автоодговорност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtoodgovornost/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 20:22:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автоодговорност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/avtoodgovornost/ 32 32 СКСЗМ: Државата не треба да одлучува за висината на авто-полисите, тоа ги дестимулира домашните друштва и странските инвеститори https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/skszm-drzhavata-ne-treba-da-odluchuva-za-visinata-na-avto-polisite-toa-gi-destimulira-domashnite-drushtva-i-stranskite-investitori/ Thu, 09 May 2024 12:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=776380

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека одлуката на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност за враќање на старите цени за полисите за автоодговорност е неодржлива за бизнисот и економската благосостојба.

-На многу бизниси треба да се потпрат на возилата за извршување на нивните активности, како што се транспорт на стоки, услуги или вработени. Повисоки цени на полисите за осигурување на автомобили може да имаат пошироки макроекономски ефекти со намалување на довербата и трошењето на потрошувачите, кои се суштински двигатели на економскиот раст – велат денеска од Комората.

Според СКСЗМ, амбиентот за водење бизнис станува дестимулирачки за локалните компании како и за странските инвестиции, со што, како што велат, се оставаат долгорочни последици, но и во спротивност на ЕУ со законодавниот систем кој се уште му дозволува на Министерството за финансии да одлучува за премиите за осигурување на автомобили, што е спротивно на acquis на ЕУ.

„Со оваа донесена одлука од страна на Комисијата за автоодговорност се ограничуваат ингиренците на другите релевантни фактори како што се компаниите, со која цените за автоодговорност се контролираат целосно од државата“, се вели во соопштението.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-deneska-vrateni-starite-tseni-na-polisite-za-avtoodgovornost/

 

The post СКСЗМ: Државата не треба да одлучува за висината на авто-полисите, тоа ги дестимулира домашните друштва и странските инвеститори appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека одлуката на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност за враќање на старите цени за полисите за автоодговорност е неодржлива за бизнисот и економската благосостојба.
-На многу бизниси треба да се потпрат на возилата за извршување на нивните активности, како што се транспорт на стоки, услуги или вработени. Повисоки цени на полисите за осигурување на автомобили може да имаат пошироки макроекономски ефекти со намалување на довербата и трошењето на потрошувачите, кои се суштински двигатели на економскиот раст – велат денеска од Комората.
Според СКСЗМ, амбиентот за водење бизнис станува дестимулирачки за локалните компании како и за странските инвестиции, со што, како што велат, се оставаат долгорочни последици, но и во спротивност на ЕУ со законодавниот систем кој се уште му дозволува на Министерството за финансии да одлучува за премиите за осигурување на автомобили, што е спротивно на acquis на ЕУ.
„Со оваа донесена одлука од страна на Комисијата за автоодговорност се ограничуваат ингиренците на другите релевантни фактори како што се компаниите, со која цените за автоодговорност се контролираат целосно од државата“, се вели во соопштението.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-deneska-vrateni-starite-tseni-na-polisite-za-avtoodgovornost/  

The post СКСЗМ: Државата не треба да одлучува за висината на авто-полисите, тоа ги дестимулира домашните друштва и странските инвеститори appeared first on Република.

]]>
Од денеска вратени старите цени на полисите за автоодговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-deneska-vrateni-starite-tseni-na-polisite-za-avtoodgovornost/ Thu, 09 May 2024 11:51:45 +0000 https://republika.mk/?p=776349

Осигурителните компании денеска ги ги вратија старите цени на полисите за автоодговорност. Цената на полисата за автоодговорност е намалена 15,4 отсто, колку што беа зголемени на 25 април. Со ова граѓаните треба да одвојат 5 453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, 6 166 денари за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. За возило кое е од 66 до 84 киловати цената е 7 134 денари. За возило од 84 до 110 киловати цената се враќа на старо 8 510 денари, а за возила над 110 киловати, 10 294 денари.

Цените на полисите за автоодговорност се променија на 25 април, откако четири дена претходно осигурителните компании ја добиле информацијата за покачување на сумата на осигурувањето. Биле известени од страна на Националното Биро за осигурување. Но по објавување на ваквата информација во медиумите се огласи Агенцијата за супервизија на осигурување кои посочија дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано. Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.
И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, се вели во соопштението од Агенцијата.

Возврати Националното биро за осигурување тврдејќи дека актуелните пазарни услови предизвикале неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување. Оттаму посочија дека бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени.

Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција.Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто.

Истовремено цената за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, соопштуваат од Националното биро за осигурување, истакнувајќи дека цената на осигурување од автоодговорност во Република Македонија е најниска во регионот.

Од НБО посочуваат дека претходната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и велат дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании во оваа класа, делувајќи демотивирачки на понудата на оваа полиса.

Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании - реагираа од НБО.

Се огласи и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи:

Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компани. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања 2 пати е доставен до Владата и 2 пати не е одобрен на владина седница.

На крај пресече Владата:

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

Усвоените измени и дополнувања од страна на Владата, се по предлог на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при Министерството за финансии и со нив се утврдува опсег од 15% до 30%, во којшто друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност.

За износ на трошоците над 30%, предвидено е, друштвата за осигурување, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Владата одлука значеше враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година. Од денеска во систем осигурителните компании ги имат старите цени.

Дополнително е утврдено дека Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, најдоцна до 30 септември, секоја година, до Владата доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година.

The post Од денеска вратени старите цени на полисите за автоодговорност appeared first on Република.

]]>

Осигурителните компании денеска ги ги вратија старите цени на полисите за автоодговорност. Цената на полисата за автоодговорност е намалена 15,4 отсто, колку што беа зголемени на 25 април. Со ова граѓаните треба да одвојат 5 453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, 6 166 денари за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. За возило кое е од 66 до 84 киловати цената е 7 134 денари. За возило од 84 до 110 киловати цената се враќа на старо 8 510 денари, а за возила над 110 киловати, 10 294 денари. Цените на полисите за автоодговорност се променија на 25 април, откако четири дена претходно осигурителните компании ја добиле информацијата за покачување на сумата на осигурувањето. Биле известени од страна на Националното Биро за осигурување. Но по објавување на ваквата информација во медиумите се огласи Агенцијата за супервизија на осигурување кои посочија дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.
По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано. Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, се вели во соопштението од Агенцијата.
Возврати Националното биро за осигурување тврдејќи дека актуелните пазарни услови предизвикале неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување. Оттаму посочија дека бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени. Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција.Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто.
Истовремено цената за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, соопштуваат од Националното биро за осигурување, истакнувајќи дека цената на осигурување од автоодговорност во Република Македонија е најниска во регионот. Од НБО посочуваат дека претходната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и велат дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании во оваа класа, делувајќи демотивирачки на понудата на оваа полиса. Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании - реагираа од НБО.
Се огласи и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи:
Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компани. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања 2 пати е доставен до Владата и 2 пати не е одобрен на владина седница.
На крај пресече Владата:
Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Усвоените измени и дополнувања од страна на Владата, се по предлог на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност при Министерството за финансии и со нив се утврдува опсег од 15% до 30%, во којшто друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност. За износ на трошоците над 30%, предвидено е, друштвата за осигурување, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување.
Владата одлука значеше враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година. Од денеска во систем осигурителните компании ги имат старите цени. Дополнително е утврдено дека Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, најдоцна до 30 септември, секоја година, до Владата доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година.

The post Од денеска вратени старите цени на полисите за автоодговорност appeared first on Република.

]]>
Oсигурителните компании разочарани од враќањето на цената на полисите за автомобилите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/osiguritelnite-kompanii-razocharani-od-vrakaneto-na-tsenata-na-polisite-za-avtomobilite/ Fri, 03 May 2024 08:21:56 +0000 https://republika.mk/?p=773683

Осигурителните компании се разочарани од одлуката на Комисијата за Автомобилска одговорност да го укине поскапувањето на полисите за автоодговорност. Според нив, одлуката била донесена без да се земат во прредвид анализите на осигурителната индустрија.

Вчерашната одлука на Комисијата за АО при МФ за враќање на цените на АО претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор, поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на ЕК во извештајот за напредокот на нашата земја, кое може сериозно да ја доведе во прашање грижата за осигурениците.

И ако Комисијата за автомобилска одговорност тврдеше дека сака да донесе објективна и транспаретна одлука базирана на конкретни параметри, сепак истата се базираше единствено на пристрасните тврдења и непрофесионални квалификации доставени од регулаторот АСО.

Регулаторот на осигурителната индустрија меѓу другото треба да се грижи и за стабилноста на осигурителниот сектор и за угледот на компаниите кои ги регулира. АСО преку презентирање на неточни анализи и давање на квалификации за индустријата и начинот на нејзиното работење директно го нарушува угледот на сите осигурителни компании, и нивните “мајки” странските компании.

Регулаторот треба да работи во насока на зацврстување на осигурителната индустрија преку поддршка на нивните напори да ги заштитат осигурениците, преку креирање на солидно ниво на солвентност и ликвидност кое секако доаѓа само преку профитабилно работење. Во спротивност, се создаваат услови за нестабилност во финансискиот сектор – нешто што никој не го посакува.

Понатаму велат:
АСО излезе со анализи во насока на докажување на неоправданоста на донесените одлуки за зголемување на делот за вршење на дејноста на осигурувањето за автоодговорност. Врз основа на овие анализи Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука за воспоставување на максимален износ за делот на вршење на дејноста со што ги врати цените на ниво пред покачувањето. Анализите на осигурителната индустрија не беа воопшто земени во предвид.

Осигурителната индустрија оваа анализа не ја прифаќа и смета дека е погрешно поставена и пристрасно изработена со цел докажување на однапред определено мислење и намалување на цената за АО.

Неточноста на анализата се базирана на следните факти

1. Анализата е направена комбинирано за автоодговорност, Зелена Карта и Гранично осигурување а не само за автоодговорност – која е предмет на промените

2. Анализата се фокусира на докажување на издржливоста/доволноста на техничката премија а не на делот за вршење на дејност – кој е предмет на промените

3. Анализата не ги зема во предвид резервираните штети и не прави проекција на инфлаторното влијание врз истите во наредните години -што е клучно за бизнис со долга опашка односно сервисирање на нематеријаните штети на долг рок

4. Анализата не го зема воопшто во предвид делот за вршење дејност и е непоткрепена со актуарски пресметки и проекции за трошоците

5. Анализата содржи паушални интерпретативни одредби и тврдења базирани на мислење, а не на факти

РСМ е една од ретките држави каде државата сеуште има функција во утврдување на цената за задолжителната АО и покрај фактот што се работи за пазарна економија. ЕУ секоја година во Извештајот за погресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со Европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар.

Со донесената Одлука од страна на Комисијата за Автоодговорност се лимитира делот за вршење на дејноста односно трошоците и се воспоставува 100% државна контрола над цените за автоодговорност. Со ова се оддалечуваме и од принципите на Европската Унија и од правилата на пазарната економија, порачуваат осигурителните компании.

The post Oсигурителните компании разочарани од враќањето на цената на полисите за автомобилите appeared first on Република.

]]>

Осигурителните компании се разочарани од одлуката на Комисијата за Автомобилска одговорност да го укине поскапувањето на полисите за автоодговорност. Според нив, одлуката била донесена без да се земат во прредвид анализите на осигурителната индустрија.
Вчерашната одлука на Комисијата за АО при МФ за враќање на цените на АО претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор, поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на ЕК во извештајот за напредокот на нашата земја, кое може сериозно да ја доведе во прашање грижата за осигурениците. И ако Комисијата за автомобилска одговорност тврдеше дека сака да донесе објективна и транспаретна одлука базирана на конкретни параметри, сепак истата се базираше единствено на пристрасните тврдења и непрофесионални квалификации доставени од регулаторот АСО. Регулаторот на осигурителната индустрија меѓу другото треба да се грижи и за стабилноста на осигурителниот сектор и за угледот на компаниите кои ги регулира. АСО преку презентирање на неточни анализи и давање на квалификации за индустријата и начинот на нејзиното работење директно го нарушува угледот на сите осигурителни компании, и нивните “мајки” странските компании. Регулаторот треба да работи во насока на зацврстување на осигурителната индустрија преку поддршка на нивните напори да ги заштитат осигурениците, преку креирање на солидно ниво на солвентност и ликвидност кое секако доаѓа само преку профитабилно работење. Во спротивност, се создаваат услови за нестабилност во финансискиот сектор – нешто што никој не го посакува.
Понатаму велат: АСО излезе со анализи во насока на докажување на неоправданоста на донесените одлуки за зголемување на делот за вршење на дејноста на осигурувањето за автоодговорност. Врз основа на овие анализи Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука за воспоставување на максимален износ за делот на вршење на дејноста со што ги врати цените на ниво пред покачувањето. Анализите на осигурителната индустрија не беа воопшто земени во предвид. Осигурителната индустрија оваа анализа не ја прифаќа и смета дека е погрешно поставена и пристрасно изработена со цел докажување на однапред определено мислење и намалување на цената за АО. Неточноста на анализата се базирана на следните факти 1. Анализата е направена комбинирано за автоодговорност, Зелена Карта и Гранично осигурување а не само за автоодговорност – која е предмет на промените 2. Анализата се фокусира на докажување на издржливоста/доволноста на техничката премија а не на делот за вршење на дејност – кој е предмет на промените 3. Анализата не ги зема во предвид резервираните штети и не прави проекција на инфлаторното влијание врз истите во наредните години -што е клучно за бизнис со долга опашка односно сервисирање на нематеријаните штети на долг рок 4. Анализата не го зема воопшто во предвид делот за вршење дејност и е непоткрепена со актуарски пресметки и проекции за трошоците 5. Анализата содржи паушални интерпретативни одредби и тврдења базирани на мислење, а не на факти РСМ е една од ретките држави каде државата сеуште има функција во утврдување на цената за задолжителната АО и покрај фактот што се работи за пазарна економија. ЕУ секоја година во Извештајот за погресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со Европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар. Со донесената Одлука од страна на Комисијата за Автоодговорност се лимитира делот за вршење на дејноста односно трошоците и се воспоставува 100% државна контрола над цените за автоодговорност. Со ова се оддалечуваме и од принципите на Европската Унија и од правилата на пазарната економија, порачуваат осигурителните компании.

The post Oсигурителните компании разочарани од враќањето на цената на полисите за автомобилите appeared first on Република.

]]>
Хаос со полисите за автоосигурување: АСО бара од владата да се донесе нов тарифник со намалени цени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/haos-so-polisite-za-avtoosiguruvane-aso-bara-od-vladata-da-se-donese-nov-tarifnik-so-namaleni-tseni/ Thu, 02 May 2024 08:33:35 +0000 https://republika.mk/?p=773283

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ја охрабрува Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

АСО како регулатор на пазарот на осигурување уште еднаш јавно информира дека е целосно неоправдан и без основа потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност.

Клучните аргументи против зголемување на цената се наведени во анализата што е доставена до надлежната комисија при Министерството за финансии.

Зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците. Напротив, ова зголемување на цените е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/grupatsija-na-osiguritelni-kompanii-pri-kumulativen-porast-na-tsenite-od-61-5-samo-premiite-za-avto-osiguruvane-se-zamrznati-15-godini/

The post Хаос со полисите за автоосигурување: АСО бара од владата да се донесе нов тарифник со намалени цени appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ја охрабрува Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. АСО како регулатор на пазарот на осигурување уште еднаш јавно информира дека е целосно неоправдан и без основа потегот со кој осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност. Клучните аргументи против зголемување на цената се наведени во анализата што е доставена до надлежната комисија при Министерството за финансии. Зголемувањето на цената на осигурувањето не е во функција на јакнење на заштитата на осигурениците. Напротив, ова зголемување на цените е само и исклучиво во функција на покривање на трошоците за оперативно работење на компаниите за осигурување. https://republika.mk/vesti/ekonomija/grupatsija-na-osiguritelni-kompanii-pri-kumulativen-porast-na-tsenite-od-61-5-samo-premiite-za-avto-osiguruvane-se-zamrznati-15-godini/

The post Хаос со полисите за автоосигурување: АСО бара од владата да се донесе нов тарифник со намалени цени appeared first on Република.

]]>
Групација на осигурителни компании: При кумулативен пораст на цените од 61.5%, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/grupatsija-na-osiguritelni-kompanii-pri-kumulativen-porast-na-tsenite-od-61-5-samo-premiite-za-avto-osiguruvane-se-zamrznati-15-godini/ Wed, 01 May 2024 19:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=773112

Комисијата за Автомобилска одговорност при Министерство за Финансии, 15 години не дала препорака на Владата за корекција на цените на авто осигурувањето. Од Групација на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија очекуваат институциите да покажат поголемо разбирање за работењето на осигурителниот сектор, да ги земат во предвид сите доставени детални и сеопфатни анализи за цените на авто осигурувањето, и да се дојде до решение кое ќе подразбира имплементирање на реални, пазарни цени, кои ќе овозможат непречно сервисирање на штетите.

Во минатото во повеќе наврати осигурителните компании преку Националното биро за осигурување своите анализи ги имаат доставено до надлежните институции Министерство за Финансии, Комисијата за Автомобилска Одговорност при МФ и Агенцијата за Супервизија на осигурувањето.

Тие истакнуваат дека според Законот за Задолжително Осигурување во Сообраќајот, Член 46, Комисијата за Автомобилска Одговорност има обврска еднаш годишно да прави анализи за тековните состојби, и да доставува до Владата предлог за утврдување на минималната и максималната стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност.

Но, и покрај горенаведените одредби, Комисијата не заседава еднаш годишно и при тоа минималната и максималната стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години, поточно од 2008 година, кога беше намалена за 30%. Последната одлука за утврдување на минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност е донесена 09.09.2008 од страна на Владата на Република Македонија.

Тоа подразбира непроменетост на цените за осигурување од автомобилска одговорност од 2008 година, или цели 15 години, период во кој бележиме општ пораст на цените од 61.5%.

Фактот што голем дел од осигурениците имаат максимален бонус/намалување на премија од 50%, товарот од новите давачки кои ги плаќаат Осигурителните Компании, 2% према Фондот за здравствено осигурурување и 0,8% према регулаторот, порастот на минималната и просечната плата на вработените и на работната рака на сервисите и проценителите, во услови на замрзнати цени за авто одговорност ја доведува во прашање одржливоста и оправданоста на бизнисот Авто осигурување и долгорочното учество на осигурителните компании во овој сегмент.

Дека постоечките цени се непазарни и неодржливи потврдуваат и од Националното биро за осигурување кои информираат дека осигурителната индустрија во делот на осигурување од автомобилска одговорност во 2023 претрпела загуба во износ од 176 милиони денари. Од таму се надеваат дека ќе се најде разбирање и дека ќе се земат предвид фактите и реалните анализи.

Осигурувањето е исклучително важен фактор за развој на економијата и општествените текови во земјата и ги заштитува граѓаните, државниот имот и бизнис секторот од немили настани. Затоа тоа мора да биде одржливо, стабилно и целосно спремно да одговори на барањата на осигуренците.

Исто така, јавноста треба да биде запознаена со податокот дека имаме најниска цена за авто осигурување во регионот. Во изминатите години е евидентиран раст на цените на автомобилите од 70% - 100%, на резервните делови за 100%, на платите за 83%, индексот на трошоците на живот од 2008 до 2023 година е зголемен за 52,83%, нето трошоците за спроведување на осигурувањето за 215%, што ги прави неодржливи цените на автомобилското осигурување.

Осигурителните компании се надеваат дека Комисијата и Владата, односно Министерството за финансии, како професионални и кредибилни индтитуции, ќе направат уште еднаш сериозна анализа, и ќе ги земат во предвид сите факти и тековни состојби, и врз основа на нив ќе донесат препорака до Владата за промена на одлуката, и креирање реални цени. Во спротивно, работење по нереални и 15 години непроменети цени нема да биде од корист ниту на граѓаните ниту на бизнис заедницата, ниту на државата.

The post Групација на осигурителни компании: При кумулативен пораст на цените од 61.5%, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години appeared first on Република.

]]>

Комисијата за Автомобилска одговорност при Министерство за Финансии, 15 години не дала препорака на Владата за корекција на цените на авто осигурувањето. Од Групација на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија очекуваат институциите да покажат поголемо разбирање за работењето на осигурителниот сектор, да ги земат во предвид сите доставени детални и сеопфатни анализи за цените на авто осигурувањето, и да се дојде до решение кое ќе подразбира имплементирање на реални, пазарни цени, кои ќе овозможат непречно сервисирање на штетите. Во минатото во повеќе наврати осигурителните компании преку Националното биро за осигурување своите анализи ги имаат доставено до надлежните институции Министерство за Финансии, Комисијата за Автомобилска Одговорност при МФ и Агенцијата за Супервизија на осигурувањето. Тие истакнуваат дека според Законот за Задолжително Осигурување во Сообраќајот, Член 46, Комисијата за Автомобилска Одговорност има обврска еднаш годишно да прави анализи за тековните состојби, и да доставува до Владата предлог за утврдување на минималната и максималната стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност. Но, и покрај горенаведените одредби, Комисијата не заседава еднаш годишно и при тоа минималната и максималната стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години, поточно од 2008 година, кога беше намалена за 30%. Последната одлука за утврдување на минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност е донесена 09.09.2008 од страна на Владата на Република Македонија. Тоа подразбира непроменетост на цените за осигурување од автомобилска одговорност од 2008 година, или цели 15 години, период во кој бележиме општ пораст на цените од 61.5%. Фактот што голем дел од осигурениците имаат максимален бонус/намалување на премија од 50%, товарот од новите давачки кои ги плаќаат Осигурителните Компании, 2% према Фондот за здравствено осигурурување и 0,8% према регулаторот, порастот на минималната и просечната плата на вработените и на работната рака на сервисите и проценителите, во услови на замрзнати цени за авто одговорност ја доведува во прашање одржливоста и оправданоста на бизнисот Авто осигурување и долгорочното учество на осигурителните компании во овој сегмент. Дека постоечките цени се непазарни и неодржливи потврдуваат и од Националното биро за осигурување кои информираат дека осигурителната индустрија во делот на осигурување од автомобилска одговорност во 2023 претрпела загуба во износ од 176 милиони денари. Од таму се надеваат дека ќе се најде разбирање и дека ќе се земат предвид фактите и реалните анализи. Осигурувањето е исклучително важен фактор за развој на економијата и општествените текови во земјата и ги заштитува граѓаните, државниот имот и бизнис секторот од немили настани. Затоа тоа мора да биде одржливо, стабилно и целосно спремно да одговори на барањата на осигуренците. Исто така, јавноста треба да биде запознаена со податокот дека имаме најниска цена за авто осигурување во регионот. Во изминатите години е евидентиран раст на цените на автомобилите од 70% - 100%, на резервните делови за 100%, на платите за 83%, индексот на трошоците на живот од 2008 до 2023 година е зголемен за 52,83%, нето трошоците за спроведување на осигурувањето за 215%, што ги прави неодржливи цените на автомобилското осигурување. Осигурителните компании се надеваат дека Комисијата и Владата, односно Министерството за финансии, како професионални и кредибилни индтитуции, ќе направат уште еднаш сериозна анализа, и ќе ги земат во предвид сите факти и тековни состојби, и врз основа на нив ќе донесат препорака до Владата за промена на одлуката, и креирање реални цени. Во спротивно, работење по нереални и 15 години непроменети цени нема да биде од корист ниту на граѓаните ниту на бизнис заедницата, ниту на државата.

The post Групација на осигурителни компании: При кумулативен пораст на цените од 61.5%, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години appeared first on Република.

]]>
В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/v-ponedelnik-ke-se-znae-dali-ke-poskapi-polisata-za-zadolzhitelnoto-avto-osiguruvane/ Sat, 27 Apr 2024 10:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=771623

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност в понеделник на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

Од Министерството за финансии нагласуваат дека техничката премија останува непроменета, а со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци).

Министерството за финансии претходно вчера заради донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница на која ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки и заклучи в понеделник на нова седница да донесе одлука. Врз основа на добиеното известување од страна на АСО, која е регулатор на осигурителниот сектор, Министерството вчера се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.

Токму АСО го информира Министерството дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до нив за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат.

Од АСО сметаат дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

-По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано, велат од АСО.

Затоа, додаваат, во рамите на своите надлежности доставиле предлог до Министерството за финансии да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност и со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

Од НБО, пак, велат дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување и додаваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени.

-Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, посочуваат од НБО и додаваат дека имаме најниска цена во регионот на осигурување од автоодговорност.

Нагласуваат дека досегашната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании.

-Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, прецизираат од НБО.

Зголемувањето на цената за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании вчера на својот Фејсбук профил го коментираше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните, напиша Битиќи.

Тој ги повика Министерството за финансии и Комисијата за заштитата на конкуренција да постапат по овој случај.

Го повикувам ресорното Министерство за финансии и Комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата, порача Битиќи на Фејсбук.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото.

The post В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување appeared first on Република.

]]>

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност в понеделник на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи. Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување. Од Министерството за финансии нагласуваат дека техничката премија останува непроменета, а со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци). Министерството за финансии претходно вчера заради донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница на која ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки и заклучи в понеделник на нова седница да донесе одлука. Врз основа на добиеното известување од страна на АСО, која е регулатор на осигурителниот сектор, Министерството вчера се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата. Токму АСО го информира Министерството дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до нив за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат. Од АСО сметаат дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. -По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано, велат од АСО. Затоа, додаваат, во рамите на своите надлежности доставиле предлог до Министерството за финансии да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност и со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. Од НБО, пак, велат дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување и додаваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени. -Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, посочуваат од НБО и додаваат дека имаме најниска цена во регионот на осигурување од автоодговорност. Нагласуваат дека досегашната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании. -Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, прецизираат од НБО. Зголемувањето на цената за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании вчера на својот Фејсбук профил го коментираше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните, напиша Битиќи. Тој ги повика Министерството за финансии и Комисијата за заштитата на конкуренција да постапат по овој случај. Го повикувам ресорното Министерство за финансии и Комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата, порача Битиќи на Фејсбук. Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото.

The post В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување appeared first on Република.

]]>
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/natsionalnoto-biro-za-osiguruvane-tsenata-na-avto-osiguruvaneto-e-nepromeneta-od-2008-godina-realno-e-pokachuvaneto/ Fri, 26 Apr 2024 12:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=771421

Националното биро за осигурување (НБО) соопштува дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување.

Посочуваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа.

Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека, како што велат, бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени.

Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција.

Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто.

Истовремено цената за осигурување од автомобилснка одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, соопштуваат од Националното биро за осигурување, истакнувајќи дека цената на осигурување од автоодговорност во Република  Македонија е најниска во регионот.

Од НБО посочуваат дека претходната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и велат дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании во оваа класа, делувајќи демотивирачки на понудата на оваа полиса.

Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании.

Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем.

Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, информираат од Националното биро за осигурување.

The post Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето appeared first on Република.

]]>

Националното биро за осигурување (НБО) соопштува дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување. Посочуваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека, како што велат, бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени. Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилснка одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, соопштуваат од Националното биро за осигурување, истакнувајќи дека цената на осигурување од автоодговорност во Република  Македонија е најниска во регионот. Од НБО посочуваат дека претходната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и велат дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании во оваа класа, делувајќи демотивирачки на понудата на оваа полиса. Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, информираат од Националното биро за осигурување.

The post Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето appeared first on Република.

]]>
Од денеска граѓаните плаќаат поскапа регистрација на возила https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poskape-registratsijata-na-vozila/ Thu, 25 Apr 2024 12:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=770957

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5 453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6 292 денари или 893 денари повеќе. 6 166 чинеше досега полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7 115 денари. 8 233 денари сега ќе се плаќа за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7 134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9 820, а досега чинеше 8 510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10 294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11 878 денари.

За возилата до 44 киловати цените на полисите за автоодговорност остануваат исти.

Со ваквите промени на цените се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност. 30% останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена. Истото важи и за доплатоците за рент а кар возила, за возила кои имаат над 5 седишта, возила кои се товарни, како и доплаток за осигуреникот кој се пресметува според возраста на оној на чие име гласи полисата.

Информацијата за покачување на цените осигурителните компании ја добиле во понеделникот. Биле известени од страна на Националното Биро за осигурување. Во информацијата било наведено дека новите цени треба да се применуваат од четврток, случајно или не, ден после изборите.

Од Осигурителните компании велат дека зголемувањето на цената е оправдана, со оглед дека цената на авто деловите е поскапена. Но нема одговор зошто граѓаните не беа информирани за ваквите промени.

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжително осигурување согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Со ова осигурување се покрива одговорноста на сопственикот за штети причинети на трети лица кои за последица може да имаат смрт, повреда, нарушување на здравјето, оштетување и уништување на предмети. Цената за осигурувањето од автоодговорноста ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Македонија. Владата на Република Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија.

The post Од денеска граѓаните плаќаат поскапа регистрација на возила appeared first on Република.

]]>

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5 453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6 292 денари или 893 денари повеќе. 6 166 чинеше досега полиса за автоодговорност за возила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7 115 денари. 8 233 денари сега ќе се плаќа за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7 134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9 820, а досега чинеше 8 510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10 294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11 878 денари. За возилата до 44 киловати цените на полисите за автоодговорност остануваат исти. Со ваквите промени на цените се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност. 30% останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена. Истото важи и за доплатоците за рент а кар возила, за возила кои имаат над 5 седишта, возила кои се товарни, како и доплаток за осигуреникот кој се пресметува според возраста на оној на чие име гласи полисата. Информацијата за покачување на цените осигурителните компании ја добиле во понеделникот. Биле известени од страна на Националното Биро за осигурување. Во информацијата било наведено дека новите цени треба да се применуваат од четврток, случајно или не, ден после изборите. Од Осигурителните компании велат дека зголемувањето на цената е оправдана, со оглед дека цената на авто деловите е поскапена. Но нема одговор зошто граѓаните не беа информирани за ваквите промени. Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжително осигурување согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Со ова осигурување се покрива одговорноста на сопственикот за штети причинети на трети лица кои за последица може да имаат смрт, повреда, нарушување на здравјето, оштетување и уништување на предмети. Цената за осигурувањето од автоодговорноста ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Македонија. Владата на Република Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија.

The post Од денеска граѓаните плаќаат поскапа регистрација на возила appeared first on Република.

]]>