автопат Скопје - Тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtopat-skopje-tetovo/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 19:32:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автопат Скопје - Тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtopat-skopje-tetovo/ 32 32 Превртена цистерна причина што сообраќајот на авотпатот Скопје-Тетово се пренасочуваше https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prevrtena-tsisterna-prichina-shto-soobrakajot-na-avotpatot-skopje-tetovo-se-prenasochuvashe/ Wed, 03 Jul 2024 19:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=793200

Поради превртување на товарно возило, камион со пумпа за бетон, на автопатот Скопје-Тетово од 19:45 часот сообраќајот на патниот правец е во прекин и се пренасочувал кон регионалниот пат помеѓу двата града. Возачот на каминот се здобил со полесни повреди во сообраќајната незгода се случила на автопатот во близина на селото Групчин.

Товарно моторно возило „МАН“ со тетовски регистерски таблици управувано од Ш.С.(46) од Тетово, изгубил контрола и излегувал од коловоз. Со телесни повреди се здобил возачот Ш.С. констатирани во Клиничка болница Тетово. Поради доведување во возна состојба на возилото за краток период сообраќајот бил пренасочуван преку регионален пат, информираат од СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

The post Превртена цистерна причина што сообраќајот на авотпатот Скопје-Тетово се пренасочуваше appeared first on Република.

]]>

Тешка несреќа попладнево на автопатот Скопје – Тетово, се преврти камион https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshka-nesreka-poplagnevo-na-avtopatot-skopje-tetovo-se-prevrti-kamion/ Mon, 20 May 2024 20:20:08 +0000 https://republika.mk/?p=780270

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите на ТВ21, во несреќата учествувал камион кој се превртел.

Блокирана е левата лента. Засега нема информации за повредени лица.

Извршен беше полициски увид, по што ќе се знаат повеќе детали.

The post Тешка несреќа попладнево на автопатот Скопје – Тетово, се преврти камион appeared first on Република.

]]>

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на автопатот Скопје – Тетово. Според информациите на ТВ21, во несреќата учествувал камион кој се превртел. Блокирана е левата лента. Засега нема информации за повредени лица. Извршен беше полициски увид, по што ќе се знаат повеќе детали.

The post Тешка несреќа попладнево на автопатот Скопје – Тетово, се преврти камион appeared first on Република.

]]>
Косовар со „порше“ фатен како возел над 200км/час на автопатот Скопје – Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kosovar-so-porshe-faten-kako-vozel-nad-200km-chas-na-avtopatot-skopje-tetovo/ Fri, 15 Mar 2024 11:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=755100

Вчера од 20.00 до 22.00 часот, полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната со користење на таканаречениот „ноќен радар“.

При контролата биле констатирани вкупно 7 пречекорувања на максимално дозволената брзина. При едно од пречекорувањата на дозволената брзина, регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот на патничкото моторно возило „порше“, С.Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е сооодветен поднесок, велат од МВР.

Тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра.

The post Косовар со „порше“ фатен како возел над 200км/час на автопатот Скопје – Тетово appeared first on Република.

Тешко повреден возач кој се забил во оградата на автопатот Скопје-Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshko-povreden-vozach-koj-se-zabil-vo-ogradata-na-avtopatot-skopje-tetovo/ Thu, 11 Jan 2024 12:35:15 +0000 https://republika.mk/?p=731932

Вчера во 16.50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје–Тетово, во близина на клучка Волково, патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(32) од Скопје, удрило во металната ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Тешко повреден возач кој се забил во оградата на автопатот Скопје-Тетово appeared first on Република.

]]>

Вчера во 16.50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје–Тетово, во близина на клучка Волково, патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(32) од Скопје, удрило во металната ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

The post Тешко повреден возач кој се забил во оградата на автопатот Скопје-Тетово appeared first on Република.

]]>
Ќе има зголемени гужви на патот Скопје-Тетово: Од понеделник почнува реконструкција на патарната кај Желино https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ke-ima-zgolemeni-guzhvi-na-patot-skopje-tetovo-od-ponedelnik-pochnuva-rekonstruktsija-na-patarnata-kaj-zhelino/ Sat, 21 Oct 2023 09:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=693534

Од 23 октомври (понеделник) ќе почне реконструкција на постоечката наплатна станица Желино, на државен пат А2 - делница Скопје - Тетово. Сообраќајот на автопатот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на сообраќај, информираат утрово од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Ќе има зголемени гужви на патот Скопје-Тетово: Од понеделник почнува реконструкција на патарната кај Желино appeared first on Република.

Автомобил удри во велосипед на автопат, шестмина повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobil-udri-vo-velosiped-na-avtopat-shestmina-povredeni/ Tue, 03 Oct 2023 11:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=687443

Вчера во 13.00 часот било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, пред клучка Кондово, патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Џ.(33) од село Буковиќ, скопско, удрило во велосипед управуван од С.В.(40) од Скопје.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Со телесни повреди се здобила Н.Џ., нејзината сопатничка А.Џ.(28) и уште тројца малолетници од возилото, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Автомобил удри во велосипед на автопат, шестмина повредени appeared first on Република.

]]>

Вчера во 13.00 часот било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, пред клучка Кондово, патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Џ.(33) од село Буковиќ, скопско, удрило во велосипед управуван од С.В.(40) од Скопје. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Со телесни повреди се здобила Н.Џ., нејзината сопатничка А.Џ.(28) и уште тројца малолетници од возилото, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Автомобил удри во велосипед на автопат, шестмина повредени appeared first on Република.

]]>
Гужви цела година: Ќе се прави патот Скопје-Тетово https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/guzhvi-tsela-godina-ke-se-pravi-patot-skopje-tetovo/ Tue, 15 Aug 2023 14:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=672402

Јавното претпријатие за државни патишта, од почетокот на летото, почна со повеќе активности за рехабилитација и други градежни активности и мерки на автопатот Скопје - Тетово, што ќе се одвиваат и наредната година.

Од Јавното претпријатие информираат дека директорот Ејуп Рустеми денеска извршил увид во одвивањето на работите на државниот пат А2, на делницата Скопје - Тетово.

- На оваа важна сообраќајна артерија, во тек се неколку активности: поправка и рехабилитација на автопатот, во должина од 13 километри и тоа на двата коловоза. Градежните активности се дел од Годишната програма на ЈПДП, за што од буџетот на претпријатието се издвоени 470 милиони денари. Косење на трева, плевел грмушки, кастрење на гранки и сечење на дрва во патен појас, чистење и собирање на смет, како и поставување на заштитна звучна ограда на автопатот Скопје - Тетово, поточно покрај населеното место Сарај, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Предвидено е активностите за поправка и рехабилитација на овој пат да завршат во првата половина од 2024 година

The post Гужви цела година: Ќе се прави патот Скопје-Тетово appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за државни патишта, од почетокот на летото, почна со повеќе активности за рехабилитација и други градежни активности и мерки на автопатот Скопје - Тетово, што ќе се одвиваат и наредната година. Од Јавното претпријатие информираат дека директорот Ејуп Рустеми денеска извршил увид во одвивањето на работите на државниот пат А2, на делницата Скопје - Тетово. - На оваа важна сообраќајна артерија, во тек се неколку активности: поправка и рехабилитација на автопатот, во должина од 13 километри и тоа на двата коловоза. Градежните активности се дел од Годишната програма на ЈПДП, за што од буџетот на претпријатието се издвоени 470 милиони денари. Косење на трева, плевел грмушки, кастрење на гранки и сечење на дрва во патен појас, чистење и собирање на смет, како и поставување на заштитна звучна ограда на автопатот Скопје - Тетово, поточно покрај населеното место Сарај, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта. Предвидено е активностите за поправка и рехабилитација на овој пат да завршат во првата половина од 2024 година

The post Гужви цела година: Ќе се прави патот Скопје-Тетово appeared first on Република.

]]>
Жена тешко повредена откако удрила во паркирано „бмв“ на патот Скопје-Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-teshko-povredena-otkako-udrila-vo-parkirano-bmv-na-patot-skopje-tetovo/ Tue, 23 May 2023 10:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=643919

Во СВР Тетово вчера во 12:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје - Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од 28-годишниот Н.И. од тетовска Стримница и патничко возило „пежо“, управувано од 47-годишната Љ.Е. од тетовско Вешала, двете со тетовски регистарски ознаки, по што возилото „пежо“ удрило во паркирано возило „бмв“, сопственост на 53-годишниот тетовец Б.К., соопшти МВР.

Во несреќата, Љ.Е се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

The post Жена тешко повредена откако удрила во паркирано „бмв“ на патот Скопје-Тетово appeared first on Република.

]]>

Во СВР Тетово вчера во 12:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје - Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од 28-годишниот Н.И. од тетовска Стримница и патничко возило „пежо“, управувано од 47-годишната Љ.Е. од тетовско Вешала, двете со тетовски регистарски ознаки, по што возилото „пежо“ удрило во паркирано возило „бмв“, сопственост на 53-годишниот тетовец Б.К., соопшти МВР. Во несреќата, Љ.Е се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

The post Жена тешко повредена откако удрила во паркирано „бмв“ на патот Скопје-Тетово appeared first on Република.

]]>
Ќе се поставува звучна ограда на автопатот Скопје-Тетово https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ke-se-postavuva-zvuchna-ograda-na-avtopatot-skopje-tetovo/ Mon, 08 May 2023 06:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=638166

АМСМ информира дека денеска ќе се започне со градежни активности за поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје согласно склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје.

На трасата на која ќе се изведуваат градежните работи, како што е најавено, ќе има времен режим на сообраќај согласно одобрението за измена на режимот на сообраќај издадено од страна на Министерство за транспорт и врски, за што на горенаведената локација ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се препорачува на сите возачи внимателно да се движат почитувајќи ја поставената сигнализација

The post Ќе се поставува звучна ограда на автопатот Скопје-Тетово appeared first on Република.

]]>

АМСМ информира дека денеска ќе се започне со градежни активности за поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје согласно склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје. На трасата на која ќе се изведуваат градежните работи, како што е најавено, ќе има времен режим на сообраќај согласно одобрението за измена на режимот на сообраќај издадено од страна на Министерство за транспорт и врски, за што на горенаведената локација ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува на сите возачи внимателно да се движат почитувајќи ја поставената сигнализација

The post Ќе се поставува звучна ограда на автопатот Скопје-Тетово appeared first on Република.

]]>