автопат кон Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtopat-kon-bugarija/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 10:27:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автопат кон Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtopat-kon-bugarija/ 32 32 Бугарија загуби речиси 650 милиони евра поради одбивањето на приемот во Шенген зоната https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-zagubi-rechisi-650-milioni-evra-poradi-odbivaneto-na-priemot-vo-shengen-zonata/ Tue, 09 Jul 2024 10:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=794894

Како последица на тоа што не беше целосно примена во Шенген зоната, Бугарија годинава загуби околу 648 милиони евра, од кои 423 милиони евра директни загуби и 225 милиони евра изгубени бенефиции, се наведува во извештај на Институтот за економски истражувања при Бугарската академија на науките (БАН).

Податоците во извештајот, изработен за потребите на бугарското Министерство за економија, се попесимистички од прогнозите на Сојузот на меѓународни превозници, кои предвидуваа загуби на годишно ниво од околу 500 милиони евра.

Според бугарскиот министер за економија Петко Николов, секое понатамошно одлагање на приемот на Бугарија во рамноправно членство во Шенген зоната ќе резултира со „поголеми загубени придобивки и за бугарската и за европската економија“.

Од крајот на март годинава на граѓаните на Бугарија и Романија им е овозможено слободно преминување на границите со членките на Шенген зоната само по воздушен и воден пат, додека и натаму се во сила граничните контроли на копнените премини на двете земји кон останатите држави од зоната. Ваквата одлука беше донесена на барање на Австрија, која сметаше дека двете земји не ги исполнуваат целосно условите за прием во Шенген зоната.

Николов оцени дека целосниот прием на Бугарија во Шенген зоната претставува „клучен момент за европската интеграција“, нагласувајќи дека укинувањето на контролите на копнените граници ќе доведе до заштеди од емисиите на јаглерод од транспортот во вредност од 3,75 милиони евра. Според Николов, целосното приклучувањето на земјата кон Шенген зоната ќе ги намали и гужвите на бугарските граници со Романија и Грција и ќе придонесе за зголемување на обемот на трговијата, намалување на трошоците за извозниците, скратување на времето на патување и на испорака, како и поедноставување на административните проверки, што ќе резултира со поголем потенцијал за развој на пограничните области и за помали штетни ефекти по животната средина од камионите кои чекаат на граничните премини.

Николов додаде и дека Софија го оценува како „исклучително позитивен“ фактот што меѓу приоритетите на претседавањето на Унгарија со ЕУ, во втората половина на оваа година, е и полноправното членство на земјата во Шенген зоната.

- Високо ја цениме поддршката на Унгарија за брзо, побрзо и би рекол спасоносно пристапување на Бугарија и Романија во Шенген зоната и се надевам дека до крајот на годината тоа ќе стане реалност, рече Николов.

Меѓутоа, бугарски европратеник Илхан Ќучук смета дека Бугарија најверојатно нема да стане полноправна членка на Шенген во текот на оваа година, имајќи ги предвид парламентарните избори во Австрија закажани за 29 септември

The post Бугарија загуби речиси 650 милиони евра поради одбивањето на приемот во Шенген зоната appeared first on Република.

]]>

Како последица на тоа што не беше целосно примена во Шенген зоната, Бугарија годинава загуби околу 648 милиони евра, од кои 423 милиони евра директни загуби и 225 милиони евра изгубени бенефиции, се наведува во извештај на Институтот за економски истражувања при Бугарската академија на науките (БАН). Податоците во извештајот, изработен за потребите на бугарското Министерство за економија, се попесимистички од прогнозите на Сојузот на меѓународни превозници, кои предвидуваа загуби на годишно ниво од околу 500 милиони евра. Според бугарскиот министер за економија Петко Николов, секое понатамошно одлагање на приемот на Бугарија во рамноправно членство во Шенген зоната ќе резултира со „поголеми загубени придобивки и за бугарската и за европската економија“. Од крајот на март годинава на граѓаните на Бугарија и Романија им е овозможено слободно преминување на границите со членките на Шенген зоната само по воздушен и воден пат, додека и натаму се во сила граничните контроли на копнените премини на двете земји кон останатите држави од зоната. Ваквата одлука беше донесена на барање на Австрија, која сметаше дека двете земји не ги исполнуваат целосно условите за прием во Шенген зоната. Николов оцени дека целосниот прием на Бугарија во Шенген зоната претставува „клучен момент за европската интеграција“, нагласувајќи дека укинувањето на контролите на копнените граници ќе доведе до заштеди од емисиите на јаглерод од транспортот во вредност од 3,75 милиони евра. Според Николов, целосното приклучувањето на земјата кон Шенген зоната ќе ги намали и гужвите на бугарските граници со Романија и Грција и ќе придонесе за зголемување на обемот на трговијата, намалување на трошоците за извозниците, скратување на времето на патување и на испорака, како и поедноставување на административните проверки, што ќе резултира со поголем потенцијал за развој на пограничните области и за помали штетни ефекти по животната средина од камионите кои чекаат на граничните премини. Николов додаде и дека Софија го оценува како „исклучително позитивен“ фактот што меѓу приоритетите на претседавањето на Унгарија со ЕУ, во втората половина на оваа година, е и полноправното членство на земјата во Шенген зоната.
- Високо ја цениме поддршката на Унгарија за брзо, побрзо и би рекол спасоносно пристапување на Бугарија и Романија во Шенген зоната и се надевам дека до крајот на годината тоа ќе стане реалност, рече Николов.
Меѓутоа, бугарски европратеник Илхан Ќучук смета дека Бугарија најверојатно нема да стане полноправна членка на Шенген во текот на оваа година, имајќи ги предвид парламентарните избори во Австрија закажани за 29 септември

The post Бугарија загуби речиси 650 милиони евра поради одбивањето на приемот во Шенген зоната appeared first on Република.

]]>
Не се знае дали е полош нашиот или нивниот: Бугарија ќе го прави патот до македонската граница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ne-se-znae-dali-e-polosh-nashiot-ili-nivniot-bugarija-kje-go-pravi-patot-do-makedonskata-granica/ Wed, 10 Aug 2022 12:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=538741

Бугарската владина агенција „Патна инфраструктура“ објави дека денеска распишала јавен тендер за избор на изведувач за изработка на идејно-технички проект со детален распоред – план за парцела за изградба на автопатот „Ѓуешево – Дупница “.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, трасата ќе овозможи удобна врска меѓу трансевропскиот транспортен коридор „Ориент/Источен Медитеран“, по кој се наоѓа трасата на автопатот „Струма“ и границата со Република Македонија. Оваа траса е дел од главната TEN-T мрежа. Се очекува автопатот да биде во должина од околу 62 километри.

Изградбата на новиот автопат, што е удвојување на дел од патиштата во Бугарија во регионот I-6 Ѓуешево – Ќустендил и II-62 Ќустендил – Дупница, ќе обезбеди брз, удобен и безбеден транспорт на луѓе и стоки, како и директна врска на градот Дупница со магистралниот пат Струма и целата автопатска мрежа во околината.

Со спроведувањето на јавната набавка во фазата на идејно проектирање, ќе бидат разгледани алтернативни решенија за реализација на трасата помеѓу граничната точка „Ѓуешево“ и автопатот „Струма“, со проектна брзина од 120 км/ч и габарит Г27, по што ќе се пристапи кон спроведување на соодветните еколошки процедури.

По одлука на надлежниот орган за животна средина, ќе може да се премине на изработка на техничкиот проект за одобрената траса, вклучително и проект за Детален развоен план. Проценетата вредност за реализација на договорот за јавниот проект е 3,1 милиони лева (1,6 милиони евра) без ДДВ, а средствата се од буџетот на Бугарската владина агенција за инфраструктура. Терминот за изработка на проектот е 150 календарски дена од датумот на склучување на договорот и го вклучува само времето на проектирање

The post Не се знае дали е полош нашиот или нивниот: Бугарија ќе го прави патот до македонската граница appeared first on Република.

]]>

Бугарската владина агенција „Патна инфраструктура“ објави дека денеска распишала јавен тендер за избор на изведувач за изработка на идејно-технички проект со детален распоред – план за парцела за изградба на автопатот „Ѓуешево – Дупница “. Како што јави дописникот на МИА од Софија, трасата ќе овозможи удобна врска меѓу трансевропскиот транспортен коридор „Ориент/Источен Медитеран“, по кој се наоѓа трасата на автопатот „Струма“ и границата со Република Македонија. Оваа траса е дел од главната TEN-T мрежа. Се очекува автопатот да биде во должина од околу 62 километри. Изградбата на новиот автопат, што е удвојување на дел од патиштата во Бугарија во регионот I-6 Ѓуешево – Ќустендил и II-62 Ќустендил – Дупница, ќе обезбеди брз, удобен и безбеден транспорт на луѓе и стоки, како и директна врска на градот Дупница со магистралниот пат Струма и целата автопатска мрежа во околината. Со спроведувањето на јавната набавка во фазата на идејно проектирање, ќе бидат разгледани алтернативни решенија за реализација на трасата помеѓу граничната точка „Ѓуешево“ и автопатот „Струма“, со проектна брзина од 120 км/ч и габарит Г27, по што ќе се пристапи кон спроведување на соодветните еколошки процедури. По одлука на надлежниот орган за животна средина, ќе може да се премине на изработка на техничкиот проект за одобрената траса, вклучително и проект за Детален развоен план. Проценетата вредност за реализација на договорот за јавниот проект е 3,1 милиони лева (1,6 милиони евра) без ДДВ, а средствата се од буџетот на Бугарската владина агенција за инфраструктура. Терминот за изработка на проектот е 150 календарски дена од датумот на склучување на договорот и го вклучува само времето на проектирање

The post Не се знае дали е полош нашиот или нивниот: Бугарија ќе го прави патот до македонската граница appeared first on Република.

]]>