автопат Охрид-Кичево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtopat-ohrid-kichevo/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Nov 2024 14:40:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автопат Охрид-Кичево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtopat-ohrid-kichevo/ 32 32 Николоски: За прв пат промовираме зимско асфалтирање на минусни температури и токму на автопатот Кичево -Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-za-prv-pat-promovirame-zimsko-asfaltirane-na-minusni-temperaturi-i-tokmu-na-avtopatot-kichevo-ohrid/ Sun, 24 Nov 2024 14:31:20 +0000 https://republika.mk/?p=841304

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево - Охрид на потегот од Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година како што ветивме ќе го изградиме целиот автопат, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски и градоначланикот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во зимско асфалтирање на автопатот во непосредна близина на Охрид.

Министерот Николоски, заедно со останатите присутни денеска промовираа асфалтирање во зимски услови, токму на трасата на автопатот Кичево – Охрид, активност која за прв пат се применува после 50 години.

Како што истакнаа, ова е резултат на промена на Законот за изградба на автопатот Кичево - Охрид се со цел да се надминат проблемите со техничките услови со асфлатирањето и да се забрза неговата изградба. Министерот Николоски истакна дека направена е целосна мобилизација на работници и на машини и со тоа се создава услови да се асфалтира и на минусни температури.

Ова е мое прво појавување на овој проект. Ветивме работа а помалку да зборуваме. Ги решаваме проблемите со автопататот и веќе ги забележуваме резултатите. Правиме историска работа за Охрид и за цел регион. Имаме голема мобилизација за изградба на автопатот и тоа со околу 300 машини и околу 600 вработени кои секојдневно работат на трасата. Денеска промовираме асфалтирање во зимски услови и на минусни температури се со цел да ја забрзаме изградбата и да ги достигнеме роковите што си ги зададовме. Тоа е до почетокот на летната сеозна да пуштиме за сообраќај околу 40 километри од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај Ботун, а до крај на 2026 година да го изградиме целиот автопат. Исто така во преткфалификација е избор на изведувач за автопатот Кичево-Букојчани и очекувам дека на пролет ќе имаме избрано изведувач. Потоа тој автопат ќе се надоврзе на автопатот кој интензивно започна да се гради, а тоа е од Гостивар до Букојчани и понатаму од Гостивар до Тетово, така да граѓаните од Охрид и регионот ќе добијат нов модерен автопат од Охрид до Скопје. Исто така по целата траса ќе има и алтернативен пат, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Министерот Николоски исто така најави дека ќе се започне и со реконструкција на превојот Пресека.

Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски истакна дека интезивно се работи на санација на косините и на завршување на експропријацијата.

Работиме со силен интензитет да ги санираме косините што се појавени на потегот од Кичево до Врбјани бидејќи со текот на времето тие биле подложни на многу природни услови. Исто така работиме и на завршување на експропријацијата. Со измени на Законот благодарение на министерот Николоски ја сменивме формулата за асфалтирање и со тоа овозможуваме зимско асфалтирање, нешто што не се правело изминативе педесетина години. Наследивме огромни проблеми, но макотрпно работиме да ги решаваме ден по еден и очекувам дека до крај на 2026 година ќе го завршиме овој автопат, изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.

The post Николоски: За прв пат промовираме зимско асфалтирање на минусни температури и токму на автопатот Кичево -Охрид appeared first on Република.

]]>

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево - Охрид на потегот од Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година како што ветивме ќе го изградиме целиот автопат, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски и градоначланикот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во зимско асфалтирање на автопатот во непосредна близина на Охрид. Министерот Николоски, заедно со останатите присутни денеска промовираа асфалтирање во зимски услови, токму на трасата на автопатот Кичево – Охрид, активност која за прв пат се применува после 50 години. Како што истакнаа, ова е резултат на промена на Законот за изградба на автопатот Кичево - Охрид се со цел да се надминат проблемите со техничките услови со асфлатирањето и да се забрза неговата изградба. Министерот Николоски истакна дека направена е целосна мобилизација на работници и на машини и со тоа се создава услови да се асфалтира и на минусни температури.  
Ова е мое прво појавување на овој проект. Ветивме работа а помалку да зборуваме. Ги решаваме проблемите со автопататот и веќе ги забележуваме резултатите. Правиме историска работа за Охрид и за цел регион. Имаме голема мобилизација за изградба на автопатот и тоа со околу 300 машини и околу 600 вработени кои секојдневно работат на трасата. Денеска промовираме асфалтирање во зимски услови и на минусни температури се со цел да ја забрзаме изградбата и да ги достигнеме роковите што си ги зададовме. Тоа е до почетокот на летната сеозна да пуштиме за сообраќај околу 40 километри од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај Ботун, а до крај на 2026 година да го изградиме целиот автопат. Исто така во преткфалификација е избор на изведувач за автопатот Кичево-Букојчани и очекувам дека на пролет ќе имаме избрано изведувач. Потоа тој автопат ќе се надоврзе на автопатот кој интензивно започна да се гради, а тоа е од Гостивар до Букојчани и понатаму од Гостивар до Тетово, така да граѓаните од Охрид и регионот ќе добијат нов модерен автопат од Охрид до Скопје. Исто така по целата траса ќе има и алтернативен пат, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
Министерот Николоски исто така најави дека ќе се започне и со реконструкција на превојот Пресека. Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски истакна дека интезивно се работи на санација на косините и на завршување на експропријацијата.  
Работиме со силен интензитет да ги санираме косините што се појавени на потегот од Кичево до Врбјани бидејќи со текот на времето тие биле подложни на многу природни услови. Исто така работиме и на завршување на експропријацијата. Со измени на Законот благодарение на министерот Николоски ја сменивме формулата за асфалтирање и со тоа овозможуваме зимско асфалтирање, нешто што не се правело изминативе педесетина години. Наследивме огромни проблеми, но макотрпно работиме да ги решаваме ден по еден и очекувам дека до крај на 2026 година ќе го завршиме овој автопат, изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.

The post Николоски: За прв пат промовираме зимско асфалтирање на минусни температури и токму на автопатот Кичево -Охрид appeared first on Република.

]]>
Автопатот Кичево-Охрид ќе биде функционален до крај на 2026 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/avtopatot-kichevo-ohrid-ke-bide-funktsionalen-do-kraj-na-2026/ Wed, 10 Jul 2024 11:22:35 +0000 https://republika.mk/?p=795311

Министерот за транспорт Александар Николоски денеска најави откочување на работата на автопатот Кичево-Охрид и почеток на градба на автопатот од Кичево до Букојчани. Очекува за скоро време да биде завршен и патот од Прилеп до Градско, како и сериозно да се посветат на реализација на автопатските делници од Тетово до Гостивар, од Гостивар до Букојчани и од Прилеп до Битола.

Во изјава за медиумите дадена по посетата на Градежниот факултет во Скопје, министерот Николоски рече дека остануваат на ветувањето до крајот на 2026 година да има функционален автопат.

Во однос на изградбата на автопатот Охрид – Кичево има бројни проблеми. Ние ги детектираме во моментов. Дел се поврзани со експропријација, дел се поврзани со проектирање на косини, дел се поврзани со објекти коишто се на самата траса, пред се бензински пумпи коишто треба да се дислоцираат, а се на самата траса. Она што можам да кажам е дека како ќе правиме, ќе правиме, но ветувањето што го дадовме дека до крајот на 2026 година ќе има функционален автопат, ќе го реализираме, рече Николоски.

Според деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски, она што се случува со автопатот Охрид-Кичево покажува дека проектирањето на сериозни инфраструктурни проекти особено линиски инфраструктурни проекти заслужува многу поголемо внимание и подолг период на проектирање.

Таму има многу елементи што се специфични од различни аспекти, меѓутоа генерален заклучок што може да се извлече е дека проектирањето е многу важна фаза во целокупната изградба на вакви капитални инвестиции. Проектот има долга историја. Работен е во едно друго време. Почнат е да се проектира во минатиот милениум, во 1999 година, со некои други сфаќања и други правила во решавање на одредени технички проблеми. Кога денес би се проектирал овој автопат сигурно би се пристапило поинаку и би се нашле поинакви решенија за одредени проблеми кои сега се јавуваат, рече Марковски.

Во изјава за медиумите, министерот Николовски најави реализација на големи инфраструктурни проекти и како што рече негова заложба ќе биде да с ангажираат домашни компании.

Дефинитивно моја заложба број еден, ќе биде и да работат домашни компании, да се вработуваат луѓе од државата и средствата што Македонија ги инвестира во инфраструктура да остануваат во Македонија, но, уште повеќе знаењето да останува и да се надградува затоа што реализацијата на секој проект, особено на големите значи знаење и искуство плус. Факт е дека во последните години, за жал, Македонија во тој дел заостанува и мора да направиме големи чекори во периодот што следува, рече Николоски.

Во делот на железницата рече дека првиот приоритет што треба да се развива заедно со Македонски железници е Коридорот 10.

The post Автопатот Кичево-Охрид ќе биде функционален до крај на 2026 appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт Александар Николоски денеска најави откочување на работата на автопатот Кичево-Охрид и почеток на градба на автопатот од Кичево до Букојчани. Очекува за скоро време да биде завршен и патот од Прилеп до Градско, како и сериозно да се посветат на реализација на автопатските делници од Тетово до Гостивар, од Гостивар до Букојчани и од Прилеп до Битола. Во изјава за медиумите дадена по посетата на Градежниот факултет во Скопје, министерот Николоски рече дека остануваат на ветувањето до крајот на 2026 година да има функционален автопат.
Во однос на изградбата на автопатот Охрид – Кичево има бројни проблеми. Ние ги детектираме во моментов. Дел се поврзани со експропријација, дел се поврзани со проектирање на косини, дел се поврзани со објекти коишто се на самата траса, пред се бензински пумпи коишто треба да се дислоцираат, а се на самата траса. Она што можам да кажам е дека како ќе правиме, ќе правиме, но ветувањето што го дадовме дека до крајот на 2026 година ќе има функционален автопат, ќе го реализираме, рече Николоски.
Според деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски, она што се случува со автопатот Охрид-Кичево покажува дека проектирањето на сериозни инфраструктурни проекти особено линиски инфраструктурни проекти заслужува многу поголемо внимание и подолг период на проектирање.
Таму има многу елементи што се специфични од различни аспекти, меѓутоа генерален заклучок што може да се извлече е дека проектирањето е многу важна фаза во целокупната изградба на вакви капитални инвестиции. Проектот има долга историја. Работен е во едно друго време. Почнат е да се проектира во минатиот милениум, во 1999 година, со некои други сфаќања и други правила во решавање на одредени технички проблеми. Кога денес би се проектирал овој автопат сигурно би се пристапило поинаку и би се нашле поинакви решенија за одредени проблеми кои сега се јавуваат, рече Марковски.
Во изјава за медиумите, министерот Николовски најави реализација на големи инфраструктурни проекти и како што рече негова заложба ќе биде да с ангажираат домашни компании.
Дефинитивно моја заложба број еден, ќе биде и да работат домашни компании, да се вработуваат луѓе од државата и средствата што Македонија ги инвестира во инфраструктура да остануваат во Македонија, но, уште повеќе знаењето да останува и да се надградува затоа што реализацијата на секој проект, особено на големите значи знаење и искуство плус. Факт е дека во последните години, за жал, Македонија во тој дел заостанува и мора да направиме големи чекори во периодот што следува, рече Николоски.
Во делот на железницата рече дека првиот приоритет што треба да се развива заедно со Македонски железници е Коридорот 10.

The post Автопатот Кичево-Охрид ќе биде функционален до крај на 2026 appeared first on Република.

]]>
ДЗР: Автопатот Кичево-Охрид, најголема инфраструктурна инвестиција со „децениска“ изградба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzr-avtopatot-kichevo-ohrid-najgolema-infrastrukturna-investitsija-so-detseniska-izgradba/ Thu, 08 Feb 2024 11:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=741802

Најголемиот дел од материјалните средства на ЈП за државни патишта или 46% од нив (55.048.838 илјади денари), се материјални средства во подготовка, кои се однесуваат на изработка на проектни документации, извршени експропријации, изградби, реконструкција и рехабилитација на државните патишта и нивен надзор. За дел од овие средства се утврди недостаток на системски и аналитичен пристап и недоволна подготвеност при планирање, проектирање, градење и реконструкција на патни делници низ државата, што предизвикало зголемување на вредноста на склучените договори и пролонгирање на рокот за изградба/реконструкција на делниците, покажале резултатите од ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на ЈП за државни патишта, за 2022 година што ја направил Државниот завод за ревизија.

При тоа, констатира ДЗР, поради појавени непредвидливи и дополнителни работи биле направени измени и дополнувања на основните проекти – варијации, чии број се движи од една до 42 промени соодветно по проекти, како и продолжувања на рокот за градење на делниците од осум месеци до шест години. Најмногу варијации, најголемо продолжување на рокот и зголемување на вредноста на договорот од 45% (187 милиони евра) има кај изградбата на патната делница Кичево – Охрид.

Според износот на инвестирани средства и должината на патната делница која се гради, најголем проект, претставува изградбата на патната делница Кичево – Охрид, чија должина изнесува 56,7 km, а чиј износ заклучно со декември 2022 година изнесува 31.597.364 илјади денари (приближно 512 милиони евра), односно за изградба на 1 km од оваа патна делница, до крајот на 2022 година инвестирани се 557.273 илјади денари (приближно 9 милиони евра). До ноември 2023 година инвестираните средства достигнуваат износ од приближно 575 милиони евра, се вели во денешното соопштение од РЗР во врска со извршената ревизија.

И покрај дополнителен заем од 180 милиони долари, пролонгирање на изградбата за 6 години и зголемување на вредноста на договорот за 45%, констатира Државниот завод за ревизија, делницата Кичево - Охрид не е изградена.

Во мај 2014 година започнала изградбата на патната делница Кичево – Охрид. За таа цел во јануари 2014 година, склучен е договор за заем помеѓу банка од НР Кина (заемодавач) и ЈП за државни патишта (заемопримач) во износ од 505 милиони долари, а во декември 2019 година, склучен е договор за дополнителен заем во износ од 180 милиони долари, при што вкупното задолжување за овој проект изнесува 685 милиони долари. Од спроведениот теренски увид ревизорите констатирале дека најголем дел од делницата е трасирана, изградени се 25 вијадукти, при што различни делници се во различна фаза на изградба. Основни причини за забавената динамика за изградба на патната делница Кичево – Охрид се наведуваат: недостатоците на проектот, задоцнета експропријација поради нерешените имотно правни односи, потребата од дислокација на надземни и подземни инфраструктурни објекти, одобрување на нови одлагалишта на земја, како и недоволен број на технички кадар, механизација и опрема обезбедени од изведувачот (подизведувачите), велат од ДЗР.

Оттаму додаваат и дека до денот на завршување на ревизијата на прва, втора и четврта подделница на делницата Кичево – Охрид се појавиле 11 нови свлечишта, а можни се и нови, кои дополнително влијаат на потреба од нови варијации за надминување на состојбите, пролонгирање на рокот на нејзино завршување и исплата на дополнителни финансиски средства.

Следни делници по големина се: надградбата и развојот на патот - Ранковце - Крива Паланка, со инвестирани средства во вкупен износ од 2.774.354 илјади денари (приближно 45 милиони евра) и должина од 25,5 km, додека според цената на чинење за 1 km следна по големина е автопатската делница Скопје – Блаце со износ од 362.978 илјади денари (приближно 5,9 милиони евра).

Со најниска цена на чинење е регионалниот пат, делница Извор – Гарски мост (патен правец Дебар - Кичево), чија должина е 19 km, при што за изградба на 1 km од делницата инвестирани се 30.152 илјади денари (приближно 489 илјади евра).

Со ревизијата е утврдено дека, 21 проект за изградба, рехабилитација и реконструкција на патни делници и изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини, во износ од  14.430.650 илјади денари (приближно 234 милиони евра), иако се ставени во употреба и се користат, во сметководствената евиденција на претпријатието не се соодветно признати како недвижности. Како причина за оваа состојба се наведува неизвршениот технички прием поради нерасчистени имотно – правни односи при експропријација на земјиште, изградени локални патишта кои не се предадени на општините, изградена и непредадена автопатската делница Демир Капија-Смоквица со Министерство за финансии и несоодветна алокација на инвестиции по проекти. Овие средства генерираат приход, без притоа да бидат признаени соодветни расходи, односно за нив не е пресметан и признаен трошок за амортизација во претходниот период и во тековната 2022 година, се вели во соопштението.

ДЗР констатирал и состојби кои претставуваат нерационалното користење на јавни средства и ја доведуваат во прашање нивната оправданост. Имено, во периодот од 2015 до 2022 година направени се вложувања во проекти и недовршени градби, трошоци по основ на камати, еднократни и провизии за неповлечени средства, експропријации и други непознати трошоци, во вкупен износ од 1.924.211 илјади денари (приближно 31 милиони евра), за кои поради недоволни информации и/или соодветна документација не е позната потребата од нивна набавка и нивната употребна вредност.

Со извршениот увид во деловните книги на претпријатието утврдено е дека 96% од градежните објекти или 61.303.043 илјади денари, претставуваат линиски инфраструктурни објекти, при што тие не се евидентирани во катастарот на инфраструктурни објекти во Агенцијата за катастар на недвижности, поради тешкотиите во обезбедувањето на одобренија за употреба од Министерството за транспорт и врски.

Проектите кои се реализирани, како и оние чија реализација е во тек, нагласуваат од ДЗР, се финансирани од сопствени средства и средства кои се обезбедени од повеќе кредитни линии, врз основа на склучени договори за заеми со меѓународни финансиски институции, а во согласност со одредбите од донесени закони за задолжување.

Од ДЗР информираат и дека во извештај е наведено дека, откако ревизорите утврдиле неправилно пресметана даночна основа и помалку пресметан и уплатен данок од добивка за 2022 година во Буџетот на Република Македонија во износ од 27.525 илјади денари, од страна на ЈП за државни патишта преземени се активности за надминување на состојбата по тој основ и на крајот на 2023 година износот е целосно уплатен на трезорската сметка.

ДЗР констатирал и дека уплатените средства на сметката на ЈП за државни патишта по основ на надоместок за патната такса од регистрација на моторни возила, нецелосно се трансферираат до општините. Имајќи го во предвид вкупниот приход по овој основ во периодот 2016 – 2022 година,  ревизорите утврдиле дека за 63% помалку се распределени средства по општините, односно не се распределени 3.580.588 илјади денари или приближно 58 милиони евра.

Со извршената ревизија е утврдено дека електронскиот систем за наплата на патарините е функционален во текот на цела година кај 7 наплатни станици, во последните шест месеци од 2022 година уште кај 2 наплатни станици, а 5 наплатни станици немаат воспоставена електронска наплата на патарина. При тоа со анализа е констатирано дека во просек само 13% од вкупно остварените приходи од патарини во 2022 година се со примена на електронска наплата преку користење на смарт картица и уред М – таг. Најголема примена на системот е забележана кај наплатната станица Гевгелија од 29%, додека најмала е примената кај наплатната станица Преод од 13%.

Имајќи во предвид дека со користењето на електронската картица и уред М – таг за наплата на патарините, се обезбедува подобрена и ефикасна услуга за нивна наплата, со што се овозможува функционирање на унифициран и целосно интероперабилен систем за патарина на автопатите низ државата, со ревизијата е укажано на потребата од поголема промоција на можноста за нејзина употреба, велат од ДЗР.

Со извршената ревизија констатирани се и низа други состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 година и за усогласеноста со законската регулатива. За надминување на констатираните состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

The post ДЗР: Автопатот Кичево-Охрид, најголема инфраструктурна инвестиција со „децениска“ изградба appeared first on Република.

]]>

Најголемиот дел од материјалните средства на ЈП за државни патишта или 46% од нив (55.048.838 илјади денари), се материјални средства во подготовка, кои се однесуваат на изработка на проектни документации, извршени експропријации, изградби, реконструкција и рехабилитација на државните патишта и нивен надзор. За дел од овие средства се утврди недостаток на системски и аналитичен пристап и недоволна подготвеност при планирање, проектирање, градење и реконструкција на патни делници низ државата, што предизвикало зголемување на вредноста на склучените договори и пролонгирање на рокот за изградба/реконструкција на делниците, покажале резултатите од ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на ЈП за државни патишта, за 2022 година што ја направил Државниот завод за ревизија. При тоа, констатира ДЗР, поради појавени непредвидливи и дополнителни работи биле направени измени и дополнувања на основните проекти – варијации, чии број се движи од една до 42 промени соодветно по проекти, како и продолжувања на рокот за градење на делниците од осум месеци до шест години. Најмногу варијации, најголемо продолжување на рокот и зголемување на вредноста на договорот од 45% (187 милиони евра) има кај изградбата на патната делница Кичево – Охрид.
Според износот на инвестирани средства и должината на патната делница која се гради, најголем проект, претставува изградбата на патната делница Кичево – Охрид, чија должина изнесува 56,7 km, а чиј износ заклучно со декември 2022 година изнесува 31.597.364 илјади денари (приближно 512 милиони евра), односно за изградба на 1 km од оваа патна делница, до крајот на 2022 година инвестирани се 557.273 илјади денари (приближно 9 милиони евра). До ноември 2023 година инвестираните средства достигнуваат износ од приближно 575 милиони евра, се вели во денешното соопштение од РЗР во врска со извршената ревизија.
И покрај дополнителен заем од 180 милиони долари, пролонгирање на изградбата за 6 години и зголемување на вредноста на договорот за 45%, констатира Државниот завод за ревизија, делницата Кичево - Охрид не е изградена.
Во мај 2014 година започнала изградбата на патната делница Кичево – Охрид. За таа цел во јануари 2014 година, склучен е договор за заем помеѓу банка од НР Кина (заемодавач) и ЈП за државни патишта (заемопримач) во износ од 505 милиони долари, а во декември 2019 година, склучен е договор за дополнителен заем во износ од 180 милиони долари, при што вкупното задолжување за овој проект изнесува 685 милиони долари. Од спроведениот теренски увид ревизорите констатирале дека најголем дел од делницата е трасирана, изградени се 25 вијадукти, при што различни делници се во различна фаза на изградба. Основни причини за забавената динамика за изградба на патната делница Кичево – Охрид се наведуваат: недостатоците на проектот, задоцнета експропријација поради нерешените имотно правни односи, потребата од дислокација на надземни и подземни инфраструктурни објекти, одобрување на нови одлагалишта на земја, како и недоволен број на технички кадар, механизација и опрема обезбедени од изведувачот (подизведувачите), велат од ДЗР.
Оттаму додаваат и дека до денот на завршување на ревизијата на прва, втора и четврта подделница на делницата Кичево – Охрид се појавиле 11 нови свлечишта, а можни се и нови, кои дополнително влијаат на потреба од нови варијации за надминување на состојбите, пролонгирање на рокот на нејзино завршување и исплата на дополнителни финансиски средства. Следни делници по големина се: надградбата и развојот на патот - Ранковце - Крива Паланка, со инвестирани средства во вкупен износ од 2.774.354 илјади денари (приближно 45 милиони евра) и должина од 25,5 km, додека според цената на чинење за 1 km следна по големина е автопатската делница Скопје – Блаце со износ од 362.978 илјади денари (приближно 5,9 милиони евра). Со најниска цена на чинење е регионалниот пат, делница Извор – Гарски мост (патен правец Дебар - Кичево), чија должина е 19 km, при што за изградба на 1 km од делницата инвестирани се 30.152 илјади денари (приближно 489 илјади евра).
Со ревизијата е утврдено дека, 21 проект за изградба, рехабилитација и реконструкција на патни делници и изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини, во износ од  14.430.650 илјади денари (приближно 234 милиони евра), иако се ставени во употреба и се користат, во сметководствената евиденција на претпријатието не се соодветно признати како недвижности. Како причина за оваа состојба се наведува неизвршениот технички прием поради нерасчистени имотно – правни односи при експропријација на земјиште, изградени локални патишта кои не се предадени на општините, изградена и непредадена автопатската делница Демир Капија-Смоквица со Министерство за финансии и несоодветна алокација на инвестиции по проекти. Овие средства генерираат приход, без притоа да бидат признаени соодветни расходи, односно за нив не е пресметан и признаен трошок за амортизација во претходниот период и во тековната 2022 година, се вели во соопштението.
ДЗР констатирал и состојби кои претставуваат нерационалното користење на јавни средства и ја доведуваат во прашање нивната оправданост. Имено, во периодот од 2015 до 2022 година направени се вложувања во проекти и недовршени градби, трошоци по основ на камати, еднократни и провизии за неповлечени средства, експропријации и други непознати трошоци, во вкупен износ од 1.924.211 илјади денари (приближно 31 милиони евра), за кои поради недоволни информации и/или соодветна документација не е позната потребата од нивна набавка и нивната употребна вредност. Со извршениот увид во деловните книги на претпријатието утврдено е дека 96% од градежните објекти или 61.303.043 илјади денари, претставуваат линиски инфраструктурни објекти, при што тие не се евидентирани во катастарот на инфраструктурни објекти во Агенцијата за катастар на недвижности, поради тешкотиите во обезбедувањето на одобренија за употреба од Министерството за транспорт и врски. Проектите кои се реализирани, како и оние чија реализација е во тек, нагласуваат од ДЗР, се финансирани од сопствени средства и средства кои се обезбедени од повеќе кредитни линии, врз основа на склучени договори за заеми со меѓународни финансиски институции, а во согласност со одредбите од донесени закони за задолжување. Од ДЗР информираат и дека во извештај е наведено дека, откако ревизорите утврдиле неправилно пресметана даночна основа и помалку пресметан и уплатен данок од добивка за 2022 година во Буџетот на Република Македонија во износ од 27.525 илјади денари, од страна на ЈП за државни патишта преземени се активности за надминување на состојбата по тој основ и на крајот на 2023 година износот е целосно уплатен на трезорската сметка. ДЗР констатирал и дека уплатените средства на сметката на ЈП за државни патишта по основ на надоместок за патната такса од регистрација на моторни возила, нецелосно се трансферираат до општините. Имајќи го во предвид вкупниот приход по овој основ во периодот 2016 – 2022 година,  ревизорите утврдиле дека за 63% помалку се распределени средства по општините, односно не се распределени 3.580.588 илјади денари или приближно 58 милиони евра. Со извршената ревизија е утврдено дека електронскиот систем за наплата на патарините е функционален во текот на цела година кај 7 наплатни станици, во последните шест месеци од 2022 година уште кај 2 наплатни станици, а 5 наплатни станици немаат воспоставена електронска наплата на патарина. При тоа со анализа е констатирано дека во просек само 13% од вкупно остварените приходи од патарини во 2022 година се со примена на електронска наплата преку користење на смарт картица и уред М – таг. Најголема примена на системот е забележана кај наплатната станица Гевгелија од 29%, додека најмала е примената кај наплатната станица Преод од 13%.
Имајќи во предвид дека со користењето на електронската картица и уред М – таг за наплата на патарините, се обезбедува подобрена и ефикасна услуга за нивна наплата, со што се овозможува функционирање на унифициран и целосно интероперабилен систем за патарина на автопатите низ државата, со ревизијата е укажано на потребата од поголема промоција на можноста за нејзина употреба, велат од ДЗР.
Со извршената ревизија констатирани се и низа други состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 година и за усогласеноста со законската регулатива. За надминување на констатираните состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

The post ДЗР: Автопатот Кичево-Охрид, најголема инфраструктурна инвестиција со „децениска“ изградба appeared first on Република.

]]>
Власта допрва ќе анализира зошто автопатот Кичево-Охрид не е направен десет години https://arhiva3.republika.mk/vesti/vlasta-doprva-ke-analizira-zoshto-avtopatot-kichevo-ohrid-ne-e-napraven-deset-godini/ Tue, 07 Nov 2023 12:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=699175

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека анализите што се прават за автопатот Кичево- Охрид треба да одговорат дали изведувачот и неговите подизведувачи по 10 години се во состојба да изведат вакво решение и дали проектантските куќи го направиле проектирањето како што треба. Ангажираниот Фидик експерт, како што изјави денеска, ќе треба да каже кои се ефектите за начините на кои би се продолжило, дали со истиот изведувач, или би се прекинала соработката, во кој случај би имало финансиски импликации што ќе ги дефинира меѓународниот арбитражен суд што е наведен во Договорот за проектот, изгласан во Собранието.

-Врз основа на сите информации што ќе бидат прибрани ќе биде предложена одлука до Собранието, кое ќе го има финалниот збор бидејќи Собранието со Закон ја задолжило Владата да работи на ова решение, на овој начин и со тој изведувач од Кина, рече Ковачевски, на новинарско прашање по денешната посета на Пивара Скопје.

Собранието, укажа премиерот, мора да ја направи која било промена бидејќи Договорот со изведувачот е направен со законско решение.

Ставањето карти на „голема Албанија“ е најмалку 145 години задоцнето и нерелевантно. По влегувањето во НАТО за нашата држава релевантни се мапата на земји членки на НАТО и на обединета Европа

Според Ковачевски, 600. милиони евра за автопатот што се гради од 2014 година не одат „во контејнер“ затоа што 75 проценти  од патот се веќе изградени, но, како што рече, проблем е што самото проектирање и репроектирање не биле направени на квалитетен начин и затоа овој пат се гради бесконечно.

Од таа причина, посочи Ковачевски, ќе биде пред пратениците бидејќи Договорот е со законско решение. Секоја промена и анекс кон Договорот практично значи стапување на новите одредби со одлука на Собранието. Затоа веќе има ревизија во Јавното претпријатие за државни патишта во однос на финансиските апсекти на капиталните проекти и процедуралните аспекти.  Исто така ќе биде повикан и Фидик експерт кој ќе треба да даде извештај во однос на начинот на изведување на овој автопат.

-Од она што го имам како информација и врз основа на која и ја дадов мојата изјава е дека по продолжувањето на градењето на автопатот односно склучувањето  на Анексот повторно на самата траса се појавиле нови 11 свлечишта кои не овозможуваат довршување на автопатот во овој момент. Од таа страна тоа е нешто ќе треба да се исправи, но од друга страна се поставува друго прашање дали тој изведувач и неговите подизведувачи по 10 години се во состојба да изведат едно вакво решение. И самите проектантски куќи кои имаат лиценци за да проектираат вакви големи инфраструктурни проекти  дали го направиле на начин на кој треба да биде направено и ќе овозможи брза, навремена и квалитена изградба на автопатот.  Ова се прашањата што ќе треба да ги одговорат двете анализи што се прават, а Министерството за транспорт и  врски ќе треба да ги достави до Владата, рече Ковачевски.

Истовремено, дополни премиерот, Фидик експертот ќе треба да утврди и кои се ефектите за начините на кои би се продолжило, дали со истиот изведувач, или би се прекинала соработката, бидејќи во тој случај нормално дека постојат финансиски импликации кои можат единствено да бидат дефинирани од страна на меѓународен арбитражен суд, кој е наведен во Договорот којшто е изгласан во Собранието. Врз основа на сите информации што ќе бидат прибрани, додаде тој, ќе биде предложена одлука до Собранието, кое ќе го има финалниот збор.

Во однос на тоа кој ќе понесе одговорност за тоа што не е завршен автопатот и евентуалните финансиски пенали, Ковачевски потенцираше дека изградбата на инфраструктурата е во одговорност и надлежност на Министерството за транспорт, но оти одговорни за проектирањето се проектантските куќи кои ги правеле прокетите, а тие, како што нагласи, имаат име и презиме и лиценци што ги добиле во државава. Одговорен за изведба на работите, пак, дополни, е изведувачот на работите кој има Договор со сила на Закон. Додаде дека таа договорна страна, изведувачот, врз основа на проекти од проектанти со лиценци, имаат прифатено дека автопатот ќе го завршат до крајот на 2023 година преку Анекс на Договорот што е одобрен од страна на Собранието.

-Сега треба да се направи анализа зошто не е завршено, зошто изведувачот не успеал да го заврши, дали проектите биле правени биле квалитетно направени, дали тие што ги правеле ги заслужуваат лиценците што ги имаат за да направат проекти. Ќе ви направам аналогија, тоа е исто како да имате овластен книгиводител кој ги прмашува завршните сметки на една компанија и се поставува прашањето дали ја заслужува лиценцата да биде овластен сметководител. Исто и кај проектантите, ако постојано имате проекти со кои им се појавуваат нови и нови свлечишта, а сигурно ако тука имате  свлечишта не можете да направите автопат кој е функционален, три дена ќе биде затрупан со земја. Сето тоа треба да се анализира и врз основа на анализите до Собранието ќе биде доставено предлог решение кое Собранието на крај треба да го анализира, рече Ковачевски.

Рокот за реализација на автопатот Кичево-Охрид истекува на 31 декември годинава, а дотогаш, според Министерството за транспорт и врски, треба се донесе одлука со најсоодветното решение за дореализација на проектот. Изградбата на автопатот, проектиран со вкупна должина од 57 километри, почна во 2014 година и од првично предвидените 374 милиони достигна вредност од 598 милиони евра. Не е завршен и покрај неколкуте анекси на Договорот со кинески „Синохидро“ со кои беа продолжени роковите

The post Власта допрва ќе анализира зошто автопатот Кичево-Охрид не е направен десет години appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека анализите што се прават за автопатот Кичево- Охрид треба да одговорат дали изведувачот и неговите подизведувачи по 10 години се во состојба да изведат вакво решение и дали проектантските куќи го направиле проектирањето како што треба. Ангажираниот Фидик експерт, како што изјави денеска, ќе треба да каже кои се ефектите за начините на кои би се продолжило, дали со истиот изведувач, или би се прекинала соработката, во кој случај би имало финансиски импликации што ќе ги дефинира меѓународниот арбитражен суд што е наведен во Договорот за проектот, изгласан во Собранието.
-Врз основа на сите информации што ќе бидат прибрани ќе биде предложена одлука до Собранието, кое ќе го има финалниот збор бидејќи Собранието со Закон ја задолжило Владата да работи на ова решение, на овој начин и со тој изведувач од Кина, рече Ковачевски, на новинарско прашање по денешната посета на Пивара Скопје.
Собранието, укажа премиерот, мора да ја направи која било промена бидејќи Договорот со изведувачот е направен со законско решение. Ставањето карти на „голема Албанија“ е најмалку 145 години задоцнето и нерелевантно. По влегувањето во НАТО за нашата држава релевантни се мапата на земји членки на НАТО и на обединета Европа Според Ковачевски, 600. милиони евра за автопатот што се гради од 2014 година не одат „во контејнер“ затоа што 75 проценти  од патот се веќе изградени, но, како што рече, проблем е што самото проектирање и репроектирање не биле направени на квалитетен начин и затоа овој пат се гради бесконечно. Од таа причина, посочи Ковачевски, ќе биде пред пратениците бидејќи Договорот е со законско решение. Секоја промена и анекс кон Договорот практично значи стапување на новите одредби со одлука на Собранието. Затоа веќе има ревизија во Јавното претпријатие за државни патишта во однос на финансиските апсекти на капиталните проекти и процедуралните аспекти.  Исто така ќе биде повикан и Фидик експерт кој ќе треба да даде извештај во однос на начинот на изведување на овој автопат. -Од она што го имам како информација и врз основа на која и ја дадов мојата изјава е дека по продолжувањето на градењето на автопатот односно склучувањето  на Анексот повторно на самата траса се појавиле нови 11 свлечишта кои не овозможуваат довршување на автопатот во овој момент. Од таа страна тоа е нешто ќе треба да се исправи, но од друга страна се поставува друго прашање дали тој изведувач и неговите подизведувачи по 10 години се во состојба да изведат едно вакво решение. И самите проектантски куќи кои имаат лиценци за да проектираат вакви големи инфраструктурни проекти  дали го направиле на начин на кој треба да биде направено и ќе овозможи брза, навремена и квалитена изградба на автопатот.  Ова се прашањата што ќе треба да ги одговорат двете анализи што се прават, а Министерството за транспорт и  врски ќе треба да ги достави до Владата, рече Ковачевски. Истовремено, дополни премиерот, Фидик експертот ќе треба да утврди и кои се ефектите за начините на кои би се продолжило, дали со истиот изведувач, или би се прекинала соработката, бидејќи во тој случај нормално дека постојат финансиски импликации кои можат единствено да бидат дефинирани од страна на меѓународен арбитражен суд, кој е наведен во Договорот којшто е изгласан во Собранието. Врз основа на сите информации што ќе бидат прибрани, додаде тој, ќе биде предложена одлука до Собранието, кое ќе го има финалниот збор. Во однос на тоа кој ќе понесе одговорност за тоа што не е завршен автопатот и евентуалните финансиски пенали, Ковачевски потенцираше дека изградбата на инфраструктурата е во одговорност и надлежност на Министерството за транспорт, но оти одговорни за проектирањето се проектантските куќи кои ги правеле прокетите, а тие, како што нагласи, имаат име и презиме и лиценци што ги добиле во државава. Одговорен за изведба на работите, пак, дополни, е изведувачот на работите кој има Договор со сила на Закон. Додаде дека таа договорна страна, изведувачот, врз основа на проекти од проектанти со лиценци, имаат прифатено дека автопатот ќе го завршат до крајот на 2023 година преку Анекс на Договорот што е одобрен од страна на Собранието.
-Сега треба да се направи анализа зошто не е завршено, зошто изведувачот не успеал да го заврши, дали проектите биле правени биле квалитетно направени, дали тие што ги правеле ги заслужуваат лиценците што ги имаат за да направат проекти. Ќе ви направам аналогија, тоа е исто како да имате овластен книгиводител кој ги прмашува завршните сметки на една компанија и се поставува прашањето дали ја заслужува лиценцата да биде овластен сметководител. Исто и кај проектантите, ако постојано имате проекти со кои им се појавуваат нови и нови свлечишта, а сигурно ако тука имате  свлечишта не можете да направите автопат кој е функционален, три дена ќе биде затрупан со земја. Сето тоа треба да се анализира и врз основа на анализите до Собранието ќе биде доставено предлог решение кое Собранието на крај треба да го анализира, рече Ковачевски.
Рокот за реализација на автопатот Кичево-Охрид истекува на 31 декември годинава, а дотогаш, според Министерството за транспорт и врски, треба се донесе одлука со најсоодветното решение за дореализација на проектот. Изградбата на автопатот, проектиран со вкупна должина од 57 километри, почна во 2014 година и од првично предвидените 374 милиони достигна вредност од 598 милиони евра. Не е завршен и покрај неколкуте анекси на Договорот со кинески „Синохидро“ со кои беа продолжени роковите

The post Власта допрва ќе анализира зошто автопатот Кичево-Охрид не е направен десет години appeared first on Република.

]]>
Кинески работник тешко повреден при работа на автопатот Охрид-Кичево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kineski-rabotnik-teshko-povreden-pri-rabota-na-avtopatot-ohrid-kichevo/ Mon, 24 Apr 2023 15:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=633664

Во СВР Охрид од Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ш.Ч.(40) од Кина.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 10:00 часот, при извршување работни задачи на автопатот во изградба Охрид-Кичево, кај с.Оровник.

Увид извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор.

The post Кинески работник тешко повреден при работа на автопатот Охрид-Кичево appeared first on Република.

]]>

Во СВР Охрид од Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ш.Ч.(40) од Кина. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 10:00 часот, при извршување работни задачи на автопатот во изградба Охрид-Кичево, кај с.Оровник. Увид извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор.

The post Кинески работник тешко повреден при работа на автопатот Охрид-Кичево appeared first on Република.

]]>
Веќе 3.000 денови како се гради автопатот Кичево-Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vekje-3-000-denovi-kako-se-gradi-avtopatot-kichevo-ohrid/ Fri, 10 Jun 2022 10:16:25 +0000 https://republika.mk/?p=513492

Верувале или НЕ, изминаа над 3.000 денови како „се гради” автопатот од Кичево кон Охрид, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишува Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.

57 км долгиот автопат кога ќе го поделиме со 3000 денови би значело дека онаа машинерија од 600 машини (за која што лажат дека е на терен, нема ни 60) до сега да градела само по 19 метра на ден, автопатот ќе беше готов. А тие заглавени на некои си 65% од вкупната реализација откако во 2017та наследила 50% прогрес. Единствено цената на чинење ја зголемија за 200 мил евра, и си потпишаа анекси за продолжување на рокот на завршување на автопатот кој пред тоа сами си го зададоа и пробија. Со министерот за транспорт и врски никако да се видиме пред камера, и го разбирам, после ваков неуспех не би сакал да се соочи со фактите. Премногу е!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Веќе 3.000 денови како се гради автопатот Кичево-Охрид appeared first on Република.