko-povredena-zhena-vo-vozilo-shto-izleta-od-avtopatot-skopje-veles/ Mon, 19 Feb 2024 12:18:07 +0000 https://republika.mk/?p=745694

Вчера во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, патничко моторно возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(70) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.К.(61) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Тешко повредена жена во возило што излета од автопатот Скопје-Велес appeared first on Република.

]]>

Вчера во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, патничко моторно возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(70) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.К.(61) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Тешко повредена жена во возило што излета од автопатот Скопје-Велес appeared first on Република.

]]>
Жена и девојче тешко повредени откако возило удри во ѕид на автопат Скопје-Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-i-devojche-teshko-povredeni-otkako-vozilo-udri-vo-zid-na-avtopat-skopje-veles/ Tue, 22 Aug 2023 10:41:14 +0000 https://republika.mk/?p=674556

Вчера околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Велес, во близина на место викано „Манастири“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.И.(77) од Кавадарци, изгубило контрола и удрило во ѕид покрај патот.

По несреќата возачот П.И. и сопатниците Е.П. (37) и една малолетничка биле пренесени во Јавна здравствена установа Велес каде на Е.П. и малолетничката им биле констатирани тешки телесни повреди, а на П.И. му биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

The post Жена и девојче тешко повредени откако возило удри во ѕид на автопат Скопје-Велес appeared first on Република.

]]>

Вчера околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Велес, во близина на место викано „Манастири“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.И.(77) од Кавадарци, изгубило контрола и удрило во ѕид покрај патот. По несреќата возачот П.И. и сопатниците Е.П. (37) и една малолетничка биле пренесени во Јавна здравствена установа Велес каде на Е.П. и малолетничката им биле констатирани тешки телесни повреди, а на П.И. му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.  

The post Жена и девојче тешко повредени откако возило удри во ѕид на автопат Скопје-Велес appeared first on Република.

]]>
Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје-Велес https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/normaliziran-soobrakajot-na-avtopatot-skopje-veles/ Wed, 05 Apr 2023 06:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=627344

Сообраќајот на автопатот Скопје – Велес е нормализиран, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот беше во прекин од синоќа поради одрон на автопатот кај Бензинската „Детоил Ветерско 9“.

АМСМ во утринскиот извештај соопштува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје-Велес appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на автопатот Скопје – Велес е нормализиран, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот беше во прекин од синоќа поради одрон на автопатот кај Бензинската „Детоил Ветерско 9“. АМСМ во утринскиот извештај соопштува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје-Велес appeared first on Република.

]]>
Овие незавршени 5км кај Петровец исто така се дел од лагата на Ковачевски за 1.300км патишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ovie-nezavrsheni-5km-kaj-petrovets-isto-taka-se-del-od-lagata-na-kovachevski-za-1-300km-patishta/ Fri, 27 Jan 2023 12:57:40 +0000 https://republika.mk/?p=601647

Овие незавршени 5км кај Петровец исто така се дел од лагата на Ковачевски за 1.300км патишта, вели пратеникот Антонио Милошоски споделувајќи ја веста дека две години стои недореконструирана трасата од автопатот „Пријателство“ на излезот од Скопје.

Неодамна премиерот Димитар Ковачевски сподели видео со кое се пофали дека изградиле 1.300км нови патишта во последните 5 години.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-veli-deka-izgradile-1-300-km-novi-patishta/

The post Овие незавршени 5км кај Петровец исто така се дел од лагата на Ковачевски за 1.300км патишта appeared first on Република.

]]>

Овие незавршени 5км кај Петровец исто така се дел од лагата на Ковачевски за 1.300км патишта, вели пратеникот Антонио Милошоски споделувајќи ја веста дека две години стои недореконструирана трасата од автопатот „Пријателство“ на излезот од Скопје. Неодамна премиерот Димитар Ковачевски сподели видео со кое се пофали дека изградиле 1.300км нови патишта во последните 5 години. https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-veli-deka-izgradile-1-300-km-novi-patishta/

The post Овие незавршени 5км кај Петровец исто така се дел од лагата на Ковачевски за 1.300км патишта appeared first on Република.

]]>
На автопатот Скопје-Велес, напаѓачи од „Голф“ пукале кон друго возило https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-avtopatot-skopje-veles-napagjachi-od-golf-pukale-kon-drugo-vozilo/ Tue, 08 Feb 2022 17:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=455842

Сцена како од филм се случувала вчера попладне на автопатот Скопје-Велес: непознати напаѓачи, кои се возеле во „Голф“, пукале кон друго возило, соопшти МВР.

Никој не е повреден во инцидентот.

На 07.02.2022 во 17.10 часот во СВР Скопје, С.К. пријавил дека на автопатот Скопје-Велес лица кои биле со патничко возило „фолксваген голф” пукале кон возило во кое се превезувал тој. Повредени лица нема и нема оштетување на возилото, се вели во полицискиот билтен.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post На автопатот Скопје-Велес, напаѓачи од „Голф“ пукале кон друго возило appeared first on Република.